RE: Неплодност и туѓа бременост (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


mommy_angels RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 13:44:48)

И на сето ова само би додала дека она што го преживуваат жените во борба за детенце не би го посакала ниту на тој што ме мрази најмногу,а чувствата што Квиско ги наброи ,сите оние што не ги доживеале треба секојдневно да му благодарат на Бога.Тешко е да се разбере,не се работи ниту омраза спрема другите,ниту за посакување на нечие зло,едноставно боли.Не е тука Тања во прашање огорченост,тука се работи за болка и чувство на немоќност да си го оствариш тоа за што срцето пати .
Мили жени јас се што можам е да речам издржете,се си доаѓа во свое време.




kapina -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 23:09:04)

Ne me iznerviraa so toj blagoslov no nemaa losa namera znam a inaku za rodendenovci I na sestra mi I kazav oti nemozam da odam na vnuceto moe bev na rodenden pred nekoj den no oti mu bese prv rodenden zatoa ne mi se ode na rodendenovci na takvi. raboti ne se cuvstvuvam prijatno mozda zvuci sebicno no toa e. a za jatrvata I svekrvata toa sto ne gi podnesuvam karaterno ne znaci oti gi mrazam




Tanjat7880 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 23:18:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

И на сето ова само би додала дека она што го преживуваат жените во борба за детенце не би го посакала ниту на тој што ме мрази најмногу,а чувствата што Квиско ги наброи ,сите оние што не ги доживеале треба секојдневно да му благодарат на Бога.Тешко е да се разбере,не се работи ниту омраза спрема другите,ниту за посакување на нечие зло,едноставно боли.Не е тука Тања во прашање огорченост,тука се работи за болка и чувство на немоќност да си го оствариш тоа за што срцето пати .
Мили жени јас се што можам е да речам издржете,се си доаѓа во свое време.

Jas I predhodno kazav deka se borev za dete 5 godini I znam kako boleshe I kolku beznadezno beshe,se mi e poznato no....aj zaludno da zboruvam,sekoj ima svoj stepen na izdrzlivost pri bolka...
Jas bev OGORCENA vie site mozda ne no jas bev DA,no ne kon necii tugji deca nego kon mojata situacija,mozda ogorcena sum I sega,mnogu moi imaat I dve,tri pa duri I cetri deca,jas ke si ostanam samo so ova(no nadezta posledna umira)no toa neznaci deka ljubomoram na tie vtori treti deca..
Kako I da e,rekov ne se izjasnuvam na vakvi temi,me isprovocira eden post I neuspeav...borete se devojki,borete se so set_a sila na ovoj ili onoj nacin,izborot e vash!




АнаПетар -> RE: Неплодност и туѓа бременост (13.1.2014 23:28:22)

Јас само уште нешто ќе додадам бидејќи имам многу такви примери - штом ќе добиеш дете веќе си на другата страна и гледаш со други очи на се. Ретки се тие што паметат како се чувствувале, а седум години исчекување и една не е исто. Во текот на тие седум години сум имала и јас години кога сум била поопуштена и кога повеќе сум ја прикривала тагата, и сум скокала од радост за туѓите деца....а и сега се радувам, но мојата болка е седумгодишна и се подлабока, за жал...
Не знам зошто мислите дека тие што пишавме овде не се радуваме на туѓата среќа. Да, се радуваме но не значи дека ние треба да бидеме казнети како аутсајдери и да седиме во ќош на некој роденден затоа што тоа реално е така и боли. Не гледам причина зошто некој ме кани да се самоизмачувам и да ми биде непријатно на роденден каде поканил деца со мајки. Не е моја вина што немам деца и ако треба на драга волја ќе му појдам на роденденско кафе во некоја друга прилика кога нема да се чувствувам изолирана затоа што не сум и јас мајка. Не можеме да пиеме кафе сами во средина која ми е пријатна? Ај замислете се вие да сте инвалид, а да ве повикаат на трка и да ви велат колку е убаво да се трча? Се работи за повредување на нечии чувства овде.
А за благословот на капина, да во ред е, но ако го слушаш тој благослов по сто пати на ден секоја недела секој месец секоја година веќе не е добронамерен. И јас не сакам да го слушам тоа и веќе кажувам „Оставете, Господ си ја знае работата“. Малку треба да се внимава. А колку што прочитав, никој не навреди ни трудница ни мајка тука. Сите сакаме тоа да бидеме, не е спорно, но не мора некој како нож во срце да ми го забива тоа секој пат кога ќе ме види.
Мило ми е што има некој кој ме сфатил и размислува поинаку. И колку и да е себично, одбивам да бидам мазохист.




vezilka RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 8:31:47)

Оној кој се борел со неплодност никогаш, ама баш никогаш не го заборава тој период, верувајте, бидејќи остава длабока трага во личноста на еден човек, те изменува засекогаш и не те остава целосно „да преминеш на другата страна“. Тој што два милиони пати седел над тестот со втренчен поглед и очи што ќе прснат од нетрпение, не може тоа да го заборави..без разлика дали траело една или пет или седум години или дали веќе има едно или пет деца. Можеби навидум изгледа дека сме заборавиле и сега паметуваме, ама верувајте дека не е така. И врувам дека тие што не канеле на родендените по игротеки не им била намерата да не повредат, и можеби не разбираат дека не се чувствуваме убаво таму, ама и тоа не е за замерување, тие не можат тоа да го знаат..и ние не знаеме нешто што не сме проживеале.

И уште нешто сакав да кажам, дека мажите се однесуваат порелаксирано во таа борба со неплодноста, не се согласувам. И кај нив тоа остава трага, но можеби поинаку ја изразуваат а и не се полни со вбризгани хормони како нас, па може да се исконтролираат. Мое мажле е поинаков човек после тој период, верувајте..мисли на работи кои порано не му паѓале на памет, има дупло поголема почит кон сите жени.




mommy_angels RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 11:09:05)

И уште нешто сакав да кажам, дека мажите се однесуваат порелаксирано во таа борба со неплодноста, не се согласувам. И кај нив тоа остава трага, но можеби поинаку ја изразуваат а и не се полни со вбризгани хормони како нас, па може да се исконтролираат. Мое мажле е поинаков човек после тој период, верувајте..мисли на работи кои порано не му паѓале на памет, има дупло поголема почит кон сите жени.

Да се надоврзам на ова,пред некој ден,поттикнати од случка на наша блиска особа,се навративме на тој дел од нашиот живот.После 3 години од се со ште се случуваше,на мм му потекоа солзи иако сега ,фала му на Бога си имаме среќен живот.Затоа не одалечувајте ги вашите сопрузи од вас,ниту пак да ги обвинувате.Баш како што рече Везилка,тие може подобро се контролираат од нас,ама дека нив помалку ги боли или се незаинтересирани не е точно.Оваа битка подеднакво ги засега и нив,единствено што ние жените го одработуваме и физичкиот дел [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 13:09:48)

АнаПетар, не знам што да додадам на се што напиша, сосема се согласувам со тебе. Таа празнина и болка што ја чувствуваме ние не може да се надополни со радост за туѓи деца, со играње со внуци или не знам што. Не сме ни злобни, ни себични, ниту пак се ситиме на туѓа среќа, само жалиме што ја немаме и ние, барем сега за сега.

Tanjat7880, имаше еден момент во твојот пост што прилично ме повреди - во име на сите нас тука, одбивам да бидеме споредени со твои тетки и стрини што немаат деца и што останале без деца. Зарем ни потпиша пресуда? Толку е за нас, крај? Зарем ни кажа како да се однесуваме со туѓи деца кога веќе немаме свои? Те молам, извини се, ова беше грубо и нечувствително. Btw, и јас имам тетка што почина без деца, дури и на плоча и стои тоа напишано, но се дистанцирам од неа, со надеж дека ете, јас и мм ќе имаме повеќе среќа.
И уште нешто - не сакам да навлегувам во твоја интима, но постојано ја споредуваш твојата ситуација со нашата, иако јасно назначи дека не било исто, не било прашање на неплодност. Ок, но во тој случај, нема споредба. Не знам зошто 5 години си немала деца и не ме интересира, но не знаеш што е ова низ што поминуваме ние.

Капина, знам мила дека ти се насобрани многу нешта, и дека ти тежи секој збор и на јатрва ти, и на свекрва ти, и сосема те разбирам, но може е време да се оттргнеш од тоа што те нервира и да почнеш да собираш позитивна енергија. Ич не им оди на гости, не ги викај, не ги гледај, и фокусирај се на убави нешта. Ти слободно кажи си се што ти лежи на душа, но мора, за свое добро, да се трудиш да се исполниш со оптимизам и весели мисли.

Девојки, поентата на овој топик е меѓусебна поддршка и разбирање, како што се кажа неколку пати, а не солење памет, мудрување и празно тапшање по рамо. Дајте да си го чуваме ова што го имаме, бидејќи проаѓаме низ тешки работи, и ретко се наоѓа човек што ќе те разбере. Не можам да ви опишам колку ми значи оваа поддршка што ја наоѓам тука од вас, не само мене, туки и на сопругот. Се радуваме и гледаме надеж со секоја нова трудница, верувајте. Не ја потценувајте неговата позиција и не ја намалувајте и неговата болка, бидејќи е подеднакво голема како вашата. А сета болка, сите проблеми, сите непријатности низ кои проаѓаме, мора да веруваме дека ќе поминат [sm=smiley1.gif]

Ве гушкам сите [sm=smiley31.gif]




nataly86 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 13:28:33)

Драги РР, ја читам цело време вашата конверзација и неможев а да останам нема.

Да не должам многу имам само едно да Ви препорачам погледнете го филмот the secret мене многу ми помогна во тие фамозни денови после трансфер, го изгледав не ве лажам неколку пати, пренесува порака за тоа како со нашите мисли и нашата позотивна енергија привлекуваме убави работи. Јас верувам во коцептот на добри енегрии и позитвни мисли.

Ве гушам сите




Hopeful RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 14:17:37)

nataly86, го имам гледано и ок е. Можеби не е плукни-залепи да се решат проблеми, но секако треба позитивни мисли, бидејќи слично привлекува слично [sm=smiley31.gif]




Melanija RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 14:27:40)

*kapina твојот пост е избришан,не е соодвете за оваа тема.

*
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful
Tanjat7880, имаше еден момент во твојот пост што прилично ме повреди - во име на сите нас тука, одбивам да бидеме споредени со твои тетки и стрини што немаат деца и што останале без деца. Зарем ни потпиша пресуда? Толку е за нас, крај? Зарем ни кажа како да се однесуваме со туѓи деца кога веќе немаме свои? Те молам, извини се, ова беше грубо и нечувствително.


Јас лично во тој пост на Tanjat7880 негледам никаква навреда,споредба ниту пак пресуда.Виртуелен свет секој различно чита и доживува.

*Темата е објаснета секогаш во првиот пост
ИЗВОРНА ПОРАКА: soncogled

Kako se cuvstvuvate koga ke slusnete vest za tuga bremenost (osven brat, sestra neli).

Jas na pr. sum mnogu oset_liva, se raduvam ama i srceto mi place vo isto vreme, zatoa sto ziveam so mislata deka nema da bidam mama. Denes mojata najdobra drugarka mi kaza deka e bremena, od 1 pat ostana trudna. Jas sum i presrekna i pretazna vo isto vreme, a ne sakam da oset_i deka toa me boli posto ona ne e kriva za toa.


*
ИЗВОРНА ПОРАКА: АнаПетар

Ги чувствувам нивните погледи полни со сожалување и знам дека мислат дека не сакам деца бидејќи не ги заигрувам ниту им се лигавам на дечињата, а вистината е сосема друга...како да си паметен да постапиш во таков случај...срцето ми плаче, и знам дека се анализира секој чекор, секое движење што ќе го направам - ако ги држам малите дечиња и си играм со нив знам дека си мислат „кутрата“, ако ги игнорирам и не покажувам тага - тогаш сум злобна...а секој месец ме канат на по минимум два родендени или мекици.


Ако тоа е така и се такви луѓе тогаш воопшто не ум кажувај чест да одиш,нека им служи ним на чест.

И јас никогаш не сум се лигавела ниту трудела по секоја цела да поиграм со некое дете.На блиска секако,зависно колку го познавам,катко дружење со детето и тоа е тоа.Но така се однесувам од секогаш а не кога неможев да забременам.Нема зошто по секоја цена да правиш тоа што не чуствуваш.

*
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Оној кој се борел со неплодност никогаш, ама баш никогаш не го заборава тој период, верувајте, бидејќи остава длабока трага во личноста на еден човек, те изменува засекогаш и не те остава целосно „да преминеш на другата страна“.


Токму така затоа НИЕ кои сме се бореле сме се уште тука отворени за совети и поддршка,

[sm=smiley31.gif]

[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Tanjat7880 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 15:22:20)

Ejj Melanija dobro si ne podredila I sredila[sm=smiley20.gif]
Ziveeme vo vreme koga medicinata e mnogu napred I zemja vo koja sekoe dostignuvanje na toa pole ni e dostapno(koshta seto toa,da,ni sepak go imame)
Zatoa devojki samo napred I cashata ne e poluprazna nego e polupolna!
Nemam namera nikomu da se izvinuvam,nekoj cita no ne docituva[sm=zmeden.gif]




Milicka 30 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (14.1.2014 23:22:06)

Dragi devojki uff ova mi stana vo posledno vreme mnogu bolna tema. Do pred nekolku meseci celo vreme koga nekoj ke mi soopstese od drustvoto deka se bremeni se raduvav za niv a jas si se tesev deka imam vreme....ama kako vremeto si pominuva se potesko mi e. Teski mi se razgovorite so prijatelkite vo drustvoto site se so po 1 ili 2 deca, sekogas muabetot e za niv i normalno i jas da gi imam ne bi gi vadela od usta. Obicno vo sekoja tema se vklucuvam za razgovor ama koga stanuva zbor za deca...onemuvam, ne deka jas neznam imam vnuci koisto prakticno izrasnaa so mene, ama toa ne e toa. Tesko e vleguvam vo prodavnici i stalno kupuvam pokloni za deca, dali za rodenden ili za na bebe, ama mi e krivo sto nemozam toa za mene da go kupam. I namesto pari da si trosime za dr raboti nie davame po bolnici. I da site te gledat so sozaluvanje, ama jas nekako uste si se drzam, so mm zaedno si se bodrime.Neznam kako ama mora da sme pozitivnii i da veruvame deka naseto vreme uste ne doslo.




LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (15.1.2014 11:06:49)

Девојки, понекогаш перцепцијата е одвнатре, а не однадвор. Многу од нас се чувствуваат потиштено и мислат дека сите околу нив ги гледаат со сожалување. Не, не е така, тоа е затоа што ние така го перцепираме тоа. А доколку стварно има такви кои се бремени и нас не перцепираат со сожалување, тогаш тие личности нема потреба да бидат во нашиот живот.

Јас ги делам моите познаници на пријатели, кои во животот досега секогаш широко ме прифаќале и не се замарале со мојот приватен живот/проблеми, доколку сама не им се обратам и такви, кои и порано сакаа "да ме дружат" доколку имам сличности си нов: ако имам дечко и тие имаа, ме дружеа, кога немав, не ме дружеа, кога се омажија, а јас не бев, иста приказна и сега кога немам деца во моментов, исто...е па драги мои, таквите ич не ги есапам, само се смешкам и ги избегнувам колку можам, ако треба, се дружам ради реда. Секогаш бидете со оние кои веруваат во вас и се позитивни за вашата иднина, а тие вторите што претходно ги наведов, тие се несигурни во самите себе и затоа така реагираат.

Мене многу ми помогна внуката, бидејќи од неа научив многу и на оние кои ќе фатеа муабет за деца и мене ме игнорираа демек оваа не знае (а верувајте, жената кога ќе стане мајка мисли само таа дека е мајка и другите не, но тоа е од хормоните и не е страшно не се лутете, јас тоа го увидов во пракса), тогаш јас ќе дадев некое искуство со внуката и ќе се изненадеа, така што потоа и нивната перцепција се промени. Не значи ако сега немам деца, дека ништо не разбирам за децата.

Ако не можете да одите по детски родендени, ако не можете да гледате бремени жени, не се силувајте, фаза е, ќе помине и бидете силни и истрајни, само така се успева. A ако некој има различно мислење од вас, не се нервирајте, секој има свој свет, прифатете го она што вас ви се допаѓа. Позз до сите вас[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (21.1.2014 20:27:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Luge nemozam da poveruvam sestra mi e bremena za vtoro dete a jas seuste nemam nitu edno se raduvam no od druga strana I dusata mi place kako mozese site okolu mene ili se bremeni ili veke imat deca samo jas ne ona imase neredoven ciklus. a ostana dva pati bremena po priroden pat a jas maki macam9godini za deca





Bogdancanka -> RE: Неплодност и туѓа бременост (21.1.2014 21:36:51)

се во свое време капина,мило ми е за сестра ти честитки за неа[sm=bravo.gif]трпение ќе дојде и твоето време ќе си ги видиш фамозните [sm=rozacrtici.gif] цртки




kapina -> RE: Неплодност и туѓа бременост (21.1.2014 21:56:32)

Ti blagodaram bogdancanka odamna te nemase na ringeraja ima li nesto novo kaj tebe




Glück90 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (21.1.2014 22:42:10)

ги сакам сите дечиња без обзир дали се на роднини или пријатели и секое буди посебно чувство кај мене...Се радувам на секоја покана за роденден,на секоја насмевка и прегратка бидејќи ѕа мене децата се нешто непроценливо.А јас со трпение чекам Бог и мене да ме израдува со [sm=duda.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (22.1.2014 11:16:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka RR

се во свое време капина,мило ми е за сестра ти честитки за неа[sm=bravo.gif]трпение ќе дојде и твоето време ќе си ги видиш фамозните [sm=rozacrtici.gif] цртки


Добредојде назад, редовно те читавме порано. Сподели како си на оваа тема или во другите теми? [sm=smiley1.gif]




petra27 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (22.1.2014 22:49:19)

Tri godini talkavme...site okolu nas imaa decinja.....koga bev vo podgotovka za inseminacija mnogu se raduvav koga mi rastea folikulite...bev presrekna....vo meguvreme jatrva mi imaa edno godisno since i jas taka srekna i se javuvam da i kazam deka imam foliki,deka rastat....i ona od taa strana na telefon mi vika i jas imam nesto da ti kazam...trudna sum.....iskreno mene shok me udri....ne deka ne se raduvav,mnogu se izraduvav...no bev tazna zosto mene toa ne mi se slucuva...zosto nekoj taka od sala im se faka a jas treba da trpam se....i sreka taa inseminacija bese uspesna...inace neznam sto ke pravev :))




Bethany -> RE: Неплодност и туѓа бременост (24.1.2014 10:22:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

I jas so mm se obiduvame veke skoro 2 godini i za sega nisto. Ja razbiram taa bolkata koga ke slusnes za nekoj drug. Ne deka ne mi e drago za niv, ama sepak sekogas dojde toa prasanje: a zosto ne jas? I iskreno mojata neplodnost ja dozivuvam kako licen poraz, poraz kako zena. Znam deka toa ne e vistina, ali sepak se boram so toa. Imam edna prijatelka koja dvapati od prv pat ostana bremena i sega planiraat i treto i iskreno imam problem vistinski da se raduvam so nea. I vo posledno vreme site okolu mene ostanuvaat bremeni.
Ali , bas pred nekoe vreme bev ohrabrena od edna druga prijatelka, na koja i doktorite kazale deka tesko moze da ostane bremena, ali ete posle 6 god. obidi taa ostana. I taa mi kaza deka koga se malku opusti i koga pocna da misli za drugite zeni koi gi poznava , a koi isto taka se borat za dete, i koga pocna da se moli za niv....... togas i samata ostana bremena.[sm=smiley1.gif]

Opet od druga strana, nie se narekuvame neplodni koga ne moze da zacneme od prva, iako i toa ne e vistina. Sepak sekoj ima svoje vreme, koga da se rodi, kako, se opredeleno od Boga, samo nekoj ceka poveke..... mada ne e lesno. Go mrazam toj zbor "neplodnost". I cesto zboruvam na sebesi: Jas ne sum neplodna! I nema da bidam!!!

Neka ne Gospod iznenadi i ohrabri site koi cekame [sm=nosecka.gif] Nie cekame......[sm=smiley1.gif]



ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Sekoj so bolkata se spravuva na svoj nacin. Bitno e ne izabrati pogresan i potezok, pred se tezok za sebesi, pa onda i drugite okolu nas. Bolkata koja dozvolime da ni stane gorcina i nezadovolstvo e kako da zivees vo pekolot uste na zemjata.
Bas poradi ovie raboti, sega konkretno vo slucaj nie koi se obiduvame da zabremenime, sme vo iskusenie , da ne ponese bolkata vo sprotivna nasoka, da stanes nezadovolen, da okrivuvas drugite itn. Sekoj covek ima vakvo iskusenie, ama bitno e koi izbor nie ke doneseme. Da veruvame i da se raduvame duri i koga nemame ono sto bi sakale vo momentot.

"Ako sme nezadovolni poradi ona sto nemame, propustame da uzivame vo ona sto imame!!!"

ps. prostete mi za "filozofiranje", ama i ovoa e nekoj vid na ohrabruvanjeto, neli? Kako se spraviti so toa? haha [sm=smiley36.gif]


Ете ги моите цитирани постови од првата страна, од 2010 година кога поминував низ тоа тешко, и слободно можам да речам трауматично искуство.
Фала на Господ заврши, јас верувам дека и за другите ќе заврши. Битно да се борите, со самите себе е најтешко, јас поминував низ лични борби, да не бидам незадоволна и огорчена на живот, на другите, на самата себе.

Во еден претходен пост кој не го цитирав, напишав дека ми е полесно да верувам за друг отколку за себеси.
Ама кога почнав да верувам и за себеси, тогаш го намалив притисокот малку. А верувајте самите себе најмногу ствараме притисокот, со нашите мисли и стравови, кои често не се баш оправдани и вистински туку се некои наши проекции.




LoveableMe RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (24.1.2014 10:24:58)

Девојки, вашите постови ќе бидат префрлени во Влијанието на заедницата врз забременувањето. Тука дискутираме за како туѓата бременост влијае на нас. Позз




butterfly1 -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 0:54:18)

Zdravo na site. Se zachleniv so cel da si ja kazam makata i da pobaram sovet. Znachi mnogu mi e tesko za sekoja nova bremenost vo blizina ljubomorna sum placam gi mrazam tie sto se bremeni, boze ne sakam vaka da se osekjam ne sum losha osoba zasto vaka se osekjam [sm=smiley19.gif] Edi poznanici zenata ostana sega bremena i jas velam deka ne zasluzuva toj mazot zatoa sto celo vreme ja varase i trosese pari po kladilnici a i taa ne se zalagase (iako imase abortus pred toa) , a jas dusava ja ostavam naokolu, i pomisliv da go izgubi deteto, boze moj , poluduvam li, grev nejkam gospod da mi pisi ne sum losa nejkam vakvi misli kako da si pomognam da baram li strucna pomos [sm=smiley19.gif] Me sotrea lekovive, operaciive, mislive [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




Goddess* -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 5:38:26)

Morash da si go pronajdesh izduvniot ventil,da razbistrish misli i nasochish na druga strana.Ne sekogash zivotot ni servira ubavi raboti,ne sekoj dozivuva med i mleko,kaj sekogo postojat visini i padovi,samo treba da se prifati realnosta,a da se trudi za podobro vo idninata.Najdobro e da si ja prifatish momentalnata situacija vo koja se naogash,da ne se zamarash so okolinata,ako gledash deka takvi raboti ti shtetat na emocionalnata raspolozenost,izoliraj se od takov krug na prijateli i rodnini,posveti se na neshto shto nema da te oraspolozuva i shto nema da te doveduva do onoj stadium vo koj si sega.Okolinata e najgolemiot dvigatel na raspolozenieto na eden chovek.Chist primer prosechen chovek so prosechni primanja so otkazuvanja na mnogu neshta,e vo opkruzuvanja na luge shto navistina solenko si ziveat,so odmori,so shopinzi,frchenje na razno razni koli,stanbeni objekti ednostavno kazano luksuziranje,i ??? I normalno ovoj so obichnite primanja poveke i poveke ke mu se razgoruva dushata za takov zivot,i ke se oseka na isti level kako i ti,zatoa i ti velam mozesh mala pauza vo zivotot da si zemesh od onie shto ti nametnuvaat da ne se osekash ubavo,koga veke gledash deka ne znaesh kako da upravivash so takvi luge.Vo zivotot ima i drugi ubavi raboti osven decata vo eden brak,da uzivash,da sakash so toj shto si si go odbrale kako dozivoten partner(se razbira ako e ok brakot)..Jas sekogash velam ako e pishano da se ima deca ondak ok,ako ne ke si go ziveam zivotot onaka kako si znam i umeam so polna parea,znam i tvdrdam deka nekoi raboti se sluchuvaat so nekakva prichina i cel,taka da moj sovet prifati go zivotot onakov kakov e,samite kocki se redat postepeno.




topce -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 8:54:20)


ИЗВОРНА ПОРАКА: butterfly1

Zdravo na site. Se zachleniv so cel da si ja kazam makata i da pobaram sovet. Znachi mnogu mi e tesko za sekoja nova bremenost vo blizina ljubomorna sum placam gi mrazam tie sto se bremeni, boze ne sakam vaka da se osekjam ne sum losha osoba zasto vaka se osekjam [sm=smiley19.gif] Edi poznanici zenata ostana sega bremena i jas velam deka ne zasluzuva toj mazot zatoa sto celo vreme ja varase i trosese pari po kladilnici a i taa ne se zalagase (iako imase abortus pred toa) , a jas dusava ja ostavam naokolu, i pomisliv da go izgubi deteto, boze moj , poluduvam li, grev nejkam gospod da mi pisi ne sum losa nejkam vakvi misli kako da si pomognam da baram li strucna pomos [sm=smiley19.gif] Me sotrea lekovive, operaciive, mislive [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]

можеби сте размислиле можеби не ама постои и опција посвојување.
за мислите нормално е да ти доаѓаат кога само на тоа па тоа па тоа.
постојано стрепење дали сум бремена,па тестови па хормони пак разочарување.
мораш да најдеш начин како да се испразниш и за тебе не е убаво цело
време толку негативна, стресна и под притисок состојба.




Defne90 RR -> RE: Неплодност и туѓа бременост (5.2.2014 9:10:09)

Верувам дека не си лоша особа и дека тоа што се чувствуваш така прави да ти биде уште потешко.Можам да замислам како е да се живее опкружен со она што го сакаш а сега за сега не можеш да го имаш.Но сепак тоа не смее така да влијае на тебе.Пред се,со тоа си наштетуваш најмногу на самата себе.Ти верувај дека страдач најмногу.Тргни ја таа негативна енергија од тебе.Уживај во животот,препушти се на моментот.Знам дека тоа е навистина тешко но јас сум уверена дека ќе успееш.За почеток прави некои работи во коишто навистина уживаш и кои ќе ти го оттргнат вниманието од тоа што толку многу те мачи.Е сега да ти кажам и еден пример.Тетка му на маж ми цели 8 години не можела да остане бремена.Ама уште што не пробале уште каде не биле и ништо.И на крајот веќе се откажала од се и не сакала повеќе да прима ниту терапии ниту ништо и одлучила дека ќе се потруди да си го живее животот најдобро што може и ќе се прилагоди на тоа.И така и таа и нејзиниот сопруг едноставно си забраниле да зборуваат за теми што им го прават болно нивното секојденвие,и после неколку месеци таа останала бремена.И не само таа.Знам многу такви примери.Воопшто не си ставај на ум дека си неплодна,само тоа дека уште не ти дошло времето за бебе.А сигурно дека ќе дојде и тоа време.Опушти се и верувај и не се замарај со околината никако.Само така можеш да успееш.Јас ти посакувам многу среќа и се најубаво понатаму.




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>