Octavia -> RE: Подароци за учителките (31.5.2013 11:15:50)
|
Мислам дека малку се извртува муабетот на моменти. Не мора да е секој подарок со умисла или со лоша намера. Па дури и за цвеќе и бонбониери. Се согласувам дека не треба претерување, ама ако некој мери, во се, буквално, може да се најде замерка, еве некој ќе однесе Бајадера голема, а некој Атлантис, некој ќе однесе едно цветче (и јас преферирам, патем, така, еден цвет, најчесто убава роза), а некој ќе се појави со икебана. А работава лесно може да се реши-како што за се (и за тоа што не треба) се спремни да смислат закони, нека се воведе закон дека не е дозволено НИКАКВО давање подароци на вработени во градинки, училишта, болници и др. здравствени и јавни установи, ама без отстапки, ни 100 гр кафе ни цвет-НИШТО, и работата ќе се реши. Со она „смее, ама не премногу/ смее, ама до сума од...“ се остава простор за манипулации.
|
|
|
|