RE: Неплодност и туѓа бременост (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


kapina -> RE: Неплодност и туѓа бременост (26.2.2012 23:29:59)

na mene mi e mnogu tesko se boram da  go zadrzam rabotnoto mesto da ne me izbrkaat zatoa sto mnogu cesto odam po bolnici toa mi go rece mojata sefica i posle den dva mi dade dokument da potpisam oti ne sum vadela norma i ako za dva meseci ne izvadam norma ke me izbrkale od rabota a nema vrska jas vadam norma celta  im e da me izbrkaat od rabota  bidejki se boram so sterilitetot i trckam po bolnici tie denovi kolku samo solzi proleav placejki i tamu na rabotata im kazav ima gospod gleda se na tie sto se odgovorni imate deca na moja vozrast  kako ke vi e da se na moe mesto 




Џесика -> RE: Неплодност и туѓа бременост (26.2.2012 23:45:23)

Капина, мила немој да се нервираш нормално дека е тешко и дека ќе се трудиш со сите сили да останеш на работа и да се докажеш, не дозволувај лесно да те испровоцираат па да те држат во рака, биди стрплива, смирена, а сепак јака, се ќе си дојде на свое место, замоли ги за разбирање, вети дека понатаму ке надокнадиш... убав збор секогаш пали... ти посакувам среќа и многу позитивни мисли [sm=bravo.gif]




Ikana -> RE: Неплодност и туѓа бременост (27.2.2012 10:26:12)

Lele be sto e so lugjevo vo ovaa drzava, tolku li se zlobni site? Bog da cuva, aman vekje od krienje i od zakani i uroci i sto ti ja znam! Lele neka si go ziveat zivotot i neka brkaat rabota!
Lindicka jas da sum na tvoe mesto bi i se nasmeala i bi i rekla na prijatelkata od se srce ti posakuvam se najdobro, a kapina na tvojata sefica bi i dokazala deka e moronka i deka ti si neophodna na toa rabotno mesto. Pa neka zbori posle. Tuku kakvi igri ima po firmivie i instituciive, toa e skroz druga tema, sekoj si go vcuva parceto leb. Mnogu teski vreminja dojdoa, se gleda po mentalitetot na lugjeto, po standardot itn....




linak -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 0:17:56)

Како минува времето со обидите за бременост така мене ме фаќаат некои неубави мисли кога гледам другарки или братучетки со бебиња,а кај нас сеуште нема ништо [sm=smiley19.gif] Имаме комшии со кои си живееме така почесто си одиме на гости,тие имаат дете од 5години,е сега јас почнав да се фаќам себе си како ми наидува некоја тежина секој пат кога комшивката ќе почне да ја гушка и да ја бакнува малата кога сме со нив во смисла дојди мама да те гушне,дојди да те бакнам,леле колку те сакам.... не дека сум љубоморна или им завидувам,далеку од тоа, туку ете така ми доаѓа некоја тежина во душата во такви моменти,јас го осеќам тоа како да се фали а можеби нема врска....и јас си се чудам на самата себе[sm=smiley13.gif] од друга страна пак имаме и други пријатели кои исто имаат детенце од 4год.и со нив во друштво никогаш не сум се почувствувала така како со овие првите,можеби некако поинаку се поставуваат луѓето незнам. А дека иритира тоа што насекое те прашуваат да не има нешто ново и те загледуваат онака во стомакот на секое ново сретнување-иритира,макар што има исклучоци на луѓе што никогаш ништо не прашале во врска со тоа и ја почитуваат интимата.




mommy_angels RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 10:20:09)

Линак сите што сме го поминале тој пат,во одредени периоди сме се почувствувале така.Не грижи се ,јас мислам дека е сосема нормално.Не дека не се радуваш на туѓата среќа или им посакуваш лошо,туку едноставмо и ти посакуваш да го имаш сето тоа.Мене ако ме прашуваш тоа се емоционални падови кога посакуваш да си во туѓа кожа.Еве јас на пример не можев да отидам на мекици кај две бебенца,оти не можев да го издржам тоа во тој момент.Кога ми се роди едно многу блиско бебенце бев во најтешкиот период од животот,чувствував возбуда и си го сакав,ама ете во тој момент душата не знаеше да ми се радува.Па ете Господ сакаше и јас да си се радувам на мое детенце.Знаеш ,она што не не убива,не прави поцврсти.Ние жените можеме да издржиме многу повеќе,а што е твое ќе си дојде.Тогаш кога ќе треба да биде и ти ќе си се израдуваш на твое сонценце




Goddess* -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 10:33:20)

Gi ima,gi ima bash takvi,shto bucaat megu rebra so tolku naivni niski udari,umeat takvite mnogu dobro da driblaat dlaboko emocionalno.Ako si se osetila ili te skokotnala na nekolku pati naivno,proretchi gi posetite za nekoj izvesen period,jas bi[sm=hudicek1.gif],ni naj malce imam ushi na magare[sm=hudicek1.gif]




Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 11:08:52)

linak, ама ептен те разбирам... како што проаѓа времето, станува се потешко и потешко. Најлошо ми е што за блиски луѓе чувствувам и радост, ама и штознам, може е љубомора, баш тоа тешко чувство што го спомна... измачуваат такви подвоени чувства.

Ќе ни дојдат на гости со бебињата, си ги гушкаат, си зборат, знам дека не се фалат, ама седам од страна како мајмун и не знам што да правам со себе... Имам една другарка што изгуби неколку бебиња, поминав со неа низ сето тоа, плачевме заедно, се радувавме заедно на секои нови две црти, успешни операции и процедури, и еве сега фала богу има здраво право бебе. Отидов во болница, се ок, ама еве се уште не можам да и отидам на повојница... и ќе пукнам колку ми е незгодно ама тоа е. Имаме неколку блиски што знаат низ што проаѓаме и стварно внимаваат, ама има и такви што се ми се чини дека баш па намерно зборат само за тоа и прашуваат, квазидобронамерно - што има ново, до кај сте, дрн дрн и после зборат по трети луѓе... Јас решив да игнорирам такви ликови и да не споделувам ништо со некој што нема капацитет да ме разбере и да сочувствува.

Како и да е, важно ние тука сме ок меѓу нас, полни со разбирање [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 12:13:17)

Девојки наполно се разбираме, сите кои го поминуваме ова, знаеме што зборуваме и секоја од нас ќе се најде во постовите од некоја од рингерајките. Старите викаат "сититио гладниот не го верува" и кој не поминал низ овој трнлив пат нема да разбере. Нормално е да постои лутина зошто кај другите има, а кај нас нема.

Она што мене ме налути досега е пак обратното, имав пријателки кои кога беа бремени, избегаваа да се дружат со ние што не сме, дури тогаш и не бев во брак, да не им наштетиме некако, бре бре. Баш во тој период и досега воопшто не бев завидлива или љубормона, викав кога имаат другите ќе имам и јас...таман работа. И баш ми беше нејасно зошто така се штитат и не избегнуваат....мислам дека никогаш така не би правела, кај е Господ никој не е, таман работа дека пријателка може да ми наштети за бременоста....но ете се има меѓу народот.

После ова мое ИВФ, малку ми е потешко да се дружам со пријатели кои имаат деца, но не заради тоа што им љубоморам, туку зошто психички сум уморна од она што пројдов, па немам енергија, а со дечињата обично си играм кога ќе се видиме, им правам смешки, цртам со нив играм игри, а сега немам сила, ќе ми треба еден период да ја соберам....

Е затоа девојки паталци се разбираме зошто не сме гаталци и сме осетиле на наша кожа како е. Тие што се чувствувате немоќно во моментот, нормално е и не се чувствувајте виновни, фаза е, мора да помине.. поззз[sm=smiley31.gif]




Kvisko -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 14:40:46)

И мене ми е ептен тешко. Ај што ми е тешко кога гледам како сите околу мене без никаквка мака си добиваат деца туку што потоа се обвинувам себе си дека не треба да ми е тешко. И така си се вртам во круг на себе-обвинувања и очајувања. Ама сега согледувам дека ете нормално е така да се чувствувам и дека не сум сама.
Ви благодарам на сите и се надевам дека брзо ќе се префрлиме сите во поубави теми.




Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 15:07:57)

Тоа е, баш е сит на гладен не верува. Мене ми е па уште потешко кога гледам како се жалат од бебињата, и како ги обвинуваат за сенешто - им го смениле телото, не биле наспани, не можеле ова, не можеле она, смислуваат лоши шеги на сметка на бебињата... па уште и една мајка, на кенкањето на нејзиното бебе, ми рече - дали си сигурна дека сакаш дете... ај важи, bitch-slap! [sm=smiley36.gif]




kapina -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 15:49:58)

Of lele lele bolna tema za razgovor ne mise razgovara na ovaa tema boli mnogu dusata pogotovo sega otkako mi se sluci toa site moi bratucetki sestra mi jatrvata odimaa deca samo jas ne




LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.12.2013 16:08:32)

Anonimen, ти благодариме. Твојот пост ќе биде префрлен во Рецепт за зголемување на можноста за забременување. Позз




Sanosan24 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (4.1.2014 21:34:26)

Се радувам но истоврмено се прашувам дали јас би ја доживеала таа среќа еден ден.
ме преплавуваат емоции и [sm=smiley19.gif]..




АнаПетар -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.1.2014 17:35:25)

Не е дека не се радувам на другите дечиња, но...не се чувствувам убаво кога ќе ме повикаат на детски роденден - нели обично покануваат мајки со деца, а каде јас меѓу нив - некој претходно беше напишал „седам како ќуп“ додека тие трчкаат по децата, а што можам друго да направам? Ги чувствувам нивните погледи полни со сожалување и знам дека мислат дека не сакам деца бидејќи не ги заигрувам ниту им се лигавам на дечињата, а вистината е сосема друга...како да си паметен да постапиш во таков случај...срцето ми плаче, и знам дека се анализира секој чекор, секое движење што ќе го направам - ако ги држам малите дечиња и си играм со нив знам дека си мислат „кутрата“, ако ги игнорирам и не покажувам тага - тогаш сум злобна...а секој месец ме канат на по минимум два родендени или мекици. Да ви кажам веќе престанав да одам. Нека ми прости Бог, им се радувам на сите, но мислам дека не заслужувам да страдам
Од друга страна, пак знам дека и на братучетките и на пријателките не им е лесно - можеби чувствуваат во каква ситуација сум, но се плашат да не ме повредат ако не ме поканат заедно со другите...како и да е, не можам повеќе ова да го поднесам, а и родендените се за деца, не за возрасни...оние возрасни кои се поканети се таму заради нивните деца, па не гледам причина зошто би ме канеле и мене. Ама ич нема да им се налутам да не ме поканат.
Простете за искреноста, морав некому да кажам




kapina -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.1.2014 17:52:15)

Anapetar dusicke jas denes se custvuvav taka na jrstevkata na jatrvata na deteto dosadno po dosadno ne mi bilo nikogas. mm se rasplaca od maka oti znae oti edinstven nacin e da ima deca e so ivf placrese vo crkvata oti sega mesto da se spremame za poroduvanje nie pak ke gi spremame dokumentite za ivf. placese zatoa sto brat mu go krsteva negovoto vtoro dete a on seuste nema nitu edno. koga si dojdovme domce samo se gusnavme silno i placevme i dvajcata no za sreka ima nadez sto ednas ostanav bremena. i sega mozda pak ke ostanam




АнаПетар -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.1.2014 18:00:01)

Ееее Капина, ич не ми е проблем со ин витро да добијам дете, само да добијам така или вака -проблемот е што никој не разбира дека за ин витро требаат пари и се чудат зошто немам пари за подароци за родендените на нивните деца...ова не се издржува ни психички ни финансиски...ама што да правиме, мора да издржиме. А колку за илустрација, да ти кажам дека и братот на мојот сопруг има две деца, а ние сме и постари од нив ама тоа ти е, некој порано, некој подоцна, некоја без мака, некој цел живот со мака...и никој не те разбира и не се става во твоја кожа




АнаПетар -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.1.2014 18:03:23)

Еве читам погоре - си имала и проблеми на работното место, ах душичке, знам како е, и мене кнедла во грло ми е секој пат кога барам да ме ослободат од работа заради испитувања, последниот пат морав и копија од упат да однесам - срамота, да гледаат таму што се ќе испитувам, па каде е приватноста овде, што се мора една жена да направи за да го задржи достоинството. Ете сега кога ќе одам да ги подигнам резултатите, пак треба да се ослободувам, а немам упат да дадам како доказ...туку ај, нека им служи на чест, а како Господ никој не е




kapina -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.1.2014 18:29:07)

A jas kazav zatoa oti ke im viknam inspekcija i nemam tolkav problem si gi izrabotuvam casovite i potoa odam nabolnica vcera i zavcera rabotev prekuvremeno pa da odam na bolnica vo vtornik. i mm e postar od deverot i jatrvata a jas sum najmlada od site no pred niv se mazivme no toa e jatrrvata i sestra mi dobijaa deca bez problem i sit na gladen ne mu veruva svekrvata denes najmnogu mi gi krena nervite koga gi blagoslovuvase pred mene za treto dete




Tanjat7880 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.1.2014 22:20:27)

Ve citam I nemozam da se vozdrzam od komentar(inaku na vakvi temi sum vozdrzana).Nemav dete celi 5 godini (problemot beshe od druga priroda I nebeshe neplodnost)no sepak nikogash ne sum cuvstvuvala zavist kon niedno dete,sum gi smetala bogatstvo.
Imam dva primera od mojata bliska okolina koi sakam da vi gi posocam.Ednata e moja tetka od majcina strana koja nema deca a drugata e moja strina na tatko mi brat zena koja isto taka nema deca.
Prvata e krajno nedostapna,od celata nasha familija samo za dvajca vnuci se grizi I nishto povekje ne ja interesira,taa nedoagja na rodendeni(osven na spomnatite dvajca)taa nerazgovara so nas taa nedoagja nitu na pomeni....ja zalam,iskreno ja zalam shto e tolku slepa!
Vtorata e sekade prisutna,vecen stolb vo mojot zivot,vecen optimist,prav drugar,od operacija izleze I prvo shto napravi dojde kaj mene vo bolnica da go vidi mojot sin za koj rece deka bil ko od BURDA IZVADEN(I kako toa da I go zaboravam?)Nikogash ne sum pocuvstvuvala lubomora nitu netrpelivost od nejzina strana kon nikogo..eve nemam majka no ona mi ja zamenuva dostojno!Nejze ne bi ja menuvala za nishto na svetot I e prav drag kamen vo nashata familija!
Ona e golem covek I jas sakam barem malku da I ja imam taa golemina!Potrudete se I vie dragi moi,mislam I veruvam deka ke najdete sila za toa I set_o toa ke vi bide na vam od korist![sm=smiley31.gif]




kapina -> RE: Неплодност и туѓа бременост (12.1.2014 23:04:01)

Tesko e mnogu e tesko toa veruvaj mi sekoj sam si znae kako mu e mozda ne ja pokazuva taa praznina vo dusata no ne veruvam deka ja nema I jas odam na rodendeni I seto toa no prazninata ja osekam kogake si dojdam doma I koga sedan I samo gledam kako drugite se rastrcani okolu nivnite deca a jas sedam kako kup samo




mommy_angels RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 8:42:22)

Тања сосема те разбирам што сакаш да кажеш,ама еве јас сум некој што бил и од двете страни(седум години борба со неплодност ,а сега мамичка на скоро двегодишно ѕверче).Во однос на твоите тетки ,јас би рекла дека и двете се чувствуваат сосема исто,само што едната решила тоа успешно да го прекрива,а другата да си го искаже во јавност.Празнината и копнежот за сопствено дете кај една жена никогаш не може да го замени нечие друго дете колку и тоа да ти е блиско и да го сакаш,сепак не е твое [sm=smiley13.gif].Не дека некој не се радува на туѓата среќа,ама ете, можеби себично звучи,секој си ја сака и сопствената среќичка.Мислам дека веќе имам напишано,Капина,АнаПетар,за мене овие ваши чувства ми се сосема природни.Има моменти на падови ,но има моменти и кога си способен да ја споделиш туѓата среќа,реагирајте баш како што си се чувствувате во дадениот момент.Ако ви се оди,одете,а ако не останете си дома,таму каде што ви е најубаво.Навистина нема потреба од себеизмачување,за да се задоволат нечии желби.




Goddess* -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 12:17:18)

Potpolno se soglasuvam so mommy,sekoj chovek si e prikazna za sebe,site na isti nachin ne iskazuvame emocii,chuvstva,dal so deca ili bez deca,ama apsurdno mi e da recham deka drugite deca od strinki,tetki,braka,sestri se i zamena na onie na koi seushte nemaat deca,na kraj kraeva sopstvenite deca se znae so kakvi nazivi si gi dovikuvaat roditelite so MAMA I TATO,a na tetkite so TETO taka[sm=zmeden.gif].Taka da svoe si e svoe,da ne se zalazuvame.




Tanjat7880 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 12:49:22)

Moeto dete e moe bogatstvo,moite vnuci se moj capital!Se gordeam so sebe shto eve od ovaa distanca mozam da si cestitam shto na sekoe moe vnuce od srce sum se izraduvala I sekoj niven nastan bilo radosen ili tazen sekogash sum bila so nov,ne kako so mojot sin no sepak sum se raduvala ili taguvala na se novno.
Primerot koj go dadov sakav samo da posocam deka nashiot stav vo zivotot moze samo nas da ni pomogne,mozeme da bideme ogorceni I nesvateni ili sakani I pocituvani pa ete neka bide toa i od vnucite.
Najgolema srekja e sopstvenoto dete,toa ne go osporuvam no zabelezuvam deka I sekoe drugo tugjo dete e vredno za radost!




Kvisko -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 13:33:10)

Tanjat7880 никој тука не спори дека секое дете е богатство. Ние тука само се помагаме една на друга во пребродување на нешто кое што вие за ваша среќа никогаш во животото не сте го доживеле. Ние тука зборуваме колку боли да немаш сопствено дете, кога сите други околу тебе без мака имаат, кога сите други со деца кажуваат уживај види овие моиве мене душата ми ја зедоа а тебе те боли душата баш некое такво ѕверче секоја вечер да те буди со плачење наместо да се гушиш во сопствените солзи затоа што претходната вечер си бил на детски роденден и потоа си се вратил во празен стан со празни раце и согледуваш колку многу ти недостига дете во животото. Колку многу ти недостига сопствена радост.

И да тешко е да бидеш несфатен, а на луѓето им е многу тешко да ја сфатат болката и тагата. И вие колку што гледам не успевате да ја согледате ниту нашата болка ниту очигледно болката на двете ваши тетки. не се работи за монструми тука, се работи за жени кои навистина живеат со тага и болка секој ден. Најмалку им треба некој да им соли памет. Доволно се сите паметни.




Melanija RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 13:41:41)

Нашата борба за бебе траеше 3 години, и да имало денови кога по улица вртев глава да не гледам бебиња во колички но само бебиња но тоа се случуваше додека ја немав прифатено ,,војната,,првата година.
Јас донекаде можам да ги разберам некои рингерајки , но некои постојано им е во мисла туѓата блиска бременост.Сите се раѓаме со различна психа,некој полесно некој потешко ги прифаќа животните пречки.

Капина се читаме на Рингераја сигурно 2 години,те разбирам ,но постојано негативно коментираш и доживуваш децата на јатрвати,може многу ти згрешила и таа и свекрвати,но твоето пишување не го оправдувам.Да пишеш дека нервите ти се кренале поради благослов за трето дете [sm=smiley3.gif]Тоа се твои чуства твое е да пишеш,но за мене е неприфатливо.

Имам само еден совет последната година од нашата борба јас бев целосно ослободена од мисли како може некои да се бремени, колку и да звучи неубаво но тоа до некаде е завист кон тие кога си борба за бебе.И таа цела година се изнарадувавме на многу бременост и бебчиња на блиски,подалечни,познаници ,родендени и мекици.Срцето ми беше исполнето,верував дека нашиот ден ќе дојде .Токму тогаш изненадно забременив.Затоа верувам во опуштање и убави мисли.




Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>