37 - 48 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | ... | >> | 7 |
Деликатесни поховани бомбици >
Сосотојки:
300 гр. ориз
2 јајца
сол
презла
бибер
200 гр. сирење
јајце за поховање
Упатства:
Се вари оризот во солена вода, па се лади. Се матат јајцата, па се се додаваат на оризот со сол и бибер.
Смесата треба да биде густа, па слободно додадете презла.
Се формираат бомбици кои треба да бидат со големина на мандарина.
Се валкаат во јајце, па презла, па се пржат на врело масл.
Се цедат на салфета и се служат со некој сос.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Мини пица тортиљи >
Сосотојки:
3 тортилји
2 лажици путер
2 лажички оригано
? лажиче лук во прав
2 лажици доматно пире
100 гр рендан кашкавал
50 гр кулен
Упатства:
1. Од тортилјите со чаша вадиме кругови. За една доза потребни ни се 17 кругови тортилји.
2. Путерот го топиме во микробранова. Во длабок сад го ставаме стопениот путер, лукот во прав и 1 лажиче оригано, промешуваме. Во смесата ги ставаме тортилјите и ги потопуваме од двете страни.
3. Круговите тортилја ги виткаме на пола и ги ставаме да се печат на обратната страна од калап за мафини, измеѓу испакнатите делови ( прикажано на слика подолу ).
4. Печиме во загреана рерна на 180 степени 5-10 минути.
5. Во доматното пире ставаме 1 лажиче оригано, промешуваме. Секоја тортилја ја премачкуваме со доматното пире, ставаме кашкавал и кулен сецкан на мали парчиња.
6. Тортилјите ги редиме во тавче, ги ставаме во загреана рерна 5 минути, додека да се стопи кашкавалот.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со блитва и фета сирење >
Сосотојки:
4 јајца
100 мл масло за јадење
150 мл млеко
250 грама брашно
1 кесичка прашок за печење
300 грама блитва
150 грама рендан кашкавал
150 грама фета сирење
150 грама чадена сланина
2 лажици кајмак
1 лажичка сол
Упатства:
Прво изматете ги јајцата со миксер и додадете сол, потоа постепено со непрекинато матење додајте ги маслото за јадење, брашното, прашокот за печење и блитвата која претходно ке ја попарите во топла вода, па добро ќе ја исцедите. Потоа, ги додавате уште и ренданиот кашкавал, чадената сланина, која претходно ќе ја испржите, а на крај ќе го додадете и фета сирењето исечено на коцки.
Вака подготвената смеса ќе ја истурите во тавка за печење (број 28). Тавката претходно ке ја премачкате со маргарин. Печете во загреана рерна 30 минути на 200 степени, па откако ќе ја извадите питата од рерна, додека е топла премачкајте ја со кајмак и послужете.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Палачинки со сирење и сланина >
Сосотојки:
Состојки за 5 палачинки:
1 јајце
100 грама брашно
100 мл млеко
100 мл газирана вода
1 лажичка мелена црвeна пиперка
Сол и масло за јадење
200 грама фета сирење
50 грама кисела павлака
50 грама кашкавал
150 грама чадена сланина
Малку свеж магдонос
Упатства:
Со миксер изматете го јајцето, потоа постепено додавајте ги млекото, брашното и црвената пиперка, а на крај додадете ја газираната вода и малку сол. Се добро изматете и оставете да отстои 30 минути, па потоа испржете ги палчинките.
За филот, соединете го сирењето со киселата павлака, изренданиот кашкаавал и ситно исечканиот магдонос. Палачинките премачкајте ги со филот, па потоа на секоја палачинка врз филот ставете ситно исечкана чадена сланина. Завиткајте ги палчинките и послужете.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Мафини со шунка и сирење >
Сосотојки:
Спреј за готвење
8 големи јајца
? чаша павлака
? чаша копар
? лажичка сенф
Сол и бибер по вкус
1 шолја рендано сирење или кашкавал по избор
1 шолја сечкана шунка
? чаша кромид (по избор)
1 лажица печени црвени пиперки
Упатства:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Испрскајте ги тавите за кекси или крем бруле со спреј за готвење. Во сад изматете ги јајцата со кремот. Додадете ги копарот, сенфот, солта и биберот. Внимателно додадете ги ренданото сирење, шунката, кромидот и пиперките. Распоредете ја смесата во калапите полнејќи ги до половина.
Се пече во рерна загреана на 200 степени 20-30 минути. Оставете ги мафините да се изладат минимум 10 минути пред да ги послужите.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Класичен Киш Лорен >
Сосотојки:
12 парчиња сланина, сецкани
100 гр рендано сирење
5 лажици сецкан кромид
4 јајца
500 мл крем за готвење
? лажичка сол
? лажичка шеќер
1/8 лажичка лута црвена пиперка
1 парче готово тесто (или домашно замесено по желба)
Упатства:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе тркалезен сад за печење со дијаметар од 23 см Ставете го тестото во него, притискајќи го така што дел од неговите рабови висат надвор од калапот.
Во тава на средно јак оган испржете ја исечената сланина додека не добие златна боја и да стане крцкава. Исцедете на кујнска хартија. Ставете ја сланината во тестото заедно со ренданото сирење и исечканиот кромид. Во мал сад изматете ги јајцата, кремот, солта, шеќерот и лутата пиперка. Користете миксер. Истурете го полнењето во тестото со оваа смеса.
Печете 15 минути во загреана рерна. Потоа намалете на 150 степени и печете уште 30 минути. Оставете го киш лоренот да се излади 10 минути пред сечење.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Компир на француски начин >
Сосотојки:
1,5 кг. компири
150 гр. брашно
5 лажици презла
сол
бибер
6 лажици масло
Упатства:
За овој рецепт ви требаат ситни компири. Излупете ги, а ако се млади само добро исчистете ги.
Исечете ги скоро до крај со неколку резови, па ставете бибер и сол, а потоа презла.
Ставете ги компирите во тава со масло и печете ги на 220 степени 30 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Фокача со маслинки и рузмарин >
Сосотојки:
еден сув квасец
прстофат шеќер
400 гр. брашно
175 мл. млеко
3 лажици маслиново масло
1 лажица сол
За фил:
6 лажици маслиново масло
неколку гранчиња рузмарин
100 гр. црни маслинки
крупна сол
Упатства:
1. Во подлабок сад, добро промешајте го брашното и квасецот. Потоа, додадете ги и останатите состојки и замесете меко тесто како за пица.
2. Тестото прекријте го со кујнска крпа и оставете го на собна температура околу еден час. Загрејте ја рерната на 200 степени.
3. Вака подготвеното тесто ставете го на хартија за печење, избоцкајте го со вилушка и премачкајте го со маслиновото масло.
4. Одозгора наросете со неколку гранчиња рузмарин, додадете ги исецканите маслинки и посипете со крупна сол. Лесно притиснете го тестото за да се залепат состојките, а потоа печете околу 20 минути, додека не добие златножолта боја.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети мекици со урда и кашкавал >
Сосотојки:
3 кафени шолји брашно
1 кафена шолја кисело млеко
200 гр урда
150 гр кашкавал
2-3 чешниња лук (по желба)
Половина кафена шолја шеќер
Половина кафена шолја сол
За пржење масло за готвење
Половина кафена шолја сода бикарбона
Упатства:
Замесете ги киселото млеко, содата претходно измешана со оцет, шеќерот и додадете брашно, без да прекинувате да го мешате тестото. Кога маталката веќе не може да се справи со мешањето, поставете го добиентото тесто на работната површина, нанесете малку брашно и рачно замесете го целосно тестото. Потоа истото поставете го во сад претходно премачкан со масло и одогозора покријте со проѕирна фолија. Вака приготвено складирајте го тестото во ладилникот на 30 минути.
Измешајте ја урдата со изренданиот кашкавал, додадете сол по вкус и лук по желба. Поделете го филот на 3-4 дела.
Извадете го тестото од ладилникот, исто така поделете го на 3-4 дела и обликувајте тенки мекици. Поставете од филот врз секоја од мекиците и притиснете ги краевите, обликувајќи полнета мекица.
Вака приготвените полнети мекици поставете ги да се пржат. Пржете и од двете страни, до добивање златно-кафеава боја.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со кори од хељда, полнета со фил од праз и урда >
Сосотојки:
• 1 пакување кори од хељда
• 1 сув квасец
• 1 лажичка шеќер
• 10 лажици брашно
• 50 мл масло за јадење
• 350 мл вода
• 2 страга праз
• 400 гр урда
• 2 јајца
• сол и црн пипер
Упатства:
Подготовка:
Празот исецкајте го ситно и пропржете го на тивок оган, па додадете сол и црн пипер по вкус. Во него додадете ја урдата и пржете уште неколку минути па додадете ги двете јајца. Оставете на страна да се олади малку филот.
Сувиот квасец растворете го во подлабок сад со 2 лажички млака вода и шеќер. Во садот додадете ја водата, зејтинот и малку сол. Мешајте постојано со жица и додавајте го брашното.
Секоја кора прво премачкајте ја со смесата со квасецот па потоа само на крајот додадете од филот по должината на кората. Свиткајте ја во ролна и ставете ја во намрсен плех. Постапката повторувајте ја додека имате кори. Доколку ви остане од смесата со квасецот, попрскакте ја питата од горе пред печење.
Печете во загреана рерна на 180°Ц, 20-тина минути.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Класична пица >
Сосотојки:
250 мл. млака вода
500 гр брашно
20 гр. свеж квасец
70 мл. масло
шеќер, сол
Упатства:
Измешајте го квасецот со водата, маслото и 1 лаж шек?ер, па постепено додавајте брашно и мешајте со лажица или шпатула. Кога век?е нема да се меша со лажица, додадете сол и префрлете го тестото на работна површина и додавајте уште брашно дури не оформите меко тесто кое не лепи. Оставете го тестото да се удвои, па формирајте си пици. Исукајте кори или оформете ги со рака, наредете додатоци по желба, испечете и уживајте и во целиот мирис и во преубавиот вкус оваа варијанта е и подобра од претходната, затоа што овој пат може да си направите и веге и посни пици.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Цигар бурек >
Сосотојки:
500 гр. готови кори
600 гр. сирење
2 јајца
сол
масло
Упатства:
Готовите кори пресечете ги на половина (на два правоаголници) а потоа попречно така што ќе добиете два правоаголници.
За филот изматете едно јајце и една жолчка и додадете го дробеното сирење, па измешајте ја смесата.
На секој триаголник ставете една лажица фил, преклопете ги страниците на кората навнатре и замотајте ги како цигара. Врвот на кората намачкајте го со изматена белка за да се залепи.
Замотаниот цигар-бурек испржете го во загреано масло додека не добие златно жолта боја и послужете го.
Наздравје!
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот