Ikana -> RE: слабеење (диети и совети) (2.2.2013 9:02:27)
|
Денес прв ден диета, ептен не можев без шеќер кафето па ставив онака минимално на работ од лажичката, морав! Сега едно јаболко ќе изедам[sm=smiley36.gif] Јас лани многу ослабев со Обединети нации диетата. Кога си дојдов од болница после пораѓај имав околу 85 кила, со диета симнав 10 кила и после тоа уште 5кг од трчкарање навака натака со бебето. Сега имам 70, а висока сум 174цм, па и 5 кила само да симнам пак ќе бидам задоволна со кардиолошкава. Ајде кураж женски, ќе издржиме! *Заборавив да кажам дека тогаш и пролет фати, п амногу се движев со количката шпартав по 2км дневно и повеќе! Е сега не знам колку ќе се движам, по дома со М цело време ми е турбо. А ОН ја држев 2 месеци, март и април, и ете се покажаа резултати, а потоа во тек на 7 месеци уште 5 кила се стопија.
|
|
|
|