1 - 12 рецепти од 21 | Страница: | | 1 | 2 |
Банана леб >
Сосотојки:
2-3 зрели банани
2 јајца
50 гр кафеав шеќер
ванилин шеќер
120 гр стопен путер
90 мл млеко
250 гр брашно
1/2 пакетче прашак за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
Прстофат сол
Упатства:
Ги блендираме бананите со вилушка, додаваме јајца, шеќер, путер и млеко и мешаме до хомогена смеса.
Во друг сад ги ставаме брашното, прашокот за пециво, содата и солта па ја додаваме и смесата со банани и промешуваме.
Смесата се истура на тавче обложено со хартија за печење и се печи 50 минути на 180 степени.
Слободно правете варијации на основниот рецепт. Некогаш комбинација од бело и интегрално брашно, некогаш само интегрално ( тогаш доволно е 180 грама), некогаш пола од бадеми /лешници/кокос, некогаш целосно од јатки.
Млекото може да е растително или јогурт/кисело млеко.
Шеќерот бел/мед/стевиа...
Може да се додаде зрнесто овошје, цимет, мускатно оревче,какао,чоколадо...
Каква и комбинација да направите,уживањето е загарантирано - и при готвење и при дегустација.
Follow me_mother_of_three on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Леб што не се меси со рака >
Сосотојки:
450-500 г брашно
340-350 мл вода
1 квасец
1 – 1 ? лажиче шеќер
1 лажиче сол
50 мл масло (околу 1 – 2 супена лажица, маслиново или обично масло)
Упатства:
Ова е вид на леб кој не се меси со рака, а состојките само се мешаат со дрвена лажица и треба да стои покриено во тенџере или шерпа, околу еден час.
Тестото е меко и лепливо, па кога е стасано се префрла на платнена крпа која е наросена со брашно, па со крпата се оформува и се префрла во огноотпорен сад обложен со хартија за печење и одозгора се поросува со брашно.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени сендвичи од рерна >
Сосотојки:
тенки парчиња леб
200 гр шунка
листови кашкавал
100 гр чадени колбаси
100 гр намаз од сирење
200 мл млеко
2 јајца
100 гр кисела павлака
кечап
Упатства:
Секое парче леб намачкајте го со намаз од сирење, преку додајте листови шунка или некоја салама, додајте кашавал и кечап и така редете едно преку друго додека не го потрошите материјалот.
Префрлете во плех обложен со хартија за печење. Разматете јајца, додајте павлака и млеко и со тоа прелијте ги сендвичите.
Можете да нарендате кашкавал преку. Печете на 210 степени околу 35 минути.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Индиски леб – Тава Наан >
Сосотојки:
900 г брашно
1 супена лажица шеќер
1 супена лажица сол
1 квасец
300 мл млеко
80 мл павлака
2 супени лажици маслиново масло
1 јајце
Упатства:
Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.
Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.
Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени.
Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малку.
Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „naan“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магдонос.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Банана леб - еден од најпознатите десерти >
Сосотојки:
256 gr сенаменско брашно
55 gr кафеав шеќер
2 матени јајца
2 банани добро узреани
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сол
113 gr путер
Упатства:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Малку подмачкајте тавче со димензии 23x13 cm.
Во голема вангла, искомбинирајте го брашното, прашокот за пециво и солта. Во поединечна вангла, спојте ги путерот и кафеафиот шеќер додека не бидат крем смеса. Истурете ги и јајцата и пасираните банани додека не се избленда добро. Истурете ја банана смесата во брашно смесата, измешајте да се намокри. Истурете ја целосната смеса во подготвено тавче за леб.
Печете во претходно загреана рерна 60 до 65 минути, додека чепкалката со која ќе проверите во центарот на лебот не излезе чиста. Оставете го лебот да се олади 10 минути, после свртете го на полица со жица.
Дополнителен совет
Може да користите алуминиумска фолија за да ја држите храната повлажна, да се испече еднакво и да си го олесните чистењето.
Време потребно за подготовка: 110 минути
<< Сокриј го рецептот
Бадниково лепче >
Сосотојки:
500гр. бело брашно тип 400
1 мала лажичка сол
1/2 свеж квасец или 1 ќесичка сув квасец
50 мл. масло
околу 250 гр. млака вода
Упатства:
Во длабок сад ставете го брашното, додадете ја солта, квасецот и маслото и малку промешајте. Почнете постепено да ја додавате водата. Замесете тесто. Оставете да се одмори 10 тина минути. Печете во загреана рерна на 200 целзусови степени околу 20 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита од стар леб >
Сосотојки:
700 г стар леб
500 мл млеко
200 г шунка
150 г сирење
2 јајца
малку масло за готвење
Упатства:
1.Лебот исечете го на коцки. Ставете го во подлабок сад. Одозгора налијте млако млеко. Оставете го лебот 10 минути убаво да впие од млекото и да омекне.
2.Изрендајте сирење, исечкајте шунка и заедно со две јајце ставете ги во смесата од леб и јајца. Убаво измесете. (по желба можете да посолите)
3.Тавчето за печење добро премачкајте го со масло. Истурете ја смесата и печете на 200 степени околу 40 минути.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Леб со маслинки >
Сосотојки:
600 г брашно
? коцки квасец, 40 грама
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 лажица анасон и ким
1 лажичка маслиново масло
Околу 20 парчиња зелени и црни маслинки
100 мл топло млеко
3-3,5 мл топла вода
Упатства:
Во помал сад измешајте ги квасецот, млекото, шеќерот и додадате малку брашно. Оставете ја смесата околу 5 минути, да се крене. Остатокот од брашното измешајте го со сол, масло и млеко. Додадете ја смесата со квасецот. Месете го тестото додека не стане меко. Оставете ја смесата да стаса, на топло место, околу еден час. Маслинките исечкајте ги ситно, додадете ги анасонот и кимот и вметнете ги во смесата. Ставете го тестото во претходно загреана рерна и печете околу 45 минути на 220? степени.
Овој вкусен леб се јаде додека е топол, а може дури да биде и идеална комбинација за појадок, која секому ќе му се допадне. Можете да го комбинирате со сирење, ајвар или јогурт.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Крутони (домашни кубети) >
Сосотојки:
- стар леб
- 1-2 лажици путер
- зачини (по желба)
Упатства:
Исечкајте го лебот на коцки. Битно е лебот да биде стар. Стопете го путерот во тава, додајте го лебот измешајте за да го впие путерот и распоредете ги во плех за печење така што да не се преклопуваат. Кога ќе поруменат од едната страна завртете ги од другата страна. Кога ќе добијат убав азлатна боја извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат. Доколку сакате во пржењето може да додадете вегета или лук во прав.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Канапеи - коктел сендвичи >
Сосотојки:
- 2 пак. бел леб од Жито Лукс (во форма на коцка)
- 300 гр. пушено пилешко филе
- 300 гр. кашкавал
- маргарин
Упатства:
На машина за сечење месо се сечи пилешкото филе и кашкавалот. Се земаат три парчиња леб. Првото парче се мачка со маргарин од едната страна, над него се ставаат парчиња пушено месо, се става второто парче леб (намачкано од двете страни со маргарин), над него се ставаат парчиња кашкавал. Се става и последнот парче леб, намачкано само од едната страна со маргарин. Одозгора се става пилешко месо. Секој сендвич се сечи на осум делови (половина, четвртина, осмина).
Брзо, лесно и вкусно!
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот
Брускети на поинаков начин >
Сосотојки:
сецкано печено месо
листови зелена салата
сецкана сланина или шунка
варено јајце
сенф
мајонез
сол
бибер
брускети или двопек
Упатства:
Месото, сланината и јајцето се сечкаат, се додаваат сенфот, мајонезт и зачините. Сето се меша и се става на двопекот или брускетите, на кои претходно сме ставиле вивчиња зелена салата.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица лепчиња >
Сосотојки:
1 леб (ладен)
2 јајца
150 гр шунка
150 гр кашкавал
1 лажичка сенф
кечап
маргарин
Упатства:
Исечете го лебот на парчиња и наредете го лепчињата во плех премачкан со маргарин. Изматете две јајца и во нив додајте ја изренданата шунка и лажичка сенф. Лепчињата премачкајте ги прво со кечап, па со смесата од јајца. По желба може да ставите некоја печурка и одозгора ставете рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 250 степени, 10-тина минути.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот