1 - 12 рецепти од 23 | Страница: | | 1 | 2 |
Кашичка од јунешко месо >
Сосотојки:
50 грама Целер
150 грама Моркови
20 грама Кромид
150 грама Компир
100 грама Јунешко
Упатства:
Варете го месото додека не омекне, потоа додајте му го зеленчукот. Покријте и варете на тивко додека зеленчукот не омекне. Тргнете го од огнот и оставете да се олади. Отстранете го зеленчукот и испасирајте го посебно. 3/4 од порцијата месо ставете го во блендер заедно со 1/3 порција супа во која месото се варело.
Додајте го зеленчукот и миксирајте додека не се изедначи масата. За разредување на кашичката задолжително користете ја супата во која се варело месото и зеленчукот за да ги сочувате сите хранливи состојки кои при варењето останале во водата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Чорба од мешан зеленчук >
Сосотојки:
1 компир
1 морков
1 домат
1/2 кафено лажиче ориз
Упатства:
Состојките се варат додека омекнат, се пасираат, се додава путер и малку сол. Чорбата се вари кратко време потоа.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Јаболко со бисквити >
Сосотојки:
1 јаболко
1 кафено лажиче шеќер
2 бисквити
Упатства:
Се подготвува пире од 1 варено/печено јаболко, се додава 1 кафено лажиче шеќер и 2 мелени бисквити
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Пирјач >
Сосотојки:
80 гр. јаболко
100 мл. вода
3 кафени лажички оризово брашно
Упатства:
Јаболкото се вари и пасира/блендира. Оризовото брашно се вари во 100 мл. вода, се засладува по желба и се меша со вареното јаболко.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Засладена вода (гликоза) >
Сосотојки:
100 мл. вода
1 кафена лажичка шеќер
Упатства:
Засладената вода е основна течност што му се дава на новороденчето секој ден по раѓањето. Се приготвува од 100 мл. вода и 1 кафена лажичка шеќер. Заедно се варат 1-2 минути. Изладено му се дава на новороденчето.
Време потребно за подготовка: 10 минути
<< Сокриј го рецептот
Кашичка од компир, морков и тиквичка >
Сосотојки:
1 компир
1 морков
2-3 парчиња тиквичка
малку сол
малку ладно цедено маслиново масло
Упатства:
Компирот и морковот се лупат и мијат, се сецкаат на парчиња и се ставаат да се варат. Откако малку ќе омекнат се додаваат 2-3 кругови, излупена и измиена млада тиквичка. Потоа состојките се блендираат со малку од водата во која се вареле, додека се добие саканата густина. Се додава малку сол и 2-3 капки маслиново масло.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Кашичка од компир и морков со млеко >
Сосотојки:
1 компир
1 помал морков
малку млеко (мајчино, адаптирано)
Упатства:
Компирот и морковот се лупат и мијат, се сецкаат и се варат додека не омекнат. Потоа се блендираат или пасираат. На крај се додава млеко.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Кашичка од мешан зеленчук >
Сосотојки:
100 грама Репа
100 грама Моркови
300 милилитри Млеко
100 грама Компир
Упатства:
Се лупат морковот, репата и компирите.
Потоа се сецкаат на кругчиња и се варат 15 минути.
Се пасираат и се помешуваат со 300 грама млеко.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна кашичка со бисквити >
Сосотојки:
1 Круша
100 грама Бисквити
1 јаболко
Упатства:
Се лупат и чистат од семките крушката и јаболкото, потоа се сечат на коцки, и се варат 10 минути. Вареното овошје се пасира, и се соединува со мелени бисквити. Кашичката се разредува со водата во која се варело овошјето.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Кашичка со гриз >
Сосотојки:
100 милилитри Млеко
50 грама Гриз
1 Банана
1 Јаболко
Упатства:
Се вари гризот со млекото.
Потоа се остава да се олади гризот, па се додава пасирана банана и рендано јаболко.
Потоа кашата убаво се промешува
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Крем супа од грашок >
Сосотојки:
50гр. млад грашок, 1 лажичка или маргарин, 1 лажичка брашно,1/4 варена жолчка, 1 супена лажица кисела павлака.
Упатства:
Грашокот се чисти, се мие и се вари. Сварен се пасира. На страна, во сад во загреано масло се става брашното и заедно се додаваат во супата од пасираниот грашок. Се остава да се вари уште 10 мин. Се додава павлака и жолчка и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Млечна крем супа >
Сосотојки:
1мал компир, 1 мал морков и 150мл. млеко
Упатства:
Компирот и морковот се мијат се лупат, се сецкаат на ситни парчиња и се варат во вода. Кога ќе се сварат се вадат од водата, се пасираат и се додава млекото. Се остава малку да проврие, се лади и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот