Octavia -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 18:06:44)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori наставничката може да вметнува што сака во нејзината глава. Не дај боже да вметне нешто во на мое дете главата, па уште да дознаам јас, моментално, значи моментално ќе заврши прво кај директорот, во општина, во инспекторат, во биро за развој на образование и на крај кај Правобранител. Пошто првите набројани ќе се прават мутави, затоа што сите нови наставници и учителки се вработени со врски во некоја од институциите, последниот ќе ги поттикне сите по службена должност. Таква чекам, да ми го пополни одморов... Виктори, со сета почит, ама верувај дека не сакаш да се најдеш во таква ситуација. Не заради себе, заради детето. Јас кога тргнав да истерувам правдина тргнав заради искрената верба дека едноставно никој не смее да се однесува недостојно и непрофесионално, што и да работи, а да не зборуваме ако работи со деца кои се секако најранливи пред такви авторитети. Затоа што за моето дете неговата наставничка, каква и да е, беше авторитет. И мојот конфликт со неа за детето беше стрес. Јас не отстапив затоа што точно ги знам и правилата и законите и точно знам што треба да прави еден наставник и како смее, а како не смее да се однесува, ама... Не можеш да замислиш какво е чувството да се бориш против ветерници, знаеш дека си во право, а гледаш дека секој што може те игнорира, затоа што никој не сака со никого да се замери (ставот „децата доаѓаат и си одат, а ние треба да си останеме колеги“ во нашиве училишта е главното мото), а оние кои по службена должност мора да те слушнат ти даваат совети како да се помириш со тоа... И верувај, има мигови кога се ќе ти биде преку глава и ќе си речеш „Паметни се полтрониве, точно знаат што прават“. И дури ќе си речеш (не ти, де, било кој) Ако принтерот (да кажеме) му го купи мирот на моето дете, може требаше да го дадам јас... Затоа што знаете што е по основниве откако се смени финансирањето?! Овој родител купил бела табла (Да, ТАБЛА!) за во училницата, друг родител ги пратил од својата фирма да ја искречат, трет родител донел мајстори бетонирале во школски двор... да не редам... И да, од тоа имаат бенефит сите, ама секако нивните деца се поинаку третирани и од наставничките и од училиштето воопшто. Сега освен подароци за учителките во игра се и подароци за училиштето кои за чудо најчесто ги даваат фирми на родители или родители чии деца учат во тоа училиште...
|
|
|
|