|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Абортус - да или не?
5.6.2013 15:26:23   
Melanija RR
Јас имам проблем со информираноста на јавноста за измените.Секогаш секој нешто прикрива а знаејќи дека 80% од навинарите пренесуваат паушално и меѓу редови, незнам дали сум за или против измените.
Зошто се мора да е површно и скришно.
Најдов нешто на нет споредба на законот и измените и негледам ништо лошо и спорно ,само што тоа е веројатно дел.Сега на вести кажуваат други споредби.
Има ли некој да ми прати инфо линк.
Од она на вести најглупо беше лекарот да го изформира таткотоuser posted image не го спорам значењето на татко то ама тоа е веќе ускратено право на мајката па може да донесе некој пријател демек ете тој е таткото или ќе проверат па ќе му запишат име и презиме леле глупост невидена

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 501
   RE: Абортус - да или не?
5.6.2013 15:55:57   
vezilka RR
Па некоја страна предходно има постирано разлики меѓу стариот и новиот закон. Тоа што е проблематично е прво зошто се носи по скратена постапка, што е итноста бре..каде гори. Второ кога се носи закон по итна постапка, ништо од процедурите при носење закони не важат, односно не може да се интервенира скоро никако. Не се направени анализи за потребите од нов заакон, не е дадена идеја што сакаме да подобриме со новиот закон и слични други информации недостасуваат. Е сега понатаму протоколите за добра пракса ќе се уредуваат со подсзаконски акти и прописи кои ќе ги донесе министерот, и во вакви услови во кои живееме, односно тендецијата на моменталните политики за промовирање на многудетно семејство и за зацврстување на семејните вредности, искрено ме плаши како тоа после министерот ќе ги уреди овие акти. Второ проблематично е тоа што со законов процедурата, односно пристапот до правото на абортус е толку избирократизирано, со цел да ја премислат пациентката а демек се носи заради заштита на здравјето на жените. Е чуму тогаш се воведува задолжително советување на жените кои побарале абортус за предностите од бременоста, што од друга страна не е медицинско советување.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 502
   RE: Абортус - да или не?
5.6.2013 16:53:32   
vezilka RR
И на крајот на краиштата бе, па нека го стават на позитивна листа па нека го прават после по нивни терк. Кај тука 100% си го плаќам како приватна услуга, па уште ќе ми соли памет министерот.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 503
   RE: Абортус - да или не?
6.6.2013 23:37:17   
amateuress
poddrska od mene devojki, jas sum vo grcija i vrijam sto ne mozev da bidam tamu

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 504
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 7:56:42   
rina13
Неможело за правата на жените да се бореле застапниците на ЛГБТ здруженијата тие биле ултралиберални за нив се било дозволено.(а кој треба да се бори за правата на жените специјално формирани здруженија за денот на јавната расправа да му аплаудираат на министерот или секое човечко суштество на кое му е јасно дека со законов се жигосува жената))
Ајде ако не да му угодиме па на раководството да се вратиме назад сите во камено доба доброволно да ги отстапиме нашите права и да прифатиме тие што се одлучиле на чекорот абортус да ги маваат со стапови јавно, и цела Македонија со апсолутно мнозинство да одлучува дали жената ќе роди или не.
Срамно е во 21 век да се дискутира за оваа тема. Освен што треба да се врши легално, во здравствени установи не гледам друго што треба да се регулира. Се повеќе од тоа е апсурдно.

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 505
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 9:39:56   
Pepelaska *
Ја гледав малку вчера снимката од седницата на Комисијата за здравство и забележав дека стварно не знаат што сакаат, ништо конструктивно.И да министерот се вади со тие ултралиберални здруженија, абре каква врска има тоа со интимата на една жена?
Се согласувам само со пратеничката Цветанка Ивановска, се што кажа таа беше реално и сосема точно.( Да се стават контрацептивните средства на позитивна листа, да се работи на сексуално образование на младите и слично).

Ама една работа е многу јасна, политиката игра голема улога за жал и во ова прашање.И тука користат за утре кога ќе има избори да дообиваат поени.
Е ќе почекаат малкуuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 506
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 9:54:37   
Malecka23
Расправат вчера беше повеќе на пазар а не на расправа за битна работа.Уствари се беше маска као ај ќе ве сослушам ама не отстапувам.Зашто на пример не се спроведеше анкета за да се види мислењето на јавноста.Зашто не се поработи на причините зашто се доаѓа до абортус?Веќе пишам во др постови наместо да се раб за достапност на контрацепција и сексуално образование овие директно скокаат на абортус па и тоа го комплицираат.Ужас невиден

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 507
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 10:06:02   
rina13
Прво и основно за да се донесе ваков чувствителен закон потребно е да има јавна расправа, анкети, да се опипа мислењето на јавноста, пред се на засегнатите со законот(во конкретниов случај жените). Одкако тоа ќе се направи се седнува на маса и се изготвува предлог закон.
Кај нас како и се останато работите се каша попара се препишуваат закони, се модифицираат, па после се спроведува јавна расправа(издејствувана со притисок), па незнам се предвидуваат амандмански измени.Зошто?
Суета ли е во прашање, дајте да си го истера министерот своето па после ќе се пазариме за амандмани. Ако веќе се виде дека има низа на недостаотци, треба да се повлече и одново да се започне со процедурата ако толку им дошло до тоа да не заштитуваат.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 508
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 14:11:38   
vezilka RR
Овој закон министерот сака да го истера по итна постапка токму заради тоа, за да избегне јавни расправи, за да избегна анализа за потреба од носење на нов закон, да избегне се живо што по нивните правила треба да содржи еден процес на донесување закон. Иначе завчера на расправата имаше и те како конструктивни говори од претставниците на граѓанските организации, кои го затрупаа министерот со факти и информации. Во такви услови тој единсветно нешто за кое можеше да се фати со цел да ги делегитимизира граѓанските организации, беше да каже дека нема да ги слуша тие кои поддржувале ЛГБТ. Кретенизам! И организациите присутни на расправата, сите 72 потпишани на писмото кое му го доставија, јасно и гласно побараа да се повлече законот, а не да се „подобрува“ со амандмани.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 509
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 14:25:39   
anaana

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Овој закон министерот сака да го истера по итна постапка токму заради тоа, за да избегне јавни расправи, за да избегна анализа за потреба од носење на нов закон, да избегне се живо што по нивните правила треба да содржи еден процес на донесување закон.


i sto??? eve da receme ke se donese ovoj nikakov zakon. dali ministerov misli deka uste naredniot den zenite ke se premislat i nema da ima abortusi????
toa nema da se sluci. ako nekoj ne saka dete nema da ima, pa sto saka neka e...

samo problemot ke pocne da se javuva za mesec, dva koga ke pocneme da citame: bebe najdeno vo kartonska kutija, mlada devojka so komplikacii donesena na klinika... i togas moze nekoj ke si ja cuka glavata sto se turkaat vakvi osetlivi zakoni bez potreba...

i togas ke imame niza na amandmani pa covek ne ke moze da se snajde vo toj zakon od milion izmeni.. znaci uzas.
se se sredi vo drzavava ostana samo zdravjeto na zenata, pa eve i za nego resenie... ako e voopsto resenie

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 510
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 14:31:35   
vezilka RR
Овој закон нема вреска со здравјето на жената. Скоро сите гинеколози, кои се стручни да зборуваат за репродуктивното здравје на жената, на расправата си го кажаа јасно своето мислење. Абортусот спаѓа во категорија на медицински зафати со 1% и помалку шанси за компликации. За другите медицински интервенции од оваа категорија, па дури и за медицински интервенции каде шансите за компикации се многу поголеми, нема посебен закон. Тоа јасно укажува дека овој закон не е во функција на заштита на здравјето на жените. Овој закон значи спроведување на политика на една влада по однос на прашањето за абортус.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 7.6.2013 14:32:41 >

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 511
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 14:45:37   
Melanija RR
А изјавата на пратеничката од ДУИ Јулијана Марку???
Цитирам:

,,-Сме имале случаи кога млади абортирале, а сега веќе не може да имаат дете. Тие луѓе сега доаѓаат во Фондот за да аплицираат за вештачко оплодување. Чии солзи се поболни, на жената која бара да и се прекине бременоста или солзите на онаа што моли да добие дете, подвлече Марку, која го подржува законот затоа што, како што вели, тој е во правец на заштита на женското здравје."

Извор:Курир

-Како може да каже вакво нешто,како може да споредува.Зарем сите кои бараат ИФВ преку фондот имале направено абортус.Колку проста изјаваuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 512
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 15:03:59   
anaana

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Овој закон нема вреска со здравјето на жената.


tocno, samo jas se povikuvav na izjavata na ministerov nas. deka celiot zakon e vo nasoka na zastita na zdravjeto na zenata....sto nema apsolutna vrska

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 513
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 15:10:51   
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

А изјавата на пратеничката од ДУИ Јулијана Марку???
Цитирам:

,,-Сме имале случаи кога млади абортирале, а сега веќе не може да имаат дете. Тие луѓе сега доаѓаат во Фондот за да аплицираат за вештачко оплодување. Чии солзи се поболни, на жената која бара да и се прекине бременоста или солзите на онаа што моли да добие дете, подвлече Марку, која го подржува законот затоа што, како што вели, тој е во правец на заштита на женското здравје."

Извор:Курир

-Како може да каже вакво нешто,како може да споредува.Зарем сите кои бараат ИФВ преку фондот имале направено абортус.Колку проста изјаваuser posted image


А кој и дал право неа да суди чии солзи се поболни??? Каде им се аргументите на политичарите? Зарем треба да се служат со емотивни приказни за да оправдаат донесување на закон кој задира во права загарантирани со устав!


< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 7.6.2013 15:11:38 >

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 514
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 15:17:51   
sandriana RR
Ете колку се еманципирани нашите жени...Да му се збоктиса на човек каде живее.... Џабе им функции, џабе им образование, кога се празни во духот, и ограничени во мислата.
Која споредба ја прави....немам коментар натаму.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 515
   RE: Абортус - да или не?
7.6.2013 23:42:18   
Pepelaska *
Прв пат слупам за пратеничкава, ама ќе бидам искрена и сурова.Што може да се очекува од пратеничка од дуи? Не дека некои од другите партии кажаа нешто попаметно ама ај.
Кое образование сандрианарр го бараш ( веројатно има диплома од некој си многу “елитен“факултет во Косово) , која функција ( кога немаш право на свое мислење туку мораш да бидеш како коњ и да гледаш само напред тоест онаму каде ќе ти наредат)?

Не сакам да звучам како националист, ама морав да си олеснам малку,знам офтопик сум.



< Поракaта ја уредил Pepelaska * -- 7.6.2013 23:50:22 >


_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 516
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 10:50:09   
Snowhite RR
Ја гледавте рекламата за абортус?


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 517
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 10:53:28   
anaana
taa so doktorot???? nesto toj pocnuva da kazuva... ama jas samo sto pocna smeniv mnogu se iznervirav deka vednas pocnaa so tie glupavi "soveti" i ne mozam da gledam nesto takvo

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 518
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 10:59:54   
niki
moze li link da se dobie od reklamata, nemam kade da gledam makedonski televizii a me interesira

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 519
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 11:03:31   
anaana
ne znam jas slucajno na tv ja fativ. i toa najverojatno ili na MTV1 ili na sitel... vrtev po programi i gledam nekoj doktor sovetuva nesto... i ne ja dogledav i i nemam namera...
ajde kaj sto se nerivram so zakonov i so site gluposti povrzani so nego, uste na TV da gledam... :)))

ama ako najdam ke ti pratam... onaka da se ponerviras :))))

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 520
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 11:07:13   
rina13
Кој и да им ги работи кампањиве џабе им зема пари. Не пали веќе тезата дека 100пати повторена лага станува вистина.

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 521
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 11:08:01   
niki
za toa de, da prokomentiram i na temava ovde, da ne bidam vo neznaenje
i da vidam sto novo smislila vladickava nasa makedonska, se idei da im se iznacudis

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 522
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 11:48:41   
Snowhite RR
Епа рекламата е со една пациентка легната да збортира а докторов као и соли памет и на крај таа му вели благодарам докторе ве разбрав, а јас ништо не разбрав од објаснувањето на докторот. Живи глупости

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 523
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 11:54:58   
niki
a toa da go opravdaat zakonov reklama
boze boze da se krsti covek


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 524
   RE: Абортус - да или не?
10.6.2013 12:53:18   
vezilka RR
Епа дечки нека ни е наздравје новиот закон за абортус. Денес го изгласаа, уствари во моментов го гласаат. На протест 5-6 жени, на другите арен им е законот!! Ама затоа во моментов пред општина центар 3000 луќе има. Ќе умрам од нервоза веќе не можам!!

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 525
Страница:   <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  19 20 [21] 22 23   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?