|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Манџи
12.3.2009 18:32:35   
nina
Не сум многу вешта во готвењето па решив да ви пишам може ке сакате да ми помогнете да ми кажете некои рецепти па ке ви кажам како испаднале.user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 12.2.2016 23:06:42 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Манџи
20.3.2009 12:10:55   
nina
Еве да ви се пофалам сум правела вчера спанак со месо и ептен убав испадна и многу се израдував.Еве како го приготвив:
Запржив кромид потоа го додадов месото мелено и тоа се запржи после му ставив томатело па попржив така и го додадов спанакот исчистен и издрбобен.Тоа сето се подинста малку и на крај му додадов вода и ориз и се се вареше 30тина минути и толку.После тоа со јогурт е преубаво.Многу вкусна беше манџата и многу пофалби слушнав  user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 12.2.2016 23:08:09 >

(Одговор на членот nina)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: да готвиме заедно
1.4.2009 11:56:09   
kati
Ќофтиња од тиквички

Ги рендаш тиквичките, малку ги посолуваш и ги оставаш да се исцедат...сечкаш кромид, додаваш месо, јајце, маслиново масло, црн бибер, сол, малку оригано, може и босилек, сечкан лук, презла или трошки од интегрален сув леб, ги додаваш исцедените тиквички, правиш ќофтенца, ги ставаш во тава со маслиново масло (на почеток позагреано за да не се залепат), па откако ќе се потпржат, додаваш малку вода или сос од домати, ги покриваш и ги оставаш да се динстаат на тивко..



(Одговор на членот Sanja)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: да готвиме заедно
12.11.2009 13:33:10   
profesorica

варени шкембиња

1 кгр. телешки или дебели
говедски шкембиња,
зелен за чорба,
2 главици кромид,
2 лажици брашно,
1 лажица црвен пипер,
струган кашкавал,
масло и сол.

Исчистете ги добро шкембињата, измијте ги и ставете ги во сад да се варат во солена вода, заедно со зеленот за чорба. Кога ќе се сварат и ќе омекнат оставете ги да остинат а потоа исечете ги на танки резанки. Во сад на врело масло испржете го ситно исецканиот кромид, потоа с,тавете ги шкембињата и продолжете го пржењето. Кога ќе се пропржат посипете ги со црвен пипер. Посебно пригответе запршка од брашно и масло. На брашното налејте од водата во која се вареше шкембето. Ставете ја запршката врз шкембињата и оставете ги да се варат половина час. При служењето посипете ги шкембињата со струган кашкавал.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: да готвиме заедно
20.11.2009 1:11:01   
Anushka
пилешко кари е многу успешна и оригинална варијанта за салата:
- пилешки гради 5оо гр.
- кромид 1 кгр.
- магдонос китка
- лукче три ливчиња
- масло, сол, вегета, бибер по желба
- мелено морско оревче по желба
- лажичка кари 
- лажичка црвен пипер
се приготвува како класичен гулаш, но е вкусно и изладено, како салата со кисели краставички или рижото 

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: да готвиме заедно
30.11.2009 13:49:22   
penelopa
Денес за ручек ке правам Гувеч со свинско месоuser posted image .
Еве до рецептот:
Потребни состојки:
  • малку   Сол
  • 500 грама Свинско
  • 100 милилитри Масло
  • 4   Кромид/а
  • 500 грама Компир
  • 400 милилитри Доматен сок
  • 1 мала лажица Црвен пипер
  • малку   Црн пипер  

  • Подготвување: Месото исчукајте го, потоа посолете со црн и црвен пипер и оставете малку да отстои.
    Компирот исечен на парчиња измешајте го со ситно исечкан кромид и се заедно измешајте.
    Половина од оваа смеса наредете во подмачкан плех. Месото ставете го врз компирот и оризот, па покријте со другата половина од компирот.
    Прелијте со пола литар млака вода во која претходно  сте раствориле сол и црн пипер по вкус. Ставете во загреана рерна да се пече.
    Кога компирот ќе омекне прелијте го со 500 гр. сос од домат и вратете го во рерна да се испече.
    Служете топло.

    < Поракaта ја уредил penelopa -- 30.11.2009 13:50:07 >


    _____________________________

    "When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

    (Одговор на членот daniel)
  • Непосредна врска до пораките: 6
       RE: да готвиме заедно
    3.12.2009 13:24:40   
    Еца
    Жени ајде напишете го вашиот рецепт за Гулаш, како го правите? Сакам денес да правам.

    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот penelopa)
    Непосредна врска до пораките: 7
       RE: да готвиме заедно
    3.12.2009 13:42:53   
    Bibi_S
    Јас вака го правам

    2 -3 главици кромид
    500 кг  телешко месо на парченца исечкано
    1 литар доматно пире (најубаво ми е од Рискоса или Дивела) или домашна или со свежи домати
    зачини (сол, црн пипер)

    Го пропржуваш исецканиот кромид, го додаваш месото да се пропржи малку, па се става доматата, и зачините.

    Мене најубав ми е со тестенини или со пире мммммм





    _____________________________

    Every cloud has a silver lining

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 8
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 14:55:08   
    vezilka RR
    луѓе помагајте..се испофалив дека утре ќе правам подварок,,а поима немам како се прави..

    (Одговор на членот profesorica)
    Непосредна врска до пораките: 9
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 14:59:49   
    caci20
    so kakva zelka i ne znam sto podrazbiras pod podvarok. nie po doma podvarok vikame za rasturena sarma

    (Одговор на членот vezilka RR)
    Непосредна врска до пораките: 10
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 15:01:07   
    zami
    aj da pomognam, ama neznam vo gramaza, posto jas gotvam ,,po tamina,,

    pomala glavicka kisela zelka, isecena na positni parcinja, edna do dve saki oriz,, zacin, sol, biber, zejtin
    se se stava vo tava, se naliva voda (za da se svari orizot) i se tece vo rerna.
    ubavo e koga e zelkata sitno iseckana i odozgora da se podzapece, malku da pocrveni.
    moze da stavis i meso iseceno na parcinj, ama podvarokot si e ubav i bez meso.

    (Одговор на членот vezilka RR)
    Непосредна врска до пораките: 11
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 15:09:11   
    vezilka RR
    епа и јас не знам што е тоа подварок :)) ние тоа дома не сме правеле, арно ама пред некој ден на гости јадевме и јас се затрчав да кажам дека ќе правам :))) по се изгледа дека е тоа што го пиша zami, нешто така ми личеше и мислам дека имаше парчина пушено мисиркино месо..Фала zami..ќе пробам

    (Одговор на членот zami)
    Непосредна врска до пораките: 12
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 15:15:44   
    mami
    еее да да моите ставаат пушено месо во подварокот, јас не го јадам, ама знам дека има и месо само не премногу

    (Одговор на членот vezilka RR)
    Непосредна врска до пораките: 13
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 15:19:34   
    zami
    rasturena sarma e bas sarma ama rasturena, znaci site isti sostojki kako sarma, a podvarok e samo so oriz i so parcinja meso a ne meleno.
    i podvarok isklucivo so kisela zelka. a dali ke ima meso ili ne e stvar na vkus.

    (Одговор на членот caci20)
    Непосредна врска до пораките: 14
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 16:31:22   
    Еца
    И дома моите и еве тука, кога правиме подварок го правиме со кисела зелка, и пушеници, најчесто ребра. Во тенџерето во кое планираш да готвиш ставаш сејтин, па сецкан кромид и праз, ред зелка цецкана покрупоно од кога правиш зелка салата, ред ребра пак кромид и праз, пак зелка,додаваш сол по потреба еден ловоров лист, ставаш вода колку да ја облие зелката и ја вариш, нема потреба од мешање, но да ја вариш едно 3 часа на пониска температура. Повкусно здравје.

    А растурена сарма ја викаме зелка со мелено месо и ориз, подпржено се убаво со кромид и праз на рингла во тава и потоа ја печам во рерна. Исто така и тоа многу ми се допаѓа.




    _____________________________

    Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

    (Одговор на членот steci)
    Непосредна врска до пораките: 15
       RE: да готвиме заедно
    11.12.2009 16:40:09   
    vezilka RR
    едно глупаво прашање, ама што да правам, поима немам од готвење..се вари на рингла или во рернаuser posted image

    (Одговор на членот Еца)
    Непосредна врска до пораките: 16
       RE: да готвиме заедно
    7.5.2010 15:35:59   
    Тања РР
    Ajде драги мамички помагајте. Имам околу 2 кг телешко месо. Го ставив да се вари. Планирам пола да го зготвам денес другата половина нека остане за утре. Е сега, дајте ми идеја (и рецепт по можност) со што да го направам денешното јадење. Уште се мислам.user posted image

    (Одговор на членот caci20)
    Непосредна врска до пораките: 17
       RE: да готвиме заедно
    7.5.2010 15:39:42   
    matushka
    So boranija, morkov i kompir. Epten e vkusno.

    (Одговор на членот Тања РР)
    Непосредна врска до пораките: 18
       RE: да готвиме заедно
    7.5.2010 15:56:07   
    Палешка РР
    Би направила тава вака:

    Пропржи го месото со една главица кромид, стави црвена пипер, еден рендан домат, една сецкана пиперка и остави да се пропржи. Смесата стави ја во тава и додај компири, ако имаш грашак и боранија, ако не - не user posted image
    Многу е вкусно.


    _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот matushka)
    Непосредна врска до пораките: 19
       RE: да готвиме заедно
    7.5.2010 15:58:15   
    Палешка РР
    И нормално печи во рерна еден часuser posted image

    _____________________________

    When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

    (Одговор на членот Палешка РР)
    Непосредна врска до пораките: 20
       RE: да готвиме заедно
    7.5.2010 16:35:53   
    Тања РР
    Офффф глупава јас. Не било телешко туку свинскоuser posted image user posted image . Некој ми ги помешал штипките. Кога се свари го пробав- свинско. Ставив компири да се варат, пире ќе биде а месото малку ќе го запржам да зарумени.
    Фала палешка на рецептот, ова може за недела да го спремам.

    (Одговор на членот Палешка РР)
    Непосредна врска до пораките: 21
       RE: да готвиме заедно
    14.6.2010 11:46:20   
    brineta88
    Треба да направам тава ориз со пилешко. Месото ми е готово само уште оризот. Некој нека ми каже како да го подготвам бидејќи првпат правам ориз. Помооооооооооошuser posted image

    _____________________________

    Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

    (Одговор на членот ananikol)
    Непосредна врска до пораките: 22
       RE: да готвиме заедно
    14.6.2010 11:55:18   
    beki RR
      Оризот вака го правам, пржам малку кромид и рендам внатре морков , вегета,после го ставам оризот да се пропржи малку и после ја турам водаат од месото да го покрие оризот и можи уште малку.Оти ако има многу вода многу ќе се рашкашај а ако е малку нема да се свари доволно.И го ставаш во рерна .Тоа е тоа.

    (Одговор на членот brineta88)
    Непосредна врска до пораките: 23
       RE: да готвиме заедно
    14.6.2010 11:57:11   
    brineta88
    Фала беки. ајде да се фрлам на работа па после ќе пишам како се погоди

    _____________________________

    Women were made from a man''''''''''''''''s rib, not from his head to be superior, not from his feet to be walked on, but from his side to be equal, from under his arm to be protected and from next to his heart to be loved...

    (Одговор на членот beki RR)
    Непосредна врска до пораките: 24
       RE: да готвиме заедно
    14.6.2010 12:27:46   
    Maca25
    бринета ако ставиш една шоља ориз (од кафе или од млеко)треба да ставиш 3 вода ( или од водата во која се варело местот) . Значи размер 1 спрема 3. Барем јас така правам. Јас обично додавам во оризот и замрзнат зеленчук (она златни мешанац).

    _____________________________

    To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

    (Одговор на членот brineta88)
    Непосредна врска до пораките: 25
    Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
    Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
    Оди на:






    Анкета

    Цртани филмови.
    пеперутка16

    Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?