Mila mamicka -> RE: Сок (13.11.2014 13:08:28)
|
На син ми му давав купечки сокчиња на Хип кога имаше 5 месеци, и тоа само две недели, колку да го смени вкусот на мајчиното млеко пред да почнам со зеленчук и овошје. Потоа му го прекинав тоа сокче, и до 13 месеци, додека цицаше, не му давав никаков сок, туку само вода. После тоа, почнав со свежо цедени сокови, и до денес му давам само такви. Не сфаќам зошто би му давала да пие сок од тетрапак, кога можам да му подготвувам дома. Обично му правам сок од јаболко, морков и цвекло, сок кој е многу добар за крваната слика, на Bullet Express, или пак му цедам сок од цитрусни овошја на цедалка. Тој толку многу ги сака овие сокови, и му е многу интересно и тој да учевствува во нивната подготовка. Исто така, од Берово набавувам сок од аронија, за растворање, и обавезно во текот на денот пие по една чаша од овој сок. Морам да кажам дека син ми е прилично здраво дете, и мислам дека овие свежи сокови имаат голем удел во тоа.
|
|
|
|