blond -> RE: Колку спие вашето бебе? (14.11.2011 15:03:36)
|
Ние т.е јас имам проблем со спиењето на [sm=duda.gif] Не сака да спие во креветчето а има само 4,5 месеци. Кога фати малце ладно бидејќи во спална немаме затоплување, се префрливме во дневна и тој си спиеше со мене и мм. И еве решив сега да го внесам креветчето во дневна и да спие таму, леле само што ќе го заспијам го оставам таму и по 15-20 мин се буди. Го заспивам пак, чекам добро да се внесе во сонот, го оставам пак во креветчето и пак се буди за саат, саат и пол. И ми скиснува така се да станувам и пак си го земам до мене. Ама проблем е и што се буди често навечер, бара цице. Прво мислев дека е гладен, дека не му е доста моето млеко, па пробав со дохрана, не го сакаше вештачкото млеко. Сега откако почнавме со кашички си реков ај може ќе се смири навечер барем 2 да станува а не на секој пола час. Значи ќе се разбуди, бара цице, смукнува неколку пати и заспива. Му ја вадам градата откако ќе заспие, ама пак истото го прави по пола час. Му ставам цуцла не сака, ја плука одма, сака цицеее. Лек? [sm=zmeden.gif] Да напоменам дека спијам со цицката од надвор од што ми се смачи на секој пола час да ја вадам и пак да ја ставам кај што и е место[sm=jezicek.gif]
|
|
|
|