Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 7.6.2010 23:42:10
Maca25
Мора да ја пофалам нина, овие два дена е право златичко, умна по дома, си се заигрува сама и тоа по еден саат може - ќе пренесува играчки од една страна на собата до друга, па ќе им прави `папо` и ќе ги рани, си јаде и она убаво, не пребира, си седи на нокшир (ама уште не мочкала ни какала) и си легнува на време. Ептен ми се измени детево преку викендот.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Да го пофалиме нашето детенце 11.6.2010 8:58:51
Martins mom
Не ми се верува сеуште, но мојот немирко две вечери по ред ја преспива цела ноќ без да се разбуди..мислам од 23-06 часот... Мислев дека никогаш нема да се случи ова... Мартин мое и ти одморен и јас наспана
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 11.6.2010 10:12:42
Maca25
Нина ја преспа цела ноќ . вчера бевме на Баскерфест и се вративме дома во 10. 30 и она беше ептен изморена од трчкање. заспа за 5 минути. стана во 8.30 и тоа јас тропнав нешто и ја разбудив.
Мартин`с мам, јас и ти наспани денеска а?!?!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Да го пофалиме нашето детенце 11.6.2010 22:59:52
Rossana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Не ми се верува сеуште, но мојот немирко две вечери по ред ја преспива цела ноќ без да се разбуди..мислам од 23-06 часот... Мислев дека никогаш нема да се случи ова... Мартин мое и ти одморен и јас наспана
Daj boze vaka i da ostane. Jas sum presrekna sto Sara oive nedeli spie od 2!-22 do 08 sabajle. no ne i davam preku den da spie mnogu, ja zalazuvam, si igram so nea, i se sobirat se na se 4 casa dnevno spienje a nekogas i tolku nema, no zato pak nokta ja prespiva. Se nadevam deka vaka ke ostanat i Martin i Sara, pa neli 1 den se razlika bravo za dvajcata.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.6.2010 19:49:41
Viktori
ќерка ми ме пукна да мие садови, јас не и давав затоа што не сакам да си ги расипе рацете. Ама денес не можев да ја трпам веќе па јас ги миев со вода и сјај, а таа ги плакнеше. И мнооогу нес кафиња ми направи! Син ми го наместил креветот војнички! Под линија! Си ги вратија чиниите на место (за миење) сами и ги собраа сите чаши. Ме изненадија максимално. одиме на сладолед
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.6.2010 22:10:58
Maca25
Нина денес рече: Тата аботи (работи). Срцка моја, почна да поврзува зборови. Исто така за прв пат денес рече нога. И ги соблече татко и чорапчињата и ја праша татко и што смртка она рече НОГА. Се утепавме од смеење
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Да го пофалиме нашето детенце 21.6.2010 11:07:13
big_mama817
го извадивме памперсот за викендот синоќа воопшто не се измочкал во пампер и сабајле си побара нокширче а денес и го однесов во градинка без панперс па ќе видиме како ќе се одвиваат работите
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.8.2010 0:26:51
Џесика
Да си го пофалам и јас Борјанче... преку ноќ детево почна да ми разбира, да ме слуша и следи што му зборувам... наеднаш почна да дрдори нешто безвезе... сабајле му реков „извади ја цуцлата и дај ја на мама“ и одма го направи тоа...после тоа го прашав дали сака да пие вода, се симна од креветот и отиде на местото кајшто му стои шишето и коа го виде дека го нема застенка со поглед „па кај е, сакам вода“... леле колку бев среќна!!!
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.8.2010 11:27:52
blue_blue
моиве се само бисери - не престануваат да зборат. Се возиме пред некој ден во кола и имаше гужва, јас стојам а еднава вика - мамо вози. И викам не можам има коли, не можам да летам. А другава мудро ќути и после неколку секунди вика - мама нема крилја...Еј, не знаете колку се смеев- од кај и текна ова да го поврзе, не ни знаев дека го знае зборот крилја...
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.8.2010 13:54:39
denim
I jas denes si ja pofaliv Mila zasto stvarno me iznenadi mnogu. Vezbavme matematika i resi mnogu teski zadaci (sega ke bide 2 odd.). Samata ima zelba iako toa ne e ni priblizno od ona sto ke go ucat ovaa ucebna godina.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.8.2010 14:45:07
mama26
ne e od deneska.ima za pofalbi kako ne.primer saka da mi pomogne okolu sadovi da izmie zaedno so mene.sekogas koga pazarime mi nosi edna kesa .daj vika mamo pomogam tebe hahaha.koga cistam saka i toj da zdipli nesto [ neoti dipli ama pomaga vazno]me zali mnoguuuuuu ako nosam tesko nesto vika cekaj ke viknam baba.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 19.8.2010 14:47:27
mama26
najsvezo e vcera.bev da kupam nesto i mi vika mamo koga ke imas mnogu pari ke me nosis vo park taka?vikam da sine taka e. mnogu e razbrano dete.ama so tie mavanja tepanja koi gi uci od pogolemite ke si gi prekine.zasto jas tugi deca nemozam da vospituvam tuku moevo.
RE: Да го пофалиме нашето детенце 20.8.2010 22:58:16
mama26
deneska sinceto moe samo si napravi sok.si zema casata si sipa od siseto koe iskreno imase uste malku sirup od limon.i si stavi sirupot i dodade voda i op.ete ti sok.....umno pilence moe...mozam mamo vika jas vcera imav 3 sega sum golem imam 4ri.neli tortata ja duvav
RE: Да го пофалиме нашето детенце 24.8.2010 10:11:46
elle
морам да признаам дека скоро се откажав но еден ден имав грозје дома и и давав по малку и она дури сама сакаше да јаде и грозјето го направив сок на соковникот и таа го испи на екс без да капне ни една капка од шишето и јас незнам како успеа но оттогаш и вода си пие почнавме и млеко и сок, но под еден услов да е жедна ако не е жедна се е џабе
_____________________________
Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА
RE: Да го пофалиме нашето детенце 24.8.2010 13:01:20
Џена
Да си го пофалам и јас моето синче.Летово скроз ги откажавме памперсите дење, а еве веќе неколку вечери му ставам само навечер ама насабајле кога ќе стане е сув и одма бара да седне на нокширче .Браво за моето сонце