mamicki -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (24.1.2015 20:16:18)
|
Трилече: Се матат 8 белки со 200 грама шеќер, како снег. Настрана се матат и 8 жолчки, па во нив, лажица по лажица се вмешува 250 грама остро брашно измешано со еден прашок за пециво. Се пече во намрснет, и прекриен со хартија за печење, правоаголен плех (поголем, бр. 40) во загреана фурна, и тоа првите 10 минути на 200, а следните 20 минути на 180 степени. Потоа тестото се превртува на малку навлажнета кујнска крпа (се отстранува хартијата за печење). Во плехот се истура 0,5 л. хопла, и кога тестото ќе биде млако, се враќа во плехот. Одозгора се прелева со 1 литар млеко (3,8 масленост) во кое е измешано и 100 грама млеко во прав. Се премачкува со крем карамел, се сече на коцки и се покрива со фолија убаво да се излади во фрижидер (се чува во фрижидер). Крем карамелот може да се купи (во маркетите има и карамел прелив и инстант крем на др.Еткер), а може и да се подготви дома. Крем карамел: 200 грама шеќер се топи внимателно, да стане златно- жолт. Во него се додава 250 милилитри хопла и 20 грама путер. Се меша на среден оган додека шеќерот потполно не се растопи. Се додава екстракт од ванила, убаво се промешува и кога ќе се подизлади (да биде полутечен) се премачкува врз колачот.
|
|
|
|