RE: Вештачко оплодување VI дел (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 13:45:44)

Пеперутче, овде во темата Клексан во бременост, имам јас копирано и префрлено постови на теа88 и на џина, прочитај ги, таму пишува за што треба да имаш за поврат на средства и постапка. Позз[sm=smiley31.gif]

Ana78, дали правеше скречинг, како помина, пиши ни те нема некое време, те очекуваме[sm=bravo.gif]




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 14:36:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: orchid7

Јас добив порано, како што и очекуваше Др, иако вообичаено добивав на 30 дена. Исто така да ти кажам дека добивањето беше оскудно и реално траеше едно 2-3 дена а после нон стоп си имав како траги некои. Др ми рече дека е тоа сосема нормално бидејќи прв пат користев контрацептивни апчиња. Така што биди подготвена на се [sm=smiley1.gif] Ние сме тука за сите на кои им треба информација, искуство, совет или утеха! Стискам палци за сите [sm=smiley1.gif]



Ti blagodaram mnogu i na site RR-ki sto ste mi od pomos na mene i na drugite sto.se vo procedura...sepak se srekjavam prv pat so ova i prasuvam moze i gluposti ama baram odgovor...inace kontraceptivni piev Microgenon i na 21 den od ciklus pocnav da se bockam so Decapeptil...a dali drugite inekcii ke gi bockam vo stomak ili ne???




orchid7 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 14:40:24)

Тоа мислам дека ќе те советува докторот, јас сите инекции ги ставав во стомак, ама имав послаба терапија. Немав никакво печење ниту пак болки. Ако добро се сеќавам тие што имаа појака терапија, да речеме 3 или 4 фостимони, ги ставаат во рака или бут бидејќи така болело помалце.




Anna78 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 14:51:04)

Здраво на сите [sm=smiley1.gif],
Вчера славев роденден и ме држи уште расположение [sm=smiley36.gif] [sm=sloncek.gif]
Ви испраќам дел од мојата позитивна енергија [sm=smiley31.gif]
За скречинг ми е утре закажано па ќе ви пишам како ќе биде - фала ви што ме мислите [sm=smiley1.gif].
Ве поздравувам сите, посебно пеперутче - браво за храброста, многу сакам храбри луѓе затоа што и мене ме охрабруваат, а верувам и сите вас.
Hopeful - потполно се согласувам со пеперутче, браво за поддршката што си за сето ова време со нас. Ви посакувам среќа и успех на сите и не по едно две туку по три [sm=duda.gif][sm=duda.gif][sm=duda.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 16:52:42)

Anna 78, среќен роденден и со лесно утре на скречинг! Те чекаме да ни пишеш кога ќе можеш [sm=smiley31.gif]

Pinky30, тоа каде се ставаат зависи од инекцијата, но мислам дека речиси сите се мускулни, и најдобро во рака или задник. Не дека не може и во стомак, но праксата е таа. Инаку некои доаѓаат готови, како овие сега што ги ставаш и Гонал, а некои треба да се мешаат, дозираат и слично, така што можеби ќе биде неопходно да се оди на лекар за боцкање. Пиши ни каква шема ќе ти даде докторот [sm=smiley1.gif]




Milicka 30 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 17:16:20)

Анна 78 најсреќен роденден и догодина со две во раце да си го прославиш[sm=smiley36.gif]. Со среќа утре на скречингот, гледам веќе сите доктори го препорачуваат по неуспешно инф.
Со среќа на сите, многу убави ембриони а уште поубави бебчиња.
Капина дај боже да си бремена!!!




kapina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 17:41:20)

Ne sum bremena a ciklusot mi kasne 12 dena




kapina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 17:48:15)

Za zal hormonsko poremetuvanje mnogu sum veke isplasena nemam ni menstruacija ni ovulacija ovoj mesec prviot ciklus go dobiv po ivf na 15 dek i sega ovoj kasne




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 18:33:40)

Kapina zborni so Lazarevski moze treba vreme da se sredi ciklusot moze ke ti preporaca nekoi kontraceptivni apcinja a moze i hormoni ke ti recat da ispitas da znaat sto da ti dadat. Ama ne e nisto strasno samo treba vreme a ti ako si psihicki napnata i celo vreme mislis koga ke ti dojde ne si pomagas voopsto.
Ana 78 so sreka utre na skrecing.




lukajana RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 22:50:31)

Капина не се тревожи ке се најде решение,може и на организмот му треба малку време да си дојде на себе и од терапијата но и од стресот на кој за жал сте изложени во борбата за бебе но верувај дека ти не си единствената на која ова и се случило после ивф и докторите сигурно знаат како да се справат со ситуацијата.Консултирај се со докторот кај кој си правела ивф и раководи се по неговите совети и сигурно ке дојде денот кога ке си родиш бебенце




kapina -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 23:40:11)

A da toa da ne go menuvam doktorot nego maticniot gin mi rece nema da dobies ciklus ovie dve nedeli a lazarevski vika ke dobies ciklus ovie denovi i ne mi dava nisto a maticniot mi prepisa kontraceptivi no ne sakase da mi prepise nisto ne davame terapija vo bakov slucaj toa e hormonsko poremetuvanje i sovet so endokrinolog i endokrinologot mi vika oni neka si go resat toa i si ja prefrlat topkata eden vrz drug a na mene loso mi stanuva duri od sto mojot organizam e naviknat na redoven ciklus duri i porano mi doagase a sega kasne tolku vreme neznam poludena sum veke od ovie doktori




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (27.1.2015 23:43:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Anna 78, среќен роденден и со лесно утре на скречинг! Те чекаме да ни пишеш кога ќе можеш [sm=smiley31.gif]

Pinky30, тоа каде се ставаат зависи од инекцијата, но мислам дека речиси сите се мускулни, и најдобро во рака или задник. Не дека не може и во стомак, но праксата е таа. Инаку некои доаѓаат готови, како овие сега што ги ставаш и Гонал, а некои треба да се мешаат, дозираат и слично, така што можеби ќе биде неопходно да се оди на лекар за боцкање. Пиши ни каква шема ќе ти даде докторот [sm=smiley1.gif]



Da ovie Decapeptil se spremni i sama se bockam...pecat,bolat ama mora da se izdrzi...sestrata mi kaza deka ovie se bockaat potkozno i vo stomak...se nadevam i za drugite ke mi objasni...obavezno ke vi pisam sto i kako ponatamu sega se bockam i cekam ciklus i vtor den estradiol i uste dva hormona neznam koj se i ke vi pisam sto ponatamu so koja terapija prodolzuvam ;-)




LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 9:53:56)

Женски, бев кај Петановски, ми рече дека мојот фоликул ќе прсне денес и дека денес го смета за нулти ден, а потоа уште пет дена до трансфер што значи понеделник 02.02.

Се мислам само дали да земам денови од одмор или боледување, не знам дали да лежам или да се движам, тоа ми беше дилема и во првите ИВФ. Ако ја прашам blue_blue и Hopeful ќе ми речат да не лежам многу, ако прашам пријатели кои имале успешно ИВФ ќе ми кажат лежи и сега така деновиве ќе си чукам глава да решам дали да земам боледување и да одмарам мирувам или неколку дена одмор па да се движам.[sm=smiley36.gif][sm=jezicek.gif]

Криво ми е што докторите немаат јасен став за ова да речат, кај тебе ендометриумот и хормоните се вака и вака, циркулација вака и вака и други параметри и според тоа ти "треба" или "не треба" да одмараш, па да сме начисто[sm=zmeden.gif]




orchid7 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 10:10:26)

За жал правила нема и мислам дека докторите намерно ништо не советуваат! Јас одмарав три дена а после си шетав во парк секој ден. Мислам дека треба три дена да останеш дома, не да лежиш нон стоп, ама сепак, да бидеш одморена и релаксирана. Јас една недела после ЕТ почнав на работа и мислев дека ќе е полесно, ама не ми беше, цело време се оптеретував да не случајно правам нешто лошо, да не е лошо што седам 8 саати и што нагло станувам, да не ме настине некој, итн. Советот мој ти е да си земеш бар 3 дена одмор [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 10:10:37)

Loveable Me, супер новости! [sm=bravo.gif] Ајде со лесно нека помине се и да се радуваме на [sm=rozacrtici.gif][sm=rozacrtici.gif] Мора да ми вратиш со две дунди, како инаку? [sm=smiley36.gif]

Него, и јас сум донекаде поборник на лежењето, барем во првите неколку дена после ЕТ. Земав одмор една недела, за да не објаснувам многу многу на работа, и веројатно лежев од страв. Така првите 5 дена, па после почнав да се врткам по дома, следната недела на работа. Не е се до лежењето, циркулацијата во самата матка е многу битна (кај нас за тоа даваат аспирин или клексан). Плус, имплантацијата се случува одма, а кога ќе се вгнезди, гравитацијата ништо не му може. Може па лежењето помага чисто како одмор, да не се оптеретува телото со ништо друго за да си ја фокусира целата енергија на ембрионите, штознам.

Мислам дека ни по светскиве ивф клиники нема параметри според кои советуваат едно или друго, туку чисто од искуство на докторот и соодветно на карактерот на жената. Ако е некоја активна, што вежбала, трчала и скокала (сега карикирам, ама ме сфаќате), подобро е да не лежи и да продолжи со нормални или малку намалени активности. Досега, не е ни докажано дали едниот или другиот метод имаат поголема успешност, а тоа што кај нас се советува лежење е веројатно од страв, или навика.

Ти направи така како што интуитивно ти доаѓа. Ако сакаш земи само три дена одмор, па и не мора да лежиш дома, само дреми си, читкај книги, гледај филмови и слично, а ако те фаќа склет од тоа, оди на работа, секако нема да стоиш на нозе или да трчаш па да ти биде напорно. Не не слушај нас, слушај се себе си [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




blue_blue -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 10:21:37)


Потпис! Секако ќе треба да видиш тебе што највеќе ти одговара. Инаку мене Петановски ми рече 3 дена дома да седам и јас така направив. Да ми речеше дека морам да лежам 14 дена ќе лежев. Во мојот случај нележењето ми помогна да не мислам нон стоп на тоа. Исто беше и со бремеенсота. Но мислам дека и двата случаи се ОК, нормално бираш она што ти одговара. Мене само не ми иде - лежам дома иако никој не ми рече, а по цел ден мислите ми се таму и размислувам што ако не биде....така да одлучи според она што тебе ти одговара повеќе и што ќе ти даде некој мир. Што и да одлучиш ние навиваме за твоите ембриончиња и нек биде трета дупла среќа за тебе....ќе исчекува со нетрпение да ни кажеш за исходот и да се радуваме заедно

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Ти направи така како што интуитивно ти доаѓа. Ако сакаш земи само три дена одмор, па и не мора да лежиш дома, само дреми си, читкај книги, гледај филмови и слично, а ако те фаќа склет од тоа, оди на работа, секако нема да стоиш на нозе или да трчаш па да ти биде напорно. Не не слушај нас, слушај се себе си [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]





LoveableMe RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 11:29:07)

Фала ви женски за советите, само едно нешто ме буни, малку банално, а тоа е како ќе одам во ВЦ на работа, кога не седнувам, туку со стоење одам, зошто ми е гадно и нечисто, ме разбирате, а тоа нели создава контракции на матката и не е пожелно?

Имплантација кај 5-дневни бластоцисти се случува пет дена после ЕТ, а кај 3 дневни после 7 дена, бар така пишуваат ИВФ центриве, така што можеби неколку дена одмор е доволно и тоа е тоа. Јас сум активен тип и мене мозокот ми работи 100 на саат и психата со седење дома ме убива, подобро е да се движам, но не знам дали добро ќе им правам на ембриониве?[sm=zmeden.gif]

Пишете ми за ова погоре во ВЦ, малку е банално, но мене многу ќе ми значи како вие тоа го правевте и што мислите за тоа. Фала ви мноооооогу[sm=smiley31.gif]




orchid7 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 11:33:57)

Баш на такви работи и мислев [sm=smiley1.gif] Место првите денови да се оптеретуваш со тоа дали правиш лошо со тоа што мочаш станата најубаво е дома да си мочаш на раат и да се правиш прошетки [sm=smiley1.gif] Ќе те занимаваме и ние тука на РР па побрзо ќе ти минат деновите [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 12:24:55)

Кај мене на работа не е гадно, ама за секој случај, пред секое одење бришам и пребришувам по стопати, па ако треба и редам ливчиња хартија, само за да можам да седнам [sm=smiley36.gif] Ама не е тоа решение за секаде, знам. Во секој случај, не треба да се напнуваш и стискаш без оглед дали си на работа или дома, него да чекаш само да дојде. Јас и дома со тоа се мачев, пусти жени, секогаш со тоа имаме проблеми...

Сепак, може најдобро решение е да си земеш одмор, па не лежи, искачај, шетај, движи се, ама барем раат да бидеш првата недела од хигиенски аспект. Мене тие први денови лежење дури и ок ми беа, ама после се мрднав, а тек па после со хематомот кога морав да лежам со недели... сакам да кажам, те разбирам како ти е, дека не можеш да дремеш по дома, и мислам да земеш одмор ама да си бидеш нормално активна по дома, без некое физичко напрегање од типот на чистење, влечење и слично. [sm=smiley31.gif]




kate.. -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 12:27:28)

LoveableMe EVE JAS PRVOTO IVF LEZEV AMA NEMASE USPESNOST I TOIA SITE 15 DENA LEZEV ZATOA NE SE OPTERETUVAJ MNOGU LEZI SI PRVITE TRI DENA I POTOA SETKAJ SI AMA GLEDAJ NE SE ZAMORUVAJ MNOGU. A ZA WC I JAS NA RABOTA KOGA ODAM PODZASTANATA SUM A NE SEDAM NA WC SOLJA RADI INFEKCII BAKTERIII I RED DRUDI RABOTI.INAKU JAS UTRE ODAM NA EHO I KRV PA DRZETE MI SREKA DA MI RASTAT FOLIKULITE. POZZ DO SITE I SE NAJ NJA UBAVO NA SITE.




Anna78 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 14:13:08)

Loveable добро што ја отвори темава, оти мене ми е лежењето проблем исто зашто вообичаено се сум си некаде тргната, првата недела сум ок, ама втората недела ме убива психата, затоа баш и јас истото го мислам, дека за наредно ивф втората недела би одела на работа, а би мирувала само 3 дена.
Кате ти посакувам убаво развивање на фоликулите.
Позз [sm=smiley31.gif]




tea 88 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 14:15:18)

LoveableMe super vesti ajde ovoj pat da bide sekako ke navivame site. Za lezenjeto mislam barem prvite nekolku dena po transfer odmor so lezenje , barem duri e implantacijata makar sto moze nema vrska toa ama jas tolku lezev. A inplantacijata e 6-7 dena po punkcija sto znaci po transfer na blastocisti slednite nekolku dena. Jas imav transfer na tret den vo sabota a vo vtornikot imav implantacija.
Za wc i jas taka pravev. Sega duri i koga pravev serklaz vo Plodnost koga me vide sestrata kako odam vo wc zasto mi go drzese sistemot mi vika zasto ne sednuvas znaes kolku go opteretuvas cerviksot so toa sto ne sednuvas i kontrakcii se pravat. A jas dotogas samo taka odev vo wc duri i sega se zaboravam a znam deka ne cini. Iako sum doma i znam deka e cisto toa mi e ostanato od porano navika taka da odam wo wc. I sega ako sum na dr mesto prvo so toaletna so malku voda brisam pustam voda i stavam dva sloja toaletna pa sednuvam. Mnogu se gnasam a i uplav od bakterii imam.
Kate so sreka utre , normalno ke rastat ic ne mu ja misli.




Melanija RR -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 14:24:41)

LoveableMe RR немам искуство но од она што читам и совети од девојките, мислам за активни како тебе 1 недела одмор е таман, повеќе не. Или 2 недели одмор ама втората недела наместо на работа оди до парк [sm=smiley1.gif]

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




butterfly 00 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 15:09:08)

LoveableMe RR mene Lazarevski koga go prasav za ova IVF kolku da odmaram mi rece 3 do 4 dena i go prasuvav dali smeam da se kacuvam po skali zosto nemame lift, a sum na cetvrti sprat mi rece posle nekolku dena ama mene pusti mi bese strav o 12 dena ne se simnav, a naprotiv i sestra mi me kara zosto ima pominato niz ovoj pat mi vika da se dvizam zaradi cirkulacija. Inaku jas posle transver uste dodeka sum vo Sistina mocam stoecki i ne sum znaela deka moze toa da napravi nekoja kontrakcija, no za ednas dva pati mislam ne e strasno ete da ne e sekoj den. Inaku na sestra mi prijatelka ona e takov tip posle transver lezese eden saat vo bolnica i odma od tamu si otide na rabota, sto da kazam odma i se fati voopsto ne bese opteretena so vakvi raboti kako sto nie se zamarame od pusti strav. Da bese uspeh lezenjeto site ke lezea ama ne e do toa znaci ako saka da se fati ke se fati po sekoja cena bez razlika dali ke lezime ili ne. Ete i jas prvite dve lezev pa bea neuspesni, se zavisi koga organizmor ke prifati. Sto citav na stranski forumi pisuvase edna zena prvite lezela posle ne pa uspesno IVF. Mislam deka treba da se obideme da se opsutime malku, da ne se zamarame so vakvi raboti i rezultatot ke si dojde sam po sebe zosto ke bideme poopusteni. Site sto ne se zamaraat gledam odma im se faka nie sto se pazime se na kraj nesto izleguva. Mislam deka treba sama da odlucis spored toa kako ti doaga. Ti pustam sreka i ovoj pat [sm=nosecka.gif] [sm=modricrtici.gif][sm=rozacrtici.gif]




Pinky30 -> RE: Вештачко оплодување VI дел (28.1.2015 15:14:36)

RR-kiiiiii pomos :-( denes mi e 8 ma inekcija Decapeptil i od vcera imam jaki bolki vo desniot jajnik do vitkanje i eve i denes leviot me zdoboluva ama desniot edvaj izdrzuvam...dali ova e normalno ili da se javuvam kaj Dr.ili sestrata ? I dali ste piele nesto za smiruvanje na bolkite.....? Ve molam za sovet

Loveable RR so lesno ti posakuvam da bide ovoj pat so uspeh i se da e vo red i da se raduvame tuka zaedno ;-)




Страница: <<   < Претходна страница  71 72 [73] 74 75   Следна страница >   >>