RE: Слатки работи (торти, колачи...) (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


miana -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (10.10.2013 15:15:58)

Ајде рецепот за мојата штрудла


1 кг готови кори
1 кг јаболка изрендана
2-3 лажици презла
цимет ( по потреба - колку сакаш )
кисела вода
зејтин
шекер во прав
шекер

фил - рендарани јаболка,цимет,презла ( може и ванилин шекер )
земаш две кори една врз друга,ги попрскуваш со зејтин.На едниот крај од кората ( доле ) ставаш од филот од крај до крај ...Со лажица земаш шекер и ставаш врз филот ( ова го правам за да не го мешам шекерот со филот директно,зошто кога е помешан,јаболките пуштаат многу сок и затоа ставам директно врз целиот фил ) исто од крај до крај . Ја замотувам кората и ја ставам во теписја ( намачкана со зејтин)
Ја повторуваш постапката додека ја наполниш тепсијата ( јас ставам во онаа теспија што ми е од рерната )
Кога ке ја наполниш штепсијата,земаж нож и си ги сечеш корите на парчиња ( како што сакаш да ти бидат исечени кога ке се испечат .Значи сечени ги печам )
На крај,во еден филџан ставам кисела вода и убаво ја мокрам целата штрудла..Ја попрскувам насекаде ( ама не ја мокрам многу )
Ја ставам да се пече,на 200 степени ,додека не зарумени..Кога ке зарумени ,ја вадам од рерна и целата ја посипувам со шекер во прав.
Преубава е ..Денес ке правам ,ке ја сликнам и ке ви ставам слика [sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (10.10.2013 15:48:44)

Денес ја направив чоколадната торта на Еленак,додуша импровизирав малку дека ме мрзеше да чистам ореви и мразам да варам жолчки,ама и вака ептен е вкусна
За љубителите на чоколадо како мене топло ја препорачувам




Bethany -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (10.10.2013 21:31:23)

Е па ја направив штрудлата по рецептот на Миана и многу е вкусна.
Се правев токму така како што пиша, освен што не ставив 1 кг. кори, туку само едно пакување (нели тоа е 500 гр.) и за едно плехче, такво од рерната, таман беше.
Брзо се прави, лесна и вкусна, мојата препорака [sm=smiley20.gif]




miana -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (10.10.2013 21:34:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Е па ја направив штрудлата по рецептот на Миана и многу е вкусна.
Се правев токму така како што пиша, освен што не ставив 1 кг. кори, туку само едно пакување (нели тоа е 500 гр.) и за едно плехче, такво од рерната, таман беше.
Брзо се прави, лесна и вкусна, мојата препорака [sm=smiley20.gif]

jas se izvinjavam,ne treba 1 kg kori tuku edno pakovanje [sm=zmeden.gif] se iz




Bethany -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (10.10.2013 21:52:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Е па ја направив штрудлата по рецептот на Миана и многу е вкусна.
Се правев токму така како што пиша, освен што не ставив 1 кг. кори, туку само едно пакување (нели тоа е 500 гр.) и за едно плехче, такво од рерната, таман беше.
Брзо се прави, лесна и вкусна, мојата препорака [sm=smiley20.gif]

jas se izvinjavam,ne treba 1 kg kori tuku edno pakovanje [sm=zmeden.gif] se iz


Јас и претпоставив дека си згрешила, кога видов дека излегува со едно пакување доволно.
Не е страшно, битно сега си знаеме точно. Фала за рецептот [sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (11.10.2013 0:20:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Денес ја направив чоколадната торта на Еленак,додуша импровизирав малку дека ме мрзеше да чистам ореви и мразам да варам жолчки,ама и вака ептен е вкусна
За љубителите на чоколадо како мене топло ја препорачувам


Мами нема варење жолчки во тортава.[sm=zmeden2.gif] Жолчките се матат со маргаринот и шеќерот во прав. Ајде штом си се снашла и излегло добро не е важно. Со здравје да си кркате.[sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (14.10.2013 13:27:03)

Женскии ајде ве молам ОДМААА рецепт за сутлијаш. Ми се јаде ептен, не знам како се прави, никад не сум правела :) Благодарам!




Палешка РР -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (14.10.2013 13:33:14)

Eeee кај ме најде, јас најубав сутлишаш правам [sm=smiley36.gif]

1 чаша ориз се вари во вода (колку да го покрие во тенџерето). Се додава 1 литар млеко, 12 лажици шеќер, 1 ванила, кора од лимон. Се вари со постојано мешање, додека не се згусни.

Сета убавина на сутлијашот е во постојаното мешање.





AnnaMolly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (14.10.2013 13:34:50)

А колку количински излегува? Една чаша од оние за млеко филџаните?




Палешка РР -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (14.10.2013 13:44:10)

Јас мерам со чаша за кафе (поголемите од Гранд кафе). Излегуваат околу 7-8 чаши за сладолед




AnnaMolly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (14.10.2013 13:46:38)

[sm=smiley31.gif] Фалаааааа!




mommy_angels RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (14.10.2013 21:42:03)

Хаха дури сега видов,којзнае што прочитав,ама сами по дома,дете се лути,сака да мати и таа со миксерот,добро е што воопшто направив [sm=smiley36.gif]...како и да е и вака слатка излезе,доказ-само сеќавање на тортата [sm=smiley1.gif]
За тортата од Еленак зборувам,не за сутлијашот,ама кога веќе сме тука Анамоли како излезе???




elenak -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (16.10.2013 0:11:58)

Еве од мене еден рецепт за торта без чоколадо.

Љубовно гнездо

150 гр сецкани ореви се ставаат во намрсен плех и се печат 10-15 мин.
Се мати кора од 6 белки и се додаваат 6 лаж.шеќер постепено и 4 полни лаж.џем од сливи. Оваа смеса се истура врз оревите и се пече на 180 степени околу 20 мин.

Фил - Од 1 лит.млеко се одвојува 200 мл и во него се додаваат 6 супени лаж.брашно и 6 жолчки. Се мати со миксер. Преостанатото млеко се вари со 6 лаж.шеќер и потоа во него се додава изматената смеса со жолчки. Се вари додека да згусне. Потоа се трга од оган и откако ќе се олади во филот се додава 1 маргарин, 2 кесички ванилин шеќер, 1 банана и сок од 1 портокал. Се мати убаво со миксер и целиот фил се става врз кората. А може и да се пресече кората на половина и да се филува. За одозгора се матат 2 шлаг крема од ванила.




Tanjat7880 -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (16.10.2013 8:01:56)

Vcera ja napraviv shtrudlata na Miana,eve utrovo skoro ja nema[sm=smiley1.gif]
Nemav lebni troshki,imav melena plazma,korite gi poprskuvav so zejtin I kisela voda(pomeshano)
Jabolkite vo edno a shekerot,cimetot I vanilata vo drugo tanjirce I izleze FENOMENALNA
Fala ti na idejata[sm=smiley31.gif]




Tanjat7880 -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (16.10.2013 8:11:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Eeee кај ме најде, јас најубав сутлишаш правам [sm=smiley36.gif]

1 чаша ориз се вари во вода (колку да го покрие во тенџерето). Се додава 1 литар млеко, 12 лажици шеќер, 1 ванила, кора од лимон. Се вари со постојано мешање, додека не се згусни.

Сета убавина на сутлијашот е во постојаното мешање.



Moze I jas da go spodelam receptot na mojata pokojna majka za sutlijash,preubav e a nebara meshanje!
Litar mleko I litar voda se stavaat da zovrijat(zaedno)pa se dodavaat 10-12 lazici sheker I vo ubavo zovrienata tecnost se stava 250 grama oriz,se ostava na mnogu tiivko da vari povremene promeshuvajki.Orizot ke padne na dnoto na sadot no koga sutliacot ke se svari on ke pocne da izleguva na povrshinata I da svetka ko Kristal!Koga ke se sluci ova se rastopuvaat 2 lazici gustin(mnogu biten) so edna vanilla I se dodava vo sutliacot I sega se esha edno 2-3 minuti.Se stava vo zdeli I odozgora cimet
Ovoj recept ni e od nasha komshika Turcinka,ete toa go sovladav no ne go nauciv kadaifot,ona beshe doctor za nego




mommy_angels RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (16.10.2013 8:44:53)

Ќе барам заклучување на темава,а видам нешто,ако не денес ,утре ете ни го на дневно мени [sm=smiley1.gif],вчера слатко си го изедовме сутлијашот,ама не по вашиве рецепти,туку од " кутура " што би рекла моја покојна баба
Е од вчера сум на мисла за пита со јаболки,ама не со кори туку од онаа вистинската [sm=jezicek.gif] , American pie [sm=smiley2.gif]
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/4b/Apple_pie.jpg[/img]




Tanjat7880 -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (16.10.2013 11:36:47)

Eeeee mommy moze eden predlog za brzo kolace po tvoa zelba!
Jas bi ja pravela americkava so lisnato gotovo testo,samo naribash jabolkite turish vnatre biskvitki,cimet,vanila I taka isecesh lenti za odozgora I vo rerana..mhmhmhmh ete sega vo msla me turi koga da ja pravam,vo pravo si I jas glasam za zaklucuvanje na temava[sm=jezicek.gif]




mommy_angels RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (16.10.2013 13:22:24)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eeeee mommy moze eden predlog za brzo kolace po tvoa zelba!
Jas bi ja pravela americkava so lisnato gotovo testo,samo naribash jabolkite turish vnatre biskvitki,cimet,vanila I taka isecesh lenti za odozgora I vo rerana..mhmhmhmh ete sega vo msla me turi koga da ja pravam,vo pravo si I jas glasam za zaklucuvanje na temava[sm=jezicek.gif]

ах јас и ти изгледа стрвли [sm=smiley36.gif] , ама не сепак ќе ја месам,си го сакам јас тестото со путерче,такво крцкаво [sm=smiley17.gif]




mommy_angels RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (17.10.2013 10:09:56)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eeeee mommy moze eden predlog za brzo kolace po tvoa zelba!
Jas bi ja pravela americkava so lisnato gotovo testo,samo naribash jabolkite turish vnatre biskvitki,cimet,vanila I taka isecesh lenti za odozgora I vo rerana..mhmhmhmh ete sega vo msla me turi koga da ja pravam,vo pravo si I jas glasam za zaklucuvanje na temava[sm=jezicek.gif]

ах јас и ти изгледа стрвли [sm=smiley36.gif] , ама не сепак ќе ја месам,си го сакам јас тестото со путерче,такво крцкаво [sm=smiley17.gif]

си ја направив синоќа,е многу е вкусна




Annet -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (17.10.2013 14:48:47)

da ve prasam,imam nova rerna.ama nikako nemozam da si g ispecam strudli,piti i burek so gotovi kori,neznam kako.nekolku pati probav ,dolniot del super ,a gore suvi...inaku e gorenje so ventilator,se naj naj,se drugo super izleguva,ama gotovive kori,nemozam da gi pogodam....




Felly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (17.10.2013 15:00:33)

Анет, пробај без уклучен вентилатор да ги направиш, па да видиш дали ќе има разлика.
Инаку какво заклучување на темава [sm=smiley3.gif] Тамам за вакви како мене домаќинки без идеја е супер.[sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (17.10.2013 15:18:49)

Анет ставаш ли к.вода и зејтин одозгора пред да се пече? Јас една баница што ја правам со сирење, се прави смеса така со јајца, сирење, к.вода и на крај сето што останува се истура одозгора, воопшто не е сува. А еве и миана за штрудлата така има пишано.




Annet -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (17.10.2013 16:01:09)

fala zenski,sum probala sekako,i po upatstvo,am ne biva i ne biva,hahahha izgleda do mene e




kuklicka26 -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (19.10.2013 1:01:26)

Еве и од мене рецепт за чоколадна торта
8 јајца
8 лаж.шеќер
5 лаж.брашно
12 лаж.мелени ореви
1 пециво . (Откако ке се испече кората се дели на два дела).

За филот на парес се матат
5 јајца

250 гр.шеќер
300 гр.кујнско чоколадо кое е претходно раскршено.Се меша се додека не се стопи чоколадото.Откако ќе се тргне од пареа се додава една лаж.рум а може и повеќе значи по желба.Се промешува добро и се остава да се излади добро.Откако ќе се олади се става во комора.Посебно се мати 1 маргарина кристал и се присоединува со другиот фил пак со миксер.Повторно се става филот во комора.
Корите се натопуваат со млеко и се филува тортата со филот кој претходно сме го извадиле од комора.Одозгора се става 3 шлаг крем од чоколада.




mommy_angels RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (19.10.2013 8:52:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

fala zenski,sum probala sekako,i po upatstvo,am ne biva i ne biva,hahahha izgleda do mene e

Анет не ти се погодил рецептот,не е до тебе [sm=smiley36.gif],барај друг рецепт
Јас питите со готови кори ги премачкувам и на крај со остатокот преливам со смеса од брашно,млеко,квасец и сол,како домашна излегува

Кукличка 26 со твојов рецепт тортата е феноменална,имам пробано,ама не е за мене [sm=smiley13.gif]
Да не се фалам сама ама поубаво готвам и од мајка ми и од свекрва ми и благо правам убаво,ама за варење жолчки сум тапа.Никогаш,ама баш никогаш не ги погодив како што треба.И затоа филот си го правам со пудинг од ванила (не е исто знам), а жолчките ги ставам во некој ручек [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  12 13 [14] 15 16   Следна страница >   >>