RE: Подароци за учителките (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Octavia -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 12:18:03)

Во право сте, не е дека не сте, ама сте пробале да се борите против системот?! Јас да и не поминав баш добро, прво детето ми настрада, ни криво ни должно. (Ова зборувам за во основно). За да бидам замолчена бев казнувана преку детето. Директорката отворено ми рече дека претерувам (цитирам „Па и вие за едно потскубнување кревате галама како да е натепано. Го скубнала наставничката, а вие ми се заканувате тука како да е физички малтретирано (заб.-тоа со заканувањето се однесуваше на мојата изјава дека или таа ќе го реши проблемот, или јас ќе барам решение по повисоки институции). Наставничката посебно се наоѓаше навредена ако за нешто кажев „Ама тоа е работа на наставничкатам најнормално е“. Цел систем е наопаку кај нас и затоа верувајте многу е полесно ако му се прилагодиш, отколку да се бориш. Јас се уште се борам, ама многу е напорно. И ова со скубењето беше само една капка во сето несоодветно однесување на наставничката. Пријавувањето во инспекција (неколку пати) од моја страна беше многу добар показател што значи да си во борба со бирократијата. Инспекторката не сакаше да прими писмена пријава од мене, туку секогаш ме убедуваше дека е доволно усното мое кажување и дека таа ќе реагира, по што беше некогаш и бетер (јас искрено верувам дека таа се јавуваше или кај директорката или кај наставничката колку да им каже дека сум пријавила, не за да ги опомене барем). И на крај што? Стигнав до многу повисоки места од каде што реагираа службено и малку се смири работата... И еве читајќи го ова се мислам-ќе беше ли полесно ако станев и јас полтрон кој во се се согласува со наставникот и кој редовно еве носи и квалитетни подароци? Веројатно ќе беше. А да не зборувам какви подароци се носеа од родители-принтер, компјутер и слично, кои наводно се за да се вршат одделенските работи, ама што ако наставникот си ги третира како лични подароци и не дозволува да влезат во училишниот попис, затоа што не му биле дадени на училиштето туку нему? Кај нас толку се извитоперени нештата што навистина е полесно она „ако не можеш да ги победиш-придружи им се„. За жал.




niki -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 12:31:42)

problemot e sto sekoj sam se bori
sto nikogas nema inicijativa za grupno deluvanje
sto i togas koga ke dignes glas ovie do tebe koi se vo ista kasa so tebe vednat glavi, krevaat ramenici i molcat i te gledaat ko da si budala sto se zalagas za nesto podobro




elenak -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 12:44:20)

Е за ова со капите ми иде да се запишам во градинка пак. И мене на факултет капа не ми дадоа за фрлање, ама да знаев како стојат работите тогаш дипломата ќе ја џитнев.
Ај да не бидам оф топик скроз, нема потреба од купување никакви подароци, ама па како ќе им се заблагодариш на учителките што се погодиле од ,,оние фините,,? Со срдечна прегратка и сочен бакнеж? Не бива... А од цвеќе и бомбониери им е сигурно преку глава, не дај боже да ти ги вратат, врз твоја глава[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden2.gif[/image]




Ikana -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 13:01:39)

Е за ова ми е највеќе криво, што ни крив ни должен, некој страда. Октавија јас да сум на твое место би изреагирала многу побрутално, секоја чест за смиреноста, и сосема си во право, борбата е индивидуална за жал.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia RR

Во право сте, не е дека не сте, ама сте пробале да се борите против системот?! Јас да и не поминав баш добро, прво детето ми настрада, ни криво ни должно. (Ова зборувам за во основно). За да бидам замолчена бев казнувана преку детето. Директорката отворено ми рече дека претерувам (цитирам „Па и вие за едно потскубнување кревате галама како да е натепано. Го скубнала наставничката, а вие ми се заканувате тука како да е физички малтретирано (заб.-тоа со заканувањето се однесуваше на мојата изјава дека или таа ќе го реши проблемот, или јас ќе барам решение по повисоки институции). Наставничката посебно се наоѓаше навредена ако за нешто кажев „Ама тоа е работа на наставничкатам најнормално е“. Цел систем е наопаку кај нас и затоа верувајте многу е полесно ако му се прилагодиш, отколку да се бориш. Јас се уште се борам, ама многу е напорно. И ова со скубењето беше само една капка во сето несоодветно однесување на наставничката. Пријавувањето во инспекција (неколку пати) од моја страна беше многу добар показател што значи да си во борба со бирократијата. Инспекторката не сакаше да прими писмена пријава од мене, туку секогаш ме убедуваше дека е доволно усното мое кажување и дека таа ќе реагира, по што беше некогаш и бетер (јас искрено верувам дека таа се јавуваше или кај директорката или кај наставничката колку да им каже дека сум пријавила, не за да ги опомене барем). И на крај што? Стигнав до многу повисоки места од каде што реагираа службено и малку се смири работата... И еве читајќи го ова се мислам-ќе беше ли полесно ако станев и јас полтрон кој во се се согласува со наставникот и кој редовно еве носи и квалитетни подароци? Веројатно ќе беше. А да не зборувам какви подароци се носеа од родители-принтер, компјутер и слично, кои наводно се за да се вршат одделенските работи, ама што ако наставникот си ги третира како лични подароци и не дозволува да влезат во училишниот попис, затоа што не му биле дадени на училиштето туку нему? Кај нас толку се извитоперени нештата што навистина е полесно она „ако не можеш да ги победиш-придружи им се„. За жал.





miana -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 13:07:17)

Кога вашите дечиња би фрлале капа- незнам дали вие вака би пишувале и дали вака би размислувале...Толку имам да кажам..Им благодарам на сите кои ми дадоа совет како да постапам,единствено тоа и го побарав. [sm=smiley31.gif]




Snowhite RR -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 13:30:02)

Па јас не отидов да фрлам капа ни факултетот кога го завршив, намерно закаснив на доделувањето на дипломите, само да не облечам мантија и фрлам капа, зашто како прво тоа не е наша традиција, а како второ не е кој знае што завршување факултет.
Во врска со поклоните, убав збор или нешто рачно изработено од срце мислам е подобар избор од материјални работи




kikicka -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 14:20:19)

Па срцка моја нормално дека јас и ти не сме исти а и исто по различното размислување најпрво, а и не изгледа него 100000% разликата е голема. Јас многу добро знам што да кажам во градинката на ќерками,а и тика си пишав како би постапила а тоа што ме потсети да им за заблагодарам и задоволам баш ти фала [sm=smiley36.gif] што ме потсети што сум кажала. Очигледно паѓаш на финтите со убавите зборови. Нормално е негувателката и учителката да ги чуваат и милуваат децата, тоа е нивна работа а не некое дет
е посебно да го мазат пред останатите. Имав случка таква и искрено мислењето за таа учителка ми е сменето пбратно дури немозам да ја гледам од што ми е одбивна и тоа не за мое дете. Тоа со сопругот ич не го ни коментирам. Секоја мајка своето дете си го гледа како посебно но немора и таа посебност да ја искажуваш има и други деца тука што и неожТ толку да им се улижаваат со поклони на учителките а сепак бараат внимание. Неможе твоето внимание да го надокнади учителкатаа а при тоа ти да ја сипаш со поклони!
мами 2 и јас да сум на твое место би им купила од благодарност доколку би била во иста ситуација како тебе , тоа ми е океј али за галење мазење и улижавање поклони не. Па до сега не сум купила ништо поклони па пак детето ми го успиваа во раце со галење додека се научи сама да заспива.



ИЗВОРНА ПОРАКА: miana


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Тоа што сум ја прозвала не значи дека и паметувам нешто, само кажав дека премногу ги увеличува работите , на нешто неважно им дава премногу значење а навистина градинка е , најнормална работа во растењето на децата, и мислам дека навистина претеруваат и учителките што си бараат поклони, а и овие години навистина претераа и со Џив џив матуранти кај нас се децата од градинка. И мене ке ми е мерак и да ја сликат и диплома да и дадат и се остало ама пак некако си мислам да не е премногу , една слика е доволна.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

E ziti sve kikicka spomen za kaj se prave de? ?
Jas i do den denes znam kaj moite koga ke otidam pa da si gi gleam slikite od skolo pa sto ima loso tuka? Ete denes i kerkami ja slikaa grupna slika sigurno eden den ke i bide i nejze milo da si gi gleda i da pokazuva na nejzinite deca i nr gleam nikakov problem tuka .

Znaci koga ke se zakacite za nesto ne se otkacuvate
Sve pametnjakovici



Срцка,тоа што за тебе е неважно,за мене е МНОГУ важно- тоа е разликата меѓу нас изгледа..И кој рече дека учителките бараат поклони? Па да бараа немаше вас да ве прашам за мислење туку ке им купев.Ако во градинката на твоето дете се случуваат вакви работи,ти кажи им дека ти е тебе премногу,нека ти дадат една слика како пред 100 години што правеле и задоволи се со толку... Јас утре ќе бидам пресрекна мајка и нема никој да ми го уништи тоа чувство..Ке се чувствувам баш како Паун,како што рече Ана Моли..
И ДА купив подароци за учителките ( негувателката и учителката ) ,а на учителката на керками ке и подарам и слика од нив две (керками и она ) која ја сликаа лани за роденденот на керками кој и го славеа во градинка бидејки неможев да и го славам имав бебе од една недела. Денес имав многу пријатен муабет кога ја зимав керками,учителката ми кажа многу убави работи,ми кажа како се поврзала со керками ( знам дека керками не легнува ако она не е до неа ) и дека се грижела дали керками ке дојде ( дека беше болна ) и кога ми зборуваше,беше со солзи во очите,рече дека сопругот ја критикувал дека се грижи за Миа како за нејзино дете. Епа јас со мерак купив убав подарок и ке инсистирам и Дариа да оди кај истата учителка таман догодина ке земе мала група...





dostickage -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 14:31:40)

Superrr konecno pricina za slavje, nema vise kukanje za mrsuli.
Predlog poklon: ligavcinja i tuce salfetki. 



Администратор: Пораката е уредена, држете се до темата.




Felly RR -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 14:56:07)

Јас мислам онаа учителка/наставничка која вистински си ја сака работата и го работи тоа со љубов, повеќе ќе се израдува на некој цвет скинат по патот до училиште, зошто тоа е искрена детска постапка, отколу на некој скап подарок - зошто се знае дека тоа е од родителот, а не од детето.




Палешка РР -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:05:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Јас мислам онаа учителка/наставничка која вистински си ја сака работата и го работи тоа со љубов, повеќе ќе се израдува на некој цвет скинат по патот до училиште, зошто тоа е искрена детска постапка, отколу на некој скап подарок - зошто се знае дека тоа е од родителот, а не од детето.


Е ова е за поздрав! Посебно затоа што доаѓа од рака на наставничка!
[sm=bravo.gif]




deluxe -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:10:07)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]skromni sme nie ucitelkite[sm=smiley36.gif]




Beatris -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:18:10)

Алал да ви е на вас од Прилепа града, кој е ко вас, овде во 'метрополава' е се полудено, од учителка до родител како што ми стои, нормално со ретки исклучоци




deluxe -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:29:35)

Секаде има исклучоци,зависи од наставникот.Но кога би се прашувала јас како наставник никогаш не би прифатила нешто скапо ,повеќе ме радува нешто што детето го изработило од срце.А кога би се прашувала и како родител(и тоа сум[sm=smiley36.gif]) сум против тие скапи подароци ,важен е гестот,вниманието ,и со минимален трошок за подарок може да се искаже почит кон наставничката(нормално доколку таа така гледа на тоа)




Viktori -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:33:12)

Јас сум генерално против подароци за наставниците. Не сите ја заслужуваат и платата што ја земаат, камо ли повеќе. Ко и сите луѓе плата на први и чао.

Почит со подарок, мало морген дека се искажува. А и пак испаѓа муабетот, демек не треба ама еве ако сте запнале дајте нешто мало. Ај важи.

Таа нема што како да гледа почит или внимание. Нејзината обврска си знае која е, нека си ја брка ко што треба и сите ќе и бидат благодарни




Beatris -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:38:50)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Секаде има исклучоци,зависи од наставникот.Но кога би се прашувала јас како наставник никогаш не би прифатила нешто скапо ,повеќе ме радува нешто што детето го изработило од срце.А кога би се прашувала и како родител(и тоа сум[sm=smiley36.gif]) сум против тие скапи подароци ,важен е гестот,вниманието ,и со минимален трошок за подарок може да се искаже почит кон наставничката(нормално доколку таа така гледа на тоа)


За 8ми март добиваш да речеме парфем од 50-60 евра. Како постапуваш? Живо ме занима.




Felly RR -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:46:11)

е па кај нас Беатрис, во Прилепа града, толку е просечна плата. Нема кој да купи таков парфем. [sm=jezicek.gif]
Да бараме да не префрлат во „Метрополата“.




Mihaela 2010 -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:48:55)

eve koleskava bas sega mi kazuva deka za zavrsnava im kupile na dvete ucitelki po eden saat,sobirale po 400 den,17 deca bile..




Beatris -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:54:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

е па кај нас Беатрис, во Прилепа града, толку е просечна плата. Нема кој да купи таков парфем. [sm=jezicek.gif]
Да бараме да не префрлат во „Метрополата“.


Добро де, хипотетички, ете вие сте во таа професија, што би направиле?




moni teo -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:54:57)

браво миана за твојта кукличка прекрасна е. Апрашање до другите дали некој ден ако вашето дете оди во грдинка и ви каже мамо утре имаме завршна приредба и ќе фрламе капи вие што ке му кажете неможе сине на мама не и се допаѓа тоа?? а за поклонот кој како милува така и како ви се можностите тоа постоело и ние кога сме биле деца и сега и ќе продолжи, најпрво било со цвеќе сега со поскапи работи еве пример кога јас бев дете на роденден на школско другарче носевме само тетратака и моливче а сега гледам дека се носат поскапи работи блузи,панталони и др.




Annet -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 15:56:29)

JAs nikogas ama nikogas nesakam da go doziveam ova.Nesakam moeto dete da se uci deka ako podari skapo nesto,deka ke bide poveke sakano od drugite decinja.
Samite roditeli se krivi,se natprevaruvaat koi poveke ke se "pokazat".Auu ne ne.400denari od dete,pa da soberea za na ekskurzija po tolku da se raduva decata,krivi se roditelite spored mene,jas bi se sprotivstavila.
Ova e besnilo na 21 vek.leb nemame da jademe ama za cepatlaci imame.Decata so staro ispranko ke odat,ama za pred drugite da se falime nie.Auuu skraja da e[sm=smiley19.gif]




Felly RR -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 16:01:49)

Па не знам не можам да си замислам ситуација која не е реална - барем кај нас не сум видела таков пример. А инаку еве ќе ти кажам, бидејќи конкретно се работи за 8-ми Март, сум добила подарок ДА, ама исто сум кажала и на децата дека празникот не се честита само со подарок, тој што вистински сака да го честита празникот на учителката, доволно е да и каже на учителката „Среќен празник“, што и после тоа се случувало. Сме си честитале, сме се гушкале, и имало многу насмеани лица, БЕЗ ПОДАРОЦИ!!!




Beatris -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 16:03:20)

Еххх камо среќа да се сите просветни работници такви.... За жал, реалноста е поинаква




Viktori -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 16:06:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Па не знам не можам да си замислам ситуација која не е реална - барем кај нас не сум видела таков пример. А инаку еве ќе ти кажам, бидејќи конкретно се работи за 8-ми Март, сум добила подарок ДА, ама исто сум кажала и на децата дека празникот не се честита само со подарок, тој што вистински сака да го честита празникот на учителката, доволно е да и каже на учителката „Среќен празник“, што и после тоа се случувало. Сме си честитале, сме се гушкале, и имало многу насмеани лица, БЕЗ ПОДАРОЦИ!!!


Браво Фели, секоја чест. А да дојдеш овде една година, па да си собереш парфемчиња за наредните неколку [sm=smiley36.gif]

И плус онака нели ко што вика делукс, можеш да се правиш мутава, не не немора голем поклон, некое помало дајте, ако ептен сте запнале почит да ми искажете. [sm=jezicek.gif]




Felly RR -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 16:14:49)

Па тоа и јас викам, да бараме да не префрлат ако се дават кај вас парфеми од 50 евра.[sm=jezicek.gif]
Мислам, се шегувам, секако ме разбирате, ама да појаснам за секој случај.




deluxe -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 16:21:17)

Да се надоврзам на Фели,исто така кај нас се изработуваат(од рачињата на децата) цветови или картички за овој празик,за мајките и учителките.Затоа ќе повторам зависи од наставничката што ќе им вметне во главата на децата (што ја восхитува)тоа и ќе добие.Се е инивидуално



ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Па не знам не можам да си замислам ситуација која не е реална - барем кај нас не сум видела таков пример. А инаку еве ќе ти кажам, бидејќи конкретно се работи за 8-ми Март, сум добила подарок ДА, ама исто сум кажала и на децата дека празникот не се честита само со подарок, тој што вистински сака да го честита празникот на учителката, доволно е да и каже на учителката „Среќен празник“, што и после тоа се случувало. Сме си честитале, сме се гушкале, и имало многу насмеани лица, БЕЗ ПОДАРОЦИ!!!




Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>