61 - 72 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 | 7 |
Мини пици >
Сосотојки:
• 200 мл млако млеко
• 200 мл вода
• 2 лажици јогурт
• 1 белка
• 120 мл масло за јадење
• ? ќесичка сув квасец
• 1 лажица шеќер
• 1 мала лажица сол
• 5 чаши од по 200мл брашно
• 100 гр путер
• сусам
• полнење по желба (јас некаде користев кечап, оригано, кашкавал, печеница, чајна, сино сирење, домати, маслинки)
Упатства:
Во длабок сад се мешаат млекото, водата, шеќерот и сувиот квасец. Потоа се додава маслото за јадење и белката и половина од брашното измешано со ? лажичка сол. Промешувате добро и ја додавате преостанатата количина брашно. Замесувате тесто кое е потребно да се меси барем 5 минути. Ќе ви изгледа малку лепливо на почетокот, по потреба додате малку брашно.
Во намрсен длабок сад оставете го да стаса 40тина минути. Откако ќе стаса од него направете 8 топчиња (мене секое топче ми тежеше околу 150гр). Може да направите и помали топчиња, зависно колку мини сакате да се пиците.
Секое топче го премачкувате со стопениот путер и го валкате со сусам. Ги ставате во плех обложен со хартија за печење и со дно од чаша притискате на средината на топчето за да се направи вдлабнатина. Потоа го ставате посакуваното полнење.
Печете на 180°Ц, 20тина минути.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Ѓеврек погача со јогурт >
Сосотојки:
• 700 г брашно тип 500 (меко)
• сув квасец
• 1 јајце
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка шеќер
• 50 г маргарин омекнат на собна темература
• 250 мл млако млеко
• 3 лажици јогурт
Фил 1:
• 120 г маргарин
• 1 јајце
• 3 парчиња сирење
Фил 2:
• 100 гр рендан кашкавал
• 100 гр рендана шунка
• кечап
• оригано
За премачкување:
• 1 јајце
• сусам
Упатства:
Замесете тесто од горенаведените состојки.
Ставете го длабок сад намачкан со малку масло за јадење и оставете го 40 минути да стаса на топло.
Во меѓувреме подгитвете го филот.
Сите состојки е потрено само добрп да се измешаат и да се посоли по ваш вкус.
Откако тестото ќе стаса, на набрашнета површина развлечете гово дебелина помалку од 1цм. Потоа вадете кругови со чаша или калап, и редете ги еден до друг со по една лажучка фил помеѓу нив.
Оставете ја погачата уште 15тина минути да стаса и потоа пемачкајте ја со 1 јајце и наросете сусам. Печете на темература од 200°Ц околу 35-40 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Багети полнети по желба >
Сосотојки:
• 300 гр пченкарно брашно
• 750 гр брашно
• 1 ќесичка сув квасец
• 1 лажица сол
• 1 лажица шеќер
• 100 мл млеко + 3 лажици млеко за премачкување
• 1 јајце за премачкување
• 600 мл вода
Упатства:
Најпрво измешајте го квасецот со млакото млеко и 1 лажица шеќер и оставете го неколку минути да се активира. Водата ставете ја да зоврие и во неа додадете го пченкарното брашно. Тргнете на страна да се олади.
Во белото брашно додадете ја солта и промешајте а потоа кон пченкарното брашно додадете го квасецот и постепено додадете го белото брашно. Замесете тесто кое ќе ви изгледа лепливо, но на добро набрашнета површина, месејќи неколку минути, ќе
добиете меко тесто кое ќе гo тргнете на страна 1 час за да стаса.
Откако тестото ќе стаса, размесете го повторно и по потреба додадете брашно. Поделете го на 4 дела и од нив обликувајте багети. Ставете ги во обложен плех со хартија за печење и оставете ги уште 20-тина минути да стасаат.
Печете ги во загреана рерна на 200°Ц 25-30 минути. Некаде на половина од печењето премачкајте ги со мешавина од 1 јајце и 3 лажици млеко.
Откако ќе се испечат и оладат можете да ги правите како сендвичи по желба, или како што направив јас, да ги расечете на неколку места и да ги полните по ваш вкус.
Јас едниот го наполнив со мешавина од 2 чешниња ситно сецкан лук, 3 ситно сецкани гранчиња магдонос и 3 лажици маслиново масло. Другиот е наполнет со мешавина од лут буковец со путер, а измеѓу секој рез има и чајна салама. Третиот е со мешавина од путер, маслинки и пармезам а четвртиот со мешано сирење и чедар. Доколку ги полните на мојот начин, ќе ги завиткате во фолија и ќе продолжите со печење 7-8 минути, ќе ја отстраните фолијата и уште 5 минути ќе печете.
Совет плус:
Додека се пече багетот, на дното на рерната ставете тенџере или тепсија со вода, кои ќе помогнат, багетот да е мек одвнатре, а крцкав однадвор.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со спанаќ и лосос >
Сосотојки:
250 гр брашно
125 гр путер, сецкан
1 прстофат сол
1 лажица вода
За полнење:
200 гр свеж спанаќ
150 гр филе од лосос
Сол и бибер по вкус
500 мл крем
100 гр пармезан, рендан
2 јајца
Упатства:
Ставете го брашното во голема чинија. Додадете сол и вода. Додадете го студениот путер, исечете го на коцки. Кашајте додека не се добијат големи трошки. Месете го тестото во топка и оставете го настрана. Варете го спанаќот неколку минути и исцедете го. Загрејте 1 лажица путер во тава на средна топлина и лесно испржете ја рибата во неа околу 10 минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад изматете ги јајцата заедно со кремот. Пармезанот изрендајте го и додадете го. Исечете ја рибата со вилушка и додајте ја во садот. Додадете го спанаќот. Мешајте. Ставете на страна.
Расукајте го тестото на набрашнета површина. Префрлете го во подмачкан плех за пита. Притиснете до дното. Додадете го филот одозгора. Печете во загреана рерна 25 минути.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со ајвар и шампињони >
Сосотојки:
Состојки:
500g кори за пита
100ml вода
100ml масло
? голема тегла ајвар
Околу 500g шампињони
1 прачка праз
Сол и зачини по вкус
Упатства:
Исечкајте го празот, па со малку вода и масло оставете го да се издинста. Кога ќе омекне, додадете ги сечканите шампињони. Варете додека водата не испари.
Ставете една кора во тава, пропрскајте со масло, ставете уште една врз неа, па потоа филот од шампињони и праз. Покријте со две кори. Премачкајте со ајвар.
Редете додека има кори, може да ставате по една или по повеќе измеѓу филовите, а врз последните не мачкајте ништо.
Корите може да ги печете како пита или да направите ролат од нив.
Печете на 220 степени, додека горниот слој не добие кора. Вишокот вода ќе испари при печењето.
На здравје!
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички направени од тесто >
Сосотојки:
150 мл млеко
150 мл вода
3 лажици шеќер
2 лажички сув квасец
? рамна лажичка сол
околу 400 г брашно
100 мл масло
Упатства:
Квасецот со шеќер и половина лажица брашно потопете го млако млеко и промешајте убаво да се изедначи. Оставете го поклопено 10-тина минути за да се активира, па во него додадете млака вода, масло и сол, па со жица за матење убаво изедначете.
Во оваа течна смеса постепено додавајте брашно и мешајте додека да добиете меко тесто. Но тестото не треба да биде премногу меко и да лепи, туку убаво мазно тесто, помеко од вообичаено.
Вака замесеното тесто оставете го еден час да стасува, па кога ќе удвои својот волумен, на набрашнета работна површина кинете тесто и дормирајте топчиња. Оставете ги покриени да отстојат додека со конец го врзувате секое топче за да добие облик на тиква (конецот се вади после печењето).
Кога сите топчиња ќе ги врзете со конец, оставете ги уште малку да стасуваат, па префрлете ги во плех обложен со хартија и премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути или додека убаво да заруменат.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта од рендани тиквички >
Сосотојки:
За корите:
2 Големи тиквички
6 Јајца
6 Лажички брашно
Магдонос по желба
За филот:
600g Кисела павлака
Упатства:
Чекор 1: Во два сада наредете по една изрендана тиквичка, посолете ги и оставете ги да отстојат 20-тина минути да ја пуштат водата.
Чекор 2: Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете по 3 јајца за секоја тиквичка одделно и во нив ставете по 3 лажички брашно и малку сечкан магдонос. Смесата нанесете ја на тиквичките.
Чекор 3: Во две тави со приближна должина од 35cm и величина од 25cm поставете мрсна хартија и без употреба на масло, ставете ја смесата од јајца и тиквички. Печете околу 20 минути. Ќе добиете две текни кори кои ќе бидат меки од едната страна, а цврсти и крцкави од другата страна.
Чекор 4: На секоја од корите нанесете слој кисела павлака и оставете ги во фрижидер.
Чекор 5: Исечете делови од кората со еднаква должина и редете ги во слоеви. Можете да добиете по 5 до 6 слоја од секоја кора и да добиете вкусна солена торта.
Послужување:
Корите немаат ниту една капка масло, па се одличен солен рецепт и за оние кои внимаваат на својата исхрана. Тортата бргу заситува.
Можете да ја послужите и со други додатоци како ситно сечкана салама или кашкавал. Одлуката е ваша.
Можете и да изрендате кашкавал на последниот слој кора, наредите чери домати и магдонос и да добиете одлично декорирано предјадење за вечера со пријателите.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Љубовен киш >
Сосотојки:
Тесто:
300 гр. брашно
139 гр. путер или маргарин
1 јајце
1/2 лажичка сол
4 лажици ладна вода
Фил:
3 јајца
300 гр. сирење
блитва
Премаз:
1 жолчка
2 лажици млеко
Упатства:
Подготовка на тестото:
Ставете го во сад брашното, солта и маргаринот, исечен на листови. Потоа додадете ја водата и јајцата и направете компактно тесто. Ставете го во фрижидер околу 30 минути.
Подготовка на филот:
Обарете ја блитвата и исцедете ја. Изматете ги јајцата и на таа маса додадете сирење и сецканата и цедена блитва.
Изработка:
Поделете го тестото на два дела. Работната маса посолете ја со брашно и на неа расукајте го првиот дел од тестото. Кората ставете ја во калапот каде ќе го печите тестото и отстранете го вишокот тесто.
Другиот дел од тестото исукајте го во округла форма.На неколку места од тестото извадете со калап форми на срце.
На првото тесто ставете го филот, а врз филот ставете го второто тесто.
Премачкајте го кишот со жолчка разматена со млеко.
Извадените форми на срца наредете ги на горниот дел и премачкајте ги со жолчка.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Гибаници >
Сосотојки:
- 500 гр. сирење
- 500 гр. кори за пита
- 3 јајца
- 1 дцл. масло
- 0,5 дцл. млеко
- 1 прашок за печиво
- 3 лажици ајвар
Упатства:
Во сад ставете ги двете јајца, сирењето, млекото маслото и прашокот на печиво. Додадете сол и измешајте. Подготвената смеса поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете ајвар и полека измешајте.
На работната маса ставете поголемо парче фолија и над неа ставете две кори. Премачкајте ја со половината од филот со сирење и оставете ја настрана.
Повторно ставете две кори на фолијата и премачкајте ги со останатиот фил со сирење.
На почетокот на кората сега ставете го претходно направениот ролат.
Сето заедно завиткајте го.
Ставете повторно две кори и намачкајте ги со половина од филот од ајварот.
Ставете го претходно завитканиот ролат над корите и повторно завиткајте. Сега добивте поголем ролат.
Повторете ја постапката со остатокот од корите и филот.
Подготвениот ролат ставете го во замрзнувач да се стегне.
Извадете го и исечете го на парчиња со дебелина од 2 cm.
Обложете го плехот со хартија за печење, ставете масло и ставете ги парчињата ролат.
Одозгора премачкајте со изматено јајце.
Печете на температура од 250 C.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешка салата >
Сосотојки:
1,5кг копани или 1кг стек
1 тегла кисели краставички
1 тегла маринирани шампињони
300гр кашкавал
300-500гр кисела павлака
3-5 лажици мајонез
сол, бибер, вегета
Упатства:
Се варат копаните(стекот) во вода во која додаваме сол и 1 главица кромид, откако ќе се свари месото го цедиме и го делиме од коските па ситно го сецкаме, на коцки ги сецкаме и печурките, краставичките,шампињоните, и кашкавалот.Ги помешуваме состојките и додаваме зачини и мајонезот и павлаката.
Добар апетит
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Највкусните штрудли со сирење >
Сосотојки:
500 грама брашно
100 грама маргарин
1 дл. масло
1 јајце
1/2 лажичка сол
1/2 коцка квасец
1 дл. млеко
1 лажичка шеќер
Фил:
300 гр. сирење
1 жолчка
1 дл јогурт
Премаз:
1 жолчка
50 гр. сусам
Упатства:
Во децилитар млака вода измешајте 1 лажичка шеќер и квасец.Оставете да стои 10 минути. Во пластичен сад подгответе ги останатите состојки и додајте го надојдениот квасец.Замесете тесто и покријте го со крпа. Оставете го да стои 30 минути на топло. Тестото поделете го на два дела и развлечете го со оклагија на потанко. Сирењето, јогуртот и жолчката измешајте ги добро.Развлеченото тесто премачкајте го со половина од филот. Завиткајте ја намачканата кора.Истото направете го и со другата половина од тестото и филот. Исечете го на помали штрудли и премачкајте го со жолчка и сусам.Наредете ги во подмачкан плех и печете околу 25 минути на температура од 250 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Сончоглед од спанаќ >
Сосотојки:
За тесто:
500 гр. Брашно
90 мл. Маслиново масло
200 мл. Бело вино
2 лажички сол
За фил:
350 гр. Спанаќ
350 гр. Изварка
1 јајце
100 гр. Рендан кашкавал
1 лажица презла
Сол, бибер
1 јајце за премачкување
Сусам
Упатства:
Спанаќот испржете го. Замесете тесто од состојките. Поделете го на два дела и оставете го да стои покриено додека не го подготвите филот. Измешајте ја изварката со спанаќот. Додадете јајце, сол и бибер, а потоа додадете го ренданиот кашкавал, па добро измешајте. Исукајте ги двете половини од тестото во кружен облик. На плехот за печење ставете хартија за печење и на неа ставете го исуканото тесто. Посолете го тестото со презла. Во средината ставете еден круг од филот (обликувајте го со поголема чаша. Остатокот од филот ставајте го во круг околу крајот на тестото. Рабовите на тестото премачкајте ги со јајце. Потоа над тестото и филот ставете го другото исукано тесто. Средината притиснете ја со истата чаша со која го оформивте филот. Исечете ги остатоците од тесто кои се вишок и со вилушка притиснете ги двете теста. Тргнете ја чашата од средината на тестото и со нож исечете парчиња со ширина од 3 cm. од кругот каде се наоѓа филот. Повторно ставете ја чашата во средината и секој пресечен дел завртете го за 90 степени. Извадете ја чашата и средниот дел премачкајте го со јајце и посолете го со сусам или средина од сончоглед. Печете околу 30 минути на температура од 180 степени.
Ако сакате постапката на подготовка да ја погледнете низ слики, испратете барање на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот