RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (14.12.2013 17:39:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: macika4

Здраво на сите јас имам болна овулација и еве веќе 2 год како пробуваме и ништо порано не осеќав никакви симптоми на овулација а сега од како пробуваме секој месец 3 дена имам неиздржливи болки во јајници кога ќе ја прашам докторката зошто така ми се дешава она ми вика дека тоа е супер мада мене не ми изгледа дека е така неможам да одам и да седам до што може да е


Мацика здраво. Тоа што имаш болна овулација значи веќе телото се разработело и мисли на создавање семејство. Позз, уживај и пишувај ни до каде си за [sm=nosecka.gif]




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (16.12.2013 11:48:36)

Донка, твојата порака ќе ја префрлам во темата Кломифен. Се читкаме, позз




jana ana -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (24.12.2013 1:39:35)

Женски јас ја осекам мојата овулација по промените во секретот (бело прање), се обидуваме веќе година и пол природно да забременам, но по се изгледа има друг проблем.




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (24.12.2013 9:25:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: jana ana

Женски јас ја осекам мојата овулација по промените во секретот (бело прање), се обидуваме веќе година и пол природно да забременам, но по се изгледа има друг проблем.


janaana, посети гинеколог, така начисто ќе бидеш што понатаму. позз




jana ana -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (25.12.2013 2:07:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

janaana, посети гинеколог, така начисто ќе бидеш што понатаму. позз



Пишав на друга тема закажав утре на преглед во Плодност Ќе видиме како ке поминам. Поздрав




SweetyPie -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (21.1.2014 18:24:27)

Zdravo na site,

Sakam da prasam za ovulacija.
Imam redoven ciklus na tocno 28 dena, mnogu retko moze da mi se sluci da bide 29 ili 30 dena, ama vo globala imam ciklus na 28 dena.
Nikogas ne sum znaela da raspoznaam ovulacija (bidejki ne sme rabotele na slucajot), a sekogas sum mislela deka taa "rastegliva tecnost" mi e prelada ili nesto sl. Ovoj mesec dobiv na 11, t.d. spored menstrualniot kalendar plodni denovi mi se od 21 do 26, a veke denes imav takva rastegliva tecnost. Dali toa znaci deka denes e denot D ili moze i narednite denovi??




Melanija RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (21.1.2014 23:56:17)

SweetyPie добре дојде на Рингераја [sm=bravo.gif]

Мислам дека во овој пост на Палешка РР има убаво објаснето за тоа што прашуваш.Не е на одмет денот на овукацијата да го провериш и со ехо преглед за да бидеш најсигурна, а најдобро е ако 3 месеци по ред се прати на ехо.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Фертилноста се зголемува околу 4 дена пред да се случи овулацијата и 48 часа по овулацијата. Фертилноста е најголема денот пред овулацијата и секако на денот на овулација.

Овулацијата најлесно се калкулира со мерење на телесната температура. При овулација доаѓа до благо покачување на телесната температура. Доколку не ја мерите температурата а имате редовни циклуси тогаш можете да рачунате дека овулацијата настапува 14-тиот ден од почетокот на циклусот.

Забелешка: Во овој пример циклусот е земен со траење од 32 дена, со 14 дена траење на овулациона фаза (лутеална фаза).

Ден 1-5 од циклусот:
Првите денoви од циклусот се стартот на менструацијата. Многу важно е да ги забележите (најдобро на мал календар) овие дати, затоа што тоа ќе ви биде потребно за пресметување на претпоставена дата на овулација.

Ден 6-11:
Овие денови се наречени „суви денови“, бидејќи менструацијата е завршена и во овој период жената не е фертилна, т.е. при полов однос во овој период нема да дојде до зачнување. Во овој период телото едноставно се подготвува за ослободување на јајце-клетката.

Ден 12-18 :
Во овој период фертилноста е најголема, во тек на овие 6 дена јајце-клетката е создадена и ослободена така да најдобро е во овој период да имате сексуални односи доколку сакате да забремените.

Ден 19-32:
Доколку имате сексуални односи во овој период, за жал ја испуштитвте шансата и ќе мора да чекате до наредниот циклус за да се обидете повторно. Многу малку е веројатно дека ќе забремените во овој период.




SE :* ES -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (24.1.2014 23:40:03)

Сакам да прашам нешто ако знае некој да ми одговори ве молам имав редовен циклус овој месец требаше да ми дојде 15 но нема ништо уште. Имав темно кафена боја 1 недела исто така имам многу мачнини во долниот дел на грбот, киселина,градите ме болат. Дали тоа е некој знак ве молам ако знае наекој дами каже поздрав :)




Melanija RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (25.1.2014 9:06:45)

SE :* ES добре дојде на Рингераја

Тебе ти доцни циклусот а не прашуваш за овулација.Мислиш дека имаш значи на бременост?Можно е веќе 10 дена ти доцни па време е за тест[sm=smiley1.gif]

Твојот пост ќе биде префрлел ТУКА и се надевам штом дознаеш ќе ни пишеш[sm=smiley1.gif]




andrijance90 -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 11:08:13)

Jas da prasam nesto :) Deneska mi e 12 den od menzis i sinoka osetiv slabi bolki vo jajnicite ama vikam da ne e nesto od hsgto i sabajlevo pri odenje vo vece koga se izbrisav imav belo-svetlo zoltenikav iscedok i edno ligavo visese taka ( izvinete za opisov ama morav) [sm=jezicek.gif] Mozno li e da e ovulacija?
Ova mi se ima sluceno i pred toa edno 2 pati samo ednas vo tekot na eden den ke imase takvo sto visi i tolku bese toa. Mozno e da imam ovulacii? [sm=smiley22.gif][sm=smiley14.gif]




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 11:19:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: andrijance90

Jas da prasam nesto :) Deneska mi e 12 den od menzis i sinoka osetiv slabi bolki vo jajnicite ama vikam da ne e nesto od hsgto i sabajlevo pri odenje vo vece koga se izbrisav imav belo-svetlo zoltenikav iscedok i edno ligavo visese taka ( izvinete za opisov ama morav) [sm=jezicek.gif] Mozno li e da e ovulacija?
Ova mi se ima sluceno i pred toa edno 2 pati samo ednas vo tekot na eden den ke imase takvo sto visi i tolku bese toa. Mozno e da imam ovulacii? [sm=smiley22.gif][sm=smiley14.gif]


Mоже, може[sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 11:30:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: andrijance90

Jas da prasam nesto :) Deneska mi e 12 den od menzis i sinoka osetiv slabi bolki vo jajnicite ama vikam da ne e nesto od hsgto i sabajlevo pri odenje vo vece koga se izbrisav imav belo-svetlo zoltenikav iscedok i edno ligavo visese taka ( izvinete za opisov ama morav) [sm=jezicek.gif] Mozno li e da e ovulacija?
Ova mi se ima sluceno i pred toa edno 2 pati samo ednas vo tekot na eden den ke imase takvo sto visi i tolku bese toa. Mozno e da imam ovulacii? [sm=smiley22.gif][sm=smiley14.gif]



Адријанче овулацијата најчесто е пропратена со исцедок(како што опиша)
но не мора да значи дека исцкаведокот е од овулација,доколку има мирис,и жолото зеленикава боја може да се работи за инфекција.Секоја жена различно ја сеќава овулацијата,кај мене се јавува со некоја чудна надуеност во долниот дел од стомакот(чувствувам како да ми тежи стомакот),слаба и тапа болка во јајниците и нормално исцедокот е тука.И најчесто тоа ми трае 1-2 дена.




Melanija RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 11:32:27)

andrijance90 саати се во прашање...од сега па во следниве 2 дена да си оффлаин[sm=smiley1.gif][sm=bravo.gif]




andrijance90 -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 11:40:45)

[sm=smiley36.gif] me cudi so policisticni jajnici i visok prolaktin da imam ovulacii ama aj pusta nadez se izraduvav [sm=smiley36.gif] a ne bi trebalo da e infekcija , vo ponedelnikot pravev hsg doktorot mi vika super si dole [sm=smiley36.gif] i pred toa piev dosta jaka terapija i sredeno bese se. E sega ako nesto se izritiralo od hsgto [sm=smiley13.gif]
Nisto Melanija nema bebe pravenje dodeka ne se izvadi septumot [sm=smiley13.gif] jas onaka si se izraduvav za moj keif sto se veli [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 11:57:27)

Ох да септумот но нема правила... и јас немав овулација па оп останав бремена [sm=smiley1.gif]
Секако добро е да имаш и да осетиш кога е тоа многу значи




Kvisko -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 13:21:53)

Луѓе кај сите некогаш природно ќе се случи овулација. Без овулација не се останува бремена. Само кај некого е многу ретка природно, а кај некого си е скоро секој месец.
Кај полицистични јајници може да се случи да има и исцедок, а да нема овулација, и да нема исцедок а да има овулација.




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 13:33:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko

....... Кај полицистични јајници може да се случи да има и исцедок, а да нема овулација.......


Квиско, каде го прочита ова? Доктор ли ти кажа? Би сакала да споделиш со нас, бидејќи јас првпат читам за ова. Позз




Kvisko -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 13:52:36)

Го има по интернет, се наоѓа често по форуми за полицистични јајници. Кај ПЦОС е така бидејќи таа плодна слуз се јавува како подготовка за овулација, ама јајце клетката може да не изреагира добро на покачувањето на LH и естрадиолот и да не пукне (односно да си порасне во циста), исто така кај ПЦОС пукаат и незрели фоликули и тогаш тоа не е вистинска овулација, а дава плодна слуз. Кај ПЦОС некогаш се случува да има и таква слуз неколку дена пред добивање кога пукаат цистите.

Еве еден извадок:

"Цервикалната слуз не мора да значи дека сте овулирале. Слузот е предизвикан од хормонот естроген кој вообичаено се покачува пред овулација. Сепак, има многу околности кога естрогенот може да биде покачен без овулација, што е многу значајно за жени кои имаат синдром на полицистични јајници. Овие жени често не овулираат, но може да забележат растеглива слуз како белка од јајце."

Извор: babymed (надворешни линкови се забранети)




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (6.2.2014 14:03:33)

Oк, фала на информацијата. Позз




Felly RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (15.3.2014 20:35:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Anonimen

zdravo neznam kolku veke se obiduvame za da ostanam bremena i se uste nisto.Bev na 4 mart na ginokolog i mi rece deka e se super na desnijot jajni imav folekul 15mm a na leviot 12mm i mi rece koga ke dobijam 12 den mi bil naj plode a pak drug doktor mi rece 16 den neznam na kogo da veruvam ako nekoj imal takov problem ve molam pisete . odnapred vi blagodaram na site sto ste zacleneti na saitov !! i kako da dojdam do sakanoto [sm=nosecka.gif].


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Anonimen кога ти видела фоликул од 15мм ќе настане овулација и ти кажале дека тоа е 12 ден.А кога ти кажале дека е на 16 ден колку ти биле фоликулите?Овулацијата не е секогаш во ист ден секој месец одприлика може да е 3-4 ден пред и потоа, затоа најдобро се утврдува на ехо, но ете тие се од 12 до 16 ден веројатно така е кај тебе





andrijance90 -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (31.3.2014 13:26:23)

Devojki koi denovi se odese na eho za da se vidi dali ima ovulacija? Ne znam za koj den da zakazam sakam da mu predlozam na doktorov da sledime ovulacija ovoj mesec dali ja imam [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (31.3.2014 13:32:34)

Andrijance90, повели:

ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

Кај нас незнам каде го има Maybe Baby, мене ми го испратија од србија, таму го имало речиси во сите аптеки (околу 20 еур). А кај нас може лесно да се најдат тестови за овулација преку урина, од Фитофарм, 2 теста мислам дека беа околу 370 ден. (за една употреба се). На веб страната на фитофарм има повеќе информации за тестот



Мислам ова ти е подобра варијанта, отколку да одиш по доктори да те гледаат на ехо, а и тоа е релативна работа, викаат дека жените два пати во годината не овулираат и дека тоа не е страшно... не знам дали да се малтретираш и тоа да го правиш покрај се останато.....




butterfly1 -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (31.3.2014 14:02:31)

Maybe baby го има во Промедика аптеката и е 1405 денари, може и во други го има незнам не е лошо да се купи не е скап а има неограничена употреба , само некако комплициран делува за употреба [sm=zz_cry.gif]




Kvisko -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (31.3.2014 15:51:09)

Прочитајте искуства по други форуми за MaybeBaby не е секогаш точен и не е лесен за користење (треба ептен добро да се види дали тоа како папрат е резулатт на овулација или нешто друго). Најточни е оние тестови што мерат LH во урина. Ама се за домашна употреба може да зезне. Пак ќе кажам на пример кај полицистични јајници LH може добро да порасне ама фоликулот да не реагира и да не прсне туку да стане циста. Затоа комбинација на следење со ехо и мерење хормони е најдобра.
Andrijance добра ти е идејата да се следи на ехо дали имаш овулација. Тоа во комобинација со мерење хормони дава најточен резултат (мерење естрадиол ден, два пред овулација за да се види квалитетот на јајце клетката и мерење на прогестерон после овулација за да се види како се одвива вториот дел од циклусот). С




Melanija RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (31.3.2014 15:59:48)

Следење на овулација преку ехо кога се сака да се забремени е многу нормално ама кај нормални гинеколози.Според мојот токму заради ановулаторни месеци смета дека 3 месеци следење на ехо е најдобра варијанта и секако барем еден месец следење на хормони во тој месец на 3ти,14ти и 21 ден.

andrijance90 имаш според мене две ориентации и тоа, кој ден најчесто си почуствувала некоја болка или исцедок, и според денови на добивање (одземи 14 и одземи минус 2 дена), пр. 30 дена 30-14=16-2=14

Секако секоја жена и индивидуална а можно е овулацијата да е покасно околу 18-20 ден




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>