|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 21:19:07   
Andriance

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Па не верувам дека некој може да и наложи на приватна клиника мал милион процедури зашто законот се однесува на јавните здравствени установи. Најверојатно и тие се на крајот оние кои ќе профитираат од законов. Ако некој сака да изврши абортус ќе си плати 200е на приватно, без тормозење без молење специјална комисија од Јанко,Петко Трајко. Впрочем и која е таа комисија да одлучува за нечие тело. Ќе молиш ќе пустиш за еден абортус , ова доаѓа ко да молиш да се искупиш за нешто што е твое право основно животно право, очигледно дека сите овие кампањи имаат намера да ја жигосаат жената и да ја натераат да се чувствува виновна зашто абортирала.



pa kako ne moze koga se donesuva zakon, zakonot se nosi na nivo na drzava a privatnite kliniki se locirani vo istata drzava i treba da gi pocituvaat istite zakoni, ne mozat posebni odredbi da imaat
edinstveno sto mozat e ilegalno da rabotaat, no kaznite koi se propisani ke im bidat izreceni ako se dokaze nepocituvanje na zakonot
a posto na drzavata i trebaat pari verojatno ke bara i zrtvi za kaznuvanje





Хахаха, да видиш како можат..притоа не мислам на приватните големи клиники,туку на ординациите...еве ти пример...кај Парталоски...под клуч...тогаш нема никој...или надвор од работно време...и тоа речиси секоја недела..


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 476
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 22:42:04   
niki
pa napisav deka mozat, no toa e sepak ilegalno rabotenje za koe ako vlasta saka moze da go sankcionira vsusnost bi trebalo da go sproveduva zakonot koj go donela, da gi proveruva i privatnite i von rabotno vreme i koga se pod kluc i spored zakonot da gi kaznuva i da si go polni budjetot
a taka pod kluc von rabotno vreme ako mu se sluci nekoja komplikacija nepozelen ishod toj ne samo paricna kazna tuku i nesto poveke moze a i bi trebalo da si zaraboti
ama Mk drzava veke so godini jasno pokazuva deka samo pisuva zakoni, a za sproveduvanje malku potesko ili potocno sekogas samo onie koi se najdolu na lanecot stradaat, vo ovoj slucaj zenite dali taka sto ke bidat prinudeni da ragaat zaradi procedurata ili ilegalno da abortiraat isto mu doaga, neznam koe e postrasno

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 477
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 8:50:12   
Pepelaska *
Вчера читав статијата за седницата кога го гласале законот,пратеничКите кликале ЗА.
А одредени министерки не сакале да се изјаснат како би гласале?

И така се поддржуваат жените? Кои се тие жени кои народот ги стави во пратенички фотелји да кажуваат таков закон?
Нели требаше да му се спротивстават на налудничавиот закон кој по итна постапка му текнал на министерот??

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 478
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 8:54:43   
Viktori
тоа треба да се мисли кога се иде на избори и се гласа за десноориентирана конзервативна партија. И тоа не праам муабет за вмро-сдс, нек не рипаат партиски војници, туку за идеологија.

Се знае што е конзервативна партија, нема што сега кај се жените пратенички од вмро. Штом се во таква партија, значи стојат зад идеологијата.

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 479
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 9:07:21   
niki
bas taka em ne gi interesira narodot, em se udri po narodot i pak vie glasajte gi
pa dosta im e veke, ne gi glasajte, neka se smeni veke malku partijata na vlast, malku poinakva politika na vladeenje da vidime
ne ste valjda slepi pa ne mozete da vidite deka se vo propast odi
spasete si ja drzavickata za i na sebe da si pomognete

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 480
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 9:21:16   
anaana
vo vest ima statija za abortus vo sedum cekori... tamu ja objasnuva celata procedura ako zenata saka da abortira. ova veke pocnuva da lici na baranje za dobivanje dozvola za nesto (eve da receme gradba). da odis da popolnuvas obrazec, da cekas, da soberis potrebna dokumentacija... na sto lici ova????

Имено, за да се заврши целокупната постапка за добивање дозвола за абортус во рамките на утврдените 10 недели, таа треба да започне најдоцна на третата недела од зачнувањето. Ова значи дека е најдобро жената воопшто да не чека изостанување на првата наредна менструација за да се посомнева во евентуална бременост туку по секој сексуален чин да проверува дали е бремена. Во спротивно, во текот на неколку недели ќе треба:

4. Да закаже средба со доктор кој, според Предлог-законот, "е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста, како и за ризиците при спроведување, односно неспроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста за здравјето и животот на жената". И препораките во ова советување ќе бидат пропишани од ми­нис­те­рот за здравство.

i drugite tocki se ocajni ama ovaa nekako mi bode oci... kako be ministerot da propise preporaka za medicinsko sovetuvanje, koga on ne e doktor??? sega i ke mu kazuva na doktorot sto da sovetuva?????
i vo preporakata ke stoi. rodi go deteto, rodi go deteto, ne abortiraj po nikoja cena, rodi go deteto.... sramota

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 481
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 9:36:02   
Viktori
Анаана, не ги предизвикувај. Можеше и бетер да биде, па советник да беше Петар. Оној што кажал дека жените се криви шо не раѓаат деца. user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 482
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 9:38:02   
niki
pa da de ke gi sovetuvame zenite koga ke im dojde jajceto na gazot, koga e veke kasno, sto ke gi sovetuva i ginekolog i komisija togas?
ama jasna e celta deka bas kriticnite grupi, tinejdjeri i niskoobrazovani kaj koi najlesno se doaga do nesakana bremenost i poradi psihickata sostojba vo koja ke se najdat vo situacijata da ne ostane prostor za abortus, pa da ima eden kup maloletnicki bremenosti i deca koi ke zavrsat po domovi ili bog znae vo kakvi uslovi vo mnogudetni semejstva
meraci kako ke gi zastitat zenite so procedurava, da pozavidisuser posted image
ama koga samo se gleda kvantitet posledica ke bide kriminalitet ko sto rece nekoj pogore

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 483
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 9:51:41   
anaana
Анаана, не ги предизвикувај. Можеше и бетер да биде, па советник да беше Петар. Оној што кажал дека жените се криви шо не раѓаат деца.


user posted image vo pravo si... ova od dvete zla pomaloto...
lele sala na strana, ne znam do kaj ke stignime
mozebi ke bideme kako El Salvador????

На хронично болната 22-годишна жена Врховниот суд во Ел Салвадор ѝ забранил да абортира, иако носи фетус кој болува од аненцефалија.
Аненцефалијата е заболување кое се манифестира со целосен или делумен недостаток на мозокот и черепот. Пресудата била објаснета со тоа што „правото на мајката не може да го надмине правото на нероденото дете и обратно“, пренесува Франс прес.
Абортусот е строго забранет во Ел Салвадор, а казната за прекршување на забраната е 50 години затвор.
Жената, позната само по името Беатрис, веќе има двегодишен син, а сега е во 25-тата недела од бременоста. На неа неодамна и бил дијагностициран лупус – системска автоимуна болест, која бременоста може да ја влоши, па и да го загрози животот на мајката.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 484
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 12:29:44   
Yummy Mammy
Debata na temata

KLIK


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 31.5.2013 13:10:49 >


_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 485
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 12:34:14   
dostickage
Dali nekade e spomnato kakva e procedurata vo privatnite kliniki, zivo me zanima.

(Одговор на членот Yummy Mammy)
Непосредна врска до пораките: 486
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 12:39:27   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Dali nekade e spomnato kakva e procedurata vo privatnite kliniki, zivo me zanima.

па официјално иста ќе биде, неофицијално ќе почекаме да го изгласаат законот, па да кажуваат жени што и како. user posted image


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 487
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 12:40:19   
Octavia

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Dali nekade e spomnato kakva e procedurata vo privatnite kliniki, zivo me zanima.


Претпоставувам дека мора да е иста и дека се треба да биде документирано. Само што со ова ќе постигнат како во САД во минатото, абортуси се вршеле по клиниките, ама се заведувале како гинеколошки операции. На пр. ќе стои „направена киретажа заради прекумерно крварење“, а ќе се изврши абортус. Секогаш се наоѓало начин да се надитри законот, ама не би требало воопшто работата да дојде до таму.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 488
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 12:55:46   
dostickage
Strasno i mizerno.ne znam drugo sto da kazam. pisav i prethodno , ova mi lici kako po vesnic sto citam deka se pravo vo Saudiska Arabija jbtuser posted image

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 489
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 15:24:35   
dostickage
Ne mi se veruva. Otvaram time mk i udarna vest vika : vladikata Petar veli deka Merlin Monro se samoubila zasto ne mozela da stane majka. Alo breeeee
E Bog da cuva , rabotava e za placenje ne za smeenjeuser posted image

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 490
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 15:29:19   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Ne mi se veruva. Otvaram time mk i udarna vest vika : vladikata Petar veli deka Merlin Monro se samoubila zasto ne mozela da stane majka. Alo breeeee
E Bog da cuva , rabotava e za placenje ne za smeenjeuser posted image


u dnevnik mislam e na naslovna. user posted image user posted image user posted image user posted image
Taman, muabetot so anaana od pogore, mozele ovoj da go stavat za sovetnik, ne ministerot. Pa da se potvrdi deka inkvizicijata se povtoruva...


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 491
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 17:00:49   
arh_diz
Nikakov zakon nemoze da zabrani na nekoja sto saka da abortira. Postojat i apcinja otkako ke se napie zenata se cisti samata .I e pobezopasen od klasicniot. Neznam kako ke go iskontroliraat ova
Mozebi vladava saka da prikrie nesto i zakonov e samo da se svrti vnimanieto na narodot

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 492
   RE: Абортус - да или не?
31.5.2013 17:15:38   
anaana
jas mislam deka so ova ke se napravi polosho. kontrola na abortus nitu imalo nitu ke ima.
toa sto si uvrtela vladava deka ova e za podobro na zenata - demek od aspekt na zastita na nejinoto zdravje, toa si e nejzino. deka e tocno e daleku od tocno

eve glupav primer da zemime. ako devojka ostane bremena, sega po novo ke treba pola administracija da ja doznae pa da ja zavedat vo nekoja kniga na evidencija, kako da e nekoj najgolem kriminalec, pa popov da ja iskara kako ne e vernik i site tie proceduri koi ne znam bas dali do 10ta nedela mozat da se zavrsat. koga ke se presmeta devojkava sto se treba da napravi ne veruvam deka ke se resi za legalen abortus. ke odi po nekoj "kliniki" od rekla kazala muabeti na lugje sto bile, tamu bog znae sto moze da i se sluci. od krvarenje do infekcii do site mozni rizici
namesto da odat na edukacija sto vo slucaj na nesakana bremensot. kako zenskoto da go prebrodi toj period, i vo toj slucaj da i se posocuva pro i kontra argumentite za abortus. tie se zapnale ragjajte lugje zdravo e toa
bog da cuva
a pa ovoj popov kako od praistorija da e izlezen... lud li e toj????
vaka gledano fala bogu sto toj nema da sovetuva i da dava preporaki :)))) - ova bese na shala

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 493
   RE: Абортус - да или не?
1.6.2013 3:48:08   
Goddess*
Posle se,ne e ni chudo ako slushame/chitame po vesti/vesnici za bebinja ostaveni po tugi dvorovi,institucii,frleni po reki,kontinjeri,kanalizacii,septichki jami,nivi i red drugi zapishteni mesta,ama togash da ne gi sudat majkite za cedoubistva,nego toj shto go proglasi vakviot zakon nego da go stavat pozadi reshetki oti nishto dobro ne se postignalo so zakonot ,nego im se unishtil zivotot na rodilkite i novorodenchinjata i poentata na celiov zakon shto bila???????

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 494
   RE: Абортус - да или не?
3.6.2013 12:18:33   
vezilka RR
Ако министерот за здравство Никола Тодоров донесеше закон во Собранието за задолжително сексуално образование или едукација за планирање на бременоста, односно за последиците од несакана бременост, не верувам дека некој ќе му се налутеше, а уште помалку дека некој ќе излезеше на улица да протестира. Арно ама, наместо тоа, тој избра скалпел предлог-закон со промени во постапката за прекинување на бременоста, да става ред онаму за каде што прво треба да праша. Ги прескокна најзасегнатите, жените, во име на нивното здравје, но и лекарите, социјалните работници, на крајот на краиштата, и јавноста. Наместо тоа, сам дефинираше што е потребно, а што не, во скратена постапка. Или можеби не бил сам, но тоа не се прави во кабинетот. Така, абортусите станаа проблем, кој се решава од опашката наместо од главата.

И сега, наместо жените да одат на едукација за планирање на бременоста, тие излегоа на улица. Оти имаат право на тоа, како што само тие одлучуваат за своето тело.

Но да фатиме со ред. Наместо на јавна расправа, предлог-законот „буфна“ на Фејсбук во вторник вечерта, откако еден од медиумите објави на порталот дека жените ќе може да абортираат еднаш годишно до 10-та гестациска недела. Во спротивно, комисија ќе одлучува за иднината на нивната бременост.
Лавината тргна. Се покажа дека многумина не знаеле оти овие правила се дел и од стариот закон и биле во сила и досега. Колку се почитувал стариот закон е друго прашање. Со работите што се исти во стариот закон и новиот предлог-закон, министерот Тодоров се обиде да се одбрани пред „бунтовниците“ дека не се крати и не се усложнува правото на абортус. И тука веројатно мислеше оти сите ќе замолчат. Но само ги натера детално да ги споредат двете решенија и да му ги извадат пред лице премолчените разлики и неговата улога во новиот закон. Премолчувањето беше чудно и ако се земе предвид дека за една промена министерот знае да одржи и три прес-конференции.

Така, за разлика од старото решение, во новиот предлог се определува жената што сака да абортира задолжително да поднесе писмено барање, чија форма и содржина не е позната и треба да ја определи министерот. Ако жената слободно одлучува за абортусот, зошто тогаш да поднесува барање, кое може да се одобри или да се одбие и тоа за услуга што ја плаќа? Постои опасност жени да побараат да извршат абортус на места каде што нема потреба од поднесување барање или на небезбедни места да абортираат на диво. Од друга страна, со писменото барање оваа услуга се издвојува од другите медицински услуги. На пример, не се поднесува барање за операција на слепо црево.

Предлогот вели дека пред прекинување на бременоста, докторот е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста, како и за ризиците при спроведување, односно неспроведување на интервенцијата по здравјето и животот на жената, методите за вршење на прекинувањето на бременоста и да ги запознае со можностите и методите за спречување на бременоста. Содржината и начинот на советувањето ги пропишува министерот за здравство со посебен акт. Во стариот закон се вели дека лекарот ќе ги предупреди бремената и нејзиниот брачен другар на можните штетни последици од прекинувањето на бременоста по здравјето и животот на жената и ќе ги запознае со можностите и методите за спречување на несаканата бременост. Се поставува прашањето дали со задолжителното советување, кое не е медицинско, ќе се потцени правото на жената самостојно да донесува одлука и на тој начин ќе ја изложи на морален и емотивен притисок да ја смени веќе донесената одлука.

Исто така, во новиот предлог е предвидена казна од 2.000 до 3.500 евра за здравствен работник ако не ги информира бремената жена и нејзиниот брачен другар пред прекинувањето на бременоста, т.е. ако задолжително не ги советува. Се поставуваат прашањата: Што доколку брачниот другар не дојде или не сака да дојде на советувањето? Како лекарот ќе гo покани да го информира? Или, ако не сака да дојде, дали тогаш ќе се изврши абортусот? Што доколку се работи за проблематичен брак и по информирањето на сопругот, жената има притисоци и проблеми дома? Што доколку се работи за вонбрачна бременост, односно за бременост за која жената не сака да го информира сопругот? Дали државата има намера да се меша во односите меѓу брачните другари или да изигрува морален судија? Премногу лични прашања за да се регулираат со закон. Ова е уште една опасност жените да се решат да абортираат онаму каде што има едноставна процедура за абортус или на црно, во небезбедни, нелегални ординации, кај надрилекари, каде што може да им биде загрозено здравјето.

Во предлог-законот се вели и дека здравствената установа за прекинување на бременоста е должна да организира задолжително советување преку услуги за соодветно информирање (брошури, летоци, плакати и друго), поддршка и советување на бремената жена и нејзиниот брачен другар од прекинувањето на бременоста по здравјето на жената и нивно запознавање со можностите и методите за спречување на бременоста. При спроведувањето на советувањето, треба да се вклучи и психосоцијална поддршка на бремените жени, во соработка со специјализирани здравствени установи, како центрите за социјална работа.

Советувањето од психолог и социјален работник на „прва рака“ изгледа одлично решение. Но за да биде успешно, зарем жената не треба да изрази потреба и да биде подготвена за него, па и да избере кому му верува за тоа. Задолжителното советување многумина што се решени да абортираат ќе го разберат како дополнителна отежнувачка процедура и постои опасност да одлучат да ја прекинат бременоста на диво. Такво советување, објаснија од Министерството, е правило во многу развиени земји. Но дали со иста леснотија би го прифатиле Македонка и Холанѓанка? Или Македонката ќе се „тресе“ стрината на комшиката да не ѝ се погоди во тимот советници? Бремената жена сигурно нема да мисли на казните што се предвидуваат за евентуалната непрофесионалност и откривањето на приватноста, како и постапката ако тоа се случи. Таа може само да одлучи да абортира на црно, а државата тогаш постигнала обратен ефект.

Токму поради низата прашања, донесувањето нов закон бара обемно истражување и за социјално-општествените услови, за менталитетот, навиките... А тоа секако не подразбира скратена постапка.
Со серијата процедури до абортус, лично сметам дека се усложнува процедурата и се зголемува опасноста жените да почнат да абортираат на диво. Но иако многумина го делат моето мислење, ајде да претпоставиме дека не сме во право. Зарем на Фејсбук треба да се расчистува за тоа? На законот му се потребни планирано носење, задолжителни ултразвучни или ехо-прегледи, скрининзи за евентуални компликации и нерегуларности, па и проверка за генетски и наследни малформации.
Сетете се на бебето Најден. Жената што не абортирала, го родила дома. Бебето беше најдено во туѓ двор, со исечен јазик, давено. Сетете се и на неодамна забранетата реклама: „Три ноќевања и абортус во Сараево за 600 долари“.

И, секако, абортусот не е добро решение. Но доколку жената не сака или не може да роди, тој е право на нејзин избор. Подобро решение од него за да не дојде до несакана бременост е едукацијата. Но навреме! Оти се отпосле е „по свадба, тапани“. Колку за потсетување, сексуалното образование во училиштата е сведено на дел од прирачникот „Животни вештини“, за кој класните раководители може, доколку сметаат дека треба, да зборуваат на класниот час, меѓу неколку расчистувања за оправдани и неоправдани изостаноци.

Значи, да расчистиме. Законот за прекин на бременоста не е ист со претходниот! Или, пак, министерот не ги гледа разликите?! Исто како што не го гледаше штрајкот на лекарите во почетокот, па потоа прогледа? Сега реши да погледне со едно око, па отпосле го стави законот на јавна расправа? Промените најмалку од сѐ се однесуваат на запирки. За него треба сите да си кажат што мислат, и оние „за“ и оние „против“. Прашање е дали за тоа е доволна само собраниска расправа. За навистина да се заштити женското здравје и да не се ограничува правото на одлука и избор, кое во Македонија се практикува со децении.
Кога седна во министерската фотелја, Тодоров во интервју за „Нова Македонија“ изјави: „Да, ќе правам брзи и енергични џиуџицу-потези, но двапати ќе мерам, а еднаш ќе сечам“. Време е да си го најде метрото.


Автор: Наташа Бошковска-Златков
Извор: Нова Македонија

(Одговор на членот Goddess*)
Непосредна врска до пораките: 495
   RE: Абортус - да или не?
3.6.2013 12:49:59   
niki
odlicna zabeleska
vreme mu e da si go najde metroto i da pocne da meri

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 496
   RE: Абортус - да или не?
3.6.2013 13:04:53   
vezilka RR
Во вторник Законот е ставен на Комисија за здравство на јавна расправа, демек еве ви расправа штом сте запнале. Епа запнавме и ќе одиме! Во четврток е ставен на дневен ред на законодавна комисија. И толку, назад у собрание на гласање. Во повеќето земји во овој закон не се чепка заради преосетливоста, туку добрата пракса ја овозможуваат со добри протоколи. А ние, ем нов закон ем по брза постапка. Неисе, ние ќе мрчиме!!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 497
   RE: Абортус - да или не?
3.6.2013 13:30:27   
niki
user posted image za site mrcatoriki
moja poddrska i naklon
se nadevam zakonov nema da bide izglasan

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 498
   RE: Абортус - да или не?
3.6.2013 13:37:30   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Во вторник Законот е ставен на Комисија за здравство на јавна расправа, демек еве ви расправа штом сте запнале. Епа запнавме и ќе одиме! Во четврток е ставен на дневен ред на законодавна комисија. И толку, назад у собрание на гласање. Во повеќето земји во овој закон не се чепка заради преосетливоста, туку добрата пракса ја овозможуваат со добри протоколи. А ние, ем нов закон ем по брза постапка. Неисе, ние ќе мрчиме!!!




Napred i hrabro!! user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 499
   RE: Абортус - да или не?
5.6.2013 15:03:51   
vezilka RR
Утре предлог законот е на расправа во законодавната комисија. Исто така за тоа време повторно е закажан и протест (11:30) пред Собранието!! Жените бараат законот да се повлече!

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 500
Страница:   <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  18 19 [20] 21 22   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?