Maca25 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (17.1.2013 9:29:41)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: monsy Zdravo mamicki....Jas deneska gozapisav mojot ubavec vo gradinka no voopsto ne mi se nosi nesakam ednostavno da se razdelam od nego.Jas sum mlada majka imam 19 godini ne rabotam nikade mozam da go cuvam sin mi no doma sto mozam da go naucam jas postojano detevo si igra so tendzerinja babamu mu dava so sekakvi gluposti mnogu e nemiren a i nema nikakov red.Resivme so mm da go zapiseme u gradinka samo radi toa da se nauci na red da si igra so decinja zosto mnogu saka a i podobro ke go vospitaat tamu odkolku nie doma so toa sto se ke mu dozvolueme...Utre ke mu bide prviot den a aveke pocna da mi nedostiga sto mislite vie podobro e vo gradinka ili doma ... ? Монси, најпрво да ти посакам топло добредојде на РР. [sm=smiley31.gif] И јас не работев кога ќерка ми тргна во градинка. Имаше 14 месеци, само што прооде, јас ја запишав за да можам да почнам да си барам работа додека е она во градинка. Приврзана за мене, како лепенка залепена за мене беше, ама некако откако тргна во градника се осламостали, има ред на спиење и јадење, дружба со дечиња и најважно од се е да научи дека не се врти светот само околу неа, да научи да дели со други. Мене првата недела ми беше многу тешка, ја оставав во градина и доаѓав дома и им кукав и плачев на Рингерајки, мислејќи дека и бебето мое плаче во градинка по мене. Ама ја земав насмеана и расположена. Ниту еднаш не ме спомнала, си играла и си ручкала. На нас мајките ни е потешко да се навикнеме на таа разделба од неколку часа, отколку на нив. И да знаеш дека што е поголемо детето, толку потешко се адаптира во градинка. Кај помалите, до кај 2 години, адаптација трае од 2 недели до 1 месец, поприлагодливи се помалите, а додека на поголемите (над 3 години) им треба повеќе време да се прилагодат на новата средина. Јас ти препорачувам градинка.
|
|
|
|