Еца -> RE: RE:Неизбежен развод (5.12.2009 14:31:27)
|
Во вториот квартал од годинава има за 29,1 отсто повеќе разводи од истиот период лани Драстично скокна бројот на разводите во земјава. Според последните статистички податоци, во вториoт квартал од годинава бројот на разведените бракови е дури за 29,1 отсто повисок во споредба со истиот квартал од 2008 година и изнесува 439 разведени брака. Најмногу бракови се развеле во Скопје - 117, потоа во Гостивар - 24 и во Битола - 18. Додека немало воопшто разведени бракови во Арачиново, Вевчани, Градско и Вранешница. Само еден брак е разведен во Валандово и по два развода се регистрирани во Берово, Сарај и Боговиње. Зголемен е и бројот на склучените бракови, но за 5,4 отсто, и тој изнесува 3,529 бракови. Во цела 2008, пак, биле склучени 14.695 брака, што во споредба со 2007 година било помалку за 5,1 отсто. Според последните статистички бројки, може да се заклучи дека оваа година, најверојатно, нема да заврши како ланската, кога бројот на разводите на годишно ниво забележа намалување од 14,7 отсто во споредба со 2007 година. Односно, во 2008 година имало вкупно 1.209 разведени брака. Најмалку разводи лани имало во август - 2,5 отсто, а најмногу во декември - 11,4 отсто. Најмногу се разведувале младите на возраст од 25 до 29 години. Која е причината за зголемувањето на бројот на разводите во земјава и дали и влошената економска состојба во изминатиот период од една година има влијание врз таа состојба? Според социологот Илија Ацески, врз разводите влијаат повеќе субјективни и објективни фактори и не е строго дефинирано што е главната причина за луѓето да се решат за развод. Факт е дека во последните седум-осум години, граѓаните, особено младите, живеат во една сурова, постмодерна состојба на индивидуализам, на губење на авторитетите во семејството, на топење на традиционалните, општествени вредности и пад на моралните норми. Од друга страна, постојано се влошува економско-социјалната ситуација и се губат работните места. „Се вкрстуваат повеќе фактори и, на крајот, како резултат се добива висок процент на разводи. За разлика од западните земји, како што се Англија или Шведска, на пример, каде што економско-материјалниот статус не е главната причина за високиот број на разводите, во Македонија тоа е еден од главните фактори. Најмногу влијаат безработицата и нерешеното станбено прашање“, вели Ацески. Тој додава дека до пред десетина години, Македонија според бројот на разводите беше на дното на скалата во Европа. А, според сегашните движења, за кусо време ќе се приближи до европскиот висок просек, и според разводите и според бројот на склучените бракови, што доведува, пак, до пад на наталитетот. Тоа, според него, е карактеристично за сите земји во транзиција, не само за нас.
|
|
|
|