|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 18:19:53   
Maca25
Мислам дека нема млад човек кој без срам ќе побара пари од родителите за кондоми. А после не знам како за абортус бараат пари?!?!?! Како тогаш не им е срам!?
А во последно време имам чувство дека има многу абортуси во брак, а не само кај млади немажени девојки. И тоа не по еднаш, се случува и по 2,3 абортуси да направат. И овие возрасни луѓе после сакате да ги едуцираат своите деца за секс и контрацепција!!!


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 251
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 19:16:06   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

ама на никој ни на крај памет не му паѓало дека вакво нешто може да се деси... И јас се уште не можам да поверувам во тоа што го слушнав пред малку...


Мене само едно нешто во случајов не ми е јасно, како може да не им паднело на памет дека може да остане бремена кога имале редовни сексуални односи, ок ете ја едуцирале и користела заштита ама ниедна заштита не е 100 % сигурна. И плус маж од 30 години па освен на тој н акој друг начин може да ја натера да ја земе на 18? Не сакам никого да осудувам ама некои работи многу ме нервираат, да не бидам вулгарна ама ќе си се .... па ако пукне кондомот никому ништо.Е сега овај намерно ги дупел. А таа , не видела? Не сетила? НЕ ја окривувам неа ама врска со 30 годишен маж кој целта му е да се ожени на возраст кога треба да си го формираш животот и кариерата јас не оправдувам. Секако дека сите имаме деца и не знаеме што ќе ни донесат ама не е така, правилно воспитано дете кое со родителите има пријателски однос мислам дека нема дотолку да греши.
А ако девојкава абортира, нејзино право е.Може погрешно бев сфатена прееска не сум и јас да се забрани абортус, туку сум за поотворена комуникација, поголемо полово образование во училиштата. А ако го роди пак е нејзино право.Само едно не ми е јасно , што ако таткото не сака таа да абортира, каков таков татко е и и тој има право.



_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 252
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 20:05:38   
amateuress
е да де, девојката е крива, треба јавно да се линчува, од дома да ја избркаат, да ја примораат да го роди детето и да и го земат и да го дадат грижливиот татко да се грижи за него, а таа да мора да почне да се проституира за да преживее додека не умре од некоја сексуално пренослива болест од дупнат кондом, зашто нели, која е таа од светите мажи да бара да користат кондоми!!!
и така и волкот сит и овците на број, све за мерак, сите среќни.
а па оние жени што не сакаат да се врзуваат и имаат секс за една ноќ (за заштитен зборувам), тие одма треба да се истребат од лицето на земјата.
па не е и ни чудно што има луѓе што вака размислуваат, не е толку далечно времето кога работите се решавале на вакви и слични начини.
ма, треба да се земе и правото на глас и правото на сопственост на жените, па да седат дома, да прават ручек, раѓаат деца и да јадат ќотек барем еднаш дневно, ако мажот не знае зошто ги тепа, тие самите сигурно ќе знаат, како што вели народната, нели.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 253
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 20:15:27   
amateuress
забегав јас со постот малку, ама не знам колку сте свесни колку се опасни ваквите суптилни мизогинистички ставови. пред само 50-60 години за да абортира (од медицински причини) некоја жена (за запад зборувам), морала добие писмена согласност од мажот или од таткото (ако не била мажена).
има случаи кај што девојките биле оставени да умрат (имале проблем со бременоста, плодот, итн...), зашто таткото не сакал да потпише за абортус, по логика дека чим се онадела пред брак, нали, арно и се прави. и ова не за девојчиња од 15-16, туку за возрасни жени од 25-30 години.
пред две недели 18-годишно девојче во украина беше силувано и убиено, а убијците (кои самата ги идентификува пред да умре) беа пуштени на слобода, зашто таа била провокативна и наводно промискуитетна.
абортусот е тешка одлука за секоја просечна и подпросечен човек, треба да се применува само во крајни случаи, ама никој на жената не може да и го земе правото да си ја сече раката, матката, косата или што сака друго.
а како се гради свеста за одредени прашања е друга тема.
не ме сфаќајте лично, јас сум радикална кога станува збор за правата на жените, и ми е стварно тешко кога гледам како жени кои често се и самите жртви на дискриминација, жолчно ја застапуваат и одат против себе.


(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 254
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 20:30:34   
mamicki
Не сум радикална, но сум доволно свесна. Темата „абортус“ е многу осетлива од низа аспекти, така и треба да се третира. Секоја почит кон правата на жените и на мажите, значи- човечките права, но, токму таму и лежи суштината на моите морални и етички дилеми. Да пресече некој коса, рака, или да реши да mu извадат слепо црево, бубрег, материца... тоа е лично право. Проблемот е што одлуката за абортус го засега и правото на друго човечко суштество- нероденото дете, и тоа најелементарното право, правото на живот.
Знам дека живееме во несовршен свет и дека некои одлуки, ставови, гледишта се формирани токму под тој притисок. Сепак, не смееме да забораваме, поради прагмата, што е морално и етички, ако поради ништо друго, барем поради визијата кон што треба да се стремиме.
Ако се апстрахирам од сите општествени аномалии, од малограѓанштината, од предрасудите, ако останам соголена од сите тие слоеви врз душата и ако се соочам само со самата себе и со совеста... тогаш кој е вистинскиот одговор на прашањето што го загатнува темава?

< Поракaта ја уредил mamicki -- 11.4.2012 20:31:03 >

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 255
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 20:50:51   
amateuress
уф, уште не знам да болдирам user posted image
па вака:
Проблемот е што одлуката за абортус го засега и правото на друго човечко суштество- нероденото дете, и тоа најелементарното право, правото на живот.
за ова се согласувам и не сум доволно паметна да кажам или да оформам дефинитивен став.
можам само да се водам од логиката на зависниот, а во тој случај тоа е фетусот (мислам дека не треба да се абортира по 16та гестациска - кога плодот е веќе бебе, иако сите овие дефиниции се условни). фетусот зависи од мајката за да преживее, па таа решава во негово име, дали ќе го одржува во живот или не.
а областа е осетлива, нема збор.
дали мајка на мало дете што решила да се самоубие сноси помала одговорност од онаа што абортирала? чие постоење е позгрозено, на детето што ќе живее без мајка, или на она што не се родило?
има уште милиони вакви прашања, и добро е да се имаат различни аргументирани и изградени ставови, така се формира свест кај луѓето.
ама муабетите од си го бараше (за ќотек или силување) и ако имала редовни заштитени односи (треба да не му веруваш на партнерот, па за секој случај, да не ти ги дупне кондомите, да ги користите само твоите?!!) како тоа не очекувала да забремени, мене ми се несфатливи.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 256
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 21:34:05   
mamicki
ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress
ама муабетите од си го бараше (за ќотек или силување) и ако имала редовни заштитени односи (треба да не му веруваш на партнерот, па за секој случај, да не ти ги дупне кондомите, да ги користите само твоите?!!) како тоа не очекувала да забремени, мене ми се несфатливи.

Ок е, не несфатливи, можеби се неприфатливи за твојот начин на поимање, можеби и за мојот начин на поимање, но тоа е неважно.
Важно е дека секој кој е сексуално активен мора да знае дека е потенцијален родител и да има изградено став околу тоа- подготвен е за родителство, иако тоа не е токму она што во моментот го посакува за себе, подготвен е за родителство и работи на таа тема, или воопшто и никако не е подготвен за родителство, и да се однесува во склад со тоа.
Инаку, околу девојката за која што зборуваше Беатрис... не 18, 118 години да имам, на крај на памет не би ми паднало да склучам брак со човек кој е подготвен на толkу долни измами!
И друго, ако родителите на девојчето се моќни, материјално, не треба ни секунда да се двоумат: нему- клоцата во задник, а бебето, ако е тоа и волја на ќерката, убаво би било да си го роди и да го чува, не е тоа никаква трагедија, напротив, новиот човек е радост.

< Поракaта ја уредил mamicki -- 11.4.2012 21:35:03 >

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 257
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 21:45:49   
Maca25
Новиот човек е радост, но 100% сум сигурна дека девојката за која пишуваше Беатрис нема да го роди детето и да го чува сама. Такви сме ние тука на ова поднебје, сите зад грб ќе зборуваат ваква онаква била, никој нема да ја земе, срам за родителите, па млада е...да не набројувам. А и таа нема да сака сигурно да има дете кое сакала/неќела има татко и ќе треба да го `дели` со него, а тој претходно зад грб и правел подли работи само за да ја задржи.
Во ваков случај јас сум ЗА абортус.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 258
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 22:14:51   
mamicki
Bez razlika. Moze i vo formalen brak da e rodeno dete, pa da se razvedat roditelite i povtorno bi bilo isto, znaci, toa ne bi trebalo da bide argument.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 259
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 23:44:34   
Viktori
Икана, постот ти е избришан затоа што е офтопик. Или преформулирај го, да е на темата.

Ако немаш што да кажеш на темата, безразлика колку и да си изреволтирана од туѓите постови, не пишувај.
И каде ако не тука се исправаат криви дрини? Ова е форум. Секој има право на свое мислење и секој има право да си го брани.
Остани он топик или заобиколи user posted image

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 11.4.2012 23:45:20 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 260
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 23:46:44   
Ikana
Виктори ме утепа од карање, више ко мало дете се осеќам. user posted image Дај и ќош тука на РР да направиме тема, гарант цело време мене ќе ме праќатеuser posted image
Кратка и јасна без револт изјавувам, да за абортус.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 261
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 23:49:42   
Viktori
Де бре, ова карање ли е? user posted image user posted image user posted image
Ама озбилно, коа ќе се изнервираш за нешо некако неконтролирано редиш у постовите, ко бапчорка user posted image user posted image user posted image

Аман, фати си и ти смирено онака, повеќе боли верувај, отколку да се испозалеташ и пак ништо не user posted image кажано.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 262
   RE: Абортус - да или не?
11.4.2012 23:53:20   
Ikana
Тоталка офтопик, ама до прееска со мм за тоа зборевме, најсериозно и сега си се изнасмеав си викам не сум здрава.
Ама пусто се си кажувам што мислам, ко повраќаница од зборови...ако ништо друго, кога реално ќе ми дојде така , ќе си помислам на тоа дека ми бришеше постови и ќе се исконтролирам user posted image
Па и од форум се учат работиuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 263
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 9:14:49   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Се што сакав впрочем да кажам, е дека не треба да се рипа ко прле пред амгаре во врска со абортус, не знаеш утре што ќе те стрефи сите сме мајки. За младожењава, тој нема да постои истиот ден, а камоли да се заканува. Лично ќе го унаказам, ко што он го унаказил девојчето. А за тоа дали ќе абортира или не, тоа ќе го одлучат властите откако ќе пријавам во полиција, бидејќи ова е равно на силување малтене.




Прлиња пред магариња се сите оние момички и дечковци што не им се чека да отидат до трафика.






Prlinja pred magarinja se site onie koga deteto ke prasa kako se pravat bebinja a tie odgovaraat strkot gi nosi
i namesto da im objasnat im vikaat koga ke porasnes ke svatis
pa namesto da gi odnesat na ginekolog/urolog/seksolog decata prvo dobivaat mobilen telefon djeparac i izleguvanje vo grad
a decata ko deca koga ke gi cesne ke si se pocesaat a za odenjeto vo trafika nema ni da im tekne od djeparacot za pijacka da odvojat za nesto drugo posustinsko bidejiki nikoj nisto ne im ni kazal, nikoj ni ne ocekuva odgovornost od niv na taa tema bidejki e tabu sramota, najlesno da se gurne pod tepih i taka dur ne dojde jajceto
i togas magicno resenie, i pak nikoj svesen deka toa ne e resenie samo posledica na se prethodno napraveno i nenapraveno






Ники има погоре пишано.
Можат со цигарите и кондоми да им купат. Ама пусто срамота е.
Ама па и штом стигнале до секс, стасани се и за лична одговорност.
+ не мислам дека младите се од трло излезени и поим немааш што е што, туку не се научени на одговорност од мали.



Pa se slozuvam so tebe ODGOVORNOSt OD MALI im se vsadunva na decata, klucna rabota
I namesto na 10 strani da se polemizira dali abortus e ubistvo ili ne, poproduktivno za site nas bi bilo da se razgovara na tema seksualno vospituvanje od doma, koga kako zasto so nasi primeri, dilemi mislenja, prvo roditelite da staneme odgovorni pa potoa da gi naucime decata i na kraj da ocekuvame odgovornost od niv
site sme svesni ili stanuvame svesni deka abortusot e nesto sto e krajna opcija, a onolkava brojka e samo posledica na nase korenito nedeluvanje kako roditeli, kako opstestvo, kako luge
resenieto jas bar go gledam vo pronaoganje na prinicinite i nivno saniranje a ne vo osuduvanje vo momentot koga nekoj ke dojde pred svrsen cin


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 264
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 9:42:24   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki



Na taa zena polozbata i e unazadena od sam start bez razlika na toa sto ke i kazat kvazi aktivistite a i najdobronamernite aktivisti
i taa sekojpat ke go bira najlosiot nacin duri ne nauci za nekoj podobar, a dali ke nauci prasanje e




Like што би рекол чичко ФБ. И тука лежи причината за големиот број абортуси и за нискиот степен на употреба на кнтрацепција. Тука и во доооолгото, ај да не речам антемизирање, може е прејак збор, или можеби и не..еве плашењето на жените со контрацепцијата како со бабарога (муабетот со брковите) оти нели нејзина примарна улога е да раѓа и ништо друго не треба да ја интересира.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 265
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 9:57:11   
Beatris
Прочитав во постовите погоре, зошто не си носело девојчево свои кондоми???? Па добро бре луѓе од каде знаела дека траба да се пази од некого што 2 години е 'искрен'?

Јас знам дека мајка и 100 пати и има купено кондоми, воопшто не е тоа табу тема кај нив дома, овој волов никад ни пари не извадил да купи, е сега овие што му ги давала она и што стоеле кај него веројатно ги средувал однапред...

Инаку пред малку ми бараа број од мојов д-р гинеколог за да се консултираат за постапката, последиците, кога како што, па да одлучат. Тажно user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 266
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 10:09:38   
Ikana
А како дознала дека ги дупнува кондомите Беатрисче? Го фатила на дело или? Греотка user posted image

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 267
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 10:22:54   
Beatris
Не, него откако забременила, т.е. беа на гинеколог со мајка и бидејќи и каснела, овој и кажал као јас многу те сакам не можев да издржам, сакав да си створиме фамилија, вака така супер ќе ни биде ќе си имаме и детенце, и најбитното - јас сакав да чекам и ќе те чекав, ама што ако тебе утре задутре ти текне дека не сум доволно добар за тебе па си најдеш друг user posted image user posted image user posted image  И волот ете, го пронашол "вистинското решение" да не случајно му избега

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 268
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 10:26:32   
Џесика
Покварено од негова страна, ама и многу наивно од нејзина, шо мислела дека ќе ја чека уште 10 години??? За него логично да ја затрудни, си се сакале, он само „ја убрзал“ работава за да ја задржи, пошто свесен е дека таа на нејзини 25-26 години некако нема да и се мажи со 38 годишен... ако врската им чини не би требало да абортира, нека се земат ако се сакаат, ако не решен проблем...

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 269
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 10:28:49   
Ikana
Жално, жално, греоткаuser posted image
Незнам што да речам, многу лошо. Јас кога бев помала, мајка ми ми рече, немој никому да веруваш, никој нема да те пазии чува, освен ти сама себе. И пиев контрацепција откога ја имав првата сериозна врска, се додека не се оперирав, и после тоа кондоми. Ама во мојот случај јас на друг начин настрадав, од ХПВ. Тоа ти е, во право се мајките кога зборуваат.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 270
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 10:37:27   
mamicki
Беатрис, сакала или не- не вовлече во приказнава. Имам неколку прашања, од кои прво и најважно е дали родителите на девојката разговарале и со него, не само со ќерката во врска со ова?
Од напишаното досега сфатив дека се работи за презаштитено дете во врска со кое родителите се болникави оти е/било болникаво. Веројатно е помалку и разгалена, а бидејќи е сеуште адолесцентка, сеуште е во фаза во која нема расчистено до крај што е бајка, а што реален живот.
Можеби целата приказна со кондомите е сервирана за нив, да ги стави до ѕид, а таа и фраерот свесно и сакајќи си направиле бебе?
Да сум на нивно место, (не дај Боже) не би го осудила, без да го сослушам user posted image во секој случај.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 271
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 10:47:10   
niki
Sakav da se dopisam i za ovoj navedeniov dupac na kondomi...
nekoj dodade deka trebalo da si go rodi imaat pari nejzinite neka si go gleda sama tra la la
mislam, luge, stvarno ne se raga dete so sekogo
ovoj utre ke otide ke bara dokazuvanje na tatkovstvo
i koga ke dokaze ke bara viduvanje na deteto, staratelstvo, sto god
kako mislite devojkava na sud da dokaze deka gi busel kondomite
toj ke tvrdi deka znaela
pa utre ako ne mu se bendisa nejziniot izabranik kojznae sto se moze na pamet da mu padne na pamet da pravi
brak? so kogo? so izmamnik? i vo brak sto ke mu padne na pamet ako veke na takov nacin resil da dojde do potomstvo
moze ne ke mu se bendisa rucekot pa ke ja pocasti so samar i sl...
jas vo vakva situacija i za mene i za kerka mi sum strogo za abortus, nemoze nikoj mene bre da me ucenuva i so sila da mi vleguva u zivotot ako ne go sakam i posle da ziveam so stravovi sto utre me ceka
i ova e skroz situacija kade covek moze da se izmami, da previdi i da pogresi i moze sekomu da se sluci




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 272
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 10:56:46   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Беатрис, сакала или не- не вовлече во приказнава. Имам неколку прашања, од кои прво и најважно е дали родителите на девојката разговарале и со него, не само со ќерката во врска со ова?
Од напишаното досега сфатив дека се работи за презаштитено дете во врска со кое родителите се болникави оти е/било болникаво. Веројатно е помалку и разгалена, а бидејќи е сеуште адолесцентка, сеуште е во фаза во која нема расчистено до крај што е бајка, а што реален живот.
Можеби целата приказна со кондомите е сервирана за нив, да ги стави до ѕид, а таа и фраерот свесно и сакајќи си направиле бебе?
Да сум на нивно место, (не дај Боже) не би го осудила, без да го сослушам user posted image во секој случај.



skroz se soglasuvam so se gorenapisano
i bas zatoa sto se soglasuvam nikako ama nikako ne bi poddrzala socuvuvanje na bremenosta bez ucestvo na tatkoto
vo takva situacija jas svojata kerka bi si ja soterala vo kos sama da odluci sto saka brak so navoden izmamnik ili abortus, za mene tuka nema treta varijanta... toa jas da odgleduvam tugo dete sto tie dvajca nedozreani mi go servirale hm ne, ne,..... ne e toa opcija



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 273
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 16:06:36   
Pepelaska *
Кога веќе пишуваме примери еве и јас да кажам еден. мојата бивша колешка се омажи со 5 години помлад маж, тој имаше 28 таа 33 или тука негде беа со годините.И се ок беше , се омажи по 2 месечна врска. И се им беше супер додека не сфати дека тој е болно љубоморен за глупости.Остана бремена. Типот прво и рекол не го сакам детето млад сум незнам што, после се премислил па го сакал.Ама веќе таа закажала абортус без да знае тој и абортирала.Си заминала од кај него заради љубомората.Нејзините и викале да си го задржи детето ќе си го гледале пошто во средина како нашата тешко дека пак ќе се омажеше.Вака барем ќе си имаше некој во животот.Сега е сама. Кога ми кажа не знаев дали да ја осудам дали да ја бранам.И нејзи и беше тешко, и сеуште и е.Знам дека и е мака.И што беше криво тоа дете за да не ја види светлината на денот?
Значи не осудувам никого , само ми е жал што така се заврши

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 274
   RE: Абортус - да или не?
12.4.2012 20:15:55   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Покварено од негова страна, ама и многу наивно од нејзина, шо мислела дека ќе ја чека уште 10 години??? За него логично да ја затрудни, си се сакале, он само „ја убрзал“ работава за да ја задржи, пошто свесен е дека таа на нејзини 25-26 години некако нема да и се мажи со 38 годишен... ако врската им чини не би требало да абортира, нека се земат ако се сакаат, ако не решен проблем...


Епа и јас токму ова сакав да го кажам, ама одма ме нападнаа user posted image дека ја напаѓам девојката

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 275
Страница:   <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?