73 - 80 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 5 | 6 | 7 |
Мини пици >
Сосотојки:
* 3-4 мини теста за пици
* малку путер или маслиново масло
* 3 сос од домати
* 90 г шунка или пилешко исечено на ленти
* 60 г (2 / 3 чаша) рендано сирење
Упатства:
Пред да започнете со подготвување на овој рецепт загрејте ја рерната на 240 C.
Лесно намачкајте ги тестата за пица со путер или маслиново масло. Така намачкани ставете ги во подготвениот сад за печење, и на нив додадете доматен сос и сецкана шунка, и на крај рендано сирење.
Така подготвени тестата ставете ги во рерна за да се печат 8-10 минути, или додека сирењето се топи и не добие златна боја.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Полнети компири >
Сосотојки:
• 20 грама Путер
• 600 грама Компир
• 50 грама Кашкавал
• 1 мала лажица Бибер
• 1 Јајца/це
• малку Сол
Упатства:
Преполовете ги компирите и извадете ја внатрешноста, оставајќи ѕидови дебели 1,5 сантиметри.
Изрендајте го кашкавалот и изматете го јајцето.
Извадената срцевина од варениот компир измешајте ја со кашкавалот, додадете го јајцето, путерот, зачините и малку млеко, ако сметате дека е потребно.
Наполнете ги компирите, преклопете ги двете половинки, со четкичка намачкајте ги со путер и печете ги во рерна 10 до 15 минути.
Полнетите компири послужете ги со зеленчук
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Домашни лазањи >
Сосотојки:
• 150 грама Путер
• малку Оригано
• 500 милилитри Млеко
• 100 милилитри Масло
• 1 Кромид/а
• 200 грама Кашкавал
• 20 милилитри Доматен сок
• 100 грама Домат
• 300 грама Говедско
• 1 лажица/ци Дафинка
• 30 грама Брашно
• малку Сол
• 500 грама Тенки кори
• малку Црн пипер
Упатства:
Главицата кромид ситно ја сецкаме и ја пржиме во тава на оган со загреано масло. Откако кромидот ќе омекне, во тавата го додаваме меленото месо и промешуваме.
Во тенџере на оган со растопен путер го додаваме брашното и мешаме со лажица. Мешајќи со лажица во тенџерето го додаваме млекото.
Доматот го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата на оган. Зачинуваме со вегета, го додаваме ориганото, посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме.
Откако бешамелот ќе ја добие потребната густина, го додаваме во тавата со месото на оган и промешуваме.
Корите ги сечеме на парчиња и ги разлистуваме. Дел од корите ставаме во намрсена тава. Врз корите со лажица ставаме од филот со меленото месо. Врз филот нанесуваме од доматниот сос.
Врз сосот ги ставаме преостанатите кори. Врз корите го нанесуваме преостанатиот фил. Во тавата налеваме 100 мл. вода и ја протресуваме тавата. На ситно го рендаме кашкавалот. Изренданиот кашкавал го нанесуваме врз филот на тавата.
Тавата ја ставаме во рерна и печеме 60-тина минути на температура од 200 степени.
Потоа ги вадиме лазањите од рерната, ги оставаме да се оладат и послужуваме.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Варени компири со пршута >
Сосотојки:
• малку Сол
• 50 грама Пршута
• 20 милилитри Оцет
• 4 лажица/ци Масло
• малку Магдонос
• 400 грама Компир
• малку Црн пипер
Упатства:
Измијте ги компирите, ставете ги во сад за варење на пареа, садот ставете го врз сад со зовриена вода, па варете ги 20 минути.
Во еден сад ставете оцет, малку сол,масло и црн пипер. Исцедете ги компирите, без да ги лупите, исечете ги на тенки кришки и ставете ги во чинија. Сe уште топли зачинете ги со оцетот. Пршутата исечете ја на парчиња.
Ставете ги во тава со масло и пржете ги сe додека не станат крцкави. Извадете ги со лажица-цедилка и додајте ги на компирите, Измешајте ги и сервирајте ги
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици од ориз >
Сосотојки:
* 50 g путер
* 80 g кромид
* 200 г ориз
* малку шафран ако имате
* 500 ml вода
* 1 лажица вегета
* 50 g рендано сирење пармезан
* 200 г свежо кравјо сирење
* 1 лажица свежо исечен босилек
* 80 g брашно
* 1 јајце
* Масло за пржење
Упатства:
Во зејтинот кратко пропржете го сецканиот кромид, а потоа додадете го оризот и пржете се заедно околу една минута.
Додадете шафран, топла вода, вегета и сето тоа оставете да се динстува околу 5 минути. Садот со ориз отстранете го од ринглата и додадете го ренданиот пармезан, сирење и босилек и промешајте.
Оставете ја смесата покриена 1 час.
За крај промешаје 50 g брашно и јајца и додадете го тоа во подготвената смеса со ориз а потоа формирајте ги топките по желба.
Извалкајте ги топките во преостанатото брашно и пржете го во длабоко добро загреано масло околу 5 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Пита со спанаќ и фета сирење >
Сосотојки:
* 1 лажичка маслиново масло
* 2 млади кромитчиња,
* 3 чешниња лук
* 3/4 шолја млеко
* 1 лажица пченкарен скроб
* 1/2 лажичка оригано
* 250 г замрзнат спанаќ, или свеж
* 50 г фета сирење
* 1 јајце изматено
* кори за баклава
Упатства:
Во тавче пропржете ги кромидот и лукчињата околу 5 минути.
Во посебен сад измешајте го млекото, скробот, ориганото, спанаќот, фета сирењето, јајцето па во смесата додадете го и кромидот.
Загрејте ја рерната на 180 ° C. а тавчето во кое ќе ја печете питата посипете го со маслиново масло, ставете неколку готови кори на дното, а потоа ставете од смесата рамномерно на целата кора и покријте го со уште два слоја од кори.
Повторете, додека не ја потрошите целата смеса. На крајот горната кора лесно, премачкајте ја со маслиново масло.
Печете додека питата не добие златно-кафеава боја, околу триесет минути.
Откако ќе ја извадите од рерна покријте ја питата со крпи околу 10 минути, а потоа исечете на коцки сервирајте.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Пилешки прсти >
Сосотојки:
1. 500гр пилешки гради
2. 120гр брашно
3. 120мл пиво
4. 4 јајца
5. сол
6. зејтин за пржење
Упатства:
Исечете го пилешкото на стапчиња со дебелина од 1см. Во подлабок сад изматете ги прво белките (како за торта), и потоа додадете ги жолчките кои претходно ги имате измешано со пивото и со брашното. Посолете по вкус.
Смесата треба да биде густа како за палачинки.
Во подлабок сад загрејте зејтин. Стапчињата валкајте ги прво во брашно, па во подготвената смеса и пржете ги додека не поруменат од двете страни.
Откако ќе се испржат извадете ги на хартија да се впие вишокот зејтин.
Сервирајте со тартар сос или со сос од сенф и мед.
Време потребно за подготовка: 45 минути
<< Сокриј го рецептот
Шпанска пита >
Сосотојки:
1 чаша јогурт,2 чаши брашно,1/2чаша зејтин,3јајца, 1 пециво, кисели крставички ситно сецкани, 100-150гр.сувомеснато исецкано на коцки, 150гр.кашкавал исто исецкан на коцки
Упатства:
Се матат сите состојки, ги додаваме краставичките,сувомеснатото и кашкавалот. Има доволно смеса за плех со 12 отвори(како за мафинс)секоја се премачкува со малку маргарин и се полни 3/4 од отворот
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот