talisman -> RE: Одвикнување од пелени (29.7.2012 0:09:39)
|
Што се однесува до објавената студија и јас сум скептична , не сакам генерализирање и кога сите се ставаат во еден кош, а од друга страна баш би сакала да видам кое 2 или 3- годишно дете може да издржи повеќе од 5/6 минути кога ќе им се примоча-прикака [sm=smiley1.gif] Па исти се ко трудници, недај Боже мене ( додека бев трудна ) некој да ми се заглави во вц и да ми каже почекај 10 - тина минути [sm=jezicek.gif] Јас фала Богу многу релативно лесно поминав со одвикнувањето од пелени. Наполнивме 2 години во април, ама уште од јануари почнав постепено со одвикнување така што ја ставав на вц шолја веднаш стом станеше од спиење и упорно и повторував да каже ако и се кака. Знаеше да биде забавно па да седам со неа по 15/тина минути, да пееме, раскажуваме ( читај јас раскажував [sm=smiley1.gif] ) и сл. ама по некое време и времетраењето се скрати. Едноставно сакав да научи дека вц шољаа служи само за какање, а останатото ќе го правиме на друго место. Не сакав да купам нокшир зошто не сакав да се навикне на него па да имам проблем и да морам да го носам каде и да мрднам. И купив интересен адаптер / капак за на шоља и нејзе и беше интересно да седне на жирафите кои ден денес ги вика жаби [sm=smiley36.gif] И така теравме неколку месеци, носеше пелена ама казуваше... се случуваше да се измоча, ама никогаш не и да се укака во пелена. Откако наполни 2 години, во јуни решив да и ги тргнам пелените, пред кречење де [sm=jezicek.gif] Си мислев, ако прави бељи бар да прави тогаш и да ми е полесно да исчистам. И на мое огромно задоволство првите неколку дена се има измочано само 2 пати, еднаш бевме надвор на шетање а еднаш ( пак за среќа ) на плочките во кујна [sm=smiley1.gif] Веќе неколку месеци сме без пелена и досега фала Богу немаме проблем. Ноќната пелена не планирам да и ја тргнам уште, иако знае во сон да се вознимири кога и се моча и тогаш иако плаче и е нервозна, ја носам во вц. Некогаш и е сува пелената, но сеуште преовладуваат мокрите, така да не сакам да форсирам. Можеби е излитено ама за одвикнувањето мислам дека упорното повторување му е мајка.. Ја упорно и повторував дека треба да моча / кака во вц и упорно ја прашував да ли сака да оди во вц. На крајот на краиштата, секоја мајка го познава своето дете, знае какви му се реакциите пред да сака да моча или кака, така да со навремено реагирање и упатување мислам дека може лесно да се научи секое дете.
|
|
|
|