25 - 36 рецепти од 80 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 7 |
Проја со спанаќ и зденки >
Сосотојки:
• 2 јајца
• 125 гр брашно
• 125 гр пченкарно брашно
• 130 мл јогурт
• 30 мл млеко
• 60 мл масло за јадење
• 1 прашок за пециво
• 1 лажичка сол
• ? лажиќка шеќер
• 2 зденки
• две раце исецкан спанаќ
• 50 гр сирење (по желба)
• сусам
Упатства:
Јајцата, солта, прашокот за пециво и ? лажичка шеќер помешајте ги со рачна маталка. Потоа додадете ги сите состојки и мешајте додека смесата не се изедначи.
Во намрсен плех истурете ја смесата, ставете сусам и печете на 180°Ц, 25 минути.
Добар апетит и пријатен ден!
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Крекери >
Сосотојки:
Потребни состојки:
?Мерете се со иста чаша, јас користев чаша која собира 250 мл течност.
• 2 чаши 'ржано брашно
• 2 чаши брашно
• 1 чаша масло за јадење
• 1 чаша пиво или бело вино
По една полна рака семки од:
• сончоглед
• лен
• сусам
• тиква
• црно семе
• ким по желба
Упатства:
Подготовка:
Сите состојки се мешаат заедно и се замесува тесто. Тестото се расукува и се сечат форми по желба.
На плех обложен со хартија ги ставате формите и печете на 180°Ц 8-минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Памук погачи со кашкавал >
Сосотојки:
Користете чаша од 250 мл
• по 1 чаша топло млеко, топла вода, масло за јадење
• 1 ќесичка сув квасец
• 5 чаши брашно
• 3 лажици шеќер
• 1 лажица сол
• 150 гр стопен путер
• сусам
• кашкавал
Упатства:
Во длабок сад го ставате топлото млеко, водата, маслото за јадење, квасецот и шеќерот. Промешувате со лажица па постепено го додавете брашното помешано со солта. Замесувате тесто и го оставате 30-40 минути да стаса.
Откако тестото ќе стаса го делите на 16 топчиња и секое го расукувате правоаголно, го полните со кашкавал и ги затварате краевите. Го потопувате во растопениот путер и целосно ги валкате во сусам. Можете да ги обликувате и како топчиња. Пред печење ги засекувате со жилет или остар нож 2 пати горе по површината. Печете на 180°Ц 15тина минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тартуфи од крем сирење и ф'стаци >
Сосотојки:
230 гр крем сирење
1 лажица мајонез
1 лажичка сок од лимон
230 гр рендано сирење едам или друго по ваш избор
? чаша сецкан кромид
? чаша сецкани зелени маслинки
По желба може да се стават ф'стаци или други јаткасти плодови
Упатства:
Во сад измешајте ги крем сирењето, мајонезот и сокот од лимон. Можете да мешате со жичана мешалка или миксер. Додадете ги ренданиот едам, кромидот и маслинките. Промешајте со лажица. Формирајте ги топчињата со малку подмачкани раце. Ставете ги во фрижидер да се стегнат 3 часа. Потоа се тркалаат во ф'стаци или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки прсти >
Сосотојки:
1. 500гр пилешки гради
2. 120гр брашно
3. 120мл пиво
4. 4 јајца
5. сол
6. зејтин за пржење
Упатства:
Исечете го пилешкото на стапчиња со дебелина од 1см. Во подлабок сад изматете ги прво белките (како за торта), и потоа додадете ги жолчките кои претходно ги имате измешано со пивото и со брашното. Посолете по вкус.
Смесата треба да биде густа како за палачинки.
Во подлабок сад загрејте зејтин. Стапчињата валкајте ги прво во брашно, па во подготвената смеса и пржете ги додека не поруменат од двете страни.
Откако ќе се испржат извадете ги на хартија да се впие вишокот зејтин.
Сервирајте со тартар сос или со сос од сенф и мед.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици од ориз >
Сосотојки:
* 50 g путер
* 80 g кромид
* 200 г ориз
* малку шафран ако имате
* 500 ml вода
* 1 лажица вегета
* 50 g рендано сирење пармезан
* 200 г свежо кравјо сирење
* 1 лажица свежо исечен босилек
* 80 g брашно
* 1 јајце
* Масло за пржење
Упатства:
Во зејтинот кратко пропржете го сецканиот кромид, а потоа додадете го оризот и пржете се заедно околу една минута.
Додадете шафран, топла вода, вегета и сето тоа оставете да се динстува околу 5 минути. Садот со ориз отстранете го од ринглата и додадете го ренданиот пармезан, сирење и босилек и промешајте.
Оставете ја смесата покриена 1 час.
За крај промешаје 50 g брашно и јајца и додадете го тоа во подготвената смеса со ориз а потоа формирајте ги топките по желба.
Извалкајте ги топките во преостанатото брашно и пржете го во длабоко добро загреано масло околу 5 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брза пица >
Сосотојки:
Потребно за тесто:
2 чаши за млеко брашно
1 чаша за млеко, кисело млеко
1 филџан за кафе зејтин
1 прашок за печиво
1/2 мала лажица сол
Потребно за фил:
200гр. кашкавал
200гр. свинска шунка
100гр. пилешка шунка
5-7 кисели краставички
300гр. сечкани маринирани шампињони
2-3 јајца
кечап
зачини по вкус (бибер,оригано...)
Упатства:
Се помешуваат сите состојки за тестото и се месат додека на се добие еднолична смеса, па во намрсен плех се распоредува рамномерно секаде со раце.Целото тесто се премачкува со кечап па се става филот.Пицата се пече 20-25 мин на загреана рерна на 200 степени, па се ставаат разматените јајца и се остава уште 10-тина мин.Зачините може да се стават или во јајцата или откога ќе се извади од рерна.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брускети со спанаќ и сирење >
Сосотојки:
француско лепче
маслиново масло - 2 лажици
спанаќ - 500 г
сирење - 90 г меко
ситно сечкани пиперки - 3 лажици
Упатства:
Исечете лепче на 24 тенки парчиња и намачкајте го од двете страни со маст.
Наредете ги лепчињата во тава и печете ги 10 минути во загреана рерна.
Оставете да се изладат и во тоа време измијте го спанаќот и оставете го во топла вода на неколку минути, за да омекне. Исцедете го и измијте го под ладна вода.
Раширете го спанаќот врз фолија, за да формира правоаголник со димензии 25х20.
Двата видови сирење изгмечете ги и распоредете ги одозгора, а врз нив додадете исечени пиперки. Завиткајте го добро ролатот со помош на фолијата.
Исечете го на парчиња и сервирајте го врз брускетите.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Мафини со спанаќ >
Сосотојки:
– лажица маслиново масло
– 170 гр. шампињони
– 6 јајца
– 1/4 шолја млеко
– /14 лажичка сол
– 200 гр. рендан кашкавал
– 200 гр. спанак
Упатства:
Во тавче, пржете ги печурките околу 10 минути. Рерната загрејте ја на 180 степени. Калап-тепсијата за мафините премачкајте ја со масло за готвење или ставете хартиени корпици. Во голем сад изматете ги јајцата, па додајте млеко, па 1/4 лажичка сол и кашкавалот, па сe тоа добро измешајте го. На смесата со јајца додајте го и спанаќот и испржените печурки. Така подготвената смеса сипете ја во тепсијата за мафини и наполнете по околу 3/4 од секој од калапите. Печете во загреана рерна околу 25 минути. Пријатно јадење!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Крцкави ќофтиња од тиквички >
Сосотојки:
3 средни тиквички
2 јајца
200 гр кравјо сирење
150 гр брашно
100 гр презла
50 мл масло
1 прстофат сол
1 прстофат црн пипер
? врска свеж магдонос
Упатства:
Тиквичките изрендајте откако претходно ги излупивте. Ставете ги во поголем сад и посипете ги со сол. Ќе ја исцеди водата од тиквичките. Потоа префрлете ги во цедалка и притиснете ги со рака да се отстрани вишокот вода.
Вратете ги во садот. Скршете ги двете јајца. Додадете ги презлата, сирењето, магдоносот кој претходно сте го издробиле (без дршките). Со раце убаво замесете ја смесата и формирајте ќофтиња (добро е да имаат порамна форма за да се пржат лесно).
Секое од ќофтињата извалкајте го во брашно. Загрејте го маслото во тава на средна топлина. Пропржете ги ќофтињата од тиква од двете страни по неколку минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Здрави кесадиљи >
Сосотојки:
интегрални тортиљи
домати сецкани на кругчиња
ситно сецкан кромид
кравји кашкавал
црвено песто
лути пиперки
маслиново масло
Упатства:
Се сецкаат тортилите од долниот дел на пола. Редите по желба состојките и го завиткувате. Се пропржува на тивок оган кесадиљата од двете страни за да се стопи кашкавалот.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брза солена торта со ајвар и спанаќ >
Сосотојки:
6 јајца
6 лажици брашно
4 gr прашок за печиво
30 gr спанаќ
1 лажица ајвар
Прстофат сол
400 g фета сирење (или павлака како замена)
300 g шунка
70 g потпечен сусам
100 g путер или маргарин
Упатства:
Изматете 6 белки додека не добиете пенест крем. Додадете ги 6-те жолчки, солта и прашокот за печиво. Матете уште малку и додадете 6 лажици брашно.
Смесата поделете ја рамномерно во 3 чинии. Во едната не додавајте ништо. Во другата додадете малку ајвар, а во третата сечканиот спанаќ.
Испечете ги трите кори поединечно во загреана рерна на 200 степени, во кружен капа со пречник од 25 cm, поставен со хартија за печење. Доволно е да ги печете само неколку минути. Внимавајте да не ви загорат и проверете со чепкалка дали тестото е печено.
Направете го филот за тортата од здробено фета сирење (или павлака) во кој ќе го додадете потпечениот сусам и стопениот путер.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот