baby_bump -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (15.12.2011 23:19:53)
|
Почнаа тие сами да и ги потпишуваат пелените, барем тој проблем е решен, ама сега во просториите најверојатно е премногу жешко, и детето се поти па целото боди е поплавено околу потпишанотот име, дури и на мешето се пренесува бојата од мократа пелена, ама што да се прави. Го заздравевме црвенилото полека, полека. Можеби со секојдневното укажување ме сфатија дека нема да препуштам на случај и дека ќе бидам упорна. Сега повторно ми е чудно, како на почетокот, како може секој ден да трошат по 3 пелени за 6 часа, кога знам со сигурност дека ја пресоблекуваат само еднаш, преку сила два пати за тие 6 часа, ама нека им биде....почнавме едно пакување од 54 пелени да го трошиме за помалку од десет дена, а не како порано за две, две ипол недели. Сега најнов бисер што учителката го кажала на мм кога ја земал од градинка е дека детето било недружељубиво и себично, дека сакала цело време да си игра сама во креветче а не со останатите деца, потоа имало некое мече со кое таа си играла уште од почетокот кога сме ја донеле и сега не го давала на другите деце и плачела ако некој и го земе како да е само нејзино............му велам да мм, што не и кажа на учителката: добро ќе зборам со неа и ќе и кажам да не прави веќе така (13месеци дете), мислам стварно учителката ни е многу јак психолог.
|
|
|
|