mamicki -> RE: слабеење (1.4.2012 13:48:43)
|
Првпат во животот држев диета по рецепт кога внимавав на исхраната според кардиолошката диета. Без ниту една отстапка се придржував кон режимот на таа диета и симнав 6,5 кг, но и го намалив целулитот. Е, сега, една недела подоцна, сфаќам дека сум си направила штета, односно тешко ми е да се придржувам на мојот претходен начин на исхрана, како некоја дизна за ждерење да ми се има отворено [sm=zmeden.gif] Можеби е случајност, оти и вообичаено ден- два пред менструација и првиот ден од циклусот се претворам во гладен ѕвер, но... сепак ми е поубаво кога само се хранам здраво, без рецепт . Ова е мое согледување околу пост ефектот на држењето диета по рецепт, би сакала да прочитам и други искуства.
|
|
|
|