LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (20.10.2013 10:07:17)
|
I LOVE, мислам и мене докторот ми рече по 3 ампули ќе ми даде, а потоа 4, само не се сеќавам кога ќе ја промени дозата, ми рече тоа одело со возраста (2 под 30 години, 3 над 30 години и 4 над 40 години), но веројатно зависи и од состојбата на пациентката. Пиши како ти оди, дали има некоја нелагодност, чувства и сл. Јас од Супрефактот имам мали промени во расположение, инаку ок е. Латица, како ти оди боцкањето, јас не можам да замислам како се боцкате, одам секој ден во Систина, на дежурен вчера таа сестрата кога ми ја збрца иглата и полека ми ја ставаше да не печело, абе ептен поткожно изгледа ја стави, цело попладне имав топче на стомакот со течноста, едвај се повлече. Ќе видам денес кој ќе биде дежурен, инаку сестрите горе на оддел што си работат ептен се стручни, немам ни модринки ни ништо, не се познава ич. Денес завршувам со Микрогинотот, па кога ќе добијам, ќе чекам тест на хормони и потоа ќе пишам што ќе ми дадат. [sm=smiley1.gif] Цацим, од утре натака чекаме убави вести.[sm=nosecka.gif]
|
|
|
|