73 - 80 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 5 | 6 | 7 |
Крокети од пилешки стек и грашок >
Сосотојки:
600 гр пилешки стек
120 гр замрзнат грашок
120 гр ситно рендан кашкавал
1 лажица ситно сецкан магдонос
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче рузмарин
1 коцка за супа
2 јајца
по потреба сол и црн пипер
За поховање
1 јајце
по потреба презла
по потреба масло за пржење на крокетите
Упатства:
Пилешкиот стек ставете го во тенџере со вода и додајте ги коцката за супа, рузмаринот, мајчината душичка, малку сол и црн пипер. Оставете го да вари додека омекне. На крај додајте го и грашокот и тој да вари 5 минути.
Извадете ги посебно во чинии.
Пилешкиот стек исечете го на помали парчиња, ставете го во сецко и иситнете го. Префрлете го во сад и додајте го кашкавалот, јајцата, магдоносот и сол и црн пипер по вкус. Измесете ја смесата да се изедначи. Сега додајте го и грашокот и нежно мешајте за да не се изгмечи.
Со влажни раце од смесата направете крокети долги 5-6 цм. Потоа извалкајте ги во изматено јајце во кое сте додале малку сол и во презла.
Пржете ги во загреано масло а потоа извадете ги на кујнска салфетка.
Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата или со кечап, мајонез тартар сос и сл.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Шарена солена торта >
Сосотојки:
Тесто:
2 јајца
1 дцл. јогурт
1 дцл. масло
6 супени лажици брашно
малку сол
? кесиќка прашок за печиво
Фил:
600 гр. меко сирење
1 маргарин
1 чаша кисела павлака
400 гр. салама
Упатства:
Смесата за жолтото тесто истурете ја во подмачкан плех и печете околу 20 минути на 200 степени. Направете уште две теста со истите состојки со тоа што во едната смеса ќе додадете обарен, исецкан и исцеден спанаќ, а в другата две лажици ајвар или црвена пипер.
Состојките од филот посолети ги и соединете ги. Филувајте најпрво на жолтата кора, па црвената, па зелената кора. Премачкајте со мешавина од павлака и сирење. Декорирсјте по сопствена желба и ставете ја тортата во фрижидер пред сервирање.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Брзи пирошки од бајат леб >
Сосотојки:
1 бајат леб
3 јајца
презла
сирење (или кашкавал)
салама
млеко
сол, бибер, вегета
Упатства:
Лебот се крши на ситни парчиња, па се полева со млако млеко да покисне околу 10-15 минути.
Во меѓувреме ситно се сечкаат сирењето и саламата, а може и да се изрендаат.
Во посебен сад се матат трите јајца.
Откако лебот убаво ќе покисне малку се замесува со рака, а ако има вишок млеко се цеди. Потоа се додаваат јајцата, сирењето и саламата, па по желба се става сол, бибер и вегета. Додека се меси смесата во неа полека се додава презла колку што е потребно за да се добие убава хомогена смеса од којашто ќе може да се формираат пирошки. Секоја пирошка се валка во презла и се пржи во масло додека да зарумени.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта од обланди >
Сосотојки:
2 кори обланда
За основа
125 гр путер
400 гр урда
200 гр рендано сирење
Прв дел - црвен фил
1 лажица ајвар
1 лажичка мелен црвен пипер
50 гр рендана салама
Втор дел - зелен фил
1 лажица мелени семки од тиква
2 кисели краставички
Трет дел - жолт фил
1 лажица куркума
1 варено јајце
За украсување
3-4 лажици кисела павлака 20 %
30 гр грашок од конзерва
1 мало морковче или по желба
Упатства:
1. Секоја од обландите ги ставаме помеѓу две влажни крпи или двете обланди помеѓу три влажни крпи.
2. Путерот оставен на собна температура т.е. омекнат го матиме пенасто со миксер. Ги додаваме ренданото сирење и урдата. Ова ни е основата на филот, а потоа правиме комбинации на бои и вкусови.
3. Го делиме на три дела. Во едниот ставаме ајвар, рендана салама и црвен пипер, во другиот ставаме сечкани на ситно кисели краставички и мелено семе од тиква, а во третиот куркума и рендано варено јајце. Убаво ги промешуваме смесите.
4. Земаме еден лист обланда и ја сечеме на три дела со исти димензии. Прво започнуваме со црвениот фил. Го мачкаме целото парче и го виткаме во ролат, како полжав. Второто парче од обландата го мачкаме со зелен фил, па првото го обвиткуваме со вториот зелен фил. Ова го правиме со тркалање на веќе формираното ролатче. На крајот со жолтиот фил го мачкаме и третото парче и со него го обвиткуваме( со тркалање) веќе формираното тркало од два фила.
5. Постапката ја повторуваме со останата втора обланда. Исто ја сечеме, па ја филуваме и ја формираме така, солената торта.
6. Дел од жолтиот фил (1 лажица) оставаме за премачкување на горниот дел од тортата.
7. Ја оставаме да отстои. Најдобро е од вечер до сабајле, во фрижидер или на ладно место.
8. Филуваме по желба.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Панцероти со пица фил >
Сосотојки:
3 јајца
2 коцки квасец
500мл млеко
1 лажичка сол
пола лажичка шеќер
1 филџан масло
1 кг брашно
сусам
Фил
100мл кечап
1 лажичка оригано
150гр сечкана шунка
150гр сечкан кашкавал
150гр сечкани печурки
Упатства:
Се замесува тесто од 3 јајца, стасан квасец, млеко, сол, шеќер, масло, брашно кое треба да биде средно меко.
Се остава 10 минути да стаса, а потоа се сука рачно или во калапче. Во средината се мачка маргарин и се става eдна лажичка фил. Се затвараат панцеротите и се прават краевите со вилушка. Се ставаа во плех, се мачкаат со изматено јајце и се наросува сусам. Се пече на 180° околу 20 минути.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени полнети компири >
Сосотојки:
4 големи компири
200 гр. сланина
50 гр. рендано сирење
2 млади кромидчиња
3 лажици кисела павлака
сол
бибер
Упатства:
Компирите добро измијте ги под млаз вода, исушете ги и на неколку места избоцкајте ги со виљушка. Ставете ги на плех за печење прекриен со хартија за печење и печете на 200 степени околу еден час. Кога малку ќе се изладат, врвот од компирите исечете го и издлабете ја средината со лажица. Внатрешноста на компирите ставете ја во сад и додадете ситно сецкана сланина која претходно сте ја испржиле, поволина од количината рендано сирење, ситно сецкан кромид, кисела павлака, сол и бибер. Се заедно промешајте и филот додадете го во внатрешноста на компирите. Посолете со остатокот од сирењето и вратете го во рерна на 5-10 минути. Послужете веднаш.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена бајадера >
Сосотојки:
500 гр. бело пилешко месо
300 гр. шунка
300 гр. кашкавал
200 гр. маринирани шампињони
5 јајца
200 гр. кисела павлака
1 лажица масло
2 лажици брашно
прашок за печиво
мешавина зачини
Упатства:
Обарете го месото во солена вода, исцедете го од течноста, изладете и ситно исецкајте. Шунката исечете ја на резанки, изрендајте го кашкавалот на крупната страна од рендето, а шампињоните исечете ги на листови.
Тепсијата за печење со приближна димензија 30х20 cm. подмачкајте ја и посолете ја со брашно. Со обареното и исецкано месо прекријте го дното од тепсијата, ставете ги шампињоните, одозгора ставете ја шунката ии на крај ренданиот кашкавал.
Изматете ги јајцата и павлаката, додадете 1 лажица брашно, прашак за печиво и мешавина од зачини по сопствен вкус. Изматената маса прелијте ја преку наредените состојки во тепсијата. Одозгора ставете алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути. Оставете да се излади, најдобро во фрижидер, за да можете да изечете убави, правилни парчиња.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Лиснати соленки >
Сосотојки:
- 500 гр. брашно
- 1 лажиче сол
- 1 жолчка
- 1 и 1/2 филџан масло
- 250 гр. ладна вода
- 1 маргарин кристал
Упатства:
Се замесува тесто од 500 гр. брашно, 1 лажиче сол, 1 жолчка, 1 и 1/2 филџан масло, 250 гр. ладна вода.
Напомена: Состојките треба да бидат точни во грамови.
Се сучи кора на која се размачкува 1 маргарин кристал. Се сечи во круг, на подебела лента (четири прсти) и се дипли од почеток до крај да стане како правоаголник. Тестото се става 1 час во замрзнувач, или 4 часа во обичен фрижидер.
Кога тестото убаво ќе се излади се сучи кора, се сечи во ленти и се витка во корички во кои се става сирење.
Лиснатите соленки се премачкуваат со жолчка и им се става сусам.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот