|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Абортус - да или не?
29.5.2013 23:52:57   
amateuress
леле пепелашка, ова е толку многу лошо, на толку многу нивоа, што не можам дури ни да почнам да редам. знам дека е обид за шега, ама е страшно неуспешен.
лошо е кога некој е вработен со партиска книшка, ама на таа болест колку што знам ни мажи не се имуни, или за мажите ако, тие не се ни шмизли, ниту пак е битно дали размислуваат за деца. а дури и ако се вработени шмизлите со книшка, што ако се способни и квалификувани и добро ја вршат работата. и не гледам како некого го засега тоа дали тие не размислуваат за деца или не? или ај нив да ги избркаме, да земеме некои двајца што решиле да прават по 10 деца, без да размислат дали имаат пари да ги гледаат или не, оти во црква некој им рекол дека „ќе даде господ“.
ај сега нема да се образувам, ќе се посветам на семејство, ќе родам 4 деца па ќе се жалам оти некоја без деца со 100 дипломи од најдобри светски факултети работи подобра работа од мене.
освен тоа, проблемот на многудетните семејства во средени земји се решава со добра сума на социјална помош, а не работни места за кои родителите од тие семејства не се квалификувани.
Абортусот е тешка одлука, ама подобро тоа, отколку несакана бременост и дете што ќе доживее судбината на Најден. А дали некој/а ќе реши да има или нема деца во животот, тоа е НЕГОВА/НЕЈЗИНА работа!


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

море читајќи вака на темава, добив инспирација за нов предлог закон user posted image

А да се се донесе закон да раѓаат деца шмизлите што се вработени по министерства нормално со партиска книшка, а 90 % од нив не се во брак и веројатно не размислуваат за деца, а земаат државни плати додека мајки на три деца работат во маркети до полноќ и во смени за некои си 5 -6000 и тоа на црноuser posted image


(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 451
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 0:37:54   
bebe82
Се што кажа Витори се согласувам и јас.

И имам само една реченица да дополнам:

„Право на човекот е слободно да одлучува за СОЗДАВАЊЕ ДЕЦА“! (чл. 41 од Уставот на РМ)

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 452
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 9:30:36   
Malecka23
Јас сум За абортус како право на избор.Но..само ако е причински подржано а не како што е погоре примерот начин за контрацепција.Јас би се навратила многу наназад.Наместо да се дига фама за абортусов мислам дека треба ние родителите институциите да ги смениме од корен навиките.Наместо дечкиве да им биде срам да идат да купат кондоми,пилули и да се кријат од родителите треба да биде обратното.Треба првод а се изгради однос дете-родител на таа тема.Родителот да ги објасни начините на контрацепција причи последици.Да му помогне на детето да се опушти а не да биде тоа ииии срам ми е.Во образованието треба да се воведе предмет сексуално образование каде треба да се објаснат работите и нели од биологија можат преку илистрации и да се видат.Се согласувам и за тоа дека контрацепцијата е скапа за наш стандард и да треба и на тој случај и те како да се работи.Зборат за абортус а кондомите се 150ден нема логика..Јас искрено тргнувам од себе.Јас конзерва воспитанаuser posted image и сексот бил табу тема.Моите сонзавања за контрацепцијата биле од средно медицина каде навистина проф.се трудеа да не "замараат" со предавања проекти и слично.Да тогаш беше навидум заморно но 1000%корисно дури имавме и демонстрации на краставици како се става кондомuser posted image ЈАс сум зачудена како може млади девочиња што ги читам на порталиве да прашуваат прашања што според мене треба во сон да ги знаат каде е тука образованието??Затоа сметам дека треба се од корен да се промени па после може да збориме за абортус

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 453
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 9:51:47   
anaana
ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress

леле пепелашка, ова е толку многу лошо, на толку многу нивоа, што не можам дури ни да почнам да редам. знам дека е обид за шега, ама е страшно неуспешен.
лошо е кога некој е вработен со партиска книшка, ама на таа болест колку што знам ни мажи не се имуни, или за мажите ако, тие не се ни шмизли, ниту пак е битно дали размислуваат за деца. а дури и ако се вработени шмизлите со книшка, што ако се способни и квалификувани и добро ја вршат работата. и не гледам како некого го засега тоа дали тие не размислуваат за деца или не? или ај нив да ги избркаме, да земеме некои двајца што решиле да прават по 10 деца, без да размислат дали имаат пари да ги гледаат или не, оти во црква некој им рекол дека „ќе даде господ“.
ај сега нема да се образувам, ќе се посветам на семејство, ќе родам 4 деца па ќе се жалам оти некоја без деца со 100 дипломи од најдобри светски факултети работи подобра работа од мене.
освен тоа, проблемот на многудетните семејства во средени земји се решава со добра сума на социјална помош, а не работни места за кои родителите од тие семејства не се квалификувани.
Абортусот е тешка одлука, ама подобро тоа, отколку несакана бременост и дете што ќе доживее судбината на Најден. А дали некој/а ќе реши да има или нема деца во животот, тоа е НЕГОВА/НЕЈЗИНА работа!



se slagam so ova
i da dodadam
sekoj si znae kako mu e doma. i toj sto ima deca i toj sto nema.
i jas sum protiv partiskite vrabotuvanja posebno koga gi gledam kaj nas kako doagjaat i kolku se uceni, ama sepak toa nema vrska so pravoto na zenata da ima ili da nema dete

< Поракaта ја уредил anaana -- 30.5.2013 10:00:59 >

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 454
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 9:53:54   
anaana
„Право на човекот е слободно да одлучува за СОЗДАВАЊЕ ДЕЦА“! (чл. 41 од Уставот на РМ)


ova kaj nas se tolkuva na nacin sto: ti treba da razmisluvas isklucivo na sozdavanje deca - citaj da sozdades najmalku 3 deca :)))))

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 455
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 10:10:19   
mila28
Јас сум За абортус како право на избор, секако до 9-10 недела да може мајката сама да одлучи, а после 13та нека биде и со комисија секако од медицински оправдани причини., но сепак да постои избор. Државата како силно се залага да го подигне наталитето, да забрани абортус..хааа тоа смао ке резултира со конта ефект и ќе се зголеми бројот на нелегални абортуси. Сметам дека треба да се дејствува на друго поле , како на пр. да се вработат младите, да се обезбедат подобри услови за добивање на стамбен кредит, да се ослободи од ДДВ детска храна,облека,опрема како што е во некои држави. Од една страна забранува абортус , а од друга 5 пари не дава што имам многу семејства со деца кои немаат основни средства за егзистенција, на тие деца им треба храна,облека, да се школуваат..не е само направи го и остави го само на себе. Во нашата држава се е подредено како треба..па дојде време и ова прашање да го решаваат........
Може да се поработи и на тоа да се подигне свеста кај младите, кампања за тоа од колкава важност е да се користи контрацепција, нека има и предавање по школи, нека не биде табу тема (мада искрено не верувам дека е табу)

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 456
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 11:02:35   
Pepelaska *
Незнам зошто никој не ја разбра иронијата во мојот пост ама нема врска.
Кога веќе владата решава да се меша во она што треба да е најголема интима на жената и семејствата нека се меша како што треба.
Нека почнат прво од темелите на проблемите а не само ајде удри.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот mila28)
Непосредна врска до пораките: 457
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 11:22:00   
anaana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

Кога веќе владата решава да се меша во она што треба да е најголема интима на жената и семејствата нека се меша како што треба.


ova demek eve te vrabotivme so kniska (ne navleguvam kolku zenata vo situacijata e kvalifikuvana ili ne e za toa rabotno mesto, bitno e deka ja ima soodvetnata partiska kniska) i tvoja zadaca e da rodis 3 deca
ako ne rodis deca ke te izbrkame od rabota????
ili mozebi koga ke potpisuva zenata dogovor vo drzavna institucija mora da potpise deka ke rodi deca...

nekako od site aspekti kako i da gledam nikako ne mozam da najdam povrzanost na partiskoto vrabotuvanje so pravoto na zenata da ima ili da nema dete...

mislam deka ako saka da se zgolemi natalitetot drazava treba so drugi raboti da se pozanimava.
mislam deka ne treba da se gleda na deteto kako kvantitet, a vo vakov moment se gleda. rabotava e samo rodi i tolku, detevo kako uste edna cifra. uzasno me nervira toa

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 458
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 11:44:23   
Yummy Mammy
Ne znam sto se prepukuvata i djavkate 2 dena koga site ste na ista strana. Neli gledate deka site za isto se zalagate samo so poinakvi stavovi?! user posted image

Inace Pepelaska* jas ti ja razbrav ironijata uste prviot pat. Mozebi bese kazano so pogresni zborovi, pa toj ste e zasegnat normalno ke se buni. No, mislam deka poentata ne bese da se navreduvaat vrabotenite vo drzavna administracija sto nemaat deca, tuku deka drzavata ni e trula vo koren! Vo vospituvanjeto, vo postavuvanjeto na prioriteti, vo opstestvenata odgovornost, itn...

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 459
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 12:01:34   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Јас сум За абортус како право на избор.Но..само ако е причински подржано а не како што е погоре примерот начин за контрацепција.Јас би се навратила многу наназад.Наместо да се дига фама за абортусов мислам дека треба ние родителите институциите да ги смениме од корен навиките.Наместо дечкиве да им биде срам да идат да купат кондоми,пилули и да се кријат од родителите треба да биде обратното.Треба првод а се изгради однос дете-родител на таа тема.Родителот да ги објасни начините на контрацепција причи последици.Да му помогне на детето да се опушти а не да биде тоа ииии срам ми е.Во образованието треба да се воведе предмет сексуално образование каде треба да се објаснат работите и нели од биологија можат преку илистрации и да се видат.Се согласувам и за тоа дека контрацепцијата е скапа за наш стандард и да треба и на тој случај и те како да се работи.Зборат за абортус а кондомите се 150ден нема логика..Јас искрено тргнувам од себе.Јас конзерва воспитанаuser posted image и сексот бил табу тема.Моите сонзавања за контрацепцијата биле од средно медицина каде навистина проф.се трудеа да не "замараат" со предавања проекти и слично.Да тогаш беше навидум заморно но 1000%корисно дури имавме и демонстрации на краставици како се става кондомuser posted image ЈАс сум зачудена како може млади девочиња што ги читам на порталиве да прашуваат прашања што според мене треба во сон да ги знаат каде е тука образованието??Затоа сметам дека треба се од корен да се промени па после може да збориме за абортус



Потпис!!! тоа го кажував и јас, зависи кој ме разбра...

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 460
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 12:03:28   
Martins mom

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *

Незнам зошто никој не ја разбра иронијата во мојот пост ама нема врска.
Кога веќе владата решава да се меша во она што треба да е најголема интима на жената и семејствата нека се меша како што треба.
Нека почнат прво од темелите на проблемите а не само ајде удри.


Разбрано Пепелашка...и потпишувам! Тој што го носи во себе револтот од партиските книшки и вработувањата на „високостручни госпожи“ и го осетил на своја кожа, како невработен или работи од утро до ноќи за минимална плата, може да сфати.

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 461
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 12:28:35   
rina13
Не го разбирам револтот од партиските книшки. Тој феномен на врскаџиство одсекогаш постои само се прилагодува на времето, неможете да го смените можете или да се фрустрирате или да го игнорирате и да чекате вам да ви се насмевне среќата и да ви упали некоја врска.
Имањето финансиски средства немора да значи дек вие треба да изродите деца зашто ете така народот рекол дека е правилно. Секој одлучува за големината на своето семејство, да потребни се пари но желбата е најбитна. Неможе мене некој да ме натера со сила да родам дете.

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 462
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 12:32:01   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

Се што кажа Витори се согласувам и јас.

И имам само една реченица да дополнам:

„Право на човекот е слободно да одлучува за СОЗДАВАЊЕ ДЕЦА“! (чл. 41 од Уставот на РМ)

Право на човекот, да, ама фали солидарност помеѓу жените. Да не зборам за гледање од горе, од доле, од страна, па и инквизицијава во која ќе ги палиме сиромашните, неверниците и не знам уште кои трнчиња. (Сето ова помеѓу жените де)

< Поракaта ја уредил Viktori -- 30.5.2013 12:41:20 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 463
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 13:22:59   
anaana
И не знам зошто си го преуреди постот, каде кажа каде работиш


pa mislam deka nemase potreba da stoi toa kade rabotam, od momentot koga go prativ ne mi se svigjase kako izgleda.
temata e za abortus ne za toa koj kade raboti

mene glavnata poenta mi bese deka i tie sto rabotat vo drzavno i se so partiski kniski si znaat kako im e po doma i dali mozat da imaat deca... ova vo kontekst deka treba zakon za tie smizli od drzavno sto ne ragjaat deca...

bidejki imam primer od poznati zatoa go staviv.
ne sakav nekogo da stavam vo podobra ili vo polosa pozicija. sekoj si ja znae doma finansiskata sostojba i dali ima pari da rodi edno, dve ili poveke deca. ili mozebi ne saka nitu edno. toa si e pravo na sekoja zena, na sekoe semejstvo da si odlucuva koga i na koj nacin ke go prosiri semejstvoto

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 464
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 14:09:41   
amateuress
во право е јами мами, најголем дел сме горе-долу на иста страна, ама мислам дека е многу битен начинот на кој се размислува. освен тоа ако некој се изјаснува како про-лајф, тоа значи дека е ПРОТИВ абортус.
и едно е иронија, а друго е промашен обид за шега со кој се напаѓа група што не реално не треба да е посочена во муабетов.

јас конкретно не сум вработена државно, а имам силна левичарска, либерална идеологија, иако не се идентификувам (и не припаѓам) на ниту една политичка партија.
работам во главно како хонорарец, иако имам постојана работа (во приватна фирма) што за жал е малку платена.
значи на никаков начин не сум профитирала партиски. и да, милион пати сум видела како некој со полоши квалификации и способности од моите, добива работни места (голем дел државни) за кои јас би била посоодветна. сум видела како и супер-спремни луѓе стапуваат во партија, затоа што не можат поинаку да се снајдат, и потоа многу добро си работат.

она што не е во ред во постот е што се прозиваат конкретно ЖЕНИ вработени со партиска книшка, без да се потенцира дали се соодветни или не за работата, и се предлага на нивно место да се стави некој само затоа што има многу деца???user posted image user posted image мислам WTF????

значи, веќе пишав за многудетните семејства треба социјална помош, а не да се напаѓаат тие што по било која основа решиле да немаат деца. логиката на муабетот е тотално бесмислена.

од друга страна муабетот за контрацепција држи вода, иако не е во прилог на зголемување на наталитетот, а нали тоа ќе ја спаси државата.

вчера случајно ја фатив сторијата на тв и си мислам дека на владава најмногу во прилог и се токму вакви семејства, затоа што се толку блиску до дното што би направиле се'' за една векна леб. и да, сметам дека е многу неодоговорно во вакви услови да донесеш 8 деца на свет. и да, пак ќе повторам дека ова се решава единствено со добра сума на социјална помош и функционална економија што ќе овозможи вработување.




Голем број гледачи на Канал 5 се јавија за да донираат што можат, зашто на осумте гладни усти им е потребно буквално се, почнувајќи од залче леб.

Решен е и најголемиот проблем на семејството. Деветгодишната Марина, која има срцева мана, за чија операција се потребни две илјади евра, ќе биде однесена во Скопје на операција на Детската клиника каде што ќе ја оперира тим од американски детски кардиохирурзи.

Денеска, во посета на семејството во селото Црешнево, на триесет километри од Македонски Брод, ќе дојдат и претставници од Центарот за социјални работи со цел да ја утврдат фактичката состојба.

Таткото Велче и мајката Маја се невработени, а единствен приход им се четирите илјади помош што ги добиваат за лекување на малата Марина.
извор: Канал 5

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 30.5.2013 14:14:44 >

(Одговор на членот anaana)
Непосредна врска до пораките: 465
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 14:11:38   
amateuress
за тие што не им е јасно кои се промените и нивните импликации еве:


Одредувањето на стриктни протоколи и прецизна процедура, заедно со високите казни (25-50000 евра за правното лице, 3-5000 на одговорното лице, 5-6000 за докторот и 2-3500 евра за здравствениот работник), значат фактичко усложнување на барањето за абортус. Имено, за да се заврши целокупната постапка за добивање дозвола за абортус во рамките на утврдените 10 недели (според многу прецизните протоколи дадени во новите решенија, а избришаната одредба за итност на постапката постоечка во чл. 5 од актуелниот закон), истата треба да започне најдоцна на третата недела од зачнувањето. Ова значи дека е најдобро жената воопшто да не чека изостанување на првата наредна менструација за да се посомнева во евентуална бременост, туку после секој сексуален чин да проверува дали е бремена. Во спротивно во текот на неколку недели ќе треба:

- да закаже и направи ултрасонографски преглед

- да ја собере сета потребна документација предвидена во чл. 9 од Законот

- да достави писмено барање за прекин на бременост (кое некој треба да го разгледа и на него да одговори)

- да закаже средба со доктор кој “е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста како и за ризиците при спроведување односно неспроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста по здравјето и животот на жената“,

- да поминат најмалку 3 дена од извршеното “советување“ од страна на докторот,

- доколку докторот реши дека не сака да ја изврши интервенцијата, жената треба да се обрати до првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременост (до која поднесува: потврда од специјалист гинеколог, потврда од специјалист од соодветна гранка на медицината за заболувањето на кое се повикува) и која треба да одлучи во рок од 3 дена, а не подолго од 7 дена

- може да даде приговор на решението на првостепената комисија, а која исто така мора да одлучи во рок од три дена, а не подолго од 7 дена.


ова е таква долга бирократска процедура, што има големи шанси рокот од 10 недели да помине додека да се реализира. да не правиме муабет дека понекогаш ни контрацепција не успева да заштити од несакана бременост.


и толку од мене, се одјавувам од муабетов.





< Поракaта ја уредил amateuress -- 30.5.2013 14:13:25 >

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 466
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 15:03:03   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress


она што не е во ред во постот е што се прозиваат конкретно ЖЕНИ вработени со партиска книшка, без да се потенцира дали се соодветни или не за работата, и се предлага на нивно место да се стави некој само затоа што има многу деца???user posted image user posted image мислам WTF????

значи, веќе пишав за многудетните семејства треба социјална помош, а не да се напаѓаат тие што по било која основа решиле да немаат деца. логиката на муабетот е тотално бесмислена.









Значи сепак оние мајки кои родиле деца треба да седат дома цел живот и да чекаат социјална помош???????А додека “висококвалификуваните “ да си работат?????И тоа не е дискриминација на МАЈКАТА????
Па кај се тука трошоци за градинки, школи и слично?Таква социјална помош може има некаде таму во белиот свет ама ние сме во МАкедонија.
Обично се согласувам со твоиве постови, незнам сега што толку се фати за шмизлите и жените со партиски книшки.Да не се правиме наудрени, знаеме како се вработува денес.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 467
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 15:08:43   
emidz

ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress

за тие што не им е јасно кои се промените и нивните импликации еве:


Одредувањето на стриктни протоколи и прецизна процедура, заедно со високите казни (25-50000 евра за правното лице, 3-5000 на одговорното лице, 5-6000 за докторот и 2-3500 евра за здравствениот работник), значат фактичко усложнување на барањето за абортус. Имено, за да се заврши целокупната постапка за добивање дозвола за абортус во рамките на утврдените 10 недели (според многу прецизните протоколи дадени во новите решенија, а избришаната одредба за итност на постапката постоечка во чл. 5 од актуелниот закон), истата треба да започне најдоцна на третата недела од зачнувањето. Ова значи дека е најдобро жената воопшто да не чека изостанување на првата наредна менструација за да се посомнева во евентуална бременост, туку после секој сексуален чин да проверува дали е бремена. Во спротивно во текот на неколку недели ќе треба:

- да закаже и направи ултрасонографски преглед

- да ја собере сета потребна документација предвидена во чл. 9 од Законот

- да достави писмено барање за прекин на бременост (кое некој треба да го разгледа и на него да одговори)

- да закаже средба со доктор кој “е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста како и за ризиците при спроведување односно неспроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста по здравјето и животот на жената“,

- да поминат најмалку 3 дена од извршеното “советување“ од страна на докторот,

- доколку докторот реши дека не сака да ја изврши интервенцијата, жената треба да се обрати до првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременост (до која поднесува: потврда од специјалист гинеколог, потврда од специјалист од соодветна гранка на медицината за заболувањето на кое се повикува) и која треба да одлучи во рок од 3 дена, а не подолго од 7 дена

- може да даде приговор на решението на првостепената комисија, а која исто така мора да одлучи во рок од три дена, а не подолго од 7 дена.


ова е таква долга бирократска процедура, што има големи шанси рокот од 10 недели да помине додека да се реализира. да не правиме муабет дека понекогаш ни контрацепција не успева да заштити од несакана бременост.


и толку од мене, се одјавувам од муабетов.






Комплетно се сложувам, ова е само почетно наметнување на процедури обоени со розово за да се изгласа и после да се отвори простор за поголемо наметнување и истуркување на закон против абортус. Во ова модерно време со какви работи се уназадуваме.

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 468
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 15:17:45   
Maca25
што мислите за интервјуто со министерот? http://www.24vesti.mk/24-analiza-29-05-2013

како нешто да не е во ред со него. не ги остави луѓето да си кажат што имаат, сите по ред ги прекина, дури и водителот на емисијата не го остави на раат прашање да постави.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 469
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 15:18:02   
rina13
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska *


ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress


она што не е во ред во постот е што се прозиваат конкретно ЖЕНИ вработени со партиска книшка, без да се потенцира дали се соодветни или не за работата, и се предлага на нивно место да се стави некој само затоа што има многу деца???user posted image user posted image мислам WTF????

значи, веќе пишав за многудетните семејства треба социјална помош, а не да се напаѓаат тие што по било која основа решиле да немаат деца. логиката на муабетот е тотално бесмислена.











Значи сепак оние мајки кои родиле деца треба да седат дома цел живот и да чекаат социјална помош???????А додека “висококвалификуваните “ да си работат?????И тоа не е дискриминација на МАЈКАТА????
Па кај се тука трошоци за градинки, школи и слично?Таква социјална помош може има некаде таму во белиот свет ама ние сме во МАкедонија.
Обично се согласувам со твоиве постови, незнам сега што толку се фати за шмизлите и жените со партиски книшки.Да не се правиме наудрени, знаеме како се вработува денес.

Факт е дека на многудетните семејства треба да им се помогне парично. Само и тука има многу замки свеста на некои луѓе е толку ниска што ќе изроди деца само за да дбоие парични средства. Сепак на проблемот треба да му се пристапи систематски. Полека полека, со едукација, со доквалификација, со образовни курсеви за возрасни со рамноправност при вработување, вработување во нормални услови(заштита на работничките права) со нормална плата доволна барем за храна и сметки, па тек тогаш може да се збори за политики за кревање на стапка на наталитет.( далеку сме од тоа). Можеби делува идеалистички но од некаде треба да се почне.
Сиромашни и богати секогаш имало, капиталитичкото општество може да функционира само во услови на спротиставени групи, едни се богатат други се повеќе осиромашуваат. Нештата ќе останат такви се дур капитализмот како систем не крахира.
Решението единствено го гледам во давање можност на секој подеднакво да се вработи и заработи.
Фрустрирачки е за една млада мајка некој да и тупи да раѓа и да биде домаќинка, а никој не и овозможил да се најде од другата стана и да направи избор по свој вкус. Не викам дека државата е таа која треба да најде и обезбеди работа, тоа не е нејзина ингеренција, но барем ако уставно се декларира како таква нека ги третира своите граѓани како еднакви со еднакви можности без дискриминација по никаков основ.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 470
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 15:30:49   
bebe82

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

Се што кажа Витори се согласувам и јас.

И имам само една реченица да дополнам:

„Право на човекот е слободно да одлучува за СОЗДАВАЊЕ ДЕЦА“! (чл. 41 од Уставот на РМ)

Право на човекот, да, ама фали солидарност помеѓу жените. Да не зборам за гледање од горе, од доле, од страна, па и инквизицијава во која ќе ги палиме сиромашните, неверниците и не знам уште кои трнчиња. (Сето ова помеѓу жените де)


Се согласувам Виктори, и не можам да верувам какви комантари слушам во овие два дена, се срамам од размислувањата на некои таканаречени „жени“.

Мислам дај те молам скокнаа сите за тоа кој абортирал по два пати годишно. Кој што сака нека си прави. Може некој е плодна како бавче, па одма и се фаќа од каде знаете сите. Нели??

Се фатија сопругот да биде присутен. Што ако е некоја сингл девојка која останала трудна како плод на дупнат кондом од некоја пијана „one stand“ комбинација???

Или сите сме ние многу фини, а па тие к*рвиците што имаат такви комбинации, ако им е, нека си трпат.

Сите имаме деца. Помислите не нив. Некои имаме женски, а некои и машки. Што ако синчето ни донесе некоја таква „one stand“ комбинација и оп свадба и оп дете, бидејќи ете некоја си затуцана теткица од комисијата ставила вето за абортусот?

Ќе си го чувате, мајката и таткото ќе си шетаат, потоа ќе се разведат на крај и што добиваме???

Зголемен наталитет, или зголемен криминалитет????

Не треба да се забораваи моментот дека НЕ секој има по 600 денари за апчиња за контацепција, НЕ секој има 100 денари за 3 кондоми (што на некој му одат во еден секс) НЕ секој има 200 евра за спирала, и најважното НЕМА сексуална едукација.

Од таму мора да се почне. А некои инквизиторски квази-закони, во завиена розова фолија по ИТНА постапка да се носат.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 471
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 15:47:38   
Maca25
А што е со приватните клиники? Истата постапка и за таму? Советувалиште, дозвола од сопруг или сето тоа ќе се вади во ГАК, па после бирај кај ќе абортираш?

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 472
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 15:48:18   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Хеххехехе Делукс да да !!! тука сум јас со вас цело време, Уствари јас читам низ форумов се некој си кажува по нешто ,и гледам некој само скока в место ,сака да каже ама не знае какоuser posted image и на крај ти врти дека : Контрацепцијата ти е уствари најголемиот проблем на светов и на веков user posted image user posted image . Тие Тинејџерки што ги кажа ,и тие семејства што имаат плиток џеб,треба да размислат пред да направат чекор дека тоа има последици,а ако не им мисли мозокот кондомите ќе си стојат во аптека на рафтовитеuser posted image , не можи некој со сила да им донесе до кревет (повелете кондоми ). Значи ПОЕНТАТА е :не кревај прашина за џабе . Разбери дека се е до свеста не луѓето,а не е до контрацепцијата проблемот или до парите како што кажа емек мала платата па ај сега деца ке си правиме хехеххехе.А ајде колку кошта еен абортус штом веќе пресметуваш??или и тој да оди со сини картони...user posted image
поззз Виктори,без нервози плисссuser posted image


I taka opet ideme so odgovor na postot vo koj sum povikana.
Kontracepcija na plavo kartonce bese spomnata oti mu e na ministerot vo resor. Taka da ... prvo procitaj gi moite postovi na temava. Ke videse deka ne sum za abortus kako kontracepcija, tuku protiv zakon vo koj se ogranicuvaat prava na zenata sto veke gi uziva. Znaci ete ako saka da napravi nesto da ja zastiti zenata, moze i toa.
Komentarot od tipot semejstvata bez finansii da mislat sto pravat e neverojatno glupav i plitok.




Администратор: Постот е уреден. Внимавајте на навредливи зборови!


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 31.5.2013 6:52:54 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 473
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 16:44:56   
rina13
Па не верувам дека некој може да и наложи на приватна клиника мал милион процедури зашто законот се однесува на јавните здравствени установи. Најверојатно и тие се на крајот оние кои ќе профитираат од законов. Ако некој сака да изврши абортус ќе си плати 200е на приватно, без тормозење без молење специјална комисија од Јанко,Петко Трајко. Впрочем и која е таа комисија да одлучува за нечие тело. Ќе молиш ќе пустиш за еден абортус , ова доаѓа ко да молиш да се искупиш за нешто што е твое право основно животно право, очигледно дека сите овие кампањи имаат намера да ја жигосаат жената и да ја натераат да се чувствува виновна зашто абортирала.

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 474
   RE: Абортус - да или не?
30.5.2013 17:04:47   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Па не верувам дека некој може да и наложи на приватна клиника мал милион процедури зашто законот се однесува на јавните здравствени установи. Најверојатно и тие се на крајот оние кои ќе профитираат од законов. Ако некој сака да изврши абортус ќе си плати 200е на приватно, без тормозење без молење специјална комисија од Јанко,Петко Трајко. Впрочем и која е таа комисија да одлучува за нечие тело. Ќе молиш ќе пустиш за еден абортус , ова доаѓа ко да молиш да се искупиш за нешто што е твое право основно животно право, очигледно дека сите овие кампањи имаат намера да ја жигосаат жената и да ја натераат да се чувствува виновна зашто абортирала.



pa kako ne moze koga se donesuva zakon, zakonot se nosi na nivo na drzava a privatnite kliniki se locirani vo istata drzava i treba da gi pocituvaat istite zakoni, ne mozat posebni odredbi da imaat
edinstveno sto mozat e ilegalno da rabotaat, no kaznite koi se propisani ke im bidat izreceni ako se dokaze nepocituvanje na zakonot
a posto na drzavata i trebaat pari verojatno ke bara i zrtvi za kaznuvanje




_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 475
Страница:   <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  17 18 [19] 20 21   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?