1 - 12 рецепти од 80 | Страница: | | 1 | 2 | 3 | ... | >> | 7 |
Martinas cooking: Пита со спанаќ и сирење >
Сосотојки:
4 јајца
1 чаша јогурт/кисело млеко
1 чаша вода
1/3 чаша масло
3-4 чаши брашно
1 пециво
сол
спанаќ, сирење
Упатства:
Изматете ги јајцата со миксер или маталка, па додадете ги сите течни, па сите суви состојки. Јас измешав интегрално и бело брашно. Смесата не треба да ви е многу течна, но не и премногу густа. Го додаваме спанаќот(околу 100-150 гр) и сирење или урда. Смесата префрлете ја во намрсен и набрашнет плех бр.26-28(или хартија за печење), наросете сусам, лен и печете околу 30-40 минути во загреана рерна на 200 С. Оставете да излади малце, па послужете.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Солена бајадера од пилешко месо, сувомеснато и кашкавал Прикажи го рецептот >>
Martinas cooking: Солена бајадера од пилешко месо, сувомеснато и кашкавал >
Сосотојки:
600 гр. пилешко месо
150 гр. сувомеснато
150 гр. сланина
150 гр. кашкавал
1 јајце
1/2 чаша павлака/јогурт
Упатства:
Месото исечете го на отприлика 6-7тенки парчиња(околу 5-6мм) и исчукајте ги. Најпрво наредете ред од пилешкото и попрскајте со масло и зачини. Ставете ред сувомеснато, ред кашкавал и ред сланина, па над нив повторно парчиња од пилешкото месо. Прелијте со изматена павлака со јајце и можете да наросите сусам. Печете во загреана рерна на 200 С околу 30-40 минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Martinas cooking: Солени бомбици >
Сосотојки:
100 грама урда/крем сирење
2 зденки
сусам
Упатства:
Брза супер идеја кое супер оди со помфрит, печен или пржен, добро мезе или прилог на некое јадење.
Направете смеса од состојките и оформете ги бомбиците. Секако по желба може да си додадете сувомеснато, кашкавал, зачини. Може да ги оставите и така, а може и да ги извалкате во сушен магдонос, буковец, сусам или сл.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Багети полнети по желба >
Сосотојки:
• 300 гр пченкарно брашно
• 750 гр брашно
• 1 ќесичка сув квасец
• 1 лажица сол
• 1 лажица шеќер
• 100 мл млеко + 3 лажици млеко за премачкување
• 1 јајце за премачкување
• 600 мл вода
Упатства:
Најпрво измешајте го квасецот со млакото млеко и 1 лажица шеќер и оставете го неколку минути да се активира. Водата ставете ја да зоврие и во неа додадете го пченкарното брашно. Тргнете на страна да се олади.
Во белото брашно додадете ја солта и промешајте а потоа кон пченкарното брашно додадете го квасецот и постепено додадете го белото брашно. Замесете тесто кое ќе ви изгледа лепливо, но на добро набрашнета површина, месејќи неколку минути, ќе
добиете меко тесто кое ќе гo тргнете на страна 1 час за да стаса.
Откако тестото ќе стаса, размесете го повторно и по потреба додадете брашно. Поделете го на 4 дела и од нив обликувајте багети. Ставете ги во обложен плех со хартија за печење и оставете ги уште 20-тина минути да стасаат.
Печете ги во загреана рерна на 200°Ц 25-30 минути. Некаде на половина од печењето премачкајте ги со мешавина од 1 јајце и 3 лажици млеко.
Откако ќе се испечат и оладат можете да ги правите како сендвичи по желба, или како што направив јас, да ги расечете на неколку места и да ги полните по ваш вкус.
Јас едниот го наполнив со мешавина од 2 чешниња ситно сецкан лук, 3 ситно сецкани гранчиња магдонос и 3 лажици маслиново масло. Другиот е наполнет со мешавина од лут буковец со путер, а измеѓу секој рез има и чајна салама. Третиот е со мешавина од путер, маслинки и пармезам а четвртиот со мешано сирење и чедар. Доколку ги полните на мојот начин, ќе ги завиткате во фолија и ќе продолжите со печење 7-8 минути, ќе ја отстраните фолијата и уште 5 минути ќе печете.
Совет плус:
Додека се пече багетот, на дното на рерната ставете тенџере или тепсија со вода, кои ќе помогнат, багетот да е мек одвнатре, а крцкав однадвор.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 70 минути
<< Сокриј го рецептот
Бомбици од ориз >
Сосотојки:
* 50 g путер
* 80 g кромид
* 200 г ориз
* малку шафран ако имате
* 500 ml вода
* 1 лажица вегета
* 50 g рендано сирење пармезан
* 200 г свежо кравјо сирење
* 1 лажица свежо исечен босилек
* 80 g брашно
* 1 јајце
* Масло за пржење
Упатства:
Во зејтинот кратко пропржете го сецканиот кромид, а потоа додадете го оризот и пржете се заедно околу една минута.
Додадете шафран, топла вода, вегета и сето тоа оставете да се динстува околу 5 минути. Садот со ориз отстранете го од ринглата и додадете го ренданиот пармезан, сирење и босилек и промешајте.
Оставете ја смесата покриена 1 час.
За крај промешаје 50 g брашно и јајца и додадете го тоа во подготвената смеса со ориз а потоа формирајте ги топките по желба.
Извалкајте ги топките во преостанатото брашно и пржете го во длабоко добро загреано масло околу 5 минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брза пица >
Сосотојки:
Потребно за тесто:
2 чаши за млеко брашно
1 чаша за млеко, кисело млеко
1 филџан за кафе зејтин
1 прашок за печиво
1/2 мала лажица сол
Потребно за фил:
200гр. кашкавал
200гр. свинска шунка
100гр. пилешка шунка
5-7 кисели краставички
300гр. сечкани маринирани шампињони
2-3 јајца
кечап
зачини по вкус (бибер,оригано...)
Упатства:
Се помешуваат сите состојки за тестото и се месат додека на се добие еднолична смеса, па во намрсен плех се распоредува рамномерно секаде со раце.Целото тесто се премачкува со кечап па се става филот.Пицата се пече 20-25 мин на загреана рерна на 200 степени, па се ставаат разматените јајца и се остава уште 10-тина мин.Зачините може да се стават или во јајцата или откога ќе се извади од рерна.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брза солена торта со ајвар и спанаќ >
Сосотојки:
6 јајца
6 лажици брашно
4 gr прашок за печиво
30 gr спанаќ
1 лажица ајвар
Прстофат сол
400 g фета сирење (или павлака како замена)
300 g шунка
70 g потпечен сусам
100 g путер или маргарин
Упатства:
Изматете 6 белки додека не добиете пенест крем. Додадете ги 6-те жолчки, солта и прашокот за печиво. Матете уште малку и додадете 6 лажици брашно.
Смесата поделете ја рамномерно во 3 чинии. Во едната не додавајте ништо. Во другата додадете малку ајвар, а во третата сечканиот спанаќ.
Испечете ги трите кори поединечно во загреана рерна на 200 степени, во кружен капа со пречник од 25 cm, поставен со хартија за печење. Доволно е да ги печете само неколку минути. Внимавајте да не ви загорат и проверете со чепкалка дали тестото е печено.
Направете го филот за тортата од здробено фета сирење (или павлака) во кој ќе го додадете потпечениот сусам и стопениот путер.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Брзи пирошки >
Сосотојки:
- 300 гр бело сирење
- 2 јајца
- 2 дцл. јогурт
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 400-500 гр. брашно
- масло за пржење
Упатства:
Издробете го сирењето, додадете ги јајцата и сите останати состојки. Замесете тесто со средна тврдина, исучете го со дебелина од еден прст, па исечете подебели и пошироки стапчиња.
Пржете ги во масло додека не се зацрвенат.
Оставете ги на хартија која впива мрснотија и послужете ги со јогурт.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Брзи пирошки од бајат леб >
Сосотојки:
1 бајат леб
3 јајца
презла
сирење (или кашкавал)
салама
млеко
сол, бибер, вегета
Упатства:
Лебот се крши на ситни парчиња, па се полева со млако млеко да покисне околу 10-15 минути.
Во меѓувреме ситно се сечкаат сирењето и саламата, а може и да се изрендаат.
Во посебен сад се матат трите јајца.
Откако лебот убаво ќе покисне малку се замесува со рака, а ако има вишок млеко се цеди. Потоа се додаваат јајцата, сирењето и саламата, па по желба се става сол, бибер и вегета. Додека се меси смесата во неа полека се додава презла колку што е потребно за да се добие убава хомогена смеса од којашто ќе може да се формираат пирошки. Секоја пирошка се валка во презла и се пржи во масло додека да зарумени.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Брускети со спанаќ и сирење >
Сосотојки:
француско лепче
маслиново масло - 2 лажици
спанаќ - 500 г
сирење - 90 г меко
ситно сечкани пиперки - 3 лажици
Упатства:
Исечете лепче на 24 тенки парчиња и намачкајте го од двете страни со маст.
Наредете ги лепчињата во тава и печете ги 10 минути во загреана рерна.
Оставете да се изладат и во тоа време измијте го спанаќот и оставете го во топла вода на неколку минути, за да омекне. Исцедете го и измијте го под ладна вода.
Раширете го спанаќот врз фолија, за да формира правоаголник со димензии 25х20.
Двата видови сирење изгмечете ги и распоредете ги одозгора, а врз нив додадете исечени пиперки. Завиткајте го добро ролатот со помош на фолијата.
Исечете го на парчиња и сервирајте го врз брускетите.
Пријатно!
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Варени компири со пршута >
Сосотојки:
• малку Сол
• 50 грама Пршута
• 20 милилитри Оцет
• 4 лажица/ци Масло
• малку Магдонос
• 400 грама Компир
• малку Црн пипер
Упатства:
Измијте ги компирите, ставете ги во сад за варење на пареа, садот ставете го врз сад со зовриена вода, па варете ги 20 минути.
Во еден сад ставете оцет, малку сол,масло и црн пипер. Исцедете ги компирите, без да ги лупите, исечете ги на тенки кришки и ставете ги во чинија. Сe уште топли зачинете ги со оцетот. Пршутата исечете ја на парчиња.
Ставете ги во тава со масло и пржете ги сe додека не станат крцкави. Извадете ги со лажица-цедилка и додајте ги на компирите, Измешајте ги и сервирајте ги
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Вкусни ролати од тиквички со сланина и сирење >
Сосотојки:
4-5 тиквички,
200 гр. сланина,
200 гр. сирење,
млад кромид,
маслиново масло,
нане,
сол и
црн пипер.
Упатства:
Исецкајте ги тиквичките по должина на околу 20 парчиња. Попрскајте ги со маслиново масло, посолете ги и ставете им и црн пипер. Загрејте ја тавата или скарата и печете ги околу 5 минути. Препорачливо е да ги печете на скара, и тоа додека не добијат потемни линии, а потоа оставете ги да се изладат.
Сланината исечете ја на тенки парчиња, попрскајте го секое парче со сол и црн пипер и потпечете ги на скарата додека не станат малку крцкави. На секое парче тиквичка распоредете по едно парче сланина, а потоа одозгора ставете сирење по желба. Попрскајте со исецкан млад кромид и нане, или друг зачин по избор. Потоа замотајте ги сите така што ќе добиете мали ролатчиња, прободете ги со чепкалки и послужете ги.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот