25 - 36 рецепти од 80 | Страница: | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ... | >> | 7 |
Компир на француски начин >
Сосотојки:
1,5 кг. компири
150 гр. брашно
5 лажици презла
сол
бибер
6 лажици масло
Упатства:
За овој рецепт ви требаат ситни компири. Излупете ги, а ако се млади само добро исчистете ги.
Исечете ги скоро до крај со неколку резови, па ставете бибер и сол, а потоа презла.
Ставете ги компирите во тава со масло и печете ги на 220 степени 30 минути.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Корнети од тесто со намаз од целер >
Сосотојки:
250 гр лиснато тесто
1 корен од целер со средна големина
200 мл кисела павлака
сок од лимон
сол, бибер
1 јајце, за премачкување
сусам или ким, за посипување
сецкан свеж власец
Упатства:
– Лиснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало.
– Со остар нож исечете го на ленти со широчина 1-1,5 см.
– Лентите тесто намотајте ги на модли (ако немате модли направете фишеци од картон и обложете ги со алуминиумска фолија). Потоа наредете ги во тава и премачкајте ги со разматено јајце и посипете сусам или ким.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 15 минути или додека да добијат убава румена боја.
– Печените корнети внимателно извадете ги од модлите и оставете ги да се изладат.
– Излупете го целерот и ситно изрендајте го. Испрскајте го веднаш со сок од лимон за да не потемни.
– Додадете ја киселата павлака и посипете со сол и бибер по вкус. Убаво измешајте и со оваа смеса наполнете ги корнетите од тесто. На крај посипете со сецкан свеж власец.
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Крекери >
Сосотојки:
Потребни состојки:
?Мерете се со иста чаша, јас користев чаша која собира 250 мл течност.
• 2 чаши 'ржано брашно
• 2 чаши брашно
• 1 чаша масло за јадење
• 1 чаша пиво или бело вино
По една полна рака семки од:
• сончоглед
• лен
• сусам
• тиква
• црно семе
• ким по желба
Упатства:
Подготовка:
Сите состојки се мешаат заедно и се замесува тесто. Тестото се расукува и се сечат форми по желба.
На плех обложен со хартија ги ставате формите и печете на 180°Ц 8-минути.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Крокети од компири со пармезан и пекорино >
Сосотојки:
1 кг компири
100 гр брашно
300 гр презла
4 јајца
75 гр пармезан, рендан
75 гр пекорино, рендано
2-3 лажици. свеж магдонос, сечкан
Сол и бибер по вкус
Растително или маслиново масло за пржење
Упатства:
Сварете ги компирите додека не омекнат. Излупете ги и испасирајте ги. Измешајте го пирето со брашното, половина од презлата, јајцата, двата вида сирење, магдоносот и малку сол и бибер. Се меси убаво додека се мешаат состојките. Загрејте повеќе масло во длабока тава на средна топлина. Крокетите формирајте ги со раце и треба да добиете цилиндрична форма. За да го направите ова, прво формирајте кружни ќофтиња, а потоа свиткајте ги за да добиете цилиндри. Секоја крокетка убаво извалкајте ја во преостанатата презла. Пржете ги додека не поруменат. Исцедете ги на хартија.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Крокети од палента >
Сосотојки:
300 гр палента
300 мл вода
1 лажица сол
50 гр путер
2 лажици ситно сечкана шунка (по желба)
2 јајца
масло за пржење
Упатства:
Сварете ја палентата на следниот начин: во тенџере ставете вода за зоврие. ставете 1 лажиче сол и во зовриената вода ставете ја палентата. Варете на тивок оган за да не почне да прска. Кога ќе се свари, ставете го путерот и оставете ја убаво да се олади. Оладената палента раздробете ја во вилушка на поситни парчиња. Во неа додадете ги јајцата, претходно лесно изматени, шунката (може и кашкавал, ако сакате).
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Крокети од пилешки стек и грашок >
Сосотојки:
600 гр пилешки стек
120 гр замрзнат грашок
120 гр ситно рендан кашкавал
1 лажица ситно сецкан магдонос
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче рузмарин
1 коцка за супа
2 јајца
по потреба сол и црн пипер
За поховање
1 јајце
по потреба презла
по потреба масло за пржење на крокетите
Упатства:
Пилешкиот стек ставете го во тенџере со вода и додајте ги коцката за супа, рузмаринот, мајчината душичка, малку сол и црн пипер. Оставете го да вари додека омекне. На крај додајте го и грашокот и тој да вари 5 минути.
Извадете ги посебно во чинии.
Пилешкиот стек исечете го на помали парчиња, ставете го во сецко и иситнете го. Префрлете го во сад и додајте го кашкавалот, јајцата, магдоносот и сол и црн пипер по вкус. Измесете ја смесата да се изедначи. Сега додајте го и грашокот и нежно мешајте за да не се изгмечи.
Со влажни раце од смесата направете крокети долги 5-6 цм. Потоа извалкајте ги во изматено јајце во кое сте додале малку сол и во презла.
Пржете ги во загреано масло а потоа извадете ги на кујнска салфетка.
Послужете ги топли со прилог од ориз, компир, салата или со кечап, мајонез тартар сос и сл.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Крцкави ќофтиња од тиквички >
Сосотојки:
3 средни тиквички
2 јајца
200 гр кравјо сирење
150 гр брашно
100 гр презла
50 мл масло
1 прстофат сол
1 прстофат црн пипер
? врска свеж магдонос
Упатства:
Тиквичките изрендајте откако претходно ги излупивте. Ставете ги во поголем сад и посипете ги со сол. Ќе ја исцеди водата од тиквичките. Потоа префрлете ги во цедалка и притиснете ги со рака да се отстрани вишокот вода.
Вратете ги во садот. Скршете ги двете јајца. Додадете ги презлата, сирењето, магдоносот кој претходно сте го издробиле (без дршките). Со раце убаво замесете ја смесата и формирајте ќофтиња (добро е да имаат порамна форма за да се пржат лесно).
Секое од ќофтињата извалкајте го во брашно. Загрејте го маслото во тава на средна топлина. Пропржете ги ќофтињата од тиква од двете страни по неколку минути.
Време потребно за подготовка: 50 минути
<< Сокриј го рецептот
Крцкави моцарела прстени од кромид >
Сосотојки:
кромид
моцарела
лебни трошки
сол
масло
Упатства:
Исечете кромид на прстени:
Исечете сирење/кашкавал и поставете го меѓу два прстена од кромид:
Замрзнете ги добиените прстени на 1 час.
Потоа потопете ги во смеса од јајца, лебни трошки и брашно:
Пржете ги додека не станат крцкави и златно-кафени:
Време потребно за подготовка: 30 минути
<< Сокриј го рецептот
Лиснати соленки >
Сосотојки:
- 500 гр. брашно
- 1 лажиче сол
- 1 жолчка
- 1 и 1/2 филџан масло
- 250 гр. ладна вода
- 1 маргарин кристал
Упатства:
Се замесува тесто од 500 гр. брашно, 1 лажиче сол, 1 жолчка, 1 и 1/2 филџан масло, 250 гр. ладна вода.
Напомена: Состојките треба да бидат точни во грамови.
Се сучи кора на која се размачкува 1 маргарин кристал. Се сечи во круг, на подебела лента (четири прсти) и се дипли од почеток до крај да стане како правоаголник. Тестото се става 1 час во замрзнувач, или 4 часа во обичен фрижидер.
Кога тестото убаво ќе се излади се сучи кора, се сечи во ленти и се витка во корички во кои се става сирење.
Лиснатите соленки се премачкуваат со жолчка и им се става сусам.
Време потребно за подготовка: 120 минути
<< Сокриј го рецептот
Љубовен киш >
Сосотојки:
Тесто:
300 гр. брашно
139 гр. путер или маргарин
1 јајце
1/2 лажичка сол
4 лажици ладна вода
Фил:
3 јајца
300 гр. сирење
блитва
Премаз:
1 жолчка
2 лажици млеко
Упатства:
Подготовка на тестото:
Ставете го во сад брашното, солта и маргаринот, исечен на листови. Потоа додадете ја водата и јајцата и направете компактно тесто. Ставете го во фрижидер околу 30 минути.
Подготовка на филот:
Обарете ја блитвата и исцедете ја. Изматете ги јајцата и на таа маса додадете сирење и сецканата и цедена блитва.
Изработка:
Поделете го тестото на два дела. Работната маса посолете ја со брашно и на неа расукајте го првиот дел од тестото. Кората ставете ја во калапот каде ќе го печите тестото и отстранете го вишокот тесто.
Другиот дел од тестото исукајте го во округла форма.На неколку места од тестото извадете со калап форми на срце.
На првото тесто ставете го филот, а врз филот ставете го второто тесто.
Премачкајте го кишот со жолчка разматена со млеко.
Извадените форми на срца наредете ги на горниот дел и премачкајте ги со жолчка.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Манастирско сирење >
Сосотојки:
600 гр. бело cирење
80 гр. растопен путер
8 чешниња рендан лук
20 гр. буковска пипер
40 гр. пресно млеко
Упатства:
Сирењето се ренда на ситно ренде, се додава путерот, млекото, лукот и буковската пипер. Се меша со жица за матење се додека се изедначи смесата. Потоа се сервира на подлога од зелена салата, свеж патлиџан, краставичка, се декорира по желба и вкус.
Време потребно за подготовка: 20 минути
<< Сокриј го рецептот
Маринирано сирење во масло и зачини >
Сосотојки:
300 гр бело сирење - кравјо или овчо
маслиново масло
цели зрна пиперка
свежа мајчина душица и други ваши омилени билки
сушени чили пиперки (по избор)
Упатства:
Ставете го сирењето ситно исечкано во тегла. Додадете доволно маслиново масло за да го покриете. Додадете ги зачините и затворете ја теглата со капак. Чувајте го во фрижидер и оставете го барем еден ден, така што сирењето ќе ги впие вкусовите на состојките.
Време потребно за подготовка: 15 минути
<< Сокриј го рецептот