RE: страшно (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Еца -> RE: страшно (27.9.2009 10:04:07)

конечно да го поставам линкот  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] ајде уште еднаш

http://www.youtube.com/watch?v=0hsC6quPB4k




mother 29 -> RE: страшно (27.9.2009 12:06:21)

GOSPOD DA CUVA!




Еца -> RE: страшно (19.10.2009 17:01:08)

морам ова да го поставам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

ДРЖАВАТА И ЛЕКАРИТЕ КРЕНАА РАЦЕ ОД ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ ВО КОМА
Ни рекоа пуштете го да умре
Никој не знае од што точно боледува деветгодишниот Јован Коловски од Струга, кој веќе една година е во кома, а половина година неговите родители го чуваат и сосема сами без никаков лекарски надзор, го негуваат во нивниот дом во населбата Мислешево

Иако семејството Коловски е здравствено осигурано, не само што сами ги купуваат лековите и сите други помагала за нега на пациент во кома, туку го плаќаат и физиотерапевтот кој редов­но доаѓа за да го одржува тонусот на мускулатурата на целото тело на малиот Јован

Домот на семејството Коловски во Струга е претворен во болница. Мирјана и Димит­рија Коловски сами се грижат за нивниот деветгодишен син Јован кој пред една го­дина паднал во кома. Лекарите не знаат од што точно боледува детето и што ја предизикало коматозната состојба.. Како безнадежен случај, откако сите медицн­ски институции дигнале рака од него и ни­кој не сакал да го прими бидејќи тврделе дека му нема спас,,детето е пуштено до­ма без никаква лекарска грижа. Лекар доа­ѓа само на повик. Сега за малиот Јован са­мите во нивниот дом во струшката насел­ба Мислешево се грижат неговите родите­ли иако немаат никаква врска со медици­ната.
"Не знеме што точно правиме. Некогаш де­тето реагира можеби се буди од кома, а ние со лекарствата можно е да го враќа­ме повторно во кома", во очај ни рекоа Мирјана и Димитрија кога не пречекаа во нивниот дом во Струга.
Сами му ја даваат пропишаната терапија, му ставаат кислород, се справуваат со сите кризи на детето кои најчесто завршуваат со доза ја­ки седативи. Наспроти лекарите кои тврделе дека нема надеж за детето и веќе од подоамна ја прдвидуваат неговата смрт, бидејќи паднало во редок вид на кома, Мирјана и Димитрија се оп­тимисти и веруваат дека за нивниот Јован има надеж. Но во Македонија нема кома центар и специјалисти за вакви состојби, па тој мора да се лекува во странство, а Фондот за здравство повеќе не им дава пари. "Од Детската клиника ни го пуштија дома. Една докторка тогаш ни ре­че вашата грижа не му дозволува да умре. Пуштете го да испушти душа дома", се присетува Мирјана на тешките и незивесни денови поминати во Детската клиника во Скопје
Очајот и потиштеноста се читаше на лицата на Мирјана и Димитрија кога не пречекаа во нивни­от дом во населбата Мислишево во Струга. Јовче е сместен во посебна соба во болнички кре­вет. Веднаш спроти него беше отворена вратата од неговата детска соба на која $ се радувал само две недели. Играчките беа недопрени. На креветот му стоеше малото хармониче, и син­тисајзерот со микорфон, на кои тој свирел додека бил здраво дете. Јовче спиеше. Не замолија пред да влеземе да ставиме маски и да ја дезинфицираме облеката. Кај него, велат, мора да се влегува строго контролирано, поради тоа што е подложен и на најмала инфекција. Маските и средствата за дезинфекција сами ги купуваат. Иако здравствено се осигурани, сами ги купува­ат сите лекови и се друго што е потребно за нега на детето. Плаќаат и за физиотерпевт кој мо­ра редовно му прави вежби да го масира детето за да се одржи тонусот на мускулатурата. Про­дале речиси се само да го спасат синот, а дел од парите обезбедуваат и од донации од хумани­те луѓе.
И двајцата се едногласни дека за ваквата безнадежна состојба на Јован најмногу е виновна док­торка од Детската клиника која не успеала навреме да постави права дијгноза на детето и да му даде соодветна терапија. Тие не можат да го прифатат и тоа што државните иституции не даваат пари Јован повторно да се лекува во странство и да се смести во соодветен кома цен­тар каде што ќе му се пружа соодветна медицинска нега.
Агонијата на семејството Коловски започнала на 13 октомври лани кога детето ненадејно доби­ло висока температура и грчеви по што како итен случај од струшката болница било испратено на Детската клиника во Скопје. Таму на Јован му била поставена дијагноза менингит, иако ре­зултатите не покажале присуство на бактерија за овој тип на болест. Таква бактерија била изо­лирана кај пациентката со која Јован бил во иста соба. "Кога во болницата дознаа дека ќе дојде инспекција тие ги разделија децата", вели Мирјана. По неколку дена состојбата на малиот Јо­ван се подобрила, но само што помислиле дека заздравува, состојбата нагло му се влошила.
"Почна да ја завлекува ногата, одеднаш ослабе 4 килограми. Губеше функција по функција. Се­којдневно не шетаа од детското до интензивното одделение. Јовче падна во длабока кома На­еднаш му ја сменија дијагнозата. Од вирусен во туберколозен менингит. Му даваа силни лекар­ства. По три дена се утврди дека и оваа дијагноза не е точна Лекарите велеа земи си го дете­то ќе ви умре. Кога ги прашував од што, тие не знаеја да ми кажат", раскажува мајката Мирјана која што потенцирадека единствена морална подршка во тие тешки моменти добивала од док­торката Софијанова и директорот на болницата Ацо Костовски.
Кога виделе дека му нема спас на детето, на нивно барање со лекарска придружба Јовче го од­неле во Љубљана. По серијата испитувања било утврдено дека нему во Скопје му била давана погрешна терапија што провоцирала нови грчеви. Отпочнале со нова терапија. Јовче бил др­жен во вештачка кома. "Ниту таму не ја констатираа дијагнозата. Се посомневаа во 'порфири­ја', некоја ретка болест", вели Димитрија.
По три месеци, кога состојбата на детето почнала да се подобрува бидејќи Фондот не сакал повеќе да ги плаќа трошоците за лекување, родителите со детето се вратиле повотрно во Скопје и биле сместени на интензивното одделение на Детската клиника бидејќи детето треба­ло да ја доприма терапијата . "По два месеца ни рекоа дека треба да ја напуштиле клиниката бидејќи треба да почнеме со физикална терапија", раскажува со воздишка Мирјана.
Заминале во охридската болница Свети Еразмо. Иако оваа болница не располага со соодветен персонал за ваков вид на пациенти, тие, сепак, им излегле во пресрет и ги примиле во болни­цата. Таму Јован бил сместен два месеци. Состојбата пак му се влошила и морале да се вратат на интензивното одделение на Детската клиника бидјќи детето не можело да дише.
По шетањето од клинака до клиника, Коловски детето си го зеле дома и отпочнале сами да го лекуваат со терапијата што им ја препишале во Љубљана. Редовно со мејлови контактираат со докторката Мирјана Перковиќ.
"Не знаеме веќе што да правиме. Финансиски не сме моќни да го однесеме нашиот син сами во странство. Ни останува само јавно да упатиме апел до сите надлежни институции во држа­вава да се заинтересираат за овој случај, да помогнат нашиот Јовче да добие соодветн лекар­ски третман и да му дадат шанса за живот", велат очајните родители.

Малиот Јован реагира на дразби
Родителите тврдат дека состојбата на Јовче се подобрува. Успеале неговата телесна тежина да ја покачат од 17 килограми кога имал кога го отуштиле од болница на 25. Тој реагира на од­редени дразби, дури и кога родителите му раскажуваат случки што заедно ги доживеале кога бил здараво дете, одвреме на време се насмевнува на шегите што му ги кажува неговата мај­ка., раните по телото му зараснуваат, а реагира и на разни звуци.


Го лечеа со лекови што веќе не се произведуваат
Мирјана и Димитрија велат дека малиот Јован го лечеле со се и сешто оти лекарите многу чес­то му ја менувале и дијагнозата и лековите.
"Лекарите одеа од крајност во крајност. Не тераа сами да бараме и купуваме лекови. Некои од нив веќе и не се произведуваа, па во очај ги баравме насекаде. Се случи еднаш да најдам лек во една пиљара. Го купил некој човек чие дете било болно, а потоа се утврдило дека не му е потребен таков лек. Кога им го кажав ова на докторите во Словенија тие се фатија за глава".
"Сите доктори кои го прегледаа Јовче даваат различни дијагнози, а состојбата ја коментираат како ситуација меѓу кома и сон" вели Димитрија.

извор: Вест

ова е трагедија за нашето здравство, срамота[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]јака им душа на родителите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




ripce -> RE: страшно (19.10.2009 17:04:34)

воопшто не ме чуди ова... ваквите ситуации кај нас станаа секојдневие




Bogdancanka -> RE: страшно (19.10.2009 17:50:40)

[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]катастрофа




mami -> RE: страшно (20.10.2009 8:55:51)

си плачев вчера кога го читав ова..за срамота е...зборуваат како да е некое куче од улица а не дете, кое мајка го родила, кое има семејство што го сака...и ние во Европа? Далеку е се тоа од нас...




mother 29 -> RE: страшно (20.10.2009 9:57:41)

дали ако се СЛУЧИ вакво нешто на дете од докторите,ке го решат на ваков начин?СРАМОТА ,БРУКА,РЕЗИЛ !УААААААААА[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image]




mother 29 -> RE: страшно (21.10.2009 10:45:36)

[image]http://media.a1.com.mk/media/vesti200/dejan-angelevski.jpg[/image]
Живот на конец, оти државата не обезбедила лекови

Министерството и Фондот за здравство не го решија случајот на седумгодишниот Дејан - детето чиј живот виси на конец бидејќи државата не му ги обезбедува неопходните лекови.
Дејан има ретка наследна болест, недостиг на Ц инхибитор и неговиот живот може да заврши фатално кога ќе добие напад.
Нападите се зачестија, а неговите родители веќе немаат финансиски можности да ја набавуваат терапијата.
„Во моментов сме со една ампула во фрижидер и се молиме на Бога да не добие сериозен напад Дејан, додека не се смилува некој од оваа наша држава да си го реши генерално проблемот", рече Влатко Ангелески, татко на Дејан.
„Ние кога и да се јавиме да кажеме дека веќе почнува реакција кај Дејан, тие прашуваат - ако имате инјекција доаѓајте, ако не, немаме што да ви правиме", вели Наташа Ангелеска, мајка на Дејан.
Семејството Ангелески инјекциите ги купува на црно од странство преку разни канали. Некои ја користат нивната мака и им ги набавуваат за цена многу повисока од реалната.
Инјекциите и во странство ги нема во аптеките, но болниците не ги оставаат своите пациенти на цедило.
„Со специјалист од Унгарија, вели дали е ова истата таа Македонија која бара членство во ЕУ, а не може да си обезбеди инјекции за дете со животозагрижувачки напади", вели Влатко Ангелески.
Министерство во април годинава излезе со програма за 16 ретки болести. Наместо за 20 пациенти, лекови се обезбедија само за две деца.
Парите што Владата ги предвиде за оваа намена не стигнаа до болните. Не се прават напори ниту за интервентен увоз.
„Не можам во моментот да ветам ништо, можам само да апелирам, тие што можат да помогнат во овој дел, да се набават тие лекови. Не може да се набават неколку ампули, треба да се одржи континуитет, не може да се прекине терапијата. лековите се прескапи", изјави Бујар Османи, министер за здравство.
Додека од една страна никнуваат грандиозни обетки и споменици, се кратат парите за лекови на тешко болните деца.
За Дејан веќе се отворени жиро сметка и броеви за донација, затоа што без инјекциите може да заврши фатално. Уште 11 пациенти имаат потреба од овие лекови.
Броеви за донација:
ВИП: 077 143 413 Т-мобиле: 070 143 414 Космофон: 075 143 424
жиро сметка: Алфа банка 280124100136128
за Дејан Ангелески




Еца -> RE: страшно (21.10.2009 11:00:27)

добро што им е на докторите, алоооооооо, каква заклетва давате кога станувате Доктори. Па каде ќе им оди душата? Секоја чест на исклучоците кои во последно време станаа редок вид[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]Мислам дека се ближи време кога ќе мора малку поозбилно да размислиме и ние како едно семсјтво да превземе конкретни чекори по ова прашање. Негрижата на докторите за здравјето на нашите деца! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley34.gif[/image]




mami -> RE: страшно (21.10.2009 11:14:13)

имам само едно прашање- за кого ги поставуваат шмизлине, дрвата, бикот, питачот и незнам веќе која скулптура ако децата вака ни завршуваат? Планираат некој да се радува на нашиот "убав"град? 




profesorica -> RE: страшно (21.10.2009 11:14:29)

леле го пренесов дел од ова на фб па се надевам сите кои ќе го видат ќе донираат барем 100 ден преку својот мобилен.ептен жал ми падна.




mother 29 -> RE: страшно (21.10.2009 11:25:53)

ајде јас свртев 2-3 пати!ајде мамички.....сонце убаво мало,колку е убав на сликата!




srekna mama -> RE: страшно (21.10.2009 12:00:28)

ајде мамички свртете.еве и јас свртев.Ајде за Дејан..




profesorica -> RE: страшно (28.10.2009 10:50:07)

  Седум и пол годишниот Дејан Анѓелески боледува од ретка генетска болест Hereditary Angioedema (HAE) или недостиг на C1 inhibitor кој е особено важен за контрола на имунитетниот систем на организмот. Се работи за болест која предизвикува животозагрозувачки напади при што е потребна итна медицинска интервенција. Вкупните трошоци за годишното лекување на Дејан како и набавката на лекарствата се движат околу 80.000 ЕУР. Вашата помош за набавка на лекарствата ќе му помогне на Дејан да има колку што е можно поквалитетен живот исполнет со игра и дружење со неговите врсници и редовно следење на наставата во училиште како ученик во второ одделение, кои досега поради честиот престој во болница и интензитетот на болеста се сведени на минимум. Финансиските средства за помош може да се уплатат на донаторската сметка за Дејан Анѓелески во Алфа банка во Скопје со бр.280124100136128.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ за ДОНАЦИЈА: ВИП 077 143413 Т-МОБИЛЕ 070 143414 КОСМОФОН ТЕЛЕКОМ СЛОВЕНИЈА 075 143 424 СО СЕКОЕ ЈАВУВАЊЕ ДОНИРАТЕ 100 ДЕНАРИ НА СМЕТКАТА НА ДЕЈАН[image]http://photos-b.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs263.snc1/9032_1134202030758_1098511373_30318023_6691293_n.jpg[/image]

ајде јас свртев пак, греотка е!




mother 29 -> RE: страшно (28.10.2009 11:08:25)

лелел сонце мало,леелел тешко на него и на неговите!

ајде мамички,свртете ,барем малку да му помогнеме!




mother 29 -> RE: страшно (28.10.2009 13:15:43)

изворна порака андријана
За да живее на едномесечно дете му треба итна операција на срцето. Родителите молат за помош

[image]http://www.tvstar.com.mk/images/stories/vesti/BEBE%20OPERACIJA.jpg[/image] За да преживее, на едномесечниот Павле Илиев, неопходна му е итна операција на срцето. Срцеви аномалии, кај малиот Павле, лекарите пронашле веднаш откако детето се родило.
Оттогаш, радоста од неговоро раѓање, за неговите родители се претвора во агонија, како животот на своетот дете да го спасат.Надеж за живот се нуди во Софија, каде тим од лекари е подготвен детето да го оперира, но за цена од најмалку 16.000 евра, пари кои родителите на Павле ги немаат. За нивното дете да преживее, помош молат од граѓаните.   
 
Moze da se donira po 100 denari vrtejki gi ovie telefonski broevi 075/ 143 – 250 и 077/143 – 900. Se nadevam ke uspeeme da pomogneme barem malku






ripce -> RE: страшно (29.10.2009 8:57:14)

Ова е и повеќе од страшно... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Бугари продавале бебиња за 8000 евра. Полицијата навела дека пар дека криумчареле трудници водејќи ги во Грција, каде ги раѓале своите деца и ги продавале. 13 трудници биле носени до Грција, каде се пораѓале и ги продавале бебињата.Цената на едно бебе била од 6000 до 8000 евра, а трудниците добивале вообичаена тарифа од 5000 евра.




niki -> RE: страшно (29.10.2009 9:05:02)

Овде има многу бугари кои се толку безкурпулозни, просто не ми се верува. Кај нив се има цена, ама се буквално и се се продава. Толку се имам згрозено и секогаш ги избегнувам. Расист имам станато. Инаку баш се сеќавам пред некое време имаа пријавено исчезнување на дете во полиција, а после се испостави дека самите го продале, зеле пари па се предомислиле, бог да чува.




mother 29 -> RE: страшно (2.11.2009 12:45:18)

Фондот одби да плати за лекување на малата Мартина[image]http://media.a1.com.mk/media/vesti200/martina-dimitrova.jpg[/image]
Првостепената комисија на Фондот за здравство одби да го плати лекувањето на малата Мартина во Германија.
Сега родителите треба ова решение да го обжалат на второстепената комисија. Но време за чекање нема.
Петгодишната Мартина Димитрова од Кавадарци боледува од редок тип на акутна леукемија. Веднаш треба да отпатува во Франкфурт, Германија на трансплантација која чини 250 илјади евра, бидејќи во земјава можност за лекување нема.
Зошто е одбиена, родителите не добиле образложение. Во меѓувреме, животот на ова девојче е доведено во прашање.
„Во моментот не прима терапија, се очекува од ставот на второстепената комисија, бидејќи ако не се одобри од тука, ако не одобрат лекување во странство, тогаш ќе биде приморана тука да почне со втората терапија, но нивна препорака е да заминеме во странство веднаш бидејќи самата терапија тука е доста ризична и доста агресивна", рече Горан Димитров, татко на Мартина.
Мартина веќе два и пол месеци е на лекување на Детската клиника. Според родителите, лекарите досега сметале дека за трансплантација има време. Се до крајот на октомври кога им дале конзилијарно мислење веднаш да заминат во Германија.
Стравуваат дека терапијата која Мартина треба да ја прими може да биде фатална по нејзиниот живот.
„Во случајот од првата терапија изреагира позитивно, добро изреагира, се намали доста бројот на бласти, што само по себе на некој начин овозможи релативно за брзо време да биде организмот спремен за трансплантација", вели Димитров.
Болеста кај малата Мартина Димитрова е откриена во септември откако добила висока температура. Од тогаш таа е на цитостатска терапија.
Нејзините родители, доколку одобри Фондот за здравство, треба да соберат 50 илјади евра. Но, сумата е превисока за ова семејство да го спаси своето дете кое боледува од леукемија која се јавува кај 5 проценти од населението во светот.
Доколку сакате да донирате средства, тоа можете да го сторите на:
Од Космофон: 075 143 103
Од Ти-Мобајл: 070 143 143
Од ВИП: 077 143 143
Денарска жиро сметка:
Мартина Димитрова
300 047 069 362 362
Комерцијална Банка АД Скопје
Девизна жиро сметка:
Мартина Димитрова
Acc. No. 02-301-0507752.7
IBAN CODE: MK 073 003 010 507 752 19
SWIFT KOBS MK 2X KVB

извор а1




mother 29 -> RE: страшно (4.11.2009 13:05:28)

луге овоа за Мртина падна и на второстепена.греота..сега ке мораат тука со терапија..........СРАМОТА




Mammy -> RE: страшно (25.11.2009 10:19:04)

Beba u Posušju preživjela ugriz poskoka

Dok se 15-mjesečna djevojčica igrala na dvorištu u Posuškom Gracu, iz obližnje rupe u zidu izvukao se poskok i ugrizao je za jagodicu lijevoga kažiprsta.

"Izabela je sjedila na tlu pred kućom i držala u ruci tikvicu, kojom se igrala. Odjednom se začuo strašan vrisak. Mama Danijela ostavila je brzo tromjesečnu kćer, koju je dojila na krevetu, i izjurila iz kuće", prepričala je baka Anica događaj koji se zbio u subotu poslijepodne u zaseoku Posuški Gradac u Bosni i Hercegovini.

Naime, ondje je 15-mjesečnu djevojčicu ugrizao poskok. Dotrčavši do uplakane kćeri, majka je vidjela zmiju, koja se uvukla u rupu na zidu stubišta, a u tom trenutku naišla je susjeda s automobilom koja ih je u 10-ak minuta prevezla do posuškog Doma zdravlja.

Djevojčicu je pregledao dežurni liječnik Mijo Jović, koji ju je odmah uputio u bolnicu u Mostar kako bi dobila protuotrov. Otrovnica je dijete ugrizla za jagodicu lijevoga kažiprsta.

U Domu zdravlja Posušje liječnici su rekli kako je mamina brza reakcija presudna što je Izabela živa i što se danas dobro oporavlja.

Baka i susjeda sutradan su štapom ubile zmiju koja je još uvijek virila iz istog zida u koji je pobjegla, pišu 24sata.
Net.hr

Леле ова е страшно...




Mammy -> RE: страшно (25.11.2009 10:30:35)

На ова му направив copy/paste бидејќи немам време да го преведувам.
По сугестија на членовите на РР, не објавувавам повеќе вакви текстови.
А мислам дека се разбира.
Не е ниту на шпански, германски, италијански, француски и сл.




Еца -> RE: страшно (2.12.2009 18:44:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

На Гинекологија ја донеле како итен случај. Бидејќи родилката имала силно срце биење веднаш од клиниката повикале кардиолози.

Поради влошување на состојбата 3 часа по приемот и било направен царски рез. Меѓутоа лекарите не успеале да го спасат бебето кое починало 1 минута по породувањето.

- Пред и постоперативните консултации со кардиолози поради поставено сомнение за сериозно срцево засегање. За жал, и покрај сите вложени терапевтски и конзилијарни медицински индицирани третмани пациентката почина во првите 24 часа по приемот на одделението за интензивна нега, вели д-р Татјана Гуржанова, лекар и портпарол на клиниката за Гинекологија и акушерство.

Телото на мајката е дадено на обдукција на Институтот за судска медицина. Од клиниката за Гинекологија велат дека откако ќе ги добијат резултатите од обдукцијата официјално ќе кажат кои се причините за смртта.

Останува нејасно дали пациентката знаела за срцевата аномалија и колку редовно одела на матичен гинеколог.



ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Леле ова е страшно, жално, трагедија

За грев мажот и целото семејство






ananikol -> RE: страшно (2.12.2009 21:14:11)

Lele katastofa [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




Bogdancanka -> RE: страшно (2.12.2009 21:43:38)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] lele strasno.........




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>