Bea -> RE: Хистероскопија (25.11.2014 9:27:09)
|
Да го споделам моето искуство со хистероскопијата. Правев во Ремедика кај Димитров во петокот на петти ден од циклус. На почетокот ми беше малку шубе бидејќи не ми побараа апсолутно ништо. Се изначитав по темиве дека се прават брисеви, алерго-тестови, анализа на крв... Дури и се јавив да препрашам, сестрата ми рече - ништо, гладни и жедни дојдете во 8 часот [sm=zmeden.gif] За секој случај со мене ги понесов снимките и извештајот од HSG и последниот пап (од пред 6 месеци). Ме примија веднаш, ми земаа крв за крвна слика и инфективен скриниг (резултатите беа готови за половина час), имав два разговори со анестезиолог и еден преглед. Во 9:30 веќе бев во сала. Интервенцијата помина супер, ми беше отстранет големичок септум 2.5цм, иако на ехо и хсг се покажа како мал субсептум. Димитров беше задоволен од тоа како се поминало и се санирало. Добив Циклопрогинова и естрофем, антибиотик не, ми имаа ставено во инфузијата. Болки немав, мала нелагодност како менстуруална болка првите неколку часа, не ми се лошеше од анестезијата и многу слабо крварење. Еве денес петти ден, сабајлево имав како розеникава слуз... Сето тоа ме чинеше 35.000 денари. Можам да кажам дека џабе се препаѓав и плашев, интервенцијата е рутинска и многу сум задоволна од персоналот. Сите сестри беа прељубезни, со Димитров се видов, ми објасни се фино и се договоривме за понатамошните чекори, па здравје одиме понатаму во битката за бепче [sm=duda.gif] Постов излезе долг, се надевам дека ќе биде некому од корист :)
|
|
|
|