61 - 72 рецепти од 80 | Страница: | 1 | << | ... | 4 | 5 | 6 | 7 |
Равиоли со мелено месо и АБЦ сирење >
Сосотојки:
За тесто:
- 300 гр. брашно
- 2 јајца
- малку сол
- 3 лажици масло
- 6-10 лажици млака вода
Фил:
- 250 гр. мелено месо
- 1 главица лук
- 2 лаж. масло
- малку вегета
- першун
- АБЦ сирење
Упатства:
Замесете тесто од брашното, јајцата, додадете сол и млака вода колку што е потребно за да се добие меко тесто. Премачкајте го тестото со малку масло и оставете го да стои околу еден час.
Динстајте го месото со наведените состојки и оставете го да се излади.
Исукајте тесто, не премногу танко. Ако имате калап за равиоли, сечете го тестото со него, доколку немате извадете круг со чаша, ставете фил, преклопете и затворете ги краевите со вилушка.
Варете 5 минути во врела вода.
По желба може да ги прелиете со сос.
Bon Appetit!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Рости >
Сосотојки:
- 800 гр компири
- 100 гр чадена сланина
- Сол
- Мелен црн пипер
- 4 лажици масло
Упатства:
Опис на јадењето:
Рости се тортички од компири, кои се прават лесно и се типични за рустикалната швајцарска кујна. Може да бидат одличен додаток или вистински оброк.
Начин на приготвување на рецептот:
Компирите се варат со лушпа 10 минути, потоа се цедат и се оставаат да се изладат. Компирите крупно се рендаат, а сланината се сече на коцкички. Компирите и сланината се мешаат и се додава сол и црн пипер. Се загреваат две лажици масло во тава за пржење, се става од смесата и се притиска со виљушка. Прженицата се пржи 7 – 10 минути од секоја страна на умерен оган.
Препорака:
Сервирајте со топка од солена павлака.
Време потребно за подготовка: 0 минути
<< Сокриј го рецептот
Солен колач >
Сосотојки:
5 јајца
5 лажици брашно,
1 пециво,
1 кисела павлака
1/2 маргарин
200 гр сирење
3 лажици к.павлака
150гр шунка,
150 гр кашкавал
200 гр мајонез
кашкавал
Упатства:
5 јајца се матат убаво, се додаваат 5 лажици брашно, 1 пециво,и 1 кисела павлака. Смесата убаво се меша и се става во подмачкано тавче бр 26.Потоа се остава да се излади. Врз тестото се ставаат 2 фила.
1 фил
1/2 маргарин се мати,се додава 200 гр сирење, 3 лажици к.павлака.Се се меша и се става врз тестото.Над него се става вториот фил.
2 фил
150гр шунка,150 гр кашкавал се сецкаат на коцкички и се додава 200 гр мајонез.
Одозгора се ренда кашкавал и се сече на парчиња.Може да го оставите малку во фрижидер да се стврдне пред да се послужи.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена бајадера >
Сосотојки:
500 гр. бело пилешко месо
300 гр. шунка
300 гр. кашкавал
200 гр. маринирани шампињони
5 јајца
200 гр. кисела павлака
1 лажица масло
2 лажици брашно
прашок за печиво
мешавина зачини
Упатства:
Обарете го месото во солена вода, исцедете го од течноста, изладете и ситно исецкајте. Шунката исечете ја на резанки, изрендајте го кашкавалот на крупната страна од рендето, а шампињоните исечете ги на листови.
Тепсијата за печење со приближна димензија 30х20 cm. подмачкајте ја и посолете ја со брашно. Со обареното и исецкано месо прекријте го дното од тепсијата, ставете ги шампињоните, одозгора ставете ја шунката ии на крај ренданиот кашкавал.
Изматете ги јајцата и павлаката, додадете 1 лажица брашно, прашак за печиво и мешавина од зачини по сопствен вкус. Изматената маса прелијте ја преку наредените состојки во тепсијата. Одозгора ставете алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути. Оставете да се излади, најдобро во фрижидер, за да можете да изечете убави, правилни парчиња.
Добар апетит!
Време потребно за подготовка: 100 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта од обланди >
Сосотојки:
2 кори обланда
За основа
125 гр путер
400 гр урда
200 гр рендано сирење
Прв дел - црвен фил
1 лажица ајвар
1 лажичка мелен црвен пипер
50 гр рендана салама
Втор дел - зелен фил
1 лажица мелени семки од тиква
2 кисели краставички
Трет дел - жолт фил
1 лажица куркума
1 варено јајце
За украсување
3-4 лажици кисела павлака 20 %
30 гр грашок од конзерва
1 мало морковче или по желба
Упатства:
1. Секоја од обландите ги ставаме помеѓу две влажни крпи или двете обланди помеѓу три влажни крпи.
2. Путерот оставен на собна температура т.е. омекнат го матиме пенасто со миксер. Ги додаваме ренданото сирење и урдата. Ова ни е основата на филот, а потоа правиме комбинации на бои и вкусови.
3. Го делиме на три дела. Во едниот ставаме ајвар, рендана салама и црвен пипер, во другиот ставаме сечкани на ситно кисели краставички и мелено семе од тиква, а во третиот куркума и рендано варено јајце. Убаво ги промешуваме смесите.
4. Земаме еден лист обланда и ја сечеме на три дела со исти димензии. Прво започнуваме со црвениот фил. Го мачкаме целото парче и го виткаме во ролат, како полжав. Второто парче од обландата го мачкаме со зелен фил, па првото го обвиткуваме со вториот зелен фил. Ова го правиме со тркалање на веќе формираното ролатче. На крајот со жолтиот фил го мачкаме и третото парче и со него го обвиткуваме( со тркалање) веќе формираното тркало од два фила.
5. Постапката ја повторуваме со останата втора обланда. Исто ја сечеме, па ја филуваме и ја формираме така, солената торта.
6. Дел од жолтиот фил (1 лажица) оставаме за премачкување на горниот дел од тортата.
7. Ја оставаме да отстои. Најдобро е од вечер до сабајле, во фрижидер или на ладно место.
8. Филуваме по желба.
Време потребно за подготовка: 90 минути
<< Сокриј го рецептот
Солена торта од рендани тиквички >
Сосотојки:
За корите:
2 Големи тиквички
6 Јајца
6 Лажички брашно
Магдонос по желба
За филот:
600g Кисела павлака
Упатства:
Чекор 1: Во два сада наредете по една изрендана тиквичка, посолете ги и оставете ги да отстојат 20-тина минути да ја пуштат водата.
Чекор 2: Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете по 3 јајца за секоја тиквичка одделно и во нив ставете по 3 лажички брашно и малку сечкан магдонос. Смесата нанесете ја на тиквичките.
Чекор 3: Во две тави со приближна должина од 35cm и величина од 25cm поставете мрсна хартија и без употреба на масло, ставете ја смесата од јајца и тиквички. Печете околу 20 минути. Ќе добиете две текни кори кои ќе бидат меки од едната страна, а цврсти и крцкави од другата страна.
Чекор 4: На секоја од корите нанесете слој кисела павлака и оставете ги во фрижидер.
Чекор 5: Исечете делови од кората со еднаква должина и редете ги во слоеви. Можете да добиете по 5 до 6 слоја од секоја кора и да добиете вкусна солена торта.
Послужување:
Корите немаат ниту една капка масло, па се одличен солен рецепт и за оние кои внимаваат на својата исхрана. Тортата бргу заситува.
Можете да ја послужите и со други додатоци како ситно сечкана салама или кашкавал. Одлуката е ваша.
Можете и да изрендате кашкавал на последниот слој кора, наредите чери домати и магдонос и да добиете одлично декорирано предјадење за вечера со пријателите.
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Солени кекси со фил од сирење и туна >
Сосотојки:
За кекси:
- 230 грама брашно
- 80 гр. маргарин
- 1 лаж. сол
- 1 жолчка
- 2-3 лаж. ладна вода
- 2 лаж. ситно исецкан рузмарин
Фил од туна:
- 180 гр. туна
- 30 гр. маргарин
- 3 лаж. мајонез
- 1 кисела краставичка
- 2 лаж. маслиново масло
- 2 чешниња лук
- сол, бибер
Фил од сирење:
- 200 гр. сирење
- 1 лажица АБЦ намаз
- сол
- першун
Упатства:
Од сите состојки замесете меко тесто и оставете го во фрижидер околу половина час.
Исукајте го тестото и извадете округли форми.
Печете на температура од 200 степени.
Кексите можат и вака да се грицкаат, а можете и да ги сервирате со фил од туна и сирење.
Фил од сирење: Измешајте го сирењето со намазот, ставете зачини по желба.
Фил од туна: Туната исцедете ја од водата и маслото, додајте ги сите останати состојки во блендер и добро измиксирајте.
Украсете ги кексите со шприц за филување.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Солени крофни со топено сирење >
Сосотојки:
500гр. моцарела
3 лажички рендан пермезан
1 јајце
? лажичка оригано
100 гр. брашно
презла
малку путер
Подготовка:
Упатства:
Измешајте ги изренданата моцарела, пармезанот и јајцето, па додадете брашно и оригано. Замесете го тестото со рака, па обликувајте ги топчињата, ставете ги во презла и кратко испржете ги на малку путер, се додека не се добијат убава златна боја. На крајот, ќе добиете превкусни крофнички полни со топено сирење, кои ќе ги засакате на првиот залак.
Уживајте!
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Солени мафини со сланина и чедар >
Сосотојки:
250 гр брашно со средство за квасец
150 гр рендано чедар сирење
? лажичка сол
? лажичка црн пипер
? лажичка куркума
1 лажичка сенф
3 парчиња сланина
100 мл јогурт
100 мл свежо млеко
2 јајца
Упатства:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе ги калапите за мафини. Испечете ја сланината на тава за скара од двете страни. Оставете да се излади и исечете. Измешајте ги брашното, сирењето, сланината, сол, бибер и зачини. Мешајте. Во посебен сад изматете ги јајцата, јогуртот и млекото. Добро измешајте и додадете на други производи. Изматете ја смесата со жица за матење. Распределете ја смесата во формите. Печете додека не заруменат во загреана рерна.
Време потребно за подготовка: 60 минути
<< Сокриј го рецептот
Сончоглед од спанаќ >
Сосотојки:
За тесто:
500 гр. Брашно
90 мл. Маслиново масло
200 мл. Бело вино
2 лажички сол
За фил:
350 гр. Спанаќ
350 гр. Изварка
1 јајце
100 гр. Рендан кашкавал
1 лажица презла
Сол, бибер
1 јајце за премачкување
Сусам
Упатства:
Спанаќот испржете го. Замесете тесто од состојките. Поделете го на два дела и оставете го да стои покриено додека не го подготвите филот. Измешајте ја изварката со спанаќот. Додадете јајце, сол и бибер, а потоа додадете го ренданиот кашкавал, па добро измешајте. Исукајте ги двете половини од тестото во кружен облик. На плехот за печење ставете хартија за печење и на неа ставете го исуканото тесто. Посолете го тестото со презла. Во средината ставете еден круг од филот (обликувајте го со поголема чаша. Остатокот од филот ставајте го во круг околу крајот на тестото. Рабовите на тестото премачкајте ги со јајце. Потоа над тестото и филот ставете го другото исукано тесто. Средината притиснете ја со истата чаша со која го оформивте филот. Исечете ги остатоците од тесто кои се вишок и со вилушка притиснете ги двете теста. Тргнете ја чашата од средината на тестото и со нож исечете парчиња со ширина од 3 cm. од кругот каде се наоѓа филот. Повторно ставете ја чашата во средината и секој пресечен дел завртете го за 90 степени. Извадете ја чашата и средниот дел премачкајте го со јајце и посолете го со сусам или средина од сончоглед. Печете околу 30 минути на температура од 180 степени.
Ако сакате постапката на подготовка да ја погледнете низ слики, испратете барање на glaven.urednik@ringeraja.mk
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот
Тартуфи од крем сирење и ф'стаци >
Сосотојки:
230 гр крем сирење
1 лажица мајонез
1 лажичка сок од лимон
230 гр рендано сирење едам или друго по ваш избор
? чаша сецкан кромид
? чаша сецкани зелени маслинки
По желба може да се стават ф'стаци или други јаткасти плодови
Упатства:
Во сад измешајте ги крем сирењето, мајонезот и сокот од лимон. Можете да мешате со жичана мешалка или миксер. Додадете ги ренданиот едам, кромидот и маслинките. Промешајте со лажица. Формирајте ги топчињата со малку подмачкани раце. Ставете ги во фрижидер да се стегнат 3 часа. Потоа се тркалаат во ф'стаци или мелени ореви.
Време потребно за подготовка: 40 минути
<< Сокриј го рецептот
Тиквички направени од тесто >
Сосотојки:
150 мл млеко
150 мл вода
3 лажици шеќер
2 лажички сув квасец
? рамна лажичка сол
околу 400 г брашно
100 мл масло
Упатства:
Квасецот со шеќер и половина лажица брашно потопете го млако млеко и промешајте убаво да се изедначи. Оставете го поклопено 10-тина минути за да се активира, па во него додадете млака вода, масло и сол, па со жица за матење убаво изедначете.
Во оваа течна смеса постепено додавајте брашно и мешајте додека да добиете меко тесто. Но тестото не треба да биде премногу меко и да лепи, туку убаво мазно тесто, помеко од вообичаено.
Вака замесеното тесто оставете го еден час да стасува, па кога ќе удвои својот волумен, на набрашнета работна површина кинете тесто и дормирајте топчиња. Оставете ги покриени да отстојат додека со конец го врзувате секое топче за да добие облик на тиква (конецот се вади после печењето).
Кога сите топчиња ќе ги врзете со конец, оставете ги уште малку да стасуваат, па префрлете ги во плех обложен со хартија и премачкајте ги со мешавина од жолчка и млеко.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути или додека убаво да заруменат.
Follow my_little_kitchen_stories on Instagram
Време потребно за подготовка: 80 минути
<< Сокриј го рецептот