babyhope -> RE: Вештачко оплодување IV дел (23.10.2013 11:57:53)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Cacim, Babyhope, Bube10, ве гушкаме [sm=bravo.gif]да сакам да ве замолам да пишете зошто не било успешно ИВФ-то, дали нешто ви кажале? Вие што мислите, зошто било неуспешно? Споделете мислење со нас, можеби ете секоја же каже по нешто, ќе помогнеме што знаеме за следниот пат.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Мила не верувам дека некој лекар може прецизно да каже зошто едно ин витро било неуспешно. Всушност и самиот процент на успешност со секој обид е 30 %. сепак во мојот случај со оглед дека јас го правев на ГАК мислам дека условите во нивната лабараторија и стручноста на биологот прво допринесоа да не се развијат сите 11 одлични ј.клетки (на ден на стоп инекција имав преку 2000 естрадиол што покажуваше дека сите фоликули се одлични) а само две да се развијат до 2 и 4 клеточни е малку сомнително[sm=zmeden.gif]. со самото ова моите шанси беа многу мали- помалку од оние 30% секако... меѓутоа верувам во судбина и дека вака морало да биде.. знам дека и во некоја од другиве приватни да отидев ако не било пишано да се фати и со одлични 8 клеточни па и бласто да беа може немаше да бидне. Можам само да кажам дека сум помирена да го чекам мојот ден, кога и да дојде подготвена сум да го пречекам со [sm=smiley31.gif] Во суштина многу е битно да се има позитивен став за да не си создаваме сами психолошка бариера.. РР-јките кои се во процедура нека веруваат дека сега е моментот за нивните [sm=rozacrtici.gif][sm=modricrtici.gif], и така само до крај на процедурата. Мој совет е никогаш да не се двоумите дали може ќе биде позитивно или негативно... кога ќе се слуги 1 цртка разочарувањето е големо во секој случај, но сте дале се од себе со оптимистичко размислување за тој месец или два да биде [sm=duda.gif]... ве гушкам сите [sm=metulj.gif][sm=metulj.gif]
|
|
|
|