Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Конечнооо хиихи Еве ги тортите за нашиот прв роденден и крштевка...Морам да ја пофалам жената,перфекциониста е...Се вика Грозданка и живее во Велес Бацкии до сите
Палче тортиве се преубави! Посебно таа со мечињата, мислам дека како дете гледав некој цртан со такви мечиња ама не ми текнува како се викаше.. нешто летечки мечиња или сл.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Палче прекрасни торти. Уште се на прва страна на Грозданка. Бидејќи не` чека за еден месец роденден кажи те молам за составот на тортите, испорака до Скопје, цена, телефон од Грозданка или ја контактираше по меил??? Среќен роденден на Миа - пеперутчето (малку со задоцнување).
И јас планирам да му ја правам сама тортата на Филип за роденден! Инаку, мајка ми е експерт за укресување торти. Имам неколку слики од нејзини торти, ќе ги скенирам и ќе ви ги покажам.
Женскички фала ви многу за коментарите за тортите...Ептен ми беа убави и затоа многу сакав да ги споделам со вас :) Што се однесува до вкусот убави се,не се тешки за јадење,баш онака да можеш што се вика и 2 парчиња без проблем да изедеш...Е сега не се Канела,како ние што сме навикнати,и затоа можда на почеток ќе ви бидат чудни..Ама сите рекоа дека им се вкусни...Имаат чоколаден и бел фил внатре и едната во тестото имаше ораси..Е сега може да и кажете што сакате да додаде внатре..Грозданка ми спомна ставала крем банани,кокос,бадеми,парчиња чоколадо како страчатела..Е сега белата торта е некаде околу 1800 ден...а плавата е 2500 ден..Иначе таа со мечињата е таа од цртаниот Care Bears...Е сега проблем е малку што нема испорака до Скопје туку морате да одите сами да си ја земете...Иначе женава е стварно закон за торти,какви беа на слика,такви ги направи...Јас ја контактирав преку маил ама мами2 ако сакаш по пп порака ќе ти пишам и телефон... Бацки за сите
Ние уште во саботата ја порачавме тортата, и сега едвај чекам утре да ја видам, ама верувам дека ќе биде баш како што ја порачав. Утре славиме прв роденден, па кога ќе ја земиме ќе ставам слики да ја видите.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Eве ја нашата торта, другата беше со Џивџи ама тие слики не ми се префрлени.
Тања тортата изгледа супер. Мики и Мини се играчки така?Јас сеуште се мислам за тортата на Нина, многу ги сака Вини Пу, Мики и Ноди. Изгледа ќе треба некој микс да и направам
< Поракaта ја уредил Maca25 -- 21.12.2010 18:02:29 >
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Леле, и веќе помина 12! Жени, кој е уште тука ве честам торта уште сега, зошто утре може нема да можам да седнам на компјутер, славиме прв роденден! Тортата што ја порачав треба да изгледа вака, па повелете !
Felly preubava torta i jas ja gledav na net,a mozesh li da mi kazesh od kade ja narachavte,kako izleze,cena...?
Inaku neka e sreken rodendenot i golemi da rastete poz... i fala ti mnogu