RE: Подароци за учителките (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


caciana -> RE: Подароци за учителките (27.11.2014 10:44:26)

Vo moe vreme na ucitelkite Im podaruvavme karanfili za 8mi Mart.Denes ja gledam vnuka mi lele decava sto Se kupuvaat za ucitelkite za vakvi denovi:tasni,nakit,sminki...Duri I rodendeni im slavat na ucitelkite pa torti kupuvaat I podaroci.




mommy_angels RR -> RE: Подароци за учителките (2.3.2015 23:00:40)

Женски ,еве не на прагот на уште еден празник.Јас лично воопшто не го сметам за празник,ама ете сите подаруваат па ајде и ние.Јас немам идеја што би им купила на тетките во градинка [sm=zmeden.gif] А вие?
Ајде давајте идеи




sandriana RR -> RE: Подароци за учителките (3.3.2015 8:46:40)

И плус мака што е празникот во недела....кога би дале подарок?
Јас сум секогаш, ако се има трошка време, да се изработи нешто дома- честитка или нешто слично, и по еден цвет за внимание. Така направив лани, нешто слично ќе биде и годинава.




lukajana RR -> RE: Подароци за учителките (3.3.2015 22:24:18)

И јас сум за нешто ситно да се подари ,во последно време почна да се претерува со подароците накит чанти дури и кондури купуваат ама ние сме си криви што е тоа така,за некоја година ке почнат телефони и телевизори да им купуваат да ти е мерак да си учителка[sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Подароци за учителките (3.3.2015 22:36:16)

Ем недела ем М моментално не го носам во градинка[sm=smiley1.gif] здравје догодина. Јас не сум за поклон туку за нешто направено,а да сум учителка ептен незгодно би ми б[sm=smiley1.gif]ло да ми даваат поклон децата[sm=zmeden.gif]




vezilka RR -> RE: Подароци за учителките (8.3.2015 19:29:30)

ЈАс годинава по една бомбонера земав. Толку доста е. Ептен ми е срам без ништо да го пратам и затоа, имаче што се однесува до мене, ништо не треба.




sandriana RR -> RE: Подароци за учителките (8.3.2015 20:03:31)

Ние изработивме дома по една честитка и по една вазничка со изработени цвеќенца за воспитувачката и за негувателката во градинка. Останав на ставот за home-made поклон годинава [sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Подароци за учителките (23.2.2016 16:58:07)

Се ближи 8 ми март, а мамички [sm=jezicek.gif] Ајде кажувајте што да се купи за учителките.Ние оваа година ги имаме три [sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Подароци за учителките (24.2.2016 12:14:37)

На последниот родителски состанок нашите учителки јасно се искажаа пред време за 8ми март да не купуваме во никој случај подароци за нив.
Доколку сакаме да им покажеме внимание - да си купиме за децата материјали за работа, бидејки не достасувале тие што ги имаат. Соломонско решение [sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: Подароци за учителките (24.2.2016 13:32:24)

Леле и ние имаме три учителки јас прв пат треба да купувам па кажувајте идеи.Среќа што кај мене се близнаци и две во едно ми е иначе два пати по три не знам што ќе правев[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Подароци за учителките (25.2.2016 11:37:47)

Женички по колку пари давате за заеднички поклон за училишни деца, т.е. наставнички. Кај М предлод има да даваме по 150 ден. Не дека по 150 се многу пари и некој нема да даде, ама во одделението се 34 деца, што се собираат 5100 денари и јас стварно не знам што планираат да купат со толку пари и како би се чувствувала наставничката кога ќе треба да прими толку скап поклон. Не дека поклонот ќе и се дава со фискална, ама се знае од прилика што колку вреди. Ако се буниме ќе испадне дека не сакаме да дадеме и не знам, ама мене не ми се допаѓа идејата, значи не за парите, секако ако купуваме секој посебно, толку, а може и повеќе да потрошиме, ама за големината на поклонот. А мислам и дека имаше некое ограничување, за поклони над 1000 ден да остануваат во училиштето, знаете нешто за тоа?




marchi -> RE: Подароци за учителките (25.2.2016 13:05:00)

moeto dete e malo i uste ne sme dosle do taa faza no mozam da ti odgovram nie kako sme pravele na skolo [sm=smiley36.gif] od 1vo do 3to odd bevme mali za sobiranje kupuvanje ova ona pa sekoj na ucitelkata i nosese po edno cvekjence,bilo vo vazna ili eden obicen karanfil .... vo 4to odd se sekjavam deka uspeavme da se podelime bar vo 2 ili 3 grupi i sekoja grupa i dade po eden pogolem podarok na pr ukras ili buket ili ne znam sto...od 5to odd sobiravme po 50tin den maksimum do 100 ama prethodno se dogovaravme sto ke i kupime razgleduvavme cena i celata suma ja delevme za da vidime po kolku treba da se dade.i toa taka si ostana i do sredno,togas bevme 40 deca vo klas i kaj ke dades povekje od 100.premnogu bese.isto moram da napomnam imav edna drugarka vo klas kaj sto imase da ne recam zbesnata klasna nastavnicka.vo prvata godina im naraca mobilen posle dvdda i kupat i taka sekoja godina si i ispolnuvaa zelbi.




lukajana RR -> RE: Подароци за учителките (25.2.2016 18:05:17)

Snowhite rr тоа е многу ,како поклон за свадба да ке купувате [sm=smiley36.gif].
Ние собираме по 100 денари ,вкупно 20 деца се во одделението и таман е .
Ке и се купи ташна и паричник ,има на попуст сега околу 1500 двете и плус некое цвеќе во саксија ,доволно е




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 9 10 [11]