Calypso -> RE: Прекин на доењето (7.5.2012 10:04:25)
|
Еве ме пак тука... јас си пијам апчиња инаку, морав да земам, оти многу грутки ми се направија, ама зелката ми беше спас да не кренам температура - и еве, 6 ден, немам ни грутки ни болки во градите - ама ѕверчево мое [sm=smiley13.gif]тешко му е. Првите два дена и две ноќи немаше гајле, ама затоа, наредните вечери, еве минатата ноќ четврта по ред, се буди на секои петнаесет минути, многу, страшно многу плаче, зарипнат е, носот почна да му тече. Дали му фали цицањето, дали е од забите (долните двојки веќе се наѕираат), не знам... ама не можам да си го гледам детето вакво. Дали е до моево дете, или и со другите бил таков случајот? Инаку, полесно ќе беше ако моите ми беа блиску, ќе им го оставев на неколку дена. Ама вака во Охрид да го оставам, јас во Скопје... ќе се шекнам затоа што знам дека многу ќе плаче, таков си е[sm=smiley13.gif]
|
|
|
|