13 - 23 рецепти од 23 | Страница: | | 1 | 2 |
Рибина супа >
Сосотојки:
20гр. морков, 5 гр. благ кромид, 1-2 кафени лажички ориз 1 кафена лажичка маслиново масло и 100 гр. бела риба.
Упатства:
Морковот и кромидот се чистат, се сецкаат на ситни парченца и се варат во зовриена вода со масло. Кога ќе се свари зеленчукот се додава претходно исчистената риба. Кога е готово се вади рибата посебно од зеленчукот. Зеленчукот се цеди, а во истата вода се става да се вари оризот. Рибата се чисти од коските и заедно со зеленчукот се додава во сварениот ориз. Се вари уште 5 мин.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Супа од телешки коски >
Сосотојки:
200 гр.телешки коски, 20 гр. морков, 10 гр.тиквички, 10 гр. карфиол или брокула и 1 кафена лажичка ориз.
Упатства:
Измиените телешки коски се ставаат во ладна вода и се варат 1 час на умерена температура. Зеленчукот темелно се мие, се сецка на ситни парчиња и се додава во супата со коските. Кога ќе се свари зеленчукот се вади во посебен сад, а супата се процедува заради ситните парченца од коските. На процедената супа и се одстранува вишокот на маснотија и во неа се вари оризот. Кога оризот ќе омекне се додава претходно сварениот зеленчук. Се пасира и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Супа од пилешки ситнеж >
Сосотојки:
20 гр.морков, 10 гр.кељ, 10 гр. тиквичка, 10 гр. карфиол или брокула, 1 кафена лажичка пченкарен гриз или ориз, 100 гр. пилешки ситнеж.
Упатства:
Пилешкиот ситнеж се мие, се вади кожата и се вари. Зеленчукот се мие, се лупи и се сецка на ситни парченца. Кога месото е полусварено се додава зеленчукот и се вари на умерена температура додека не омекне. Месото и зеленчукот се вадат, а супата се процедува и става гризот или оризот за да се вари. Месото се двои од коската и ситно се сецка. На сварениот ориз се додава зеленчукот и месото. Се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Млечна крем супа >
Сосотојки:
1мал компир, 1 мал морков и 150мл. млеко
Упатства:
Компирот и морковот се мијат се лупат, се сецкаат на ситни парчиња и се варат во вода. Кога ќе се сварат се вадат од водата, се пасираат и се додава млекото. Се остава малку да проврие, се лади и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Крем супа од грашок >
Сосотојки:
50гр. млад грашок, 1 лажичка или маргарин, 1 лажичка брашно,1/4 варена жолчка, 1 супена лажица кисела павлака.
Упатства:
Грашокот се чисти, се мие и се вари. Сварен се пасира. На страна, во сад во загреано масло се става брашното и заедно се додаваат во супата од пасираниот грашок. Се остава да се вари уште 10 мин. Се додава павлака и жолчка и се служи.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Каша од морков и ориз >
Сосотојки:
50 гр. морков, 1 лажици ориз, 100 мл. млеко, 1 лажичка масло (5 мл.)
Упатства:
Морковот се мие, се лупи, се сецка на кругчиња и со оризот се ставаат во врела вода да се вари. Кога ќе омекнат целосно, се додава млекото и маслото. Се вари уште 3-5мин. Се пасира или миксира, за поголемо доенче се ситни со вилушка.
Оваа каша може да се приготви со ориз наместо со пченкарен гриз. Во тој случај на полусварениот морков се додава пченкарниот гриз и се вари уште 10-15мин. со постојано мешање.
Може да комбинирате со мелено месо, бела риба или тврдо варена жолчка во зависност од возраста на доенчето.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Каша од спанаќ или блитва >
Сосотојки:
50 гр. спанаќ, 1лажица оризови снегулки или пченкарно брашно, 100 мл. млеко, 1мало лажиче маслиново масло.
Упатства:
Спанаќот се чисти од рачките и се мие под млаз вода. Оставете да одстои 20-30 мин. во вода со сол или лимонов сок, за поубаво да се измие од нечистотии. Се плакне и се става да се вари во врела вода. Кога ќе падне на дното тогаш е сварен. Се цеди, се пасира, се додава млекото и маслото или маргаринот и се вари уште малку на умерена температура. За да се згусне се додаваат оризовите снегулки.
Доколку го подготвувате со пченкарно брашно тогаш оставете да се вари уште 10-15 мин. со повремено мешање.
За постари доенчиња може да се додаде мелено месо, бела риба, жолчка или џигер.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Каша од карфиол, компир и тестенини >
Сосотојки:
70 гр. карфиол, 30 гр.компир. 10 гр.тестенини (тарана, јувки, фиде), 50 мл.млеко, 1 кафена лажичка масло.
Упатства:
Компирот се мие, се лупи, се сецка на ситни парчиња, а карфиолот се мие и се ситни на мали парчиња. Заедно се ставаат во врела вода и се варат, поклопени, на умерена температура. Кога ќе омекнат, се додава тестенината и маргаринот. Се вари уште 10-15 мин. Се додава млекото и се вари уште 3-5 мин.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Каша (пире)од компир и блитва >
Сосотојки:
200 гр. млад кромид, 150 мл. млеко, 4-5 листови млада блитва, 2 гр.сол, 1 варена жолчка, 1 супена лажица кисело млеко или павлака.
Упатства:
Компирот се мие, се лупи и се става во млеко да се вари. На полусварениот компир му се додава и ситно исецкана блитва. Се вари уште 15 мин. додека да се свари убаво. Се посолува и пасира. На крај се додава киселото млеко (павлака) и пасираната жолчка.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Овошна каша со јаболко и морков >
Сосотојки:
1 јаболко, 1 морков, 1 лажичка ориз и 200 мл.вода.
Упатства:
Оризот се мие и се вари. На полусварениот ориз се додава измиен и рендан морков. Кога морковот е полусварен, се додава лупеното и сецкано јаболко. Кога сите продукти ќе омекнат, се остава да се излади и се пасира.
Кашата може да ја подготвите и со свежо јаболко и морков.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Кашичка од јунешко месо >
Сосотојки:
50 грама Целер
150 грама Моркови
20 грама Кромид
150 грама Компир
100 грама Јунешко
Упатства:
Варете го месото додека не омекне, потоа додајте му го зеленчукот. Покријте и варете на тивко додека зеленчукот не омекне. Тргнете го од огнот и оставете да се олади. Отстранете го зеленчукот и испасирајте го посебно. 3/4 од порцијата месо ставете го во блендер заедно со 1/3 порција супа во која месото се варело.
Додајте го зеленчукот и миксирајте додека не се изедначи масата. За разредување на кашичката задолжително користете ја супата во која се варело месото и зеленчукот за да ги сочувате сите хранливи состојки кои при варењето останале во водата.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот