RE: Подароци за учителките (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


sandriana RR -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 12:02:44)

Утрово и мене ми текна дека се ближи 8ми Март - и поим неам како да поминам ем ефтино, ем да не биде моево дете на пик дека не однело ништо. Јас у принцип сум мрзач на 8ми Март како ден за подароци.
Лани ја испратив со честитка и марами, ама годинава ќе размислам за идејата на АнаМоли.




Tanjat7880 -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 12:13:51)

Kaj nas vo shkolo tradicija e da se soberat grupno pari I se kupuva identicen podarok na dvete nastavnicki I tolku.
Ovaa godina se pagja vo sabota bre pa zar na 10ti ke nosime pokloni,ne,ne e terminot adekvaten,jas mislam da apstinirame od toa godinava[sm=jezicek.gif]




Bethany -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 12:15:00)

Јао жени, ете и тоа сум дочекала... Ќе треба да мислам за 8. март на учителките, а појма немам...
Давајте идеи, мене ич не ме бива. [sm=zmeden.gif] Многу ми се тешки овие работи...

А нели 8. март паѓаа во сабота? и што во петок ли треба да им однесе подарок?
А гарант тука сите носат нешто, дури и очекувано е [sm=smiley24.gif]




Bethany -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 12:22:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880
,ne e terminot adekvaten,jas mislam da apstinirame od toa godinava[sm=jezicek.gif]

И јас се сложувам, да играме на та карта [sm=smiley36.gif]
Ама навистина кога би го носил подарокот, во петок ли, или понеделник?

И не ми е за парите да уштедам навистина, туку многу ми е мака кога треба подарок да бирам, ептен се оптеретам, па посебно и за некој кој не го ни познавам [sm=zmeden.gif]




Melanija RR -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 13:07:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Kaj nas vo shkolo tradicija e da se soberat grupno pari I se kupuva identicen podarok na dvete nastavnicki I tolku.


Ова ми се допаѓа, не сум за поединечни поклони ама ич па тоа е двојба па кој што однел,повеќе помалку, види ја мајкава како не и е срам.. и дрн дрн други работи.Затоа убаво прават како што вика Tanjat7880, собират пари одбор на родители и се купува нешто за внимание и толку.




Bethany -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 13:21:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Kaj nas vo shkolo tradicija e da se soberat grupno pari I se kupuva identicen podarok na dvete nastavnicki I tolku.


Ова ми се допаѓа, не сум за поединечни поклони ама ич па тоа е двојба па кој што однел,повеќе помалку, види ја мајкава како не и е срам.. и дрн дрн други работи.Затоа убаво прават како што вика Tanjat7880, собират пари одбор на родители и се купува нешто за внимание и толку.

Pa i mene mi e ubavo site zaedno, ama toa e skolo, ne znam za vo gradinka kako funkcioniraat rabotite, ama ne slusnav dosega nesto zaedno nekogas da se organiziralo. Baska, nie sto trgnuvame doprva, se uste sme na adaptacija, ne ni trgnavme asalno, ke ne fati praznikov epten na pocetokot.




Tanjat7880 -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 13:25:38)

E da,vo shkolo sme organizirani,vo gradinka nefunkcioniravme taka pa I jas nosev de cashki,marami,lancinja(bizuterija) I tako to

I kako ideja,lani se sobraa po 50 den.od dete I se kupija mnogu ubavi albumi za sliki,onaka poluksuzni koi koshtaa okolu 600-700 den ako dobro se sekjavam a ima I pomali poeftini...ova kako idea




stela -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 13:28:07)

Na kraj pamet ne mi pagja da nosam poklon za 8mi mart na vospitackite vo gradinka, i onaka ne go pocituvam kako praznik pa uste i poklon da im nosam, pa uste i vo gradinka...:))) za vo skolo ...zdravje :)




Hunny -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 16:31:37)

Па мислам дека наставничките не се дојдени до подароците од децата, како што претходно напишала една членка. Доволно е усна честитка, насмевка и малку почит како кон секој човек.




kromitce -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 19:20:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hunny

Па мислам дека наставничките не се дојдени до подароците од децата, како што претходно напишала една членка. Доволно е усна честитка, насмевка и малку почит како кон секој човек.


se soglasuvam deka ne treba da se kupuvaat podaroci...jas sekoja godina mu pomagav na sin mi da izraboti nesto i toa da im go podari na nastavnickite..na internet ima razni idei i toa najcesto bea izrabotki od hartija i sl....pomali bea i vo skolo ne se organiziraa i ne sobiraa pari tuku individualno......e sega ovaa godina se organizirale i sobiraat pari...a toj nejke da cue da dade pari...vika ke im napravel cveke od hartija..[sm=smiley36.gif]....mislamdeka i nie roditelite malku preteruvame so toa davanje podaroci ama toa e samo moj stav...na krajot na kraistata sekoj si znae




Defne90 RR -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 22:20:02)

Се сеќавам и ние како деца дека се собиравме по 50 или по 100 денари и така купувавме групен подарок за учителката,што според мене е многу поубаво.Сепак многу е подобро да добиеш еден поголем и подобар подарок неголи 30 што сигурно пола и повеќе од нив ќе завршат во подрум или на таван па така ти само парите џабе си ги давал.А и подобро е за родителите така секој посебно ако купува нема да ти стасаат никако 100 денари а пак на тоа да се додаде и уште една наставничка е тогаш тоа е навистина непотребен трошок.А пак така кога ќе се падне празникот во сабота или недела јас сум ептен против подарокот да се дава ден потоа или ден пред.Се знае подароците се даваат на 8 Март а не после или пред .




Yummy Mammy -> RE: Подароци за учителките (26.2.2014 23:00:13)

Jas sakam koga im podaruvam nesto na ucitelkite zasto toa stvarno go pravam od srce. Voopsto ne mi se dopaga koga im se kupuvaat tasni, nakit ili kako sto pisav lani tocak! No, nesto simbolicno, smetam deka treba da im se dade. Prvo zatoa sto nas mladite moze nisto ne ni znaci 8mi mart, ama oni si go postuvaat i uste si odat na proslavi. Togas ferski e da gi ispostuvame i nie. A vtoro, oni vo gradinka nitu eden den ne utnale i so decata izrabotuvale cestitki i za 8mi mart, i za nova god, i za den na tatkoto, i za nedela na semejstvoto, i za se sto postoi i nepostoi. Zatoa, povtorno ferski e da im se pokaze deka i na niv mislli nekoj.

A sto se odnesuva do tipot na poklonot, jas lani podgotviv isto kako AnnaMolly (mislam deka tuka ja procitav idejata) ubavi solji za caj\kafe, napolneti so bajadefi i cestitka nacrtana od kerka mi, ubavo zavitkani. Ucitelkite bile zadovolni i i rekle na kerka mi deka sekogas koga ke si pijat cajce ili kafe ke im teknuva na nea. E za mene toa e vistinski poklon - da ne kosta poveke od vnimanieto i zasekogas da potsetuva od kogo e.

Ovaa god imame 4 ucitelki, 2 kaj ednata, 2 kaj drugata kerka, i stvarno poima nemam sto da im spremam.




Yummy Mammy -> RE: Подароци за учителките (4.3.2014 23:14:57)

Iiiiii? Sto odlucivme za podaroci za ucitelkite?
[sm=smiley36.gif] Seriozno, jas uste poima nemam... dajte ideja, pls...




miana -> RE: Подароци за учителките (5.3.2014 19:29:46)

Кај нас собираат по 100 денари и незнам што ке и купат на наставничката. Мој предлог им беше да и купат убав паричник од МОНА, и некое убаво саксиско цвеќе, па сега ке видиме до утре уште колку пари ке соберат. До сега дале само 16 родители а има 28 деца во класот. Нема да ја силиме работата, колку ке дадат - толку. За паричник од МОНА има пари а за друго ако се собере супер ке биде.




mommy_angels RR -> RE: Подароци за учителките (5.3.2014 23:00:42)

И јас поима немам што да купам.Најлесна одлука ми беше цвеќе,ама сега веќе не оди и тоа зашто подарокот планирам да им го дадам во понеделник,благодарение на грипот проследен со бронхит [sm=smiley19.gif].Ајде ,јас имам уште малку време за размислување [sm=jezicek.gif]
А вие другите што одлучивте?




vezilka RR -> RE: Подароци за учителките (6.3.2014 8:42:11)

Јас навистина поима немам. Можеби оваа година ќе го искористам предлогот од погоре со шољите за кафе. И секако ќе има од материјалот за нашата овогодишна кампања, картичка со текст кој реферира на родовата еднаквост во секојдневието и магнет за на фрижидер со слична порака. [sm=jezicek.gif] Да ги потсетиме учителките дека 8ми март не е денот на мајките туку денот посветен на родовата еднаквост.




Tanjat7880 -> RE: Подароци за учителките (6.3.2014 9:37:32)

Eeeee devojki,da znaete nie vekje vo kakva "shema" sme na ovaa tema[sm=smiley36.gif]
Se dogovorile devojcinjata od klasot kaj sinko grupno da kupuvaat podaroci za nastavnickite,treba sekoe dete da donese po 10 denari I taka site ke odele I ke kupele podarok,tuka interveniravme nie starite deka malku im se 10 denara,shto jadni ke kupat so tie pari I poslushaa I sega dogovorot e po 20 denari sekoe dete I taka...ehh edvaj cekam da vidam kako toa oni ke se organiziraat I shto toa ke kupat[sm=smiley36.gif]
Ke ve izvestam za krajniot rezultat[sm=jezicek.gif]




vezilka RR -> RE: Подароци за учителките (6.3.2014 11:07:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eeeee devojki,da znaete nie vekje vo kakva "shema" sme na ovaa tema[sm=smiley36.gif]
Se dogovorile devojcinjata od klasot kaj sinko grupno da kupuvaat podaroci za nastavnickite,treba sekoe dete da donese po 10 denari I taka site ke odele I ke kupele podarok,tuka interveniravme nie starite deka malku im se 10 denara,shto jadni ke kupat so tie pari I poslushaa I sega dogovorot e po 20 denari sekoe dete I taka...ehh edvaj cekam da vidam kako toa oni ke se organiziraat I shto toa ke kupat[sm=smiley36.gif]
Ke ve izvestam za krajniot rezultat[sm=jezicek.gif]


Хехехе скромни деца. Ете тие кога се договараат поефтино ќе поминеме. Гарант до лани кога вие, родителите сте се договарале поскапо сте поминувале. [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Melanija RR -> RE: Подароци за учителките (6.3.2014 11:13:37)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
И секако ќе има од материјалот за нашата овогодишна кампања, картичка со текст кој реферира на родовата еднаквост во секојдневието и магнет за на фрижидер со слична порака. [sm=jezicek.gif] Да ги потсетиме учителките дека 8ми март не е денот на мајките туку денот посветен на родовата еднаквост.


[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] одлична идеја




niki -> RE: Подароци за учителките (6.3.2014 13:31:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Eeeee devojki,da znaete nie vekje vo kakva "shema" sme na ovaa tema[sm=smiley36.gif]
Se dogovorile devojcinjata od klasot kaj sinko grupno da kupuvaat podaroci za nastavnickite,treba sekoe dete da donese po 10 denari I taka site ke odele I ke kupele podarok,tuka interveniravme nie starite deka malku im se 10 denara,shto jadni ke kupat so tie pari I poslushaa I sega dogovorot e po 20 denari sekoe dete I taka...ehh edvaj cekam da vidam kako toa oni ke se organiziraat I shto toa ke kupat[sm=smiley36.gif]
Ke ve izvestam za krajniot rezultat[sm=jezicek.gif]


pa bas prigodno po edna ruza i aj so zdravje
pa da ne treba avion da im se kupi
ne odat kumovi na svadba eden 8 mart e
bravo za decinjata




Bethany -> RE: Подароци за учителките (6.3.2014 21:12:22)

Јас зедов Мерси бонбоњерче и една убава црвена ружа , преубаво завиткана.




sandriana RR -> RE: Подароци за учителките (7.3.2014 11:11:44)

Купивме вчера шољи за кафе, ги наполнивме со атлантис бомбони (по идеја на АнаМоли), ги спакувавме и сабајлево во градинка не пречека тетката од бебешката група. Ми беше страв да и ја дадам на Т кесата со поклоните, да ја внесе сама во занимална (да не ги искрши), а на теткава друга ми беше незгодно да и ги дадам и да и речам да ги предаде кај Т во група. И така, ги оставив во шкафче...Ако им текне да зирнат - арно, ако не, после коа ќе ја земам, ќе ја видам сигурно бар едната негователка нејзина па ќе се расчистиме [sm=smiley1.gif]




@Mila@ -> RE: Подароци за учителките (7.3.2014 12:03:37)

Vcera vo gradinka imale rabotilnica za pravenje cestitki i jas si ja dobiv prvata racno napravena cestitka od sinko 2 god i 2 meseci e i mng e najslatka,em nacinot na koj sto ja dobiv pustiot koga me vide se shtrekna i trca da ja zeme i da mi ja dade i me bubna zlato malo...e sega da se vratam na temata..bidejki beshe vo film na crtanje i pravenje cestitki napravivme zaedno 3 cestitki za site ucitelki pecat od negovoto race i nekoj shrabanici sto sam gi praveshe...jas samo tekstot go napishav i cekavme da se isushat da gi stavime vo kesickata za podaroci...a im zemav marami na site tri mng se slicni i univerzalni.
I denska sinko moj si gi zema kesinjata za uciteki i sam gi noseshe do gradinka da im gi dade lele majko koi radosti bea.




mommy_angels RR -> RE: Подароци за учителките (10.3.2014 10:35:02)

во петокот уште си бевме под терапија,па не одеше во градинка.Имав интересен план за подарок,ама бидејќи дете ми беше болно,немав волја да го остварам,здравје за догодина веќе си знам [sm=jezicek.gif]
Сега на враќање од контрола им купив по една колекција на Нивеа и А им ја даде сабајлево.
А да, леле со мм дури се убедивме дека треба да се купи подарок [sm=smiley29.gif]
Не му е нему за парите,туку чудно му било сето тоа [sm=smiley36.gif]
Ехехеееее,не знае дека само што почнуваме....




miana -> RE: Подароци за учителките (12.6.2014 10:34:23)

Мајки, се ближи и денот кога ке го земеме првото свидетелство на керками..
Знам дека се дава нешто на наставничките..Што мислите вие? Дали да и купам убав букет цвеке или пак на пример еден цвет и мерси бонбониера? Што е најпаметно?




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 9 [10] 11   Следна страница >   >>