RE: Вештачко оплодување IV дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


kapina -> RE: Вештачко оплодување IV дел (25.10.2013 22:04:31)

Месечина тсх гледај да ти биде пред ивф под два е најдобро на мене беше 1,89 и дојде до бременост со ивф но заврши скоро бременоста лове не се оптеретувај толку колку јајцеклетки имаш јас имав пет а естрадиолот ми беше висок он не е показател за поголем број на јк од тие пет јк четири беа инјектирани три се оплодија двата ембриони не се развијаа како што треба и ми вратија само еден ембрион и дојде до бременост не се оптеретувај околу бројот мисли позитивно јас се согласувам со доктор таше околу тоа оти најбитен е трансферот на ембрионите за успешноста на ивф инаку по трансферот јас јадев секој ден бразилско оревче по малку оти има селен а он е многу битен за имплантацијата на ембрионите




I LOVE -> RE: Вештачко оплодување IV дел (25.10.2013 23:22:27)

Ne da se opteretuvam ama kolku sto znam pogolem broj na jk imalo poveke sansi za bremenost,jas ne se razbiram mnogu bidejki mi e prvo IVF i ete pravo panicam[sm=smiley1.gif]




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 9:45:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Месечина тсх гледај да ти биде пред ивф под два е најдобро на мене беше 1,89 и дојде до бременост со ивф но заврши скоро бременоста лове не се оптеретувај толку колку јајцеклетки имаш јас имав пет а естрадиолот ми беше висок он не е показател за поголем број на јк од тие пет јк четири беа инјектирани три се оплодија двата ембриони не се развијаа како што треба и ми вратија само еден ембрион и дојде до бременост не се оптеретувај околу бројот мисли позитивно јас се согласувам со доктор таше околу тоа оти најбитен е трансферот на ембрионите за успешноста на ивф инаку по трансферот јас јадев секој ден бразилско оревче по малку оти има селен а он е многу битен за имплантацијата на ембрионите


Капина извини вака што ќе ти речам ама мила многу си напорна со твоето успешно-неуспешно ИВФ. Кога и да пишеш нешто секогаш прво го споменуваш твоето ИВФ. Јас мислам дека тоа било хемиска бременост, а на вистинска бременост. Нели имаше прениска бхцг, се фатил ембрионот ама не се задржал и сам се исфрлил. Ве пратам подолго време ама ти секогаш едно-исто збориш. И само да те поправам Аспиринот нема врска со твоето неуспешно ИВФ или општо со спонтани абортуси. Јас сум бремена со 3 дете, 11 недела и во секоја бременост пиев Аспирин до 15-20 недела по еден на ден, и познавам многу други мамички што пијат. Не сакам да те навредам ама опушти се малку, не си ни прва ни последна со неуспешно ИВФ. Здравје ќе биде следниот пат. Ти посакувам голем успех понатаму.

Заборарвив да напоменам дека мене ТСХ во двете бремености ми беше 3.5 и немав апсолутно никаков проблем.Сега ми е 2,8 и пак немам проблем. На пријателка моја која со ИВФ остана бремена со близначиња ТСХ му беше 2,8. Значи секој организам е различен и секој доктор различно ги толкува резултатите. Не мора секогаш се да биде според книга.
Поздррав уште еднаш и се надевам нема да ми замериш за постов




kapina -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 10:04:57)

Да ама твоите се природни бремености јас не зборувам за природна бременост




Anonimen -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 10:19:55)

Знам, ама секогаш кога и да пишеш посебно на оваа тема- се водиш спрема твоето ИВФ. "кај мене вака беше", ""Јас вака", "моето ИВФ вака"...Да знаеш само колку пријателки и комшивки знам со успешни-неуспешни ИВФ ќе се фатиш за глава. Над 10 -15 и тоа што јас лично ги познавам и знам се за нивното ИВФ. Затоа сакав да кажам да олабавиш малку. Што е твое ќе си дојде, кога-тогаш.
Позз и имај пријатен викенд




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 10:59:38)

Месечина, ти благодариме што подолго не следиш и конечно ни се приклучи во дискусиите. [sm=bravo.gif] Еве вака:

- во текот на ИВФ постапката, бараат што пониско ТСХ за под 1,5 или 1.00 (некои велат под 2.00). ниската вредност е поради вештачките хормони што се примаат во текот на ИВФ терапијата.
- природното забременување толерира и повисока вредност на ТСХ (до 4.00), затоа што организмот природно со хормоните се бори за регулација и тоа не прави проблем по плодот.

Анонимен, тоа што Капина пишува за својата бременост, без разлика дали е биохемиска или било каква друга, е можеби начин на споделување со другите во смисол: еве и јас бев бремена и повторно ќе бидам и слобода е на секого на овој форум да си каже што му лежи и како резмислува. Позз[sm=bravo.gif]




trust -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 12:38:20)

ajde I jas da vi se priklucam vo diskusijava za TSH visko nisko I invitro[sm=zmeden.gif]jas veke 5 godini imam problemi so tiroideata I imam zad sebe edno neuspesno invitro sum se konsultirala so milion doktori za toa kolku treba da e TSH, site davaat razlicni odgovori, endokrinolozite velat da e okolu 2 moze I 1.5 a genikolozite velat moze I malku povisko da e od 2 nakaj 3 taka da da ne znaes komu da veruvas. Od moe licno iskustvo vi kazuvam na site ne se zamarajte so brojki sekoj organizam e razlicen sekoe citanje na rezulati e razlicno od Bitola do skopje ako odis site ke ti dadat razlicni rezulati. Po mene za uspesnosta na invitroto nema pravilo I ne zavisi ni malku od nas samite , toa e vo edna raka bozja rabota od druga strana sve u svoe vreme sto velat starite[sm=smiley1.gif]




I LOVE -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 12:58:15)

Mene doktorot ne mi e spomnal nisto vo vrska so TSH,mene mi e 2.48 a i hormonite sekoj mesec variraat taka da jas mislam deka nema vrska bitno e da se vo granicite na normala. Jas poznavam devojka koja ima golem problem so TSH pa si rodi detence prirodno taka da ne se opteretuvajte tolku so hormonite nemozat site da bidat pod konec.
Eve na primer kaj mene prolaktinot e na gorna granica i sekoj mesec mi varira,nekogas e visok,nekogas e dobar i go prasav dr.dali treba terapija da primam a toj mi vika stom ti doaga redovno nemas problem i mi reca zaboravi na prolaktino ova e vestacka ovulacija i toa ne e problem e sega vo sto da veruvam a nekoi vikat deka mozel da pravi problemi.A i koga mi e bil visok jas sekogas sum imala ovulacija,a ima zeni koi ostanuvaat bremeni dodeka dojat a togas prolaktino e najvisok znasi nema vrska[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 20:41:52)

Здраво девојки,

Мене естрадиолот ми беше 35, но докторот сепак реши да почнеме со Фостимон по 3 секој ден, плус продолжувам со Супрефакт 0,5 секој ден. Денес кога ме зашибаа и во рака и во задник, лелее ептен ме здоболе, ама пусти маки мора да се тера. Плус и си поплакав денес, онака без врска, очигледно почнаа да прораборуваат лековиве. Позз до сите.

Бубе 10, чекаме да ни пишеш резултати. Позз до тебе и до труст.[sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 22:47:05)

Јмоето тсхдолго време го држам поддва и пол благодарение на терапијата со еутирокс и до пред некое време користев спреј од алгата фукус весиколосус кој го порачував од швајцарија но го прекинав пред ивф оти бремени не смеат да го користатинаку јас за ивф сега чекам дозвола од ендокринологот да не се повторувамзатоа за аспиринот др таше кажа оти може да дојде до спонтан абортус но само кај10проценти се случуватоа сега вика ти пакќе останеш бремена и за време бременоста ќе испитаме на афа и дедимери па ќе видеме далиќе пиеш аспиринили не оти мојата мајка за време бременоста е добијала тромбоза и е имала еден спонтанабортус пред мене сакав да прашам за хистологија мм дада направи спермограм таму кој треба да му закаже општиот матичен лекар или гинекологот




kapina -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 22:59:36)

Инаку лесно е да се каже опуштисе јас тоа најмногу го мразам кога ќе миго кажат многусе нервирам од тој збор 9години се штоќеспечалам оде по болници ми се има случувано секоја недела да треба да патувамскопјеструмица заради болницисега беше за време ивфструмица скопје струмица битола не си го осетила тоа искуство незнаеш како лесно е за некој што не ги има осетенотие макички да каже опуштисе




I LOVE -> RE: Вештачко оплодување IV дел (26.10.2013 23:28:51)

Kapina duso ti od strumica si? I jas sum od strumica[sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (27.10.2013 7:34:15)

Капина, за хистологија дава упат матичен до интернист/или уролог, па тој закажува на Институт. Позз




kapina -> RE: Вештачко оплодување IV дел (27.10.2013 16:54:14)

Да од струмица сум




lindicka -> RE: Вештачко оплодување IV дел (27.10.2013 20:31:58)

Капина, да си зборуваш за твоето инвитро колку сакаш, ич да не ти е гајле. Ова е форум каде сите си ги кажуваме искуствата и маките. На кого су му досадна нека го прескокнува твојот пост. И сосема е различно забременување со ивф и природно забременување, како што кажа Loveable. Кај прородното организамот сам се подготвува за бременост и сам се бори, а кај ИВФ има вештачки предизвикана овулација, а особено хормонит екои се примаат влјаат на целиот организам па и на тироидната жлезда, и можат самите да и ја разнишаат работата.
9 години не се малку чекање и опуштање. Слободно збори колку сакаш за твојот спонтан абортус, пак ќе напоменам Капина освен што зборува за своето искуство дава и совети и на другите. Не е безвредна, и не кука само. На кого му е досдадна нека ги прескокува постовите., И сметам дека постот во ко се кажува дека таа е досадна е навреда. На човек ќе му се искине чорапот или ќе му са расипе компјутерот и се нарвира, а не пак да изгуби дете. Без разлика дали е хемиска бременост или подоцнеѓна бременост, тоа е губење на плод кој сега може да биде човечко суштество.
Ве поздравувам, и бидете потолерантни кон другите.[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




I LOVE -> RE: Вештачко оплодување IV дел (28.10.2013 0:30:11)

Devojki dali e mozno od stimulacijata da me bolat gradite?




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (28.10.2013 12:05:00)

Anonimen, ова навистина не е фер.

Прво, зошто анонимно? Ако имаш некаков проблем, сеедно дали со Капина или која било друга, кажи искрено.

Второ, барем да не кажеше дека си бремена со трето, па ај да речеме дека ти пречи некаков муабет кажан по стопати. Ама со среќата што ја имаш, воопшто не е твое да ја критикуваш и да ја советуваш што и како да напише или да си каже... Дури и да се жали само - нека, ќе сподели, ќе и олесни, а поготово што во скоро секој пост Капина ги споделува нејзините непријатни искуства за да не се повтори нешто слично кај некој друг, сакајќи да помогне. Не знам, барем јас така го сфаќам тоа...

Во крајна линија, нема потреба да бидеш така груба и да донесуваш заклучоци и пресуди како да е тоа нешто од типот - врне? Не, сонце има. Ваква ти била бременоста, онаква, не ни била бременост... нема што ние тука да кажуваме такви работи. Мислам стварно... Башка муабетот со опушти се... Еј стварно, зарем треба да се опушти? Да знаеш само ние, што не можеме да останеме бремени, колку пати сме го чуле тоа во споредба со тоа ти колку пати си прочитала за ИВФ-то на Капина... Ај да не продолжувам, немам намера да се карам, но искрено, пишувам затоа што сакам правда и фер, човечки однос. Капина не изреагира како што требаше и можеше, а јас се надевам дека ти ќе и се извиниш, макар анонимно.

Поздрав, ти посакувам убава бременост!




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (28.10.2013 12:28:57)

Девојки, тука сите пишуваме за нашите проблеми и се обидуваме со позитивни мисли да влијаеме на себе за да го оствариме нашиот сон - да станеме мајки, најблагословената и бесценетата работа во светот. Така и треба да продолжиме на овој форум, зошто мислам тој ни помага на сите да промениме мисли, да чуеме некој совет, да пробаме да направиме се и да успееме во нашата цел. [sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif] Затоа отварајте срце и пишувајте што ви лежи.[sm=kava.gif]

I LOVE, не знам симптомите се различни, мене бидејки од саботата почнав со Фостимон малку нервоза ме фаќа, а од денес имам болки во јајниците како за добивање. Не се секирај, болку во градите не е страшна работа. Кога имаш пункција? Ти закажаа ли? Латица, ти до каде си? Ти закажаа ли и тебе пункција. Позз




I LOVE -> RE: Вештачко оплодување IV дел (28.10.2013 14:26:14)

Ne oste ne mi se zakazale punkcija,utre odam na eho pa sigurno ke mi kazat koga ke e punkcijata se nadevam [sm=smiley1.gif] Ke vi pisam utre stom doznaam. Ve guskam site[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




kapina -> RE: Вештачко оплодување IV дел (28.10.2013 18:06:56)

Анонимен ти врз основа на што процени оти кај мененемаше бременост што ако ти. Кажам оти кај мене се виде гестациски сакус па потоа прокрварив ќе те замолам ако имаш свое искуство пишувај си за него за мене нема што да пишуваш да не се расправаме




latica -> RE: Вештачко оплодување IV дел (29.10.2013 7:28:17)

Девојки, вчера бев на ехо, супрефактот ми го намалија на 0,3, а со пурегон продолжувам по 3 до петок, во петок ехо и контрола на хормони.
Инаку вчера имав на двата јајника по 4 фоликули од по 14 мм. Кажете дали тоа е добра реакција на лековите, докторот вика супер е и Естрогенот ми беше 124 мислам така нешто.

П:С Капина не се нервирај кој што и како кажал, важно е позитивно да размислуваме , да се подржуваме и да веруваме дека ќе се случи најдоброто за нас. На кој му сметаме нека не не чита [sm=smiley36.gif]

И да ви кажам право некако сум многу смирена се надевам тоа дека е добар знак [sm=smiley1.gif]




mommy_angels RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (29.10.2013 8:17:21)

А сега малку ќе офтопицирам ама ме изнанервиравте од рано по сабајле

АНОНИМЕН ! Многу човечнки е да и се извинеш на капина,знаеш како викаат "Сит гладен не верува" , па така и ти.Заблагодари му на Бога сегој божји ден за трите дечиња и да ти се здрави и живи,ама тоа што имаш блиски со ИНФ не те прави компетентна да зборуваш за тоа и да ја минимализираш туѓата болка и проблем.Капина еден период навистина пишуваше само негативни работи ама сето тоа беше дел од процесот на жалење.Во последно време колку што можам да прочитам е со крената глава и позитивна.Нејзиното мислење е добредојдено за секој со истата мака.

Капина а и сите други овде слободно можете да си ги кажувате проблемите и да ги делите маките,а нормално и убавите случки во вашите животи ,така заедно ќе славиме и ќе се радуваме [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




kate.. -> RE: Вештачко оплодување IV дел (29.10.2013 8:53:26)

anonimen imas tri decinja i sto e sega ovaa za kapina taa ima maka a ti napagas ovoj foru e za site da si pisaat sto sakat a ne da si se karame i da se oneraspolozuvame koga nekumu mu e tesko treba anonimen da svatis a ne da se arduvas na tugata bolka

anonimen ne e ubavo da se raduvas na tugata bolka ostavi ja kapina pominuvase tesko no ete se vo svoe vreme ke bide se bez navredi ve molam sekoj ovde ima pravo da napise kako se custvuva




latica -> RE: Вештачко оплодување IV дел (29.10.2013 9:40:24)

LoveableMe беше ли на ехо, каква е состојбата кај тебе, колку фоликули имаш[sm=smiley1.gif], јас имам по 4 во двата јајника на 8 ден од циклус со 14 мм големина, не знам добро ли е тоа?




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување IV дел (29.10.2013 10:53:39)

Девојки, честитките за Кате.. се префрлени и може да ги упатувате на овој форум: Денес ги добив позитивниот одговор.

Латица и I LOVE, слична ви е состојбата со фоликулите, браво, нема добро или лошо, не барајте го тоа во бројките и уживајте и пишете кога пункција. Јас сум тек во среда на ехо, па тогаш ќе ви пишам колку има. Позз на сите [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]





Страница: <<   < Претходна страница  84 85 [86] 87 88   Следна страница >   >>