RE: Слатки работи (торти, колачи...) (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


Calypso -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (12.3.2013 11:41:46)

А бе сигурно ги има да ги купиш, ама повкусни се домашни. Додуша, вакви колачи јас веќе не купувам откако неколку пати ми се случило да најдам „страни тела“ во нив, почнувајќи од влакна. Затоа, дома си ги правам, барем гледам што има во тестото[sm=smiley36.gif]

Ако сме веќе кај вакви колачи, имам супер рецепт за желади
3 јајца
3 филџани шеќер
3 филџани масло
3 лажици мед
една ќесичка ванилин шеќер
една ќесичка прашок за пециво
една лажица сода бикарбона
брашно по потреба (околу 700г)

Се замесува меко тесто. Од него се прават овални форми и се печат на хартија во плех.
Откако ќе се оладат се лепат по две со мармалад по желба.
До половина се потопуваат со глазура од чоколадо.

ептен брзо и лесно се прават. Не прашувајте колку излегуваат, не стигам да бројам. Ова е оригиналниот рецепт, ама јас малку повеќе кратам на шеќер, оти во рецептот има и мед.




Pepelaska * -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (12.3.2013 12:02:57)

Чоко кокос ( од албумот )
Состојки:
60 грама маргарин
4 лажици млеко
1 белка
250 грама шеќер во прав
200 грама кокос
200 грама чоколада за готвење

Подготовка:
Маргаринот се топи, се матат млекото и белката, па се додава шеќерот и кокосот.
Се заедно се миксира па го оставаме во замрзнувач да постои околу половина час покриено со фолија ( за да не се засуши )
Потоа по желба оформуваме топчиња, или ги ставаме во силиконски калапи претходно намачкани со топено чоколадо.






Pepelaska * -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (12.3.2013 12:03:43)

Мафини со кокос ( од албумот )
Состојки:
2 јајца
100 грама шеќер
1 ванилин шеќер
70 милилитри масло
100 милилитри млеко
2 мали лажички пециво
100 грама сечкано чоколадо
225 грама брашно
80 грама кокос

Подготовка:
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата.
Се става млекото и маслото , брашното со пецивото и матиме уште малку да се добеи убава смеса.
Се додаваат кокосот и ситно сечканото чоколадо.
Се става смесата во претходно намастени калапи за мафини.
Се пече на 180 степени 25 минути




Felly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.4.2013 17:13:30)

Ми треба рецепт за некоја лесна - едноставна торта, која е без какао или чоколадо. Значи нешто овошно. Ајде мамички, чеакм ваши рецепти.[sm=pikapoka1.gif]




arh_diz -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.4.2013 19:47:37)

Najlesna torta tiramisu , kupuvas prasok za tiramisu vo prodavnica go matis so mleko i filot e gotov :),ti trebaat biskviti koi gi stavas vo kafe ili nekoj sirip po zelba . Redis red biskviti red filot . Odozgora stavas ovosje :)




Maca25 -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.4.2013 20:31:31)

се ок, ама прашок за тирамису јас не сум видела кај нас. мене мајка ми за роденден ми ја направи :)




Natuska85 -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (25.4.2013 9:33:41)

Дајте предлог за некој вкусен крем за торта...Сакам да купам од тој готовиот пандишпан од Кам ми го испофалија ептен, па каков фил да направам за измеѓу?Плус планирам да ја премачкам со шлаг и одозгора јаготки потопени во чоколадо [sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (25.4.2013 12:59:17)

Можеш јогобелата да ја видиш од Кикичка. Во рецептите ја има. Тамам овошна е и со јадоги.[sm=smiley20.gif]




zzaa -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (25.4.2013 21:46:43)

Ajde da vi pisam eden posen kolac,sto denes go pravev i mnogu mi se dopadna,evtin i brzo se pravi i e vkusen

Znaci vaka site sostojki sto se stavat vo kolacot se merat so casa od 150 ml.
4.casi seker
6.c.brasno
4.c.kisela voda
2.c.zejtin
1.pecivo
3 lazici kakao
Site sostojki se zamesuvat zaedno,moze so raka ili so mikser za da ne se napravat grucinja.se pecat vo cetvratasto plehce.okolu 30 min na 200 C.
otkako ke se oladi kolasot se premackuva so marmalad(kakov imamate doma ili kakov najmnogu sakate po vasa zelba)potoa vrz marmaladot se premckuva so glazura(od rastopena cokolada za gotvenje).dobar apetit[sm=smiley36.gif]




gina -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (1.6.2013 18:04:05)

ce ve molam nekoj da kaze recept detalen za sitni kolaci praline se vikale kakov fil i kako se pravat deneska na gosti jadev i preubavi bea ama nekoj drug i gi pravel i neznaes recept da mi dade mi kaza vo silikonski kalapi so cokolada i fil mmm[sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (2.6.2013 1:00:18)

Утре ќе ми идат гости, другарките со повојница, е сега спремив друго се, ама ми треба идеа уште за десерт. За да не губам време си купив пандишпан од Кам, а имам и цреши дома, па ако може да ми предложите некој овошен фил, па и не мора да е овошен, јас ради црешиве да ги искористам, а и не мора и тестото да го употребам, ама нешто поедноставано да е, зашто за благо не ме бива баш




Bethany -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (2.6.2013 12:36:10)

Сноувајт, јас многу го сакам овој овошен колач-торта. Нема име, нешто како чиз-кејк доаѓа. Јас го викам само овошен колач [sm=smiley1.gif]

На страна во посебен сад правиш "фил": мешаш три павлаки (обични за јадење, битолска или некоја друга) со три супени лажици шеќер во прав и тоа ти е фил. [sm=smiley1.gif]

Значи, во подлабок плех редам ред пишкоти (многу кратко потопени во млеко).
Преку нив редам малини, може купини, вишни, може да додадеш и банани , може цреши, најубаво е со некое покисело овошје, мислам дека цреши убаво ќе идат, јас најчесто малини ставам.
Преку малини (или друго овошје) мачкаш од филот (павлака).
Потоа пак ред пишкоти, па овошје, па филот од павлака.
На крајот се премачкува со матена шлаг пена.

Ете многу брзо, многу лесно , мноооогу вкусно и калорично [sm=smiley1.gif]
Ова последно занемари, инаку прекрасен вкус е.
Ако сакаш можеш наместо пишкоти да употребиш тој пандишпан и верувам пак ќе биде вкусно и лесно.




Snowhite RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (2.6.2013 14:17:18)

па мене ми треба калорично зашто сакам да се поправам [sm=smiley1.gif] Ајде ќе пробам нешто од ова да направам некоја комбинација, фала Бетани




Bethany -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (2.6.2013 14:21:57)

еј блазе си ти [sm=smiley1.gif]
Јас не сакам да се поправам, ама овај колач не одбивам.

Е да, сакам да напоменам дека јас досега ставав од битолска павлака, таа ми е некако најцврста, па е убава за фил, да не се разлева.Исто по вкус, ако сакаш поблаго (можеш повеќе да ставиш од прав шеќерот во павлака, а и немора, бидејќи пишкотите се благи) После саат време во фрижидер, малку пишкотите да омекнат и спремно за јадење. Прав летен колач.




miana -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (2.6.2013 14:33:56)

Еве ти и од мене краток и лесен фил

1 кг овошје
2 пудинга од ванила
100 мл вода
16 лажици шекер

Ставаш шекерот и водтата да повријат ( да стане речиси како шербет )
Го ставаш овошјето ( може и замрзнато - мене со јагоди ми е најубаво и со вишни а можеш и да комбинираш ) и тоа да поврие,да омекне..На страна ги раствараш двата пудинга од ванила со малку водичка и потоа ставаш во тенџерето со овошје..Мешаш цело време да не загори,ке стане густо како пудинг и го тргаш од огин...На пандишпанот му ставаш три шољи млеко,да го намокриш... Потоа филот така топол од тенџере го ставаш врз тортата...Кога ке се подолади малце ја премачкуваш тортата со шлаг пена...Многу е вкусна торатава,лесна за правење..Ако сакаш ке ти го напишам и рецептот за оргиналниот пандишпан. Превкусна е ,може со секое овошје,ама во твојов случај - цреши,незнам како би било зошто црешите немаат некој посебен мирис па такада ,не сум пробала,незнам..Ако имаш пиљара во близина купи си јаготки и ке имаш преубава тпрта..На здравје!!!




sandriana RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (11.6.2013 22:24:21)

Покрај ссета гужва денес, успеав да сматам еден екстра лесен овошен колач, со праски
- 1 килограм праски или кое било друго сезонско овошје
- 2 јајца
- 1 чаша (2 дл) шеќер
- 1 чаша (2 дл) јогурт
- 2 чаши (2 дл) брашно
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 1 дл масло за јадење
- шеќер во прав

Подготовка:
Измешајте ги шеќерот, јајцата, па додајте го јогуртот и на крајот брашното помешано со прашокот за печење. Измешајте сè заедно додека не се добие глатка смеса, па додајте сосем малку сол. Вака подготвената смеса истурете ја во тавче за печење премачкано со масло за јадење и посипано со брашно. Потпечете го колачот во рерна околу пет до седум минути, па извадете го од рерната. На површината наредете ги исечканите на парчиња праски. Вратете го колачот во рерна и печете го уште 35 минути на температура од 175 Целзиусови степени. Испечениот колач посипете го со шеќер во прав. Почекајте да се олади и послужете го. На здравје!




moni teo -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (11.6.2013 22:32:19)

domasno ferer rose
-500g napolitanki
-600g eurokrem
-200g orevi
seto toa se pomesuva se pravat bombici odozgora se preliva so cokolado




moni teo -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (11.6.2013 22:40:51)

kornifleks
-200g kornifleks
-1saka orevi
-200g susam
-1 margarin
-2 lazici kakao
-8lazici med
-200g seker
sekerot medot margarinot i kakaoto se stavat na ogan da se rastopat pa se dodavaat vo sadot so kornifleksot orevite i potpeceniot susam




moni teo -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (11.6.2013 22:43:18)

resana bonbici
-500g resani
-200g seckani orevi
-100ml mleko
resanit se drobat se stava mlekoto i previte i se formirraat bombici koi se uvalkuvaat vo meeni orevi




LoveableMe RR -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (12.7.2013 14:15:43)

Колач со малини

•4 јајца
•2 чаши шеќер
•2 чаши брашно
•1 чаша млеко
•пола чаша масло
•1 пециво
•1 ванилин шеќер
•400 грама малини

Се матат јајцата со шеќерот да се растопи. Потоа ги додаваме другите состојки и уште малку матиме. Смесата ја истураме во подмачкан плех со маргарин и малку брашно (или со хартија за печење) и ги тураме низ неа малините (може да се стави било кое овошје).
Печеме 30 минути во загреана рерна на 200 степени.

Bon appetit




elenak -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.7.2013 14:11:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве ти и од мене краток и лесен фил

1 кг овошје
2 пудинга од ванила
100 мл вода
16 лажици шекер

Ставаш шекерот и водтата да повријат ( да стане речиси како шербет )
Го ставаш овошјето ( може и замрзнато - мене со јагоди ми е најубаво и со вишни а можеш и да комбинираш ) и тоа да поврие,да омекне..На страна ги раствараш двата пудинга од ванила со малку водичка и потоа ставаш во тенџерето со овошје..Мешаш цело време да не загори,ке стане густо како пудинг и го тргаш од огин...На пандишпанот му ставаш три шољи млеко,да го намокриш... Потоа филот така топол од тенџере го ставаш врз тортата...Кога ке се подолади малце ја премачкуваш тортата со шлаг пена...Многу е вкусна торатава,лесна за правење..Ако сакаш ке ти го напишам и рецептот за оргиналниот пандишпан. Превкусна е ,може со секое овошје,ама во твојов случај - цреши,незнам како би било зошто црешите немаат некој посебен мирис па такада ,не сум пробала,незнам..Ако имаш пиљара во близина купи си јаготки и ке имаш преубава тпрта..На здравје!!!

Миана правиш пандишпан за тортава или купуваш готов? И дај кажи време за тоа вриењето за такви домаќинки како мене, само со минути што работат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Не знам јас за отприлика, или точно или приближно, ако не знај дека утка е работата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




miana -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.7.2013 14:24:14)

Go pravam srcka i epten e lesen - 5 minutki rabota.
Ke dojdam doma i ke ti go napisam ako sakas ( sega sum na rabota )
Mnogu lesen a kolku evkusno - toa druga rabota..Moze i so zamrznato ovosje..
Na pandispanot dodeka e vrel mu se stava 3 fildzani ladno mleko i se ostava da se podoladi malce..Od kako ke se oladi,se stava topol filot i se stava celosno da se oladi..Od kako celosno ke se oladi,matis dve slag peni i ja stavas vo frizider da odstoi najmalku 10 casa..PREUBAVA,lesna za jadenje i za pravenje..So jagodi i visni mi e najubava...
Inakuj jas go pravam pandispanot ama mnogu e lesen i mnogu vkusen i mnogu poeftin od gotovite




miana -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.7.2013 14:32:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве ти и од мене краток и лесен фил

1 кг овошје
2 пудинга од ванила
100 мл вода
16 лажици шекер

Ставаш шекерот и водтата да повријат ( да стане речиси како шербет )
Го ставаш овошјето ( може и замрзнато - мене со јагоди ми е најубаво и со вишни а можеш и да комбинираш ) и тоа да поврие,да омекне..На страна ги раствараш двата пудинга од ванила со малку водичка и потоа ставаш во тенџерето со овошје..Мешаш цело време да не загори,ке стане густо како пудинг и го тргаш од огин...На пандишпанот му ставаш три шољи млеко,да го намокриш... Потоа филот така топол од тенџере го ставаш врз тортата...Кога ке се подолади малце ја премачкуваш тортата со шлаг пена...Многу е вкусна торатава,лесна за правење..Ако сакаш ке ти го напишам и рецептот за оргиналниот пандишпан. Превкусна е ,може со секое овошје,ама во твојов случај - цреши,незнам како би било зошто црешите немаат некој посебен мирис па такада ,не сум пробала,незнам..Ако имаш пиљара во близина купи си јаготки и ке имаш преубава тпрта..На здравје!!!

Миана правиш пандишпан за тортава или купуваш готов? И дај кажи време за тоа вриењето за такви домаќинки како мене, само со минути што работат[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Не знам јас за отприлика, или точно или приближно, ако не знај дека утка е работата[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Vodata i sekerot gi stavas da zovrijat i da povrijat 3-4 minutki ( da se stopi ubavo sekerot )
Dodavas ovosjeto,malce da se povari,da omekne ubavo ( ke vidis koga ke bide omeknato od prilika 5-6 minutki )
Na strana mesas voda so dva pudinga od vanila ( bas kako puding sto pravis,samo mesas so voda namesto so mleko ) i gi isturas vo tendzereto so ovosjeto sto vrie... Ke pocne da zgusnuva kako puding,postojano mesas da ne ti zagori ( vnimavaj prska od pudingot ) namali go ognot ili trgni go od ringla i mesaj..Ke zgusne ubavo kako puding i ke go trgnes na strana..Ke vidis sama,kolku i da ne te biva - ova samo ke ti kaze koga treba da go trgnes..
Pandispanot isto brzo se pravi i se pece za kratko vreme..Mirisa mnogu ubavo ,ke pozolti ubavo i gotov e ( bas zolta boja ke dobie) i ako sakas da proveris dali e pecen ,ke bocnes so cepkalka za zabi i ako e suva cepkalkata - znaci peceno e !!! Go vadis i go polevas so tri casi ladno mleko ( za kafe solji )
trgas na strana dodeka go pravis filot..|Koga ke bide gotov filot,stavas vrz tortata..Ostavas ubavop da se oladi i stavas dve slag peni..Prasuvaj slobodno...Sega ne mi teknuva na pamet za pandispanot,znam od prilika ama ke ti pisam tocno kako bese..




Yummy Mammy -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.7.2013 15:08:38)

miana, mnogu mi se svigaat tvoive recepti, epten se ednostavni.
Ke kupam posle gotov pandispan, i doma imam 10kg kajsii, ne znam sto da im pravam. Ke gi napravam 10 torti [sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: Слатки работи (торти, колачи...) (18.7.2013 15:37:02)

Ajde pisi,ama ako e toj obicniot pandispan go znam na pamet.Po 5 lazici sekjer,brasno,5 jajca i pecivo.Toj li e? Kje ja napravam tortava vecer koga kje zaspie mala,taman kje otstoi vo frizider na raat,nema da ja cepkame do utre:)




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>