RE: слабеење (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Слабеење



Порака


kikicka -> RE: слабеење (2.4.2012 14:44:49)

[sm=bravo.gif] Иканаа .Јас сега се вратив од теретана и пола саатна орбитрек и пола саат на лентата брзо одење чат пат потрчнував и кога се зацрвев лелее [sm=smiley36.gif] ама издржав без прекини.




Џесика -> RE: слабеење (2.4.2012 14:48:58)

Браво Икана!!! Јас вчера се мерев кај мајка ми,ми покажа 60кг, значи 3 кила скинав без конкретна диета, само намалена количина и ги скратив јадењата после 21-22 часот, за почеток бар да се прилагодам, па после ќе терам пак диета строга.




Maca25 -> RE: слабеење (2.4.2012 14:54:35)

Браво!!! Јас денес почнав, јес да го прескокнав денес појадокот, ич не ми се јадеше, и еве сега за ручек си правам пилешко во сос од домати и салата. Се надевам дека ќе успеам да симнам едно 15 кг до лето[sm=zmeden.gif]




nade85 -> RE: слабеење (2.4.2012 18:48:18)

Zenski site gore napisani dieti gi drzite i vo isto vremi i gi doite bebusite [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] Da znam dali i jas da pocnam so nekoja so ne smeta za vreme na doenjeto[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




kikicka -> RE: слабеење (2.4.2012 18:57:51)

Икана дои само...ја држи обединети нации диета.
ИЗВОРНА ПОРАКА: nade85

Zenski site gore napisani dieti gi drzite i vo isto vremi i gi doite bebusite [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] Da znam dali i jas da pocnam so nekoja so ne smeta za vreme na doenjeto[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]





Maca25 -> RE: слабеење (2.4.2012 19:02:26)

Јас додека доев не држев диета. Само што преставав се фрлив на слабеење [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




brineta88 -> RE: слабеење (2.4.2012 19:17:34)

Дали некој има користено некој препарати за слабеење или само се придржувате до исхраната?
Имам слушнато за медобил дека добро делувал и не се повраќале кг, па ме интересираше ако некој има искуство нека пише.
Јас едно време не вечерав и ослабев некои 5 кг, но одма ги вратив (нормално кога само јадам)
Пред да остана бремена имав 65 кг а сега имам 78.
Мора некако да ги намалам особено околу стомакот зошто стварно ми смета, се осеќам како мечка, а да не зборам за тоа дека неможам да најдам гардероба што ме собира




nade85 -> RE: слабеење (2.4.2012 19:20:45)

Fala kikicka za brziot odgovor :) Pa Ikana gledam deka veke oslabela 10kg Bravoooo za Ikana pa ke pocnam i jas so taa dieta.




kikicka -> RE: слабеење (2.4.2012 19:30:18)

Јас прашував во претходните постови ,Надица рр ми кажа дека пак се враќале.Пробај прво со Кардиолошката диета штоја држевме сите .Јас еве сега 7 денвната ја држам прв ден ми е,ке ви кажам во недела колку кг сум ослабнала.
ИЗВОРНА ПОРАКА: brineta88

Дали некој има користено некој препарати за слабеење или само се придржувате до исхраната?
Имам слушнато за медобил дека добро делувал и не се повраќале кг, па ме интересираше ако некој има искуство нека пише.
Јас едно време не вечерав и ослабев некои 5 кг, но одма ги вратив (нормално кога само јадам)
Пред да остана бремена имав 65 кг а сега имам 78.
Мора некако да ги намалам особено околу стомакот зошто стварно ми смета, се осеќам како мечка, а да не зборам за тоа дека неможам да најдам гардероба што ме собира





Andriance -> RE: слабеење (3.4.2012 1:52:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Јас сум од денес на диета. На онаа Обединети Нации или како и да се вика. Додуша најдов книга дома со рецепти за секој ден од диетата. Има различно јадење за секој ден и тоа за сите 90 дена, колку што треба да се држи диетата.
Ако некој ја држи можам да пишам некои од рецептите што ги има внатре.


Ja demek 4 den utre...ne e loso...se drzi bez problem...sami mi trebase malku vreme za da vlezam u stos [sm=smiley36.gif] ama Ikana helpna a mozes i na mene nekoj recept copy-paste




Maca25 -> RE: слабеење (3.4.2012 9:00:42)

Адријанче ти срцка денес на овошје а?!?! [sm=smiley1.gif]

Мене ми е денес ма репертоар скроб. Уште се мислам што да правам, леќа или компир.




Pepelaska * -> RE: слабеење (3.4.2012 9:12:37)

И јас од денес ве дружам пак со ОН, прв ден[sm=smiley1.gif] јаболка за појадок




Џесика -> RE: слабеење (3.4.2012 9:14:58)

90 дена диетата??? Ја ќе цркнам бре!!!




Maca25 -> RE: слабеење (3.4.2012 9:20:08)

нема да цркнеш, лесна е се додека не дојде овошен ден [sm=smiley36.gif]
треба само да се прилагодиш дека денес на пр. јадеш месо, утре грав, леќа, компир, грашок, задутре тестенини и после следи испостување со овошје.




Mihaela 2010 -> RE: слабеење (3.4.2012 9:20:11)

jas eve kako vtora nedela sum na dvopek,nekoi integralni grisini na rabota,doma koga idam rucam normalno,i ne veceram i se osekjam oslabeno,i u faca nekako ispiena,oslabena,koga odam kako da letam,ama na vaga koga ke zastanam ista pa ista kilaza,pa se tesam deka sega e taka,a po izvesno vreme ke se pojavat rezultati...




kikicka -> RE: слабеење (3.4.2012 9:45:14)

Јас сум денес на зеленчук и зеленчукови супи цел ден неограничено,вчера цел ден овошен едвај чекав да дојде денес малку солено да ставам ми здосади овошјето.




Beatris -> RE: слабеење (3.4.2012 9:48:21)

Значи кој баксуз невиден сум бреееееј!!! Таман вчера фатив втора тура електростимулации + антицелулитни масажи, таа кога почна да ме гмечи како тесто, што убаво ми беше после, како да ми излегоа сите заостанати течности, ама денес добиввв [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] А не смее стимулации и масажи на добиено. У пм ќе си пукнам од мука. Таман си реков што убаво ќе ме испеглаат неделава, секој ден, плус диетата.... Ама цврц!




Џесика -> RE: слабеење (3.4.2012 9:55:48)

Еј тие антицелулитни масажи ги обожавам. Ја едно време имав пакет во Силуете со масажи со алги, абе после масажата кога одев, ко да летам ми беше лесно... уф сега све би дала за една масажа...




kikicka -> RE: слабеење (3.4.2012 10:00:29)

За два дена ке спласнеш нагло ...од менс па ке пишеш како се осеќаш
ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR. Мене за чудо ништо не ме боли од вчерашното вежбање абени мускул ништоо како да не сум вежбала,а мислев дека нема да се мрднам од кревет.

Значи кој баксуз невиден сум бреееееј!!! Таман вчера фатив втора тура електростимулации + антицелулитни масажи, таа кога почна да ме гмечи како тесто, што убаво ми беше после, како да ми излегоа сите заостанати течности, ама денес добиввв [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image] А не смее стимулации и масажи на добиено. У пм ќе си пукнам од мука. Таман си реков што убаво ќе ме испеглаат неделава, секој ден, плус диетата.... Ама цврц!





Beatris -> RE: слабеење (3.4.2012 10:10:50)

Да бе, а јас се чудев што сум толку здуена викендов, ама мислев дека ќе добијам при крај на неделава, нешто побркав баби и жаби, претходните 3 дена бев како балон, сега денес веќе сум ист'нчена [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Bjanka -> RE: слабеење (3.4.2012 10:16:40)

IKANA... daj kazi ja tvojava dieta.. i kolku vreme ja drzis?? TNX [sm=smiley36.gif]




Ikana -> RE: слабеење (3.4.2012 11:29:53)

Бјанка здраво!
Ја дрзам обединети нации диетата, се наоѓа неколкус трани поназад, Пепелашка убаво ја има опишано. Се слабее меѓутоа има долг период на стагнација, кај мене скоро 20 дена траеше. И еве сега тргна пак надолу. Ја држам 2 месеци без некој ден. Поздравче!




Ikana -> RE: слабеење (3.4.2012 11:34:09)

Ајдеее Нации Обединети, што папаме денес? ЈАс на јаглехидратен ден, дајте идеичка некоја, не можам шпагети више, сакам сендвиче пак мх мх мх[sm=jezicek.gif]
Беатрисче, видов некои купони на колектива со попуст за антицелулитни масажи, види ако има уште симај, мене ми е страв уште да ме раздрмаат со царскиот, а може и нема везе, ама ако[sm=smiley36.gif]




Viktori -> RE: слабеење (3.4.2012 12:02:57)

Икана, а кафето со млеко може секој ден? И кога е денот со јхидрати може торта, сладолед, чоколадо, колачи, пиво, пита итн?

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

И од каков ден се почнува?




riba79 -> RE: слабеење (3.4.2012 12:15:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Ајдеее Нации Обединети, што папаме денес? ЈАс на јаглехидратен ден, дајте идеичка некоја, не можам шпагети више, сакам сендвиче пак мх мх мх[sm=jezicek.gif]
Беатрисче, видов некои купони на колектива со попуст за антицелулитни масажи, види ако има уште симај, мене ми е страв уште да ме раздрмаат со царскиот, а може и нема везе, ама ако[sm=smiley36.gif]


ikana,mene mi e denes 9 den i imam -2 kg..denes roteinski
za jh-pita so zelka,so praz,so spanak,ili leb so ajvar i maslinki,pica so pecurki,tomatelo,maslinki,makaroni so proprzeno lukce tomatelo i maslinki...tolku sega mi teknuva
inaku denesno moe meni
d-2 portokali
r-lepce crno so meso so pecurki i salata
v-1/2 od rucekot ama bez leb
aj so lesno neka ni e

inaku mislam da se otvori nova tema UN Ili ON-da pisuvame recepti.pozz




Страница: <<   < Претходна страница  37 38 [39] 40 41   Следна страница >   >>