AnnaMolly RR -> RE: Колку спие вашето бебе? (6.7.2011 12:31:42)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump Преку ден спие два пати по час, час и половина на секои 3 часа. А ноќно време од 10:30 до 9 сабајле, но со пиење млеко на 2-3 часа, што значи два/три пати се буди, пие млеко и заспива. Некогаш ноќе знае убаво да се расони (тоа се случува на секои 5-6 дена) и да вика, пее и рипа по креветчето по цел час додека пак само со млеко заспива, никогаш не ја кревам кога ноќно време ќе се разбуди така, ниту и зборам, ниту ја пресоблекувам, само и го нудам шишето или цуцлата и после некое време заспива. Тоа многу ме уморува и не знам како да ја одвикнам од ноќното пиење млеко? Кога ќе израчунам таа пие поголема количина млеко ноќе додека спие, отколку преку ден. Некој совет за одвикнување од млеко ноќно време? Ако и понудам чај или вода го плука шишето. Веќе од утре тргнувам на работа и косата ми се крева на главата како ќе издржувам со толку малку сон... помош.....предлог....било што.... Можеби е жедна, а можеби е само часовник кој и ѕвони точно тогаш. Спас баш и нема, освен ако не ти се води војна неколку вечери по ред да не и даваш ништо и да видиш што ќе се случи. Мислам дека ова ќе биде тотално безуспешно,, ама друго нема. Ако бебето плаче кога ќе се разбуди навечер и покажува дека е гладно, давај му млеко. Мене Филип баш како што кажа Виктори ми се будеше околу 2 часот секоја вечер. Ама воопшто не плачеше, сакаше да си игра. И јас ќе му тутнев шише млеко и ќе си заспиеше. Ама после си викам, детево од навика се буди, не дека е гладен, само мене ми беше полесно да му дадам млеко и да го успијам веднаш. Тогаш имаше 6 месеци. И една ноќ викам не му давам млеко да видам дали ќе реагира. И кога се разбуди го зедов во раце и го понишкав, си заспа. Така неколку вечери се будеше во исто време како навиен, ќе го понишкав и заспиваше. После 2-3 недели не се ну будеше. И од тогаш не пие навечер ни млеко, ни вода, ни ништо. Од старт го успивам од 21 до 22 часот најдоцна, а спие до 6 и пол 7, па станува. Во 11-11:30 спие по еден час или 45 минути, а после ручек околу 15-15:30 спие по два часа. Тоа може и да го скокне, ама навечер во 21 заспива од навика без проблем, пие млеко и кома е.
|
|
|
|