49 - 60 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
Солени мафини со сланина и чедар >
Сосотојки:
250 гр брашно со средство за квасец
150 гр рендано чедар сирење
? лажичка сол
? лажичка црн пипер
? лажичка куркума
1 лажичка сенф
3 парчиња сланина
100 мл јогурт
100 мл свежо млеко
2 јајца
Упатства:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе ги калапите за мафини. Испечете ја сланината на тава за скара од двете страни. Оставете да се излади и исечете. Измешајте ги брашното, сирењето, сланината, сол, бибер и зачини. Мешајте. Во посебен сад изматете ги јајцата, јогуртот и млекото. Добро измешајте и додадете на други производи. Изматете ја смесата со жица за матење. Распределете ја смесата во формите. Печете додека не заруменат во загреана рерна.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Крокети од компири со пармезан и пекорино >
Сосотојки:
1 кг компири
100 гр брашно
300 гр презла
4 јајца
75 гр пармезан, рендан
75 гр пекорино, рендано
2-3 лажици. свеж магдонос, сечкан
Сол и бибер по вкус
Растително или маслиново масло за пржење
Упатства:
Сварете ги компирите додека не омекнат. Излупете ги и испасирајте ги. Измешајте го пирето со брашното, половина од презлата, јајцата, двата вида сирење, магдоносот и малку сол и бибер. Се меси убаво додека се мешаат состојките. Загрејте повеќе масло во длабока тава на средна топлина. Крокетите формирајте ги со раце и треба да добиете цилиндрична форма. За да го направите ова, прво формирајте кружни ќофтиња, а потоа свиткајте ги за да добиете цилиндри. Секоја крокетка убаво извалкајте ја во преостанатата презла. Пржете ги додека не поруменат. Исцедете ги на хартија.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Дорајаки палачинки >
Сосотојки:
чоколаден крем
смеса за палачинки
3 големи лажици зејтин
150мл вода
две јајца
Упатства:
Во сад се става мешавината за тесто, масло, вода и јајца. Се меша со миксер додека не се изедначи смесата. Ги правиме во загреана тава по можност помала за да се направат помалечки и се става од смесата. Откако малку ќе оладат се премачкуваат со чоколаден крем, се сечат на пола и се преклопуваат со друга палачинка по истиот принцип.
Follow hranaireceptii na Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Пита со спанаќ и сирење >
Сосотојки:
4 јајца
1 чаша јогурт/кисело млеко
1 чаша вода
1/3 чаша масло
3-4 чаши брашно
1 пециво
сол
спанаќ, сирење
Упатства:
Изматете ги јајцата со миксер или маталка, па додадете ги сите течни, па сите суви состојки. Јас измешав интегрално и бело брашно. Смесата не треба да ви е многу течна, но не и премногу густа. Го додаваме спанаќот(околу 100-150 гр) и сирење или урда. Смесата префрлете ја во намрсен и набрашнет плех бр.26-28(или хартија за печење), наросете сусам, лен и печете околу 30-40 минути во загреана рерна на 200 С. Оставете да излади малце, па послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Принцес компири >
Сосотојки:
компири - 1 кг
масло - 50 г
кашкавал - 50 г
јајца - 1
жолчки 2
сол
брашно - 1 супена лажица
Упатства:
Сварете ги компирите и направете пире. Одделете ги жолчките и добро избијте ги во пирето, па додадете рендан кашкавал.
Посолете по вкус, додадете го брашното, маслото и зачини по ваш избор.
Треба да се добие тесто, кое може да се става во шприц, па директно на подмачкан плех.
Печете ги додека не поцрвенат во загреана рерна. Принцес компирот може да го принесете како гарнир кон печено месо.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Тробоен солен ролат >
Сосотојки:
За ТЕСТО:
5 јајца
1/2 лажичка сол
5 лажици брашно
5 лажици зејтин
3 лажици кисела павлака
1 прашок за печиво
2-3 лажици ајвар
2-3 лажици обарен спанаќ
За ФИЛ:
250 гр. павлака
85 гр. мајонез
200 гр. шунка
5-6 кисели краставички
100 гр. сирење
Упатства:
Изматете ги јајцата со половина лажичка сол за да добиете хомогена смеса и додајте ги останатите состојки. Поделете ја смесата на три еднакви делови.
Во првиот дел додадете го ајварот и убаво измешајте да се соедини.
Во вториот дел додадете го обарениот спанаќ и повторно убаво промешајте да се соедини.
Со помош на кеси и додаток од кујнски шприц, редете ги смесите во тавата за печење наизменично. Печете околу 15 минути, во загреана рерна на 200 степени. Топлото тесто замотајте го во крпа како ролат.
Исечкајте ги краставичките и шунката, издробете го сирењето и измешајте ги со павлаката и мајонезот. Убаво измешајте да се соединат и премачкајте го тестото.
Замотајте го ролатот и оставете го да отстои за да се спои.
Сечете парчиња со дебелина од 1 сантиметар и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Солени кекси со фил од сирење и туна >
Сосотојки:
За кекси:
- 230 грама брашно
- 80 гр. маргарин
- 1 лаж. сол
- 1 жолчка
- 2-3 лаж. ладна вода
- 2 лаж. ситно исецкан рузмарин
Фил од туна:
- 180 гр. туна
- 30 гр. маргарин
- 3 лаж. мајонез
- 1 кисела краставичка
- 2 лаж. маслиново масло
- 2 чешниња лук
- сол, бибер
Фил од сирење:
- 200 гр. сирење
- 1 лажица АБЦ намаз
- сол
- першун
Упатства:
Од сите состојки замесете меко тесто и оставете го во фрижидер околу половина час.
Исукајте го тестото и извадете округли форми.
Печете на температура од 200 степени.
Кексите можат и вака да се грицкаат, а можете и да ги сервирате со фил од туна и сирење.
Фил од сирење: Измешајте го сирењето со намазот, ставете зачини по желба.
Фил од туна: Туната исцедете ја од водата и маслото, додајте ги сите останати состојки во блендер и добро измиксирајте.
Украсете ги кексите со шприц за филување.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Брзи пирошки >
Сосотојки:
- 300 гр бело сирење
- 2 јајца
- 2 дцл. јогурт
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 400-500 гр. брашно
- масло за пржење
Упатства:
Издробете го сирењето, додадете ги јајцата и сите останати состојки. Замесете тесто со средна тврдина, исучете го со дебелина од еден прст, па исечете подебели и пошироки стапчиња.
Пржете ги во масло додека не се зацрвенат.
Оставете ги на хартија која впива мрснотија и послужете ги со јогурт.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети компири со шунка >
Сосотојки:
компири - 6 по - големи
масло - 50 г + малку масло
шунка - 300 г
јајца - 3
сирење - 300 г
кромид - 2 стапчиња пресен
оригано
кашкавал - 12 парчиња
сол
црн бибер
Упатства:
Измијте ги компирите и ставете ги да се варат околу 10 минути, колку само малку да омекнат. Изладете ги и ги исечете ги на половина. Извадете дел од внатрешноста.Зачинете со сол и црн бибер.
Измешајте ги матените јајца со рендано сирење и поголемиот дел од шунката, исечкана ситно. Додадете ја внатрешноста од компирите, сечкан свеж кромид и малку оригано.
Полнетите компири наредете ги во соодветна тава. Додадете малку вода и ставете ги да се печат. Извадете ги и покријте го секој компир со парче кашкавал, посипете со уште малку ситно сецкана шунка, малку оригано и запечете ги, додека кашкавалот се растопи.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со спанаќ и фета сирење >
Сосотојки:
* 1 лажичка маслиново масло
* 2 млади кромитчиња,
* 3 чешниња лук
* 3/4 шолја млеко
* 1 лажица пченкарен скроб
* 1/2 лажичка оригано
* 250 г замрзнат спанаќ, или свеж
* 50 г фета сирење
* 1 јајце изматено
* кори за баклава
Упатства:
Во тавче пропржете ги кромидот и лукчињата околу 5 минути.
Во посебен сад измешајте го млекото, скробот, ориганото, спанаќот, фета сирењето, јајцето па во смесата додадете го и кромидот.
Загрејте ја рерната на 180 ° C. а тавчето во кое ќе ја печете питата посипете го со маслиново масло, ставете неколку готови кори на дното, а потоа ставете од смесата рамномерно на целата кора и покријте го со уште два слоја од кори.
Повторете, додека не ја потрошите целата смеса. На крајот горната кора лесно, премачкајте ја со маслиново масло.
Печете додека питата не добие златно-кафеава боја, околу триесет минути.
Откако ќе ја извадите од рерна покријте ја питата со крпи околу 10 минути, а потоа исечете на коцки сервирајте.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Солен колач >
Сосотојки:
5 јајца
5 лажици брашно,
1 пециво,
1 кисела павлака
1/2 маргарин
200 гр сирење
3 лажици к.павлака
150гр шунка,
150 гр кашкавал
200 гр мајонез
кашкавал
Упатства:
5 јајца се матат убаво, се додаваат 5 лажици брашно, 1 пециво,и 1 кисела павлака. Смесата убаво се меша и се става во подмачкано тавче бр 26.Потоа се остава да се излади. Врз тестото се ставаат 2 фила.
1 фил
1/2 маргарин се мати,се додава 200 гр сирење, 3 лажици к.павлака.Се се меша и се става врз тестото.Над него се става вториот фил.
2 фил
150гр шунка,150 гр кашкавал се сецкаат на коцкички и се додава 200 гр мајонез.
Одозгора се ренда кашкавал и се сече на парчиња.Може да го оставите малку во фрижидер да се стврдне пред да се послужи.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Киш Лорен >
Сосотојки:
- 200 гр брашно
- 100 гр путер
- Сол
- Жолчка (за тестото)
- 150 гр чадена сланина
- Павлака
- Путер
Упатства:
Оваа полнета торта е карактеристично јадење за регионот Лорена во североситочна Франција и е познато во целиот свет.
За да се подготви основата измешајте го брашното со путерот, жолчката, водата и ставете малку сол. Тестото откако ќе се соедини ставете го во тепсија подмачкана со малсо.
За филот , сланината исечена на парчиња пропржете ја на путер, изматете ги јајцата, жолчката и павлката во еден сад. Врз тестото ставете ја сланината испечена на коцкички и смесата од јајца, павлака и путер. Се пече во рерна од 34 до 40 минути и се остава малку да се излади.
Препорака:
Послужете ја тортата откако убаво ќе се излади и прелијте ја со топена павлака.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот