AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (7.7.2012 15:51:12)
|
Морам да го пофалам Филип, еве скоро две недели го оставам кога сме дома по гаќи, значи по околу 5 часа дневно. Последниве 5-6 дена кажува, го ставам на нокшир и си врши работа. Со по две пелени дневно поминуваме. Кога сме дома преку викенд само за спиење попладне една, една навечер. Најголемиот успех го имаше вчера и денес. Вчера кај моите го однесов, сам побара да му ја извадам пелената. Ми вика „Мамо, сакам гаќи, ќе ти кажам кога ќе ми се мочка“. А приметив и дека насабајле кога ќе стане пелената му е целосно сува, го ставам на нокшир и си мочка. Мислам дека ќе имам поголем напредок кај и да е. Решив да не брзам и да не го одвикнувам нагло. Единствено сега на одмор ќе му ставам пелена само за навечер за спиење. Нема да ги вадиме и навечер веднаш, има време и за тоа. Поважно ми е преку ден да не носи. Е, сега, најсмешниот дел [sm=jezicek.gif] Пред некој ден непланирано бевме кај тетка ми, не понесов ни пелена ни ништо. Таму се искака во пелена, па викам ајде да си одиме немам што да му облечам. И тетка ми ми даде едни розови гаќи од братучетка ми. Детево се заљуби во нив! Почна да вика „Носам женски гаќи!“ И кога му викам сега да му облечам гаќи само нив ги бара и не ги моча [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|