37 - 48 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | ... | >> | 7 |
Чизбургер стапчиња од тортиљи >
Сосотојки:
250g мелено месо
1 ситно сечкан кромид
Сол и бибер по вкус
? лажичка лук во прав
3 лажици доматно пире
2 шолји кашкавал по желба
8 тортиљи
Упатства:
Испржете го месото со кромидот и другите зачини. Ставете го доматното пире и кашкавалот да се растопи. Наполнете ги тортиљите и потпечете ги во рерна.
Вкусно!
Време потребно за подготовка: 25 минути
<< Сокриј го рецептот
Фокача со маслинки и рузмарин >
Сосотојки:
еден сув квасец
прстофат шеќер
400 гр. брашно
175 мл. млеко
3 лажици маслиново масло
1 лажица сол
За фил:
6 лажици маслиново масло
неколку гранчиња рузмарин
100 гр. црни маслинки
крупна сол
Упатства:
1. Во подлабок сад, добро промешајте го брашното и квасецот. Потоа, додадете ги и останатите состојки и замесете меко тесто како за пица.
2. Тестото прекријте го со кујнска крпа и оставете го на собна температура околу еден час. Загрејте ја рерната на 200 степени.
3. Вака подготвеното тесто ставете го на хартија за печење, избоцкајте го со вилушка и премачкајте го со маслиновото масло.
4. Одозгора наросете со неколку гранчиња рузмарин, додадете ги исецканите маслинки и посипете со крупна сол. Лесно притиснете го тестото за да се залепат состојките, а потоа печете околу 20 минути, додека не добие златножолта боја.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Корнети од тесто со намаз од целер >
Сосотојки:
250 гр лиснато тесто
1 корен од целер со средна големина
200 мл кисела павлака
сок од лимон
сол, бибер
1 јајце, за премачкување
сусам или ким, за посипување
сецкан свеж власец
Упатства:
– Лиснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало.
– Со остар нож исечете го на ленти со широчина 1-1,5 см.
– Лентите тесто намотајте ги на модли (ако немате модли направете фишеци од картон и обложете ги со алуминиумска фолија). Потоа наредете ги во тава и премачкајте ги со разматено јајце и посипете сусам или ким.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 15 минути или додека да добијат убава румена боја.
– Печените корнети внимателно извадете ги од модлите и оставете ги да се изладат.
– Излупете го целерот и ситно изрендајте го. Испрскајте го веднаш со сок од лимон за да не потемни.
– Додадете ја киселата павлака и посипете со сол и бибер по вкус. Убаво измешајте и со оваа смеса наполнете ги корнетите од тесто. На крај посипете со сецкан свеж власец.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Тробоен солен ролат >
Сосотојки:
За ТЕСТО:
5 јајца
1/2 лажичка сол
5 лажици брашно
5 лажици зејтин
3 лажици кисела павлака
1 прашок за печиво
2-3 лажици ајвар
2-3 лажици обарен спанаќ
За ФИЛ:
250 гр. павлака
85 гр. мајонез
200 гр. шунка
5-6 кисели краставички
100 гр. сирење
Упатства:
Изматете ги јајцата со половина лажичка сол за да добиете хомогена смеса и додајте ги останатите состојки. Поделете ја смесата на три еднакви делови.
Во првиот дел додадете го ајварот и убаво измешајте да се соедини.
Во вториот дел додадете го обарениот спанаќ и повторно убаво промешајте да се соедини.
Со помош на кеси и додаток од кујнски шприц, редете ги смесите во тавата за печење наизменично. Печете околу 15 минути, во загреана рерна на 200 степени. Топлото тесто замотајте го во крпа како ролат.
Исечкајте ги краставичките и шунката, издробете го сирењето и измешајте ги со павлаката и мајонезот. Убаво измешајте да се соединат и премачкајте го тестото.
Замотајте го ролатот и оставете го да отстои за да се спои.
Сечете парчиња со дебелина од 1 сантиметар и сервирајте.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Крцкави моцарела прстени од кромид >
Сосотојки:
кромид
моцарела
лебни трошки
сол
масло
Упатства:
Исечете кромид на прстени:
Исечете сирење/кашкавал и поставете го меѓу два прстена од кромид:
Замрзнете ги добиените прстени на 1 час.
Потоа потопете ги во смеса од јајца, лебни трошки и брашно:
Пржете ги додека не станат крцкави и златно-кафени:
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Мафини со спанаќ >
Сосотојки:
– лажица маслиново масло
– 170 гр. шампињони
– 6 јајца
– 1/4 шолја млеко
– /14 лажичка сол
– 200 гр. рендан кашкавал
– 200 гр. спанак
Упатства:
Во тавче, пржете ги печурките околу 10 минути. Рерната загрејте ја на 180 степени. Калап-тепсијата за мафините премачкајте ја со масло за готвење или ставете хартиени корпици. Во голем сад изматете ги јајцата, па додајте млеко, па 1/4 лажичка сол и кашкавалот, па сe тоа добро измешајте го. На смесата со јајца додајте го и спанаќот и испржените печурки. Така подготвената смеса сипете ја во тепсијата за мафини и наполнете по околу 3/4 од секој од калапите. Печете во загреана рерна околу 25 минути. Пријатно јадење!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Највкусните штрудли со сирење >
Сосотојки:
500 грама брашно
100 грама маргарин
1 дл. масло
1 јајце
1/2 лажичка сол
1/2 коцка квасец
1 дл. млеко
1 лажичка шеќер
Фил:
300 гр. сирење
1 жолчка
1 дл јогурт
Премаз:
1 жолчка
50 гр. сусам
Упатства:
Во децилитар млака вода измешајте 1 лажичка шеќер и квасец.Оставете да стои 10 минути. Во пластичен сад подгответе ги останатите состојки и додајте го надојдениот квасец.Замесете тесто и покријте го со крпа. Оставете го да стои 30 минути на топло. Тестото поделете го на два дела и развлечете го со оклагија на потанко. Сирењето, јогуртот и жолчката измешајте ги добро.Развлеченото тесто премачкајте го со половина од филот. Завиткајте ја намачканата кора.Истото направете го и со другата половина од тестото и филот. Исечете го на помали штрудли и премачкајте го со жолчка и сусам.Наредете ги во подмачкан плех и печете околу 25 минути на температура од 250 степени.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Принцес компири >
Сосотојки:
компири - 1 кг
масло - 50 г
кашкавал - 50 г
јајца - 1
жолчки 2
сол
брашно - 1 супена лажица
Упатства:
Сварете ги компирите и направете пире. Одделете ги жолчките и добро избијте ги во пирето, па додадете рендан кашкавал.
Посолете по вкус, додадете го брашното, маслото и зачини по ваш избор.
Треба да се добие тесто, кое може да се става во шприц, па директно на подмачкан плех.
Печете ги додека не поцрвенат во загреана рерна. Принцес компирот може да го принесете како гарнир кон печено месо.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Брускети со спанаќ и сирење >
Сосотојки:
француско лепче
маслиново масло - 2 лажици
спанаќ - 500 г
сирење - 90 г меко
ситно сечкани пиперки - 3 лажици
Упатства:
Исечете лепче на 24 тенки парчиња и намачкајте го од двете страни со маст.
Наредете ги лепчињата во тава и печете ги 10 минути во загреана рерна.
Оставете да се изладат и во тоа време измијте го спанаќот и оставете го во топла вода на неколку минути, за да омекне. Исцедете го и измијте го под ладна вода.
Раширете го спанаќот врз фолија, за да формира правоаголник со димензии 25х20.
Двата видови сирење изгмечете ги и распоредете ги одозгора, а врз нив додадете исечени пиперки. Завиткајте го добро ролатот со помош на фолијата.
Исечете го на парчиња и сервирајте го врз брускетите.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Крокети од пилешки стек и грашок >
Сосотојки:
600 гр пилешки стек
120 гр замрзнат грашок
120 гр ситно рендан кашкавал
1 лажица ситно сецкан магдонос
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче рузмарин
1 коцка за супа
2 јајца
по потреба сол и црн пипер
За поховање
1 јајце
по потреба презла
по потреба масло за пржење на крокетите
Упатства:
Пилешкиот стек ставете го во тенџере со вода и додајте ги коцката за супа, рузмаринот, мајчината душичка, малку сол и црн пипер. Оставете го да вари додека омекне. На крај додајте го и грашокот и тој да вари 5 минути.
Извадете ги посебно во чинии.
Пилешкиот стек исечете го на помали парчиња, ставете го во сецко и иситнете го. Префрлете го во сад и додајте го кашкавалот, јајцата, магдоносот и сол и црн пипер по вкус. Измесете ја смесата да се изедначи. Сега додајте го и грашокот и нежно мешајте за да не се изгмечи.
Со влажни раце од смесата направете крокети долги 5-6 цм. Потоа извалкајте ги во изматено јајце во кое сте додале малку сол и во презла.
Пржете ги во загреано масло а потоа извадете ги на кујнска салфетка.
Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата или со кечап, мајонез тартар сос и сл.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена бајадера >
Сосотојки:
500 гр. бело пилешко месо
300 гр. шунка
300 гр. кашкавал
200 гр. маринирани шампињони
5 јајца
200 гр. кисела павлака
1 лажица масло
2 лажици брашно
прашок за печиво
мешавина зачини
Упатства:
Обарете го месото во солена вода, исцедете го од течноста, изладете и ситно исецкајте. Шунката исечете ја на резанки, изрендајте го кашкавалот на крупната страна од рендето, а шампињоните исечете ги на листови.
Тепсијата за печење со приближна димензија 30х20 cm. подмачкајте ја и посолете ја со брашно. Со обареното и исецкано месо прекријте го дното од тепсијата, ставете ги шампињоните, одозгора ставете ја шунката ии на крај ренданиот кашкавал.
Изматете ги јајцата и павлаката, додадете 1 лажица брашно, прашак за печиво и мешавина од зачини по сопствен вкус. Изматената маса прелијте ја преку наредените состојки во тепсијата. Одозгора ставете алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути. Оставете да се излади, најдобро во фрижидер, за да можете да изечете убави, правилни парчиња.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Запечени полнети компири >
Сосотојки:
4 големи компири
200 гр. сланина
50 гр. рендано сирење
2 млади кромидчиња
3 лажици кисела павлака
сол
бибер
Упатства:
Компирите добро измијте ги под млаз вода, исушете ги и на неколку места избоцкајте ги со виљушка. Ставете ги на плех за печење прекриен со хартија за печење и печете на 200 степени околу еден час. Кога малку ќе се изладат, врвот од компирите исечете го и издлабете ја средината со лажица. Внатрешноста на компирите ставете ја во сад и додадете ситно сецкана сланина која претходно сте ја испржиле, поволина од количината рендано сирење, ситно сецкан кромид, кисела павлака, сол и бибер. Се заедно промешајте и филот додадете го во внатрешноста на компирите. Посолете со остатокот од сирењето и вратете го во рерна на 5-10 минути. Послужете веднаш.
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот