13 - 24 рецепти од 80 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | 4 | ... | >> | 7 |
Мини пици >
Сосотојки:
• 200 мл млако млеко
• 200 мл вода
• 2 лажици јогурт
• 1 белка
• 120 мл масло за јадење
• ? ќесичка сув квасец
• 1 лажица шеќер
• 1 мала лажица сол
• 5 чаши од по 200мл брашно
• 100 гр путер
• сусам
• полнење по желба (јас некаде користев кечап, оригано, кашкавал, печеница, чајна, сино сирење, домати, маслинки)
Упатства:
Во длабок сад се мешаат млекото, водата, шеќерот и сувиот квасец. Потоа се додава маслото за јадење и белката и половина од брашното измешано со ? лажичка сол. Промешувате добро и ја додавате преостанатата количина брашно. Замесувате тесто кое е потребно да се меси барем 5 минути. Ќе ви изгледа малку лепливо на почетокот, по потреба додате малку брашно.
Во намрсен длабок сад оставете го да стаса 40тина минути. Откако ќе стаса од него направете 8 топчиња (мене секое топче ми тежеше околу 150гр). Може да направите и помали топчиња, зависно колку мини сакате да се пиците.
Секое топче го премачкувате со стопениот путер и го валкате со сусам. Ги ставате во плех обложен со хартија за печење и со дно од чаша притискате на средината на топчето за да се направи вдлабнатина. Потоа го ставате посакуваното полнење.
Печете на 180°Ц, 20тина минути.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Пица ролнички >
Сосотојки:
• 500 гр готови кори
• 200 гр кечап или доматен сос
• 200 гр шунка или било која салама по избор со чајна мирисаат совршено
• 200 гр кашкавал
• 150 гр маринирани шампињони или свежи но претходно издинстани
• оригано
• 100 мл минерална вода
• 100 мл маало за јадење
• ? ќесичка прашок за пециво
Упатства:
Се редат по три кори, една по друга а помеѓу секоја попрскувате со мешавина од маслото, водата и прашокот за пециво.
Третата кора премачкајте ја со кечап на едниот крај и ставете оригано. Потоа ставете ги сите останати состојки и замотајте ги во долги ролнички. Префрлете ги во тепсија за печење обложена со хартија и попрскајте ги со останатата количина од вода, масло и прашок за пециво.
Ролничките се печат во претходно загреана рерна на 180°Ц, 20-тина минути до половина час.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Багети полнети по желба >
Сосотојки:
• 300 гр пченкарно брашно
• 750 гр брашно
• 1 ќесичка сув квасец
• 1 лажица сол
• 1 лажица шеќер
• 100 мл млеко + 3 лажици млеко за премачкување
• 1 јајце за премачкување
• 600 мл вода
Упатства:
Најпрво измешајте го квасецот со млакото млеко и 1 лажица шеќер и оставете го неколку минути да се активира. Водата ставете ја да зоврие и во неа додадете го пченкарното брашно. Тргнете на страна да се олади.
Во белото брашно додадете ја солта и промешајте а потоа кон пченкарното брашно додадете го квасецот и постепено додадете го белото брашно. Замесете тесто кое ќе ви изгледа лепливо, но на добро набрашнета површина, месејќи неколку минути, ќе
добиете меко тесто кое ќе гo тргнете на страна 1 час за да стаса.
Откако тестото ќе стаса, размесете го повторно и по потреба додадете брашно. Поделете го на 4 дела и од нив обликувајте багети. Ставете ги во обложен плех со хартија за печење и оставете ги уште 20-тина минути да стасаат.
Печете ги во загреана рерна на 200°Ц 25-30 минути. Некаде на половина од печењето премачкајте ги со мешавина од 1 јајце и 3 лажици млеко.
Откако ќе се испечат и оладат можете да ги правите како сендвичи по желба, или како што направив јас, да ги расечете на неколку места и да ги полните по ваш вкус.
Јас едниот го наполнив со мешавина од 2 чешниња ситно сецкан лук, 3 ситно сецкани гранчиња магдонос и 3 лажици маслиново масло. Другиот е наполнет со мешавина од лут буковец со путер, а измеѓу секој рез има и чајна салама. Третиот е со мешавина од путер, маслинки и пармезам а четвртиот со мешано сирење и чедар. Доколку ги полните на мојот начин, ќе ги завиткате во фолија и ќе продолжите со печење 7-8 минути, ќе ја отстраните фолијата и уште 5 минути ќе печете.
Совет плус:
Додека се пече багетот, на дното на рерната ставете тенџере или тепсија со вода, кои ќе помогнат, багетот да е мек одвнатре, а крцкав однадвор.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Ѓеврек погача со јогурт >
Сосотојки:
• 700 г брашно тип 500 (меко)
• сув квасец
• 1 јајце
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка шеќер
• 50 г маргарин омекнат на собна темература
• 250 мл млако млеко
• 3 лажици јогурт
Фил 1:
• 120 г маргарин
• 1 јајце
• 3 парчиња сирење
Фил 2:
• 100 гр рендан кашкавал
• 100 гр рендана шунка
• кечап
• оригано
За премачкување:
• 1 јајце
• сусам
Упатства:
Замесете тесто од горенаведените состојки.
Ставете го длабок сад намачкан со малку масло за јадење и оставете го 40 минути да стаса на топло.
Во меѓувреме подгитвете го филот.
Сите состојки е потрено само добрп да се измешаат и да се посоли по ваш вкус.
Откако тестото ќе стаса, на набрашнета површина развлечете гово дебелина помалку од 1цм. Потоа вадете кругови со чаша или калап, и редете ги еден до друг со по една лажучка фил помеѓу нив.
Оставете ја погачата уште 15тина минути да стаса и потоа пемачкајте ја со 1 јајце и наросете сусам. Печете на темература од 200°Ц околу 35-40 минути.
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Крекери >
Сосотојки:
Потребни состојки:
?Мерете се со иста чаша, јас користев чаша која собира 250 мл течност.
• 2 чаши 'ржано брашно
• 2 чаши брашно
• 1 чаша масло за јадење
• 1 чаша пиво или бело вино
По една полна рака семки од:
• сончоглед
• лен
• сусам
• тиква
• црно семе
• ким по желба
Упатства:
Подготовка:
Сите состојки се мешаат заедно и се замесува тесто. Тестото се расукува и се сечат форми по желба.
На плех обложен со хартија ги ставате формите и печете на 180°Ц 8-минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Проја со спанаќ и зденки >
Сосотојки:
• 2 јајца
• 125 гр брашно
• 125 гр пченкарно брашно
• 130 мл јогурт
• 30 мл млеко
• 60 мл масло за јадење
• 1 прашок за пециво
• 1 лажичка сол
• ? лажиќка шеќер
• 2 зденки
• две раце исецкан спанаќ
• 50 гр сирење (по желба)
• сусам
Упатства:
Јајцата, солта, прашокот за пециво и ? лажичка шеќер помешајте ги со рачна маталка. Потоа додадете ги сите состојки и мешајте додека смесата не се изедначи.
Во намрсен плех истурете ја смесата, ставете сусам и печете на 180°Ц, 25 минути.
Добар апетит и пријатен ден!
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички направени од тесто >
Сосотојки:
150 мл млеко
150 мл вода
3 лажици шеќер
2 лажички сув квасец
? рамна лажичка сол
околу 400 г брашно
100 мл масло
Упатства:
Квасецот со шеќер и половина лажица брашно потопете го млако млеко и промешајте убаво да се изедначи. Оставете го поклопено 10-тина минути за да се активира, па во него додадете млака вода, масло и сол, па со жица за матење убаво изедначете.
Во оваа течна смеса постепено додавајте брашно и мешајте додека да добиете меко тесто. Но тестото не треба да биде премногу меко и да лепи, туку убаво мазно тесто, помеко од вообичаено.
Вака замесеното тесто оставете го еден час да стасува, па кога ќе удвои својот волумен, на набрашнета работна површина кинете тесто и дормирајте топчиња. Оставете ги покриени да отстојат додека со конец го врзувате секое топче за да добие облик на тиква (конецот се вади после печењето).
Кога сите топчиња ќе ги врзете со конец, оставете ги уште малку да стасуваат, па префрлете ги во плех обложен со хартија и премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути или додека убаво да заруменат.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Класична пица >
Сосотојки:
250 мл. млака вода
500 гр брашно
20 гр. свеж квасец
70 мл. масло
шеќер, сол
Упатства:
Измешајте го квасецот со водата, маслото и 1 лаж шек?ер, па постепено додавајте брашно и мешајте со лажица или шпатула. Кога век?е нема да се меша со лажица, додадете сол и префрлете го тестото на работна површина и додавајте уште брашно дури не оформите меко тесто кое не лепи. Оставете го тестото да се удвои, па формирајте си пици. Исукајте кори или оформете ги со рака, наредете додатоци по желба, испечете и уживајте и во целиот мирис и во преубавиот вкус оваа варијанта е и подобра од претходната, затоа што овој пат може да си направите и веге и посни пици.
Follow martinascooking on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со кори од хељда, полнета со фил од праз и урда >
Сосотојки:
• 1 пакување кори од хељда
• 1 сув квасец
• 1 лажичка шеќер
• 10 лажици брашно
• 50 мл масло за јадење
• 350 мл вода
• 2 страга праз
• 400 гр урда
• 2 јајца
• сол и црн пипер
Упатства:
Подготовка:
Празот исецкајте го ситно и пропржете го на тивок оган, па додадете сол и црн пипер по вкус. Во него додадете ја урдата и пржете уште неколку минути па додадете ги двете јајца. Оставете на страна да се олади малку филот.
Сувиот квасец растворете го во подлабок сад со 2 лажички млака вода и шеќер. Во садот додадете ја водата, зејтинот и малку сол. Мешајте постојано со жица и додавајте го брашното.
Секоја кора прво премачкајте ја со смесата со квасецот па потоа само на крајот додадете од филот по должината на кората. Свиткајте ја во ролна и ставете ја во намрсен плех. Постапката повторувајте ја додека имате кори. Доколку ви остане од смесата со квасецот, попрскакте ја питата од горе пред печење.
Печете во загреана рерна на 180°Ц, 20-тина минути.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети мекици со урда и кашкавал >
Сосотојки:
3 кафени шолји брашно
1 кафена шолја кисело млеко
200 гр урда
150 гр кашкавал
2-3 чешниња лук (по желба)
Половина кафена шолја шеќер
Половина кафена шолја сол
За пржење масло за готвење
Половина кафена шолја сода бикарбона
Упатства:
Замесете ги киселото млеко, содата претходно измешана со оцет, шеќерот и додадете брашно, без да прекинувате да го мешате тестото. Кога маталката веќе не може да се справи со мешањето, поставете го добиентото тесто на работната површина, нанесете малку брашно и рачно замесете го целосно тестото. Потоа истото поставете го во сад претходно премачкан со масло и одогозора покријте со проѕирна фолија. Вака приготвено складирајте го тестото во ладилникот на 30 минути.
Измешајте ја урдата со изренданиот кашкавал, додадете сол по вкус и лук по желба. Поделете го филот на 3-4 дела.
Извадете го тестото од ладилникот, исто така поделете го на 3-4 дела и обликувајте тенки мекици. Поставете од филот врз секоја од мекиците и притиснете ги краевите, обликувајќи полнета мекица.
Вака приготвените полнети мекици поставете ги да се пржат. Пржете и од двете страни, до добивање златно-кафеава боја.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Брза солена торта со ајвар и спанаќ >
Сосотојки:
6 јајца
6 лажици брашно
4 gr прашок за печиво
30 gr спанаќ
1 лажица ајвар
Прстофат сол
400 g фета сирење (или павлака како замена)
300 g шунка
70 g потпечен сусам
100 g путер или маргарин
Упатства:
Изматете 6 белки додека не добиете пенест крем. Додадете ги 6-те жолчки, солта и прашокот за печиво. Матете уште малку и додадете 6 лажици брашно.
Смесата поделете ја рамномерно во 3 чинии. Во едната не додавајте ништо. Во другата додадете малку ајвар, а во третата сечканиот спанаќ.
Испечете ги трите кори поединечно во загреана рерна на 200 степени, во кружен капа со пречник од 25 cm, поставен со хартија за печење. Доволно е да ги печете само неколку минути. Внимавајте да не ви загорат и проверете со чепкалка дали тестото е печено.
Направете го филот за тортата од здробено фета сирење (или павлака) во кој ќе го додадете потпечениот сусам и стопениот путер.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Пита со спанаќ и сирење >
Сосотојки:
4 јајца
1 чаша јогурт/кисело млеко
1 чаша вода
1/3 чаша масло
3-4 чаши брашно
1 пециво
сол
спанаќ, сирење
Упатства:
Изматете ги јајцата со миксер или маталка, па додадете ги сите течни, па сите суви состојки. Јас измешав интегрално и бело брашно. Смесата не треба да ви е многу течна, но не и премногу густа. Го додаваме спанаќот(околу 100-150 гр) и сирење или урда. Смесата префрлете ја во намрсен и набрашнет плех бр.26-28(или хартија за печење), наросете сусам, лен и печете околу 30-40 минути во загреана рерна на 200 С. Оставете да излади малце, па послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот